Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Пцовисана змија нашле жителите од пелагониското село Мусинци во резервоарот за вода пред шест дена, кога самите доброволно го исчистиле откако ниедна институција не се сметала за надлежна да го стори тоа. На снимките кои ги снимија жителите, се гледа дека змијата толку долго била во водата што кожинката е залепана за бетонот. „Ете што вода се пие“, велат жителите на видеото, иронично додавјќи дека наместени се „нови“ цевки, додека од нив ја ...
Од први јануари 2026 година, ако има реформи земјите од Западен Балкан ќе имаат можност за бесплатен роаминг со Европската Унија. Ова денеска на прес-конференција го најави еврокомесарката за проширување и добрососедска политика Марта Кос, на лидерскиот самит на Европската Унија и земјите од Западен Балкан посветен на Планот за раст во Скопје. „Денеска зборувавме и за роамингот. Ако навистина работиме трудољубиво, а вие лидерите имате волја да ...
Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме во душата и срцето. Одговарајќи на новинарското прашање на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, Словенката рече дека идентитет се и манастирите во Северна Македонија, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки и дека тоа не може никој да им го одземе на ...
Основниот суд Велес изрече казна куќен затвор со електронски надзор за 79-годишник по пресуда за кривично дело Полово вознемирување на дете. Пресудата на судијата Шефшет Адеми е донесена врз основа на признание на вина од обвинетиот П. Ѓ. од Чашка по што тој беше огласен за виновен. Ова е е една од малкуте изречени казни од таков вид во судската пракса во Македонија. „На обвинетиот му се утврдува казна затвор во траење од три месеци и ...
Грција од денеска воведе нов данок за туристите кои патуваат со крузери, што е дел од пошироката национална стратегија да се зачуваат локалната животна средина и културното наследство. За патувањата на Санторини и Миконос ќе се плаќаат дополнителни 20 евра по патник, што во иднина ќе биде во сила од 1 јуни до 30 септември. За останатите острови ќе се наплатува давачка од пет евра во истиот период. Санторини и Миконос се меѓу најпосетените ...
Во казино во Битола, 28-годишниот битолчанец Д. К. со тупаница го повредил докторот од Итната медицинска помош, кој бил повикан таму да му укаже лекарска помош, а подоцна откако бил однесен во битолската Клиничка болница нападнал и двајца полицајци, соопшти Обвинителството кое бара притвор за него. Според Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Битола, на 29 јуни во казино во Битола осомничениот најпрво го нападнал докторот од Брзата помош додека ...
Еврокомесарката за проширување и добрососедска политика Марта Кос денеска, на отворањето на Самиотот ЕУ-Западен Балкан посветен на Планот за раст во Скопје, рече дека реформите кои земјите од овој регион треба да ги направат не се едноставни, но користа ќе биде голема за граѓаните. „Можам да се разнежнам кога зборувам за Западен Балкан, затоа што регионот ми е драг и сакам да помогнам најмногу што можам за да преминете преку целта. Клучните ...
Ким Џонг-ун им оддаде почит на севернокорејските војници кои загинаа во руската војна против Украина, што е ретко јавно признание дека земјата имала жртви во овој конфликт. На свеченоста во Пјонгјанг со која беше одбележана првата годишнина од потпишувањето на договорот за сеопфатна соработка помеѓу Русија и Северна Кореја беа прикажани фотографии од Ким како се поклонува пред десетина ковчези покриени со севернокорејски знамиња. Други ...
Доналд Трамп и Илон Маск ја обновија јавната расправија за законот за буџетот, за кој моментално се дебатира во Сенатот, при што американскиот претседател предложи Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) да ги разгледа субвенциите што ги имаат добиено компаниите на Маск со цел да се „заштедат многу пари“. Трамп се огласи откако Маск повторно го нападна законот кој предвидува големо намалување на даноците и би можел да го зголеми националниот долг ...
Од денеска пуштен во употреба е експресниот пат од Дреново до Фариш во должина од 10,2 километри. Оваа делница е дел од експресниот пат Градско-Прилеп, односно првата делница од Градско до Фариш во должина од 16,5 километри беше пуштена во јануари годинава, а сега делот од Дреново до Фариш. Изградбата чини 44,7 милиони евра, средства кои се обезбедени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Како што кажа директорот на Јавното претпријатие ...
Руските сили за првпат од почетокот на војната освоиле населено место во украинскиот регион Днипро во централно-источниот дел на земјата, објавија руските државни медиуми и воени блогери. Прорускиот функционер Владимир Рогов изјави дека руските сили ја презеле контролата врз селото Дачне во внатрешноста на индустрискиот регион Днипро, каде што тие продолжиле да напредуваат откако стигнале до западната граница на Доњецк. Во исто време, гувернерот ...
Доналд Трамп утре треба да присуствува на отворањето на новиот центар за притвор на мигранти во јужна Флорида наречен „Алигаторски Алкатраз“. Центарот го доби името по неговата зафрлена локација во Еверглејдс, огромно суптропско мочуриште полно со алигатори, крокодили и питони, за кои локални функционери кажаа дека ќе бидат природна бариера, па обезбедувањето ќе биде минимално. „Не требаат големи инвестиции во еден таков центар, тој ќе се состои ...
Обележување и уредување на 100 километри велосипедски и 70 километри пешачки патеки, кои ќе ги поврзат двата национални парка „Пелистер“ и „Галичиц“а и ќе поминуваат низ заштитени подрачја во Преспа, се предвидува со Меморандумот за соработка што денес во Ресен го потпишаа Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Општина Ресен и Националните паркови. Целта на овој проект е развој на интегрирана туристичка инфраструктура на отворено. ...
Најмалку шест сегашни членки на ЕВропската Унија (ЕУ) не ги исполнуваат Копенхашките критериуми за влез во Унијата, според анализата на три алатки за вештачката интелигенција (ВИ) со кои ја направивме симулацијата. Еден од главните услови за една земја да стане членка на Европската Унија е првин да ги исполни строгите Копенхашки критериуми. Овие критериуми се донесени во 1992 година на конференцијата во Копенхаген и претставуваат суштински ...
Српската полиција ги отстрани уличните блокади во Белград кои беа поставени поради серија апсења на антивладини демонстранти по големиот протест во саботата, на кој беа побарани предвремени избори. Илјадници демонстранти поставија метални бариери и контејнери на разни локации во Белград и во други градови низ земјата. Видео објавено на социјални мрежи покажува полициски возила како со голема брзина поминуваат низ една блокада во Белград, додека ...
Топлотниот бран продолжува да зафаќа големи делови на Европа, при што властите во многу држави издаваат здравствени предупредувања среде растечките температури. Јужна Шпанија е најпогодениот регион, со температури од над 40 Целзиусови степени во Севилја и околните области. Нова рекордо висока температура за јуни од 46 степени е измерена во градот Ел Гранадо, при што Шпанската метеоролошка служба процени дека ова би можел да биде најтоплиот јуни ...
Речиси 12 милиони Американци би можеле да останат без здравствено осигурување ако Сенатот го усвои новиот закон за буџетот, кој исто така ќе го зголеми државниот долг за 3,3 трилиони долари. Ова се проценките на непартиската сојузна агенција Конгресна канцеларија за буџетот (ЦБО), кои ги усложнуваат напорите на Републиканците да го усвојат „големиот, прекрасен закон“ на Трамп во следните денови. Законот тесно го помина прелиминарното гласање во ...
Иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Амир-Саеид Иравани, изјави дека Иран никогаш нема да престане да збогатува ураниум зашто тоа е дозволено за мирољубиви цели според договорот за неширење на нуклеарно оружје. „Збогатувањето е наше неотуѓиво право и сакаме да го спроведеме тоа право. Иран е спремен да преговара, но безусловно предавање не доаѓа предвид. Не дозволуваме САД да ни диктираат политики“, изјави Иравани. Шефот на Меѓународната ...
Илјадници Норвежани поверуваа дека станале милионери откако добија известување од државната компанија за игри на среќа „Норск Типинг“ за освоени огромни суми, но подоцна се покажа дека станува збор за грешка. Компанијата соопшти дека „неколку илјади“ луѓе кои освоиле награди во играта Евроџекпот биле известени за погрешни износи во петокот. Грешката настанала при конверзија од евроценти во норвешки круни, при што износот бил помножен со 100, ...
Максим Димитриевски денеска беше едногласно реизбран за претседател на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија на вториот партиски конгрес. Тој најави дека ЗНАМ ќе дејствува како коректор на власта, која, според него, заслужува шанса бидејќи ја добила довербата од граѓаните на изборите. „ЗНАМ не е ниту ВМРО-ДПМНЕ, а уште помалку СДСМ. ЗНАМ е гласноговорник на народот и коректор на власта. Оваа власт заслужува шанса затоа што граѓаните тоа го ...
Министерот за здравство Азир Алиу најави дека неговиот кабинет ќе биде отворен за директни средби со граѓаните секој петок, а првите 15 термини се веќе резервирани. Ова беше соопштено на денешната прес-конференција во Министерството за здравство, каде Алиу ја претстави иницијативата „Отворен кабинет“. „Вистинската реформа започнува кога институцијата ќе престане да зборува сама со себе и ќе почне да го слуша народот со отворен ум и јасна намера ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментирајќи ги студентските протести во Белград, изјави дека „насилството не може да ја победи Србија“ и дека државата „не застанала, ниту ќе застане“. Тој вели дека нема да потпише никакви помилувања за приведените демонстранти. „Како што навестив дека ќе се случи, Србија победи. Не можете да ја победите Србија со насилство“, изјави Вучиќ. Тој вели дека веќе седум месеци траат „терористички дела“ и ...
Холандските туристи не ги привлекува елитниот туризам, туку преферираат прошетки, запознавање со локалната култура, традиционалната храна, историјата и дружење со мештаните. Ова го тврди брачниот пар Јасмина и Васко Коцирови, кои со години живеат во Холандија, а организирано носат туристи во подбеласичкиот регион во Струмичко. Тие се меѓу првите кои инвестирале во сместувачки капацитет во селото Габрово, со цел да им овозможат на посетителите ...
Завршена е претпоследната фаза од конзерваторско-реставраторските зафати на Римскиот театар во Стоби. Со тоа се отвора можноста веќе следната година во театарот да се одржи Фестивалот на античка драма „Стоби“, но и други настани. Пролетта се реализираше проектот за конзервација, реставрација и реконструкција и археолошки доистражувања на Римскиот театар, финансиски поддржан со годишната програма на Министерството за култура. „Во текот на април, ...
Иран има капацитет повторно да започне со збогатување ураниум, потенцијално за нуклеарна бомба, во рок од „неколку месеци“, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Гроси рече дека американските напади врз три ирански локации минатиот викенд предизвикале сериозна, но „не целосна“ штета, што е во спротивност со тврдењето на Доналд Трамп дека нуклеарните капацитети на Иран биле „целосно уништени“. „Искрено ...
Од денеска, секој што ќе запали цигара на плажа или во јавен парк во Франција ќе го прекрши законот, според новите правила чија цел е да ги заштитат децата од опасностите на пасивното пушење. Забраната ќе важи и за автобуските постојки и за местата во непосредна близина на библиотеки, базени и училишта. Таа стапува на сила еден ден по нејзиното објавување во службениот весник во сабота. Правилото се воведува една недела пред почетокот на ...
Во основните јавни обвинителства во земјава во текот на 2024 применети се посебни истражни мерки (ПИМ) од чл. 252 од Законот за кривична постапка (ЗКП) во вкупно 35 случаи против вкупно 363 лица со утврден идентитет, 8 лица со неутврден идентитет, за 163 предмети на кривично дело. За споредба, во 2023 во сите основни јавни обвинителства применети се посебни истражни мерки од чл.252 од ЗКП во вкупно 87 случаи против 416 лица со утврден идентитет, ...
Таксист од скопска компанија одбил да вози лице со церебрална парализа после концерт во Младинскиот културен центар (МКЦ) на 16 ноември 2024 во 23 часот, викајќи пред сведоци: „Вакви луѓе не примам во кола!“, според претставката поднесена во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Таксистот коментирал и дека лицето со церебрална парализа можело да му се измоча во колата, дека гарант нема пари да му плати, и додал: „Нека ги ...
Десетици илјади студенти и демонстранти против корупцијата се собраа вечерва во Белград, барајќи предвремени избори и крај на 12-годишното владеење на претседателот Александар Вучиќ. Студентите на Факутетот за драмска уметност (ФДУ) објавија дека судејќи според снимките од дрон, во Белград има околу половина милион луѓе на улиците. Полицијата распореди голем број полицајци во опрема за немири околу владините згради, парламентот и блискиот парк ...
Експертска група задолжена од Светската здравствена организација (СЗО) да истражи како започнала пандемијата на ковид-19 вчера го објави својот последен извештај, со незадоволителен заклучок: научниците сè уште не се сигурни како започнала најлошата здравствена вонредна состојба во последниот еден век. На прес-конференцијата во, Мариетје Вентер, претседателката на групата, рече дека повеќето научни податоци ја поддржуваат хипотезата оти новиот ...