Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 187 примероци од 41 мерно место. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 29.06.2026 до 03.07.2026 зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет ...
Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40 отсто, од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година - соопшти Министерството за внатрешни работи. Посочуваат дека „Безбеден град“ е проект што спасува животи и гради побезбедна иднина. -„Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за ...
Зошто не се применува Законот за употреба на македонскиот јазик. На оваа тема на иницијатива на СДСМ денеска во Собранието се одржа надзорна расправа. И по цели две години од донесување на Законот, инспекторатот кој треба да ја следи примената има двајца вработени кои прво една година ќе се обучуваат, пред да почнат да пишуваат казни. Според опозицијата ова на дело ја покажува неспособноста на министерството за култура, на критиките Љутков ...
Можни дисциплински постапки ако вработените излезат на протест. Ваков допис според тврдењата на сиднидкатот испратила директорката на УЈП, Елена Петрова до административците во Управата, кои за денеска закажаа 2 часовен протест, но по добиениот мејл, го откажаа. Во дописот, како што тврдат тие, Петрова се повикала на законот за работни односи, кој не дозволува прекин на работата Синдикатот Солидарност пак има спротивен став од неа. Сличен ...
Секој ден во текот на летото, најмалку 120 доброволни пожарникари ќе бидат во состојба на готовност за интервенција при пожари. Нов модел на мобилизација денеска беше договорен меѓу Дирекцијата за заштита и спасување и доброволните противпожарни друштва. Целта е полицијата и Армијата во делот на човечките ресурси да биде сведен на минимум, а примарниот товар во првиот одговор да го понесат професионалните и доброволните пожарникари, кои се ...
Две лица од Скопје се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа кој ги вознемири скопјани, а во кој еден пожарникар се здоби со повреди. Според полицискиот билтен ќе одговараат за предизвикување на општа опасност, односно околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје. Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок. Две лица од ...
И по две недели се уште се на слобода напаѓачите кои избодеа 14 годишно момче во парк во Ченто. Откако беа сослушани во полициска станица, трите лица на возраст од 19 и 23 години се на слобода. МВР поднесе кривична пријава за насилство врз дете, дело за кое максималната казна е три години затвор. Полицијата го пронајде и го предаде на вештачење ножот со кој му биле нанесени 7 убоди во грб на момчето но резултат се уште нема. „Истражните ...
Сопственикот на дискотеката „Пулс“ во која загинаа 63 лица, бил во редовна пријателска комуникација со инспекциските служби и полицијата.. Ова го откриваат пораките од телефонот на Дејан Јованов, кои денеска беа презентирани во судницата во Идризво. Тој редовно добивал дојави кога ќе има полициска рација во дискотеката и што ќе се контролира, а според пораките, Јованов бил во блиска комуникација и со вработени од министерството за економија ...
И покрај најавите за денеска, пропадна обидот пратениците да ги испеглаат разликите за Изборниот законик. Утре на нова координација уште еднаш на маса ќе ги стават своите позиции и понуди во обид да постигнат компромис. Сите страни кои се дел од процесот не отстапуваат од кажаното - власта е подготвена за компромис но само ако се дозволи електронско гласање на дијаспората , за опозицијата токму ова е главниот камен на сопнување, но и ...
Турските власти приведоа повеќе од 100 луѓе кои учествуваа во анти-НАТО демонстрациите што завчера ги организираше Комунистичката партија на Турција (ТКП), во пресрет на самитот на лидерите на НАТО закажан за утре и задутре во Анкара. Турција утре и задутре во Анкара ќе биде домаќин на лидерите на 32-та сојузници на НАТО, како и на официјални претставници од партнерските земји. Властите ги заострија безбедносните мерки ширум Анкара во ...
Во Техеран денеска започна погребната поворка во чест на убиениот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи, како и на тројцата негови роднини кои загинаа заедно со него. Иранската државна телевизија пренесува слики од поворката со телото на Хамнеи како поаѓа низ главниот град, притоа истакнувајќи дека додавајќи дека во неа учествуваат „огромен број“ граѓани кои дошле да му оддадат последна почит. Хамнеи беше убиен на 28 февруари, на првиот ден од ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ја нападна италијанската премиерка Џорџа Мелони на социјалните мрежи, објавувајќи нејзина фотографија со коментар дека е „потребна забрана за приближување“. За време на состанокот на Г7 во француското одморалиште Евијан минатиот месец, Трамп и Мелони беа фотографирани како разговараат, но Трамп по тој разговор во интервју за ТВ Ла 7 изјави дека премиерката на Италија го молела да се фотографираат. ...
Бројот загинати во двата силни земјотреси што пред околу една и пол седмица ја потресоа Венецуела се искачи на 3.342, покажуваат официјалните податоци објавени денеска. Претседателот на Националното собрание на Венезуела, Хорхе Родригес, соопшти дека околу 16.740 лица се повредени, а повеќе од 17 илјади останале без своите домови. Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што следуваа серија послаби ...
Руски ракети и дронови го опустошија украинскиот главен град рано утрово, при што загинаа најмалку девет лица, а повредени се 46 луѓе, соопшти на Телеграм шефот на киевската градска воена управа, Тимур Ткаченко. Спасувачките тимови извлекуваа станари од зградите оштетени во ноќниот напад, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Меѓу загинатите се и две лица чии тела спасувачките служби ги извлекоа од тешко оштетена станбена зграда во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците да донесат „цврсти одлуки“ на самитот на НАТО, кој ќе се одржи утре и задутре во Анкара, по руските напади во Киев и регионот, во кои беа убиени најмалку 14 лица. „Од исклучителна важност е светот — на прво место САД и нашите европски партнери — да излезе од самитот во Анкара со јасни и цврсти одлуки за поддршка на нашата противвоздушна одбрана и така да го заштити животот на ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање. Ова е трет ден од општата расправата во матичната собраниска Комисија, по што ќе продолжи со амандманска расправа. По предлог ребаланост на Буџетот за 2026 година, поднесени се вкупно 224 амандмани, од кои од ДУИ – 87, СДСМ – 78, Левица – 51 и од Коалицијата ВРЕДИ осум ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството, како што е најавено, треба да презентира листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази предложени од обвинителството ќе остане уште изведување на градежно вештачење и произнесување на вештите лица. ...
Еуролинк осигурување го зголемува својот капитал за 5,85 милиони евра преку докапитализација обезбедена од матичната компанија Grazer Wechselseitige Versicherung AG (групација ГРАВЕ) со седиште во Грац, Австрија, една од водечките европски осигурителни групации. Одлуката беше разгледана на Собранието на акционери, а со нејзиното усвојување вкупниот капитал на Друштвото надминува 20,5 милиони евра. Со докапитализацијата, вкупниот капитал на ...
Репрезентацијата на Англија успеа да се пласира во четврфтиналето на Мундијалот откако ноќеска го совлада Мексико, еден од домаќините со 3:2. На тој начин Англичаните се изборија за европско четвртфинале против Норвешка. Англија поведе со 2:0 со двата „брзи“ гола на Џуд Белингем, кој погоди во 36.минута и во 38.минута. Сепак неизвесноста ја врати Жулиан Куинонеш со голот во 42.минута кога намали на 1:2. Од 54.минута Англичаните играа со ...
Норвешка предводена од двојниот стрелец Ерлинг Халанд извојува синоќа сензационална победа над Бразил од 2-1 и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал. Ѕвезда на натпреварот беше незапирливиот Халанд, кој ги постигна двата гола за Норвешка, најпрво со глава и донесе водство на Норвешка во 79. минута, додека во 90. минута го удвои водството со прецизен удар од работ на шеснаесетникот. Нејмар од пенал во десеттата ...
Поморската трговија помеѓу Иран и Катар е обновена по речиси петмесечна пауза, изјави денеска иранскиот трговски аташе во Доха, Абас Абдолхани. Тој истакна дека бродскиот транспорт помеѓу иранското пристаниште Дајер и катарското пристаниште Ал Рувеис е обновен по координацијата меѓу Амбасадата на Иран во Доха и катарските власти. Претходно, Министерството за транспорт на Катар објави дека земјата ги обновува сите поморски активности со ...
Украина одби прекин на огнот во Костјантинивка, со што би се олеснило утрешното предавањето на посмртните останки на украинските војници, соопшти руското Министерство за одбрана. Претходно, Русија предложи шестчасовен прекин на огнот околу Костјантинивка, а Украина имаше рок до денеска да одговори. Руските команданти во петокот соопштија дека ја презеле контролата на Костјантинивка, но Украина демантираше. Москва подолг период се обидува да ...
Од училишни дворови до улици – насилството меѓу малолетниците станува се побрутално, оценуваат експертите. Сцените од тепањето девојче во Аеродром и нападот со нож врз 12 годишник во Шуто Оризари се последни во низата инциденти што ја разбудија јавноста и го вклучија алармот во институциите. Изразената изолација кај младите, дисфункционалните семејства, лошата социјална положба, според експертите се основата на врсничкото насилство. ...
Пожарот кој пред неполн час избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Со тоа, додаде градначалникот, беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е поголема трагедија. -Фала Му на Бога, жртви нема. За жал, еден ...
Во текот на изминатото деноноќие полицијата лиши од слобда пет лица и со тројца извршен службен разговор во вкупно девет пријави за семејно насилство во Скопје, Куманово, Тетово, Велес и Штип информираат од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22:40 часот го лишија од слобода Ф.С. (32) од Куманово, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Тој бил приведен во ...
Голем шумски пожар беснее во околината на Солун. Огнот брзо се проширил и зафатил индустриска зона каде целосно се пеплосани две фабрики, што предизвика итна евакуација на локалното население. На терен се 160 пожарникари со над 50 возила, а од рано наутро во гаснењето се вклучени и канаддери и хеликоптери. Жителите велат дека биле немоќни пред огнената стихија. „Го видов пожарот во моментот кога започна. Мислевме дека навреме ќе го стават под ...
Вулканот Етна денеска повторно исфрли пепел, а поради зголемената вулканска активност привремено е суспендиран авионскиот сообраќај на меѓународниот аеродром „Катанија-Винченцо Белини“ на Сицилија. Вулканската активност продолжи откако на 26 јуни се отвори пукнатина во кратерот Ворагине на врвот на Етна. Опсерваторијата за Етна на Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија соопшти дека Етна исфрлила облак пепел во висина ...
Украина во текот на ноќта нападна неколку трафостаници во Крим, како резултат на што полуостровот што се наоѓа под руска окупација остана без електрична енергија, објавија каналите на социјалните мрежи. Цели на украинскиот ноќен напад беа трафостаниците Бахчисарај и Жимино, објавено е на каналот на Телеграм Ексиленова Плус. Проукраинскиот канал Кримски ветер претходно извести за прекини во снабдувањето со електрична енергија низ Крим како ...
Пожар избувна на Бруклинскиот мост во Њујорк за време на градскиот огномет по повод Денот на независноста. Пламен и облак од чад се издигнаа над мостот пред пожарникарите да го изгаснат пожарот. Американските медиуми пренесуваат дека според достапните информации од локалните служби во пожарот никој не е повреден. Две противпожарни возила учествуваа во гаснењето на пожарот, објави градската противпожарна служба. Пожарникари околу 22 часот беа ...