Педесетина жители на урбаната заедница „Панче Пешев“ во Куманово синоќа излегоа на протест и побараа од локалната власт да го спречи загадувањето на воздухот кое го предизвикуваат нивните соседи од другата страна реката од населбите Средорек, Бавчи и Стари Лозја и Перо Чичо. Тие се пожалија дека со години се душат во чад и нивното здравје е загрозено затоа што надлежните не си ја вршат работата и не ги санкционираат несовесни граѓани, кои палат ...

Десетгодишно девојче колабирало и починало при посетата на дворецот Версај југозападно од Париз и властите сметаат дека за нејзината смрт придонела и екстремната жештина, која владее во делови од Европа со денови. Франција го регистрираше вториот најтопол јуни откако почнале да се вршат мерења во 1900 година, додека Шпанија и Англија велат дека ова бил најтоплиот јуни досега во двете држави. Според француските медиуми, девојчето кое починало во ...

На 23 јуни во Скопје е регистрирана рекордна потрошувачка на вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“. Од таму велат дека енормно е зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови. На 23 јуни дневната потрошувачка на вода изнесувала рекордни 356.000 метри кубни, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител. „Апелираме до сите граѓани на градот Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата. ...

Голем пожар продолжува да гори надвор од контрола во регионот Ласити во источниот дел на грчкиот остров Крит, откако избувнал вчера попладне на шумски терен близу Јерапетра. Помогнат од жестоки ветрови, пожарот брзо се ширеше, стигнувајќи до домови, туристичко сместување и клучна инфраструктура. Огнениот фронт се подели на три дела и сега се протега најмалку шест километри, поради што гаснењето оди многу тешко. Властите наредија евакуација на ...

За многу кратко време избледе црвената боја во делови од новите велосипедски патеки во Битола кои минуваат низ пешачките премини на крстосницата кај супермаркетот „Веро“ меѓу улиците Партизанска и Васко Карангелевски. Ова вчера го забележа екипата на САКАМДАКАЖАМ.МК која ги обиколи новите вело и пешачки патени направени со средства од Општината. Нивното уредување и бележење е при крај. Јавното претпријатие „Паркинзи“ задолжено за бележење на ...

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, објави дека од денеска го замрзнува членството во СДСМ, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче на 2о јуни ги објави кандидатите за градоначалници за 19 општини во земјава, а тој не е на листата. „Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ, не со ова раководство, не додека СДСМ не се врати таму каде што и е местото, најмалку каде што е сега. Ова не е крај… Во сегашната политичка слика, ...

Сѐ уште нема законски наследник на станот на улица Климент Охридски број 19 во центарот на Битола, кој е полн смет, смрди и претставува опасност од ширење зарази. Поради тоа, управителот на станбениот сервис во зградата мора од судот да побара дозвола за непречено влегување во него со цел да биде исчистен, соопштија од Општина Битола и велат дека претставници на Општинскиот инспекторат вчера по поплаките на жителите презеле активности во рамки ...

Група стружани го санираше оштетениот мост на реката Црн Дрим во Струга, кој беше небезбеден за поминување оти надлежните институции повеќе од една деценија ништо не поправиле. Петмина граѓани волонтери изминативе денови поставија даски на местото каде имаше отвори и ги заменија гнилите штици за да може безбедно да се поминува по мостот. Велат, се собравме, купивме штици, купивме шајки и секој од дома зедовме алати и колку знаевме и можевме ...

Судењето на обвинетите за пожарот во нелегалното диско „Пулс“ во Кочани на 16 март ќе се одвива во Основниот кривичен суд Скопје, соопшти судот. Денеска од Основниот суд во Кочани во Скопскиот суд е достаен предметот за пожарот што беше оформен по поднесен обвинителен акт од кочанското Основно јавно обвинителство (ОЈО). „Согласно решението на највисокиот суд, кој постапувал по предлог на Апелацискиот суд Штип, за определување на стварна и месна ...

Тамара Котевска, корежисерката на „Медена земја“ што доби историски 2 номинации за Оскар во 2020, за најдобар странски филм и за најдобар документарец, почна да го снима дебитантскиот игран игран филм „„Човек против јато“. Играното деби на Котевска со 325.000 евра го поддржа и македонската Агенција за филм на конкурсот во вториот рок во во 2019, а во 2023 доби поддршка од 265.000 евра од Паневропскиот филмски фонд Еуримаж. Како што соопшти ...

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи стави розови очила на денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот за 2025 година кој го предлага Владата. Поранешниот вицепремиер за економски прашања кажа дека само за Владата ребалансот на буџетот е розев, а тој всушност е признание дека Владата ја загубила финансиската контрола, со дефицит од 4%, над законскиот лимит. Тој им рече на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе им ги остави очилата, но не се ...

Еден од најмоќните луѓе во хип-хоп музиката Шон Диди Комбс е прогласен за виновен за двете обвиненија поврзани со проституција, но беше ослободен од обвиненијата за сексуална трговија и рекетирање, поради кои можеше да остане во затвор до крајот на животот. Поротата ја донесе едногласната одлука по 13 часа заседавање за период од три дена. Судењето во Њујорк траеше од мај. Од петте обвиненија, Комбс е прогласен за виновен само за две: транспорт ...

Дваесетина млади хонорарци во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје три месеци немаат земено плата и се очекува наскоро да се затвори бифето, велат извори од оваа институција за САКАМДАКАЖАМ.МК. Плата немаат земено ангажираните со договор за дело од Детскиот креативен центар, од Планетариумот, од киното Милениум и од бифето. „На сопствена сметка сме под постојан удар на извршители, а проценката е дека сме минимиум 15 милиони денари (над ...

64-годишен битолчанец исплатил 22.500 евра на измамничка која им рекла дека ќе им го вработи синот во Министерството за внатершни работи. Против 43-годишната М.Л. од Битола, полицијата поднесе кривична пријава за измама. Од СВР Битола соопштија дека пријавената во временскиот период од 15.09.2024 до 15.04.2025 година, со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда 64-годишно лице. „Лажно му се претставила дека е вработена во ...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почна расправата за ребалансот на Буџетот за 2025 година, во второ читање, за кој се поднесени над 200 амандмани. Од нив, 160 амандмани се поднесени од пратеничката група на СДСМ. Како што кажа на прес-конференција пратеничката Сања Лукаревска, со поднесените амандмани предлагаат да се издвојат пари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани од 16 март, со 62 жртви и 200 повредени. ...

Скопјанец загина прегазен со мотор на пешачка патека синоќа околу 20 часот на кејот на реката Вардар во Скопје, кај Паркот на франкофонијата. Како што велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од семејството, тој вечерта излегол да фрли ѓубре. Враќајќи се кон својот дом во зграда во близина на кејот и движејќи се по пешачка патека бил прегазен од мотор. Од МВР велат дека моторџијата избегал. „На 1.7.2025 околу 19.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ...

„Парамаунт“ се согласи да му плати 16 милиони долари на Доналд Трамп поради монтажата на интервјуто со Камала Харис во емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес во октомври. Компанијата кажа дека парите нема да ги добие самиот Трамп, туку неговата идна претседателска библиотека. Спогодбата не вклучува извинување за Трамп. Адвокатот на Трамп, Едвард Ендрју Палцик, рече дека претседателот претрпел ментална болка поради монтирањето на интервјуто, додека ...

Бесплатниот градски превоз во Куманово ќе продолжи до крајот на октомври. Mнозинството во Советот на Општина Куманово на вчерашната седница oдлучи субвенционирањето на jaвниот превоз да трае уште 4 месеци и ќе чини вкупно 27,3 милиони денари или околу 450.000 евра. Од тоа 25 милиони денари (406.000 евра) за Куманово и 2,3 милиони денари (37.000 евра) за заедничко организирање на превоз помеѓу општините Куманово и Старо Нагоричане. Од почетокот ...

САД запреле со испораките на некои оружја во Украина, објави Белата куќа, додека војната со Русија се засилува. Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, кажа дека тоа било направено за да се стават интересите на Америка на прво место, откако министерството за одбрана извршило анализа на американската воена помош за други земји. Од почетокот на руската инвазија, САД ја помогнале Украина со десетици милијарди долари вредна воена помош, поради што ...

Оперската примадона Весна Ѓиновска-Илкова на 24 јули со дела од македонски композитори ќе настапи во Рим, на музичкиот фестивал на народите Римски ноќи, во театарот „Марчело“. Ѓиновска-Илкова, во Рим гостува со пијанистката Јанинка Невчева и професорката и писателка Ивана Трајаноска која ќе има излагање по повод 100 години од првата македонска опера „Гоце“, од композиторот Кирил Македонски. Концертот е насловен „Гласот на Тишината“. ...

Пребегнатиот тибетски духовен водач Далај Лама објави дека ќе има наследник по својата смрт, ставајќи крај на шпекулациите дали 600 години старата институција ќе заврши со него. „Потврдувам дека институцијата ќе продолжи“, кажа тој во видеопорака на почетокот на средба на верски водачи во хималајскиот град Дарамшала. Тој додаде дека канцеларијата на Далај Лама ќе ги консултира будистичките и другите верски лидери во потрагата, за да се препознае ...

Доналд Трамп објави дека Израел ги прифатил „неопходните услови“ од 60-дневно примирје во Газа, без да ги открие деталите. „За време на предложениот договор, ќе работиме со сите страни да се стави крај на војната. Катар и Египет, кои напорно работеа за да се постигне мир, ќе го испорачаат финалниот предлог. Се надевам дека Хамас ќе го прифати овој договор, зашто нема да станува подобро, само ќе биде полошо“, напиша Трамп на социјалните мрежи. ...

Уставниот суд ја оценува уставноста на законите, а не на предлог-законите, им одговори претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски на граѓанските иницијативи на нивното барање за оценување на новите измени на Изборниот законик кои се предложени во Собранието по скратена постапка. Уставниот суд пред неколку месеци ги укина измените на Изборниот законик донесени лани. Но сега повторно власта и опозицијата предлагаат по брза постапка нов ...

Републиканците во Сенатот тесно го изгласаа законот на Доналд Трамп за даноците и трошењето, кој со тоа ја помина една од клучните пречки. Таканаречениот Голем прекрасен закон беше усвоен благодарение на гласот на потпретседателот Џеј-Ди Венс по повеќе од 24 часа дебата, откако тројца републиканци гласаа против. Законот сега се враќа во Претставничкиот дом, каде што се соочува со уште поголема опозиција. Претходната верзија на законот беше ...

Тројца луѓе загинале, а 35 се повредени во украински напад со дронови врз фабрика во рускиот град Ижевск, оддалечен повеќе од 1.000 километри од границата, објавија руските власти. Гувернерот на Удмуртија, Александр Бречалов, кажа дека десетмина имаат сериозни повреди. Мета на нападот била воената фабрика „Купол“, која произведува проектили „тор“ и радарски системи. Според украинските медиуми, фабриката произведувала и дронови и противвоздушни ...

Од стан полн со ѓубре, кој не е исчитен со месеци по смртта на сопственичката, се шири неподнослива реа низ зградата на улицата Климент Охридски број 19 кај Стара болница во Битола. Жителите стравуваат од појава на зараза и штетници, па итно бараат државните и локалните институции да преземат мерки за решавање на проблемот. Станари од зградата кажуваат дека вратата од станот извесен период била пломбирана со поставена лента од полицијата откако ...

1 Што туку се фали премиерот Христијан Мицкоски, дека ќе правел нови темели врз пепел и прав што наследил пред една година, кога темелите му се дивоградба? Еве му чист случај. Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, истата таа што пред четири години беше негов избор за градоначалник на главниот град, на тацна им ги дава документите за организиран криминал во Општина Чаир. Точно е дека Арсовска го запусти градот, дека немаме јавен превоз, ...

На граничниот премин со Грција „Богородица“ ќе бидат отворени две нови ленти за излез од државата и една дополнителна лента за влез на товарни возила, кажа денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според него, овој потег треба значително да го олесни сообраќајниот метеж, кој е особено изразен во летниот период поради големиот број туристи од регионот што патуваат кон Грција. Министерот очекува дека со зголемувањето на капацитетот ...

Дел до старите згради во Кочани ќе добијат енергетски ефикасни фасади и нов лик. Ова е предвидено со Меморандумот за соработка кој го потпишаа Општина Кочани и Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“. Проектот на „Хабитат Македонија“ предвидува на 200 стари згради да се поставi енергетско-ефикаснa фасадa и нови прозорци со што ќе се намалат трошоците за струја на домаќинставата. Проектот во вредност од 3 милиони евра е со времетраење ...

Илон Маск кажа дека ќе формира трета партија ако американскиот Конгрес го усвои „големиот прекрасен закон за буџетот“ на Доналд Трамп. „Мојата Американска партија ќе биде основана ден по усвојувањето на законот“, напиша Маск на Икс. Тој ја обнови јавната расправија со Доналд Трамп откако викендов повторно го критикуваше законот за буџетот, што го опиша како луд и уништувачки. Законот тесно го помина првото гласање во Сенатот, но останува ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
89%
1023
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
92%
1022
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
71%
1024
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.53
87%
1022
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
95%
1023
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
6.17
73%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
72%
1019
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
66%
1020
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
94%
1022
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
0.89
83%
1022
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
81%
1019
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1023
Currency

61.64

Currency

52.9026

Currency

70.5558

Currency

35.1006

Currency

38.2267

Currency

65.7739

Currency

7.47463

Currency

0.68891

Currency

0.34038

Currency

0.52501

Currency

1.24174

Currency

0.58842

Бакар

10.96

Злато

134976.58

Цинк

3.22

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Никел

473258.99

Иридиум

145787.60

Сребро

1876.20

Паладиум

46361.38

Родиум

255598.44

Платина

52864.82

Алуминиум

2.91