Македонските власти заборавија да ја одбележат 730-годишнината од изградбата на црквата „Света Богородица Перивлепта“, еден од најзначајните средновековни духовни и уметнички споменици во Охрид, за чија реставрација САД дадоа 650.000 долари. Изградена и живописана во 1295 година во стариот дел од Охрид, кај Горна Порта, „Перивлепта“ се смета за зачеток на Ренесансата на овие простори. Позната по својот извонреден фрескоживопис и архитектура, ...

Германија нема да учествува во американско-израелските напади на Иран, изјави министерот за одбрана Јохан Вадепул, додека Франција кажа дека е спремна да придонесе за одбраната на заливските земји. „Германската влада нема намера да учествува. Исто така, ние ги немаме потребните воени ресурси“, изјави Вандепул. За разлика од Велика Британија, Германија нема воени бази во регионот, но единици на германската војска се стационирани во Јордан и ...

Стотици летови беа откажани денеска, продолжувајќи го хаосот во глобалниот воздушен сообраќај предизвикан од војната на САД и Израел против Иран, при што веќе се заглавени стотици илјади патници. Доналд Трамп најави дека воената акција би можела да трае со недели. Главните аеродроми на Блиски Исток, вклучувајќи го и Дубаи, најпрометниот меѓународен центар во светот, се затворени трет ден по ред, во најголемиот шок за воздухопловството откако ...

Средните стручни училишта во Штип сè поинтензивно го прифаќаат концептот на дуално образование, прилагодувајќи се на современите образовни трендови и потребите на пазарот на трудот. Учењето преку пракса во соработка со бизнис секторот добива на значење, а во изминатите години училиштата редовно склучуваат и реализираат меморандуми за соработка со компании од регионот. Електро-машинскиот училишен центар „Коле Нехтенин“ во Штип од минатата ...

Општина Центар ќе прави анализа дали на пешачките патеки и улиците на нејзина територија пак да се постават билборди. Актуелниот договор со агенцијата „Медиа центар маркетинг“ истекува на 15 март. Согласно одредбите ,кога ќе заврши договорот фирмата што стопанисуваше со билбордите е должна да ги отстрани, со оглед дека се нејзина сопственост. „По истекот на договорот ќе се отвори прашањето за идниот начин на постапување, имајќи предвид дека ...

Пожар и чад се забележани на просторот на американската амбасада во Кувајт по денешниот ирански напад врз малата блискоисточна држава. Од амбасадата не потврдија дека била погодена, но оттаму претходно ги предупредија американските граѓани да не доаѓаат и да побараат засолниште во затворено. Министерството за здравство на Кувајт објави дека во досегашните ирански одмазднички напади загинало едно лице, а 32 биле повредени. Двајца американски ...

Британското министерство за одбрана потврди дека британска воена база на Кипар била нападната со дрон, при што била предизвикана минимална штета и немало жртви. Истрагата е во тек за да се утврди од каде бил лансиран дронот. „Нашите вооружени сили реагираа на напад со беспилотно летало врз базата на Кралските воздухопловни сили Акротири на Кипар на полноќ. Базата реагираше за да ги одбрани нашите луѓе“, соопшти британското министерство за ...

Израел лансираше нови воздушни напади врз Техеран и ја прошири својот воена кампања на Либан, додека Доналд Трамп најави дека американско-израелските напади врз мети во Иран би можеле да траат со недели. Иран порача дека нема да преговара со САД откако се појавија извештаи дека Техеран планирал да ги обнови разговорите со Вашингтон. „Трамп е во заблуда и сега е загрижен за американските жртви“, изјави Али Ларџани, кој му беше советник на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва по одржување на седницата на Советот за безбедност кажа дека состојбата во државата е стабилна и безбедна. Седницата се одржа поради нападите на САД и Израел врз Иран во кои вчера беа убиени иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, и други високи функционери, а кои продолжија и денеска. Претседателката кажа дека оваа проценка е направена според информациите на Агенциите за разузнавање ...

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека Иран се согласил на разговори за завршување на војната откако американските напади го убија Врховниот водач на земјата, ајатолахот Али Хамнеи. Во интервју за списанието „Атлантик“ денеска Трамп, кој го охрабри иранскиот народ да ја собори владата, рече дека раководството на Иран сака да разговара со него и оти тој се согласил. Иран воспостави нов Совет на водачи за да ја преземе контролата врз ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) спречи малолетник да изврши самоубиство. Како што соопштија од МВР, синоќа Секторот за компјутерски криминал при редовните активности за следење на дигиталниот простор детектирал објава на социјална мрежа со содржина што укажувала на можна намера за самоубиство од малолетник. „Веднаш по добиените сознанија беше постапено итно и координирано, при што беа преземени сите неопходни мерки и активности за ...

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето, кој со семејството е заглавен на одмор во Дубаи поради нападите врз Иран од САД и Израел, рече дека ќе се врати со воен авион и сам ќе ги плати трошокот за летот. „Го оставам семејството во Дубаи. Ќе користам воен лет, плаќајќи тројно повеќе од цената, како што избрав“, објави Кросето на Икс. Според италијанските медиуми, Кросето ја преминал границата со Оман (каде што воздушниот простор е сè ...

Повеќе експлозии се слушнаа низ земјите од Персискиот Залив, а најмалку три лица загинаа во Обединетите Арапски Емирати (ОАР), додека Иран извршува напади како одмазда за нападите на САД и Израел во кои вчера беа убиени нивниот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, и други високи функционери. Експлозиите се слушнаа втор ден по ред денеска во Дубаи, ОАЕ; главниот град на Бахреин, Манама; и главниот град на Катар, Доха, зголемувајќи ги ...

Високи претставници на аеродромот во Минхен и германската авиокомпанија „Луфтханза“ се извинија за направените грешки поради кои стотици патници беа принудени да ја поминат ноќта во шест авиони заглавени на аеродромот поради лошото време. Истражувањата по инцидентот, кој се случи на 19 февруари, покажале дека десетици пожарникари, кои можеле да помогнат при симнувањето на патниците од авионите, се наоѓале во непосредна близина, но не биле ...

Тројца припадници на американската војска утринава се убиени во акција како дел од операцијата „Епски бес“, а уште петмина се „сериозно ранети“, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) на Икс. „Неколку други претрпеа помали повреди од шрапнели и потреси на мозокот – и се во процес на враќање на должност. Главните борбени операции продолжуваат и нашите напори за одговор се во тек“, сооптшти ЦЕНТКОМ. „Ситуацијата е флуидна, па од почит кон ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан рече дека новиот Совет на водачи „ја започнал својата работа“ по убиството на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи во американските и израелските напади. Пезешкијан го даде коментарот во претходно снимена порака емитувана на иранската државна телевизија. Советот е составен од актуелниот претседател на Иран, шефот на судството на земјата и член на Советот на чувари избран од Советот за целесообразност на ...

Папата Лав Четиринаесетти денеска изјави дека е „длабоко загрижен“ за нападите на САД и Израел врз Иран и ги повика двете страни да „ја запрат спиралата на насилство пред да стане непоправлива бездна“. Поглаварот на 1,4 милијарди католици ширум светот зборуваше за „трагедија од огромни размери“ на крајот од неговата неделна молитва во Ватикан пред десетици илјади луѓе на плоштадот „Свети Петар“. Во првата реакција на нападите папата, кој е ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на пуштањето во употреба на реконструираната обиколница во Крива Паланка рече дека вакви проекти значат развој на економијата и враќање на иселениците дома. Обиколницата е во должина од 4,5 километри и е дел од Коридор 8. „Многу е важно дека во периодот којшто следува овде во Крива Паланка и во овој дел од Македонија ќе поминат неколку стотици милиони евра инвестиции, инвестиции коишто ќе ја поврзат ...

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји остро го критикуваше убиството на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи во нападите на САД и Израел врз Иран, во телефонски разговор со неговиот руски колега Сергеј Лавров. „Безобразното убиство на лидерот на суверена држава и поттикнувањето на промена на режимот се неприфатливи“, го цитира Ји кинеската официјална новинска агенција Хсинхуа. „Овие дејствија го кршат меѓународното право и основните ...

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека убиството на иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи е убиство и дека тоа ги прекршило сите норми на човечкиот морал и меѓународното право. „Ве молам прифатете го моето длабоко сочувство во врска со убиството на врховниот водач на Исламската Република Иран, Сејед Али Хамнеи, и членовите на неговото семејство, извршено со цинично кршење на сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, ...

Пред зградата на Основниот суд во Куманово синоќа била истурена непозната течност. Случајот е пријавен во полиција, а од местото се земени примероци за да се утврди за каква материја станува збор. „Во 21.50 часот, полициски службеник од судската полиција при Основниот суд Куманово пријавил дека едно лице се доближило до зградата и истурило течност, по што се оддалечило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР. ...

Србија вели дека нејзината зграда на амбасадата во Техеран денеска е оштетена во воените напади од Израел и САД, но нема жртви. Снимките емитувани од државниот радиодифузен сервис РТС покажуваат скршени прозорци и стакло. Во извештајот се вели дека очигледна цел била воена база лоцирана во областа. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека персоналот на амбасадата се повлекува и се сели во главниот град на Азербејџан, Баку. Тој додаде ...

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето од вчера е заглавен во Дубаи со своето семејство, бидејќи летовите беа суспендирани по нападите на САД и Израел врз Иран, изјави извор близок до Министерството за одбрана. Министерот замина од Рим во петокот вечерта со цивилен лет за да му се придружи на семејството, кое веќе беше во Дубаи на одмор. Тој требаше да се врати во Италија вчера попладне. Меѓународниот аеродром во Дубаи претрпе штета ...

Клиниката за кардиологија и Клиниката за кардиохирургија ќе се спојат во една здравествена уставнова, одлучи Владата на последната седница по предлог на Министерството за здравство. Како што велат од Министерството, оваа одлука е донесена за да се обезбеди повисок степен на интегрираност, координација и ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања. „Со донесената одлука за спојување на двете клиники формираме единствен ...

Претседателот Масуд Пезешкијан во соопштение денеска изјави дека Техеран ја смета одмаздата за свое „легитимно право и должност“ и ќе стори сè што е во негова моќ да ја исполни таа должност, по нападите од САД и Израел во кои е убиен и врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи. Државните медиуми објавија дека првиот потпретседател Мохамадреза Ареф им наредил на министрите и гувернерите да обезбедат администрацијата на земјата да функционира без ...

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е убиен во големиот напад од Израел и САД, потврдија иранските државни медиуми рано изутринава, ставајќи ја во прашање иднината на Исламската Република и зголемувајќи го ризикот од регионална нестабилност. Претседателот на САД Доналд Трамп ја објави смртта неколку часа претходно, велејќи дека тоа им дава на Иранците „најголема шанса“ да ја „вратат“ својата земја. Државните медиуми објавија дека ...

Израелските воздухопловни сили велат дека фрлиле повеќе од 1.200 муниција врз Иран во текот на изминатиот ден во заедничкиот напад со САД. Меѓу нападнатите места во Иран било и основно училиште за девојчиња во Минаб, град во покраината Хормозган во јужен Иран, каде што се пријавени најмалку 148 убиени деца и 95 повредени повредени. Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, изјави дека „десетици невини деца“ биле убиени во нападот ...

Дваесетидеветгодишен маж од Македонија е осуден на пет години затвор откако во 2024 ограбил супермаркет „Волг“ во Волен и двапати таргетирал златарница во Аарау. Во април влегол во продавницата вооружен со воздушен пиштол, ѝ се заканил на касиерката и избегал со речиси 1.500 швајцарски франци. Неколку месеци подоцна ограбил златарница во Аарау, најпрво украл околу 500 франци од касата, а неколку дена подоцна со чекан скршил витрина и одзел ...

Ајатолахот Али Хамнеи владееше 36 години и го претвори Иран во моќна антиамериканска сила. Тој ја прошири воената моќ на Иран низ целиот Блиски Исток, користејќи железна тупаница за да ги смири постојаните немири дома. Смртта на 86-годишниот свештеник, убиен вчера во нападот од САД и Израел, следи по децении неуспешни дипломатски напори за решавање на спорот околу нуклеарната програма на Иран. На почетокот отфрлен како слаб и неодлучен, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан за извештаите дека иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи е убиен во воздушни напади на САД и Израел, во кратко телефонско интервју за „Ен-Би-Си Њуз“. Трамп одговори: „Сметаме дека тоа е точна приказна“. Трамп рече дека „голем дел од раководството“ на Иран е убиено, истакнувајќи: „Не мислам на само две лица“. Тој исто така рече дека „поголемиот дел“ од високото раководство на Иран е ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.93
59%
1016
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
3.13
71%
1011
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.12
64%
1010
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.84
52%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.69
54%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
82%
1013
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
1.34
49%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.79
62%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.58
92%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
61%
1013
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
3.58
60%
1008
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
3.4
100%
1014
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Бакар

12.76

Паладиум

40220.58

Платина

51987.76

Кобалт

56.29

Злато

131467.62

Рутениум

53852.50

Сребро

1904.32

Цинк

0.00

Калај

54.05

Родиум

263636.12

Алуминиум

3.17

Иридиум

252383.36