Општинскиот Совет на Штип ги одобри барањата на пет основни и четири средни училишта за корекции во структурата на паралеките што досега ја имаа во претходната учебна година. За новата 2025/2026 година, сите поднесоа барања за добивање согласност за комбинирани и паралелки со помал број ученици. Раководителката на Секторот за јавни служби, образование и локален економски развој, Снежана Санева, вели дека Советот даде согласност на сите поднесени ...

Монографијата за композиторот, инструменталист и диригент Кире Костов се промовираше синоќа во Битола, неговиот роден град каде што ги направил првите чекори во музиката. Костов почина во 2023 на 74 години. Автори на книгата се Снежана Атанасова-Чадиковска и Марко Коловски. На промоцијата во Офицерскиот дом говореше неговата сопруга Кармен Костова, која е и издавач на монографијата, евоцирајќи спомени како лесно му одело да пишува песни. Костов ...

Најмалку осум луѓе загинаа, откако Русија ноќеска жестоко го нападна Киев, објави Володимир Зеленски. Министерот за внатрешни работи Игор Хлименко кажа дека меѓу загинатите се две деца, додека градоначалникот на Киев, Витали Кличко, рече дека има најмалку 38 повредени во огромниот напад со дронови и проектили. „Кремљ избра балистика место преговарачка маса. Време е за нови, потешки санкции за Русија“, напиша Зеленски на Икс. Овој напад уследи ...

„Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска вечерва ќе ја отвори натпреварувачката програма „Хоризонти“ на 82. издание на Венецискиот филмски фестивал, а на 29 август документарецот „Силјан“ на Тамара Котевска ќе игра прикаже вон конкуренција во програмата за документарци. „Мајка“, првиот филм на Митевска на англиски јазик, по сценарио нејзино и на Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ, е инспириран од животот на Мајка Тереза, особено од нејзината ...

Маж облечен во црно уби две деца и рани најмалку 17 луѓе откако пукал за време на миса во католичко училиште во Минеаполис, објавија властите. Убиените деца се на возраст од осум и десет години. Напаѓачот во 20-ти години испукал десетици куршуми низ црковните прозорци, по што се самоубил. Властите кажаа дека бил вооружен со автоматска пушка, сачмарка и пиштол. „Ова беше намерен чин на насилство врз невини деца и други луѓе кои се молеа. Чистата ...

Проектот за спортската сала во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во битолското село Бистрица е на ревизија, а за реконструкција на школскиот објект во што спаѓа и санацијата на оштетениот ѕид и замената на покривот со азбест, се подготвува јавна набавка за изработка на проектна документација. Ова се одговорите од Општина Битола на прашањата од САКАМДАКАЖАМ.МК, зошто нецела недела пред почетокот на новата учебна година уште не се ...

Граѓаните ќе можат да пријават неправилности во врска со вршењето кардиолошки и кардиоваскуларни интервенции, Министерот за здравство Азир Алиу. Алиу ги повика граѓаните да пријават евентуални неправилности преку алатката Пријавете неправилност, достапна на веб-страницата на Министерството. „Транспарентноста во секој процес е наш приоритет, така што кон секоја пријава на каква било неправилност во здравствениот систем пристапуваме со максимална ...

Осумдесет и второто издание на гламурозниот Венециски филмски фестивал се отвора денеска со премиерата на новиот филм на Паоло Сорентино, „La Grazia“. Во следните десет дена, фестивалот ќе пречека бројни холивудски ѕвезди и славни режисери, како Џорџ Клуни, Џулија Робертс, Двејн Џонсон, Емили Блант, Ендрју Гарфилд, Ема Стоун, Гилермо дел Торо и Кетрин Бигелоу, но и ќе се соочи со демонстрации на активисти кои сакаат да го свртат вниманието кон ...

Русија има негативен став за европските предлози за безбедносни гаранции за Украина и нема да прифати никакво присуство на трупи на НАТО во земјата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. „Напорите на Доналд Трамп за завршување на војната во Украина се многу важни и се надеваме дека ќе продолжат“, рече Песков. Како дел од можно мировно решение, европските сојузници на Украина работат на сет гаранции за земјата кои би ја заштитиле од можен ...

Три лица утринава во Кавадарци претепале до смрт 43-годишник. Смртта му била констатирана во 05.25 часот. Ова не е изолиран случај, зашто последните неколку билтени на Министерството за внатрешни работи се полни со тепачки низ цела Македонија. Се тепаат малолетници, возрасни лица тепаат и повредуваат свои и туѓи деца, пријавена е и мајка што го претепала своето дете, тепани се луѓе во свој двор, се бодат со ножеви на јавно место… „Во 04.56 часот ...

Народната банка подготвува нови мерки со кои ќе се олеснат условите за станбен кредит за граѓаните кои првпат купуваат дом, додека критериумите за оние кои купуваат недвижности како инвестиција значително ќе се заострат. Ова го најави гувернерот Трајко Славески по средбата со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, додавајќи дека мерките се очекува да бидат објавени за една до две недели. Целта, според него, е да им се помогне на ...

Истражителите открија фиктивни компании во Италија, Франција и Германија и запленија имот од милиони евра на Азурниот Брег во акција против перење пари од страна на италијанската мафија. Заедничката истрага на агенции од Рим, Марсеј и Минхен со помош на Европол беше насочена против група што ѝ припаѓа на Камора, објави канцеларијата на јавниот обвинител во Марсеј. Бандата префрлала пари на банкарски сметки во Италија, Франција, Германија и Тунис ...

Професорот и декан на Градежниот факултет Скопје при државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ денеска објавувајќи ја кандидатурата за градоначалник на Скопје, најави дека со стручност, знаење и компетентност Скопје може да биде чист, функционален и безбеден град. Марковски кој е кандидат на граѓанската платформа „Независни заедно“ рече дека се нафатил да биде кандидат за градоначалник поради проблемите со кои сите ние се соочуваме како ...

Доналд Трамп кажа дека планира да бара смртна казна за секој убиец во главниот град Вашингтон. Според него, тоа би била превентивна мерка. Трамп нареди распоредување на стотици припадници на Националната гарда и на други федерални служби во Вашингтон за да се борат против „целосното беззаконие“ во градот, навестувајќи дека ова ќе го спроведе и во Чикаго, Балтимор и други градови. Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, ги отфрли ...

Украина првпат потврди дека руските сили преминале во источниот индустриски регион Днипро и се обидуваат да се утврдат. „Ова е прв напад од вака голем обем во регионот Днипро, но руското напредување е запрено“, изјави Виктор Трехубов од Оперативната стратешка група на украинската војска во Днипро. Русија летово тврдеше дека влегла во оваа област откако нејзините трупи напредуваа низ Доњецк. Во почетокот на јуни, руски функционери кажаа дека ...

Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу доби казна откако објави видео како вози пребрзо на автопат, проследено со хаштагот „Турција забрзува“. Уралоглу се снимал на автопат покрај Анкара и го објавил видеото на Икс. Додека вози слуша фолк песни и исечоци од говори од претседателот Реџеп Таип Ердоган. На видеото на моменти се гледа брзинометарот, кој покажува дека возел со брзина од 190 до 225 километри на час. Најголемата дозволена ...

Со цел да се обезбеди непречено функционирање на Гимназијата во Демир Хисар, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола дал насоки на СВР Битола да ги врати печатите на Општина Демир Хисар како основач на училиштето и надлежен орган за надзор и управување. Од Обинителството соопштија дека до Општината било доставено известување со насоки да обезбеди правилно чување и користење на печатите, но и да ја разгледаат можноста ...

Централното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица бара од Општина Битола под итно да го санира ѕидот од школото што беше оштетен при рушењето на стариот објект, каде ќе се гради училишна спортска сала и да се замени дел од покривот од азбест зашто Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе забрани користење на една од училниците. Тие бараат да се променат покривите и таваните во подрачните училишта кои се во очајна состојба и ...

Штипски рибари кои биле на риболов на реката Брегалница кај селото Пенуш, Штипско, сигнализираат дека неколку часови по риболовот наеднаш во реката почнала да тече млечнобела течност и многу брзо во ревирот каде тие рибареле се јавил помор на риба. „Ние рибараме со дозволи и на спортски начин, а инспектори кога доаѓаат на терен нас нè малтретираат и ни бараат секаква документација, а за вакви случаи како што е овој со поморот на рибата нив тоа ...

Македонија донесе нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, целосно усогласен со најновата европска НИС2 директива. Со законот се воведуваат строги обврски за компаниите и институциите од 16 клучни сектори, кои отсега ќе мора да применуваат задолжителни безбедносни мерки и да пријавуваат сериозни сајбер напади во рок од само три часа од дознавањето, или ќе се соочат со парични казни. Новата регулатива која, како што велат од ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) инсталирала нова, софистицирана опрема за мерење на водостојот на Вардар и неговиот проток во Велес. Опремата која е набавена од хрватската фирма „Геолокус“ е поставена на Хидролошката станица Велес, лоцирана на Стар мост. Целта е подобрување на хидролошкиот мониторинг во државата. „Во изминатиот период се вршеа тестови и проверки пред официјалниот почеток на работа. За јавноста да се запознае со овој ...

Комисија составена од доктори од повеќе клиники и болници, како и претставници од Фондот за здравство (ФЗОМ) и Министерство за здравство ќе прави анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. Министерот за здравство Азир Алиу ја формираше комисијата откако кардиохирурхот Сашко Кадев обвини за непотребни операции во приватното здравство. Интерната комисија е составена од врвни екперти во областа, ...

Деканот на Градежнниот факултет на државниот универзитет „Свети Кирил и Методија“ Горан Марковски е кандидат за градоначалник на Град Скопје на граѓанската платформа „Независни заедно“ на претстојните локални избори. Кандидатурата на професорот Марковски е поддржана од граѓанските иницијативи на „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“. „Професор д-р Горан Марковски е истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво Скопје. ...

Турските власти уапсија четири лица во врска со смртта на двајца холандски браќа од 15 и 17 години, кои беа пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул. Меѓу осомничените се сопствениците и двајца вработени во двата ресторана што тинејџерите ги посетиле во квартот Таксим. Според турските медиуми, тројца од осомничените биле условно ослободени по испрашувањето, а четвртиот бил ставен во домашен притвор. Браќата, кои биле на одмор со својот ...

Доналд Трамп најави дека неговата влада ќе го промени името на министерството за одбрана во министерство за војна. Тој додаде дека Пентагон веројатно за една недела ќе го врати своето некогашно „поагресивно име“. И Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет постојано жалат за промената на името, што се случила по Втората светска војна. „Кога победивме во Првата и во Втората светска војна се викало Министерство за војна. На сите им се допаѓа што ...

Израелците излегоа на улиците на голем ден на протести барајќи итно ослободување на заложниците и крај на војната во Газа. Демострации и блокади на патишта се одржаа низ целата земја. Главниот автопат во близина на Тел Авив беше блокиран, додека демонстрантите палеа гуми на пат северно од крајбрежниот град. Форумот за заложници и исчезнати семејства повика на разни протестни акции под слоганот „Израел стои заедно“. Голем митинг вечертва е ...

Жителите од скопската населба Хром се затрупани во ѓубре. Кантите од куќите и големиот број згради кои изминативе години се направија во населбата не се празнат по две недели. Со денови стојат на улиците, а околу нив купишта кеси и кутии во кои граѓаните го собираат ѓубрето бидејќи кантите после неколку дена се полнат, а нема камиони да го соберат ѓубрето. Поради топлото време ѓубрето скапува, па низ улиците се шири реа и тече исцедок од кесите. ...

Доналд Трамп кажа дека уште оваа година би сакал да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во обид да ја обнови својата нуклеарна дипломатија, што ја започна во својот прв мандат. „Би сакал да се сретнеме во блиска иднина“, кажа Трамп на средбата со јужнокорејскиот претседател Ли Џае-мјунг во Белата куќа. Присетувајќи се на моментот кога влезе во Северна Кореја од демилитаризираната зона со Јужна Кореја во 2019, Трамп кажа дека сите ...

Денешната акција на апсења и претреси, спроведена на повеќе локации низ Македонија со акцент во Кумановско-Липковскиот крај, како и во Желино, е резултат на двегодишна предистражна постапка што ја водело Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во тесна соработка со Управата за финансиска полиција. Постапувајќи по кривичната пријава, надлежен обвинител од ОЈО ГОКК донел наредба за спроведување на ...

Американскиот режисер оскаровец, Вуди Ален вчера се појави на Московската меѓународна филмска недела, како главен гостин на програмата „Легенди на светското кино“. 89-годишникот учествуваше на настанот преку видео врска – наместо лично – а пропутинскиот руски режисер Фјодор Бондарчук го модерираше разговорот. Присуството на Ален предизвика негодување, а Министерството за надворешни работи на Украина го нарече „срам и навреда“. Веб-страницата на ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
68%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
74%
1013
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
6.19
87%
1015
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.34
86%
1004
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1005
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
10.8
87%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
72%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1008
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Иридиум

145787.60

Паладиум

46425.68

Родиум

255598.44

Цинк

3.23

Алуминиум

2.91

Кобалт

58.42

Сребро

1878.05

Калај

40.48

Злато

135056.24

Рутениум

29192.88

Бакар

10.95

Платина

52952.77