Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на Самитот на НАТО ќе се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, кој пред половина час почна во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара. Сиљановска ја предводи делегацијата во која покрај не се и министрите за одбрана и надворешни работи како и началникот на генералштабот на армијата. Во фокусот на агендата на самитот е јакнењето на ...

СВР Скопје целосно го расчисти случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, беше физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони. Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот ...

На 07.07.2026 во 22:10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Н.(59) со престојувалиште во Скопје, по претходна пријава дека во продажен објект допирал по телото 31-годишна жена. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 07.07.2026 во 22:10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода ...

На 07.07.2026 во 14:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината Л.К.(78) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. По насоки од јавен обвинител, телото на починатата било предадено во судска медицина за обдукција. На 07.07.2026 во 14:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода ...

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека времето утре ќе биде променливо облачно, на места со пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Потоа следува период на претежно стабилно и потопло време. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во недела кога ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец. МИА Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека ...

На 07.07.2026 во 19:00 часот кај арената „Тодор Проески“ во Скопје, каде се одржувал фудбалски натпревар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(26) од Скопје поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Исто така, поради сторен прекршок од законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари биле приведени и Д.Б.(24) од с.Агино Село, кумановско ...

Судски совет едногласно одлучи – Даниела Димовска е нова претседателка на Кривичниот суд Скопје. За позицијата кандидирани беа само Димовска и судијата Ивица Стефановски, исто така од Кривичен. Претседателот на Советот, Камбовски вели дека двајцата кандидати се исклучително искусни, но одлучиле нијанси. - Таа нијанса којашто преовлада кај мене во однос на тоа каде да го дадам својот глас беше споредбата на Акциските планови и Програмите ...

Грција подготвува пет големи рударски проекти како дел од напорите на Европската Унија за независно снабдување со критични минерали. Овие инвестиции опфаќаат сè — од копање руда до рециклирање, и се очекува да донесат големи приходи во грчкиот буџет. Плановите вклучуваат експлоатација на бакар и злато на Халкидики и во Тракија, екстракција на германиум на Пелопонез, како и постројки за рециклирање на бакар и алуминиум во Виотија. Во ...

Платеното политичко рекламирање кое го оспоруваат Левица и Демократи ќе чека мнозинство гласови на уставните судии пред да се одлучи дали е уставно или не. Според судот, поради отсуство на судии во моментот ги немаат потребните пет гласа за да биде донесена конечна одлука дали да ќе се поведе постапка или ќе се отфрли инцијативата. Предметот останува отворен во фаза на гласање. Судијата известител предложи да биде поведена постапка и да се ...

Левица ќе иницира средба на опозициските партии во обид да се најде решение за Изборниот законик. Иако од партијата на Апасиев не се премногу оптимисти за исходот, велат дека од понеделник ќе ги контактираат останатите опозициски партии. Иницијативата доаѓа откако вчера пропадна уште еден обид за постигнување сепартиски консензус за гласањето на дијаспората и изборниот модел. По неуспешните разговори, власта предложи опозицијата сама да се ...

Пофалби за реформите, охрабрување за уставните измени и пoрака за консензус за изборниот законик. Еврокомесарката за проширување дојде во Скопје за да му честита на Мицкоски за спроведените реформи но и да го потсети дека без уставни измени напредокот останува ограничен. Премиерот вети силна посветеност на реформите. Изрази очекување дека Брисел ќе овозможи фер пристапен процес, каков што имале сите кандидати до сега Грејс периодот за ...

По поразот од 2:0 од финскиот шампион КуПС во првиот квалификациски натпревар, во јавноста се појавија сериозни критики за состојбата во ФК Вардар, навивачите и спортските аналитичари отворија прашање дали клубот се соочува со организациска и резултатска криза. Најголем дел од забелешките се однесуваат на подготовките во Италија, изборот на противници за контролните натпревари, летниот преоден рок и настапот на новите засилувања, особено ...

Бројот на повредените лица во ракетниот напад што вчера вечерта беше извршен врз Одеса се зголеми на десет, соопшти претседателот на Одеската областна воена администрација, Олег Кипер. „Меѓу повредените има три жени. Осум лица се хоспитализирани, главно со повреди од шрапнели и исеченици. Лекарите ја оценуваат состојбата на едно од лицата како тешка“, објави Кипер преку својот „Телеграм“ профил. Во текот на изминатата ноќ, Измаилскиот регион ...

Американските вооружени сили извршија нови воздушни напади врз Иран, само неколку часа откако три трговски брода беа нападнати во Ормуската Теснина. Светските агенции јавуваат дека станува збор за нова ескалација во размената на удари меѓу двете земји, што дополнително го доведува во прашање привремениот договор за прекин на непријателствата. Според американски официјални претставници, нападите биле насочени кон повеќе воени цели и ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска од самитот на НАТО во Анкара изјави дека новите американски напади врз Иран биле „апсолутно неопходни“, оценувајќи дека Вашингтон морал решително да реагира по, како што изјави, кршењето на прекинот на огнот од страна на Иран. „Кога имате прекин на огнот, а Иран во основа го крши, мислам дека е апсолутно клучно САД силно да реагираат“, изјави Руте пред почетокот на самитот во Анкара, јавија ...

Цените на нафтата скокнаа за речиси три проценти откако САД започнаа нови напади врз Иран по објавата дека Техеран нападна три брода во Ормуската Теснина. Цената на суровата нафта од типот Брент, која се смета за меѓународен стандард, рано утрово скокна за 2,6 проценти на 76,09 долари за барел, додека цената на американската референтна сурова нафта исто така се зголеми за 2,6 проценти на 72,25 долари за барел, објавија американските медиуми ...

Припадник на американската Служба за имиграција и царина (ICE) застрелал мексикански државјанин при инцидент во кој биле вклучени федерални агенти, соопшти синоќа американското Министерство за внатрешна безбедност. Лицето за кое се тврди дека илегално престојувал во Соединетите Американски Држави, одбило да ги следи наредбите на службениците додека се наоѓало во своето возило, соопшти Министерството во објава на платформата „Икс“. Според ...

Американската војска соопшти дека во вторник започнала нов бран напади врз Иран и ја поништила лиценцата што ѝ дозволува на земјата да продава нафта откако три танкери биле погодени од проектили во Ормускиот теснец, со што се извршил притисок врз веќе кревкото примирје. Американски функционер изјави за Ројтерс дека нападите биле насочени кон ирански системи за воздушна одбрана, системи за крајбрежен надзор, ракети земја-воздух, крстосувачки ...

Репрезентацијата на Швајцарија е последната која обезбеди пласман во четвртфиналето на Мундијалот откако синоќа по изведување на пенали ја победи Колумбија со 4:3, а дуелот заврши без голови. Нивни противник ќе им биде светскиот првак Аргентина, која со 3:2 го победи Египет. Во натпревар со многу тактизирање, двете репрезентации играа без премногу ризик и на крајот нерешениот резултат беше очекуван и пеналите го решија победникот. При ...

Голем шумски пожар избувна доцна вечерта на ридовите во областа Порто Палермо во општина Химара. Силниот ветер брзо ги прошири пламените јазици на тешко пристапниот терен, а противпожарните екипи веднаш излегоа на терен за да го спречат ширењето. Ситуацијата со пожарите во јужна Албанија ова лето е исклучително сложена поради високите температури и ветровите кои поттикнуваат бројни жаришта низ целата земја. Претходни кризи во регионот ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска ќе пристигне во Скопје да разговара за патот на земјата кон ЕУ и напорите за реформи, со фокус на спроведувањето на агендата за реформи во рамките на планот за раст за Западен Балкан. До денес земјата доби 142,1 милиони евра во рамките на Инструментот за реформи и раст по напредокот во спроведувањето на клучните реформи. За време на посетата комесарката Кос ќе се сретне со премиерот Христијан ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на Алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, Индустрискиот форум како и церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во ...

Завршена е реконструкцијата на железничката обиколница Скопје, пруга од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај што ќе овозможи подобра организација и развој на целокупниот транспорт. -Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и ...

На 07.07.2026 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Т.(33) од Скопје. При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 07.07.2026 во 17:30 часот во ...

Лидерите на 32те земји членки на НАТО се собраа во Анкара на дводневни разговори за зголемување на инвестиците во одбраната, зајакнување на капацитетите за одвраќање и одбрана и за натамошната поддршка за Украина. Соединетите Американски Држави долго време вршат притисок врз сојузниците да ги зголемат воените буџети и Европа да преземе одговорност за сопствената одбрана. Во пресрет на самитот, првиот човек на НАТО истакна дека критиките од ...

Три лекови против згрутчување на крвта од 1 јули се ставени на позитивната листа. Директорот на Фондот за здравство информираше дека со рецепт од специјалист пациентите веќе можат да ги подигаат во аптека. “Клексанот” ќе биде сo доплата и партиципација од 160 до 240 денари во зависност од дозажата, но истиот антикоагулант ќе има и од друг бренд без доплата. -Двата антикоагуланти се во рангот од 1.100 до 2.700 денари, ценовен ранг во зависност ...

Расправата за ребалансот на буџетот се претвори во жестока дебата за пензиите. Власта и опозицијата ги вкрстија аргументите за стабилноста на Фондот, моделот на покачување на пензиите, но и околу најавите за потенцијално зголемување на старосната граница за пензионирање. СДСМ предупредува дека Фондот за пензиско сѐ повеќе зависи од буџетот, односно на секои 100 денари придонеси, ПИОМ добива уште 73 денари од државната каса. „А што е одговор ...

Годишна инфлација од 3,4 отсто во јуни измери државната статистика. Индексот на цени на мало пак, во истиот период бележи раст од 3,6%. Најголемо зголемување на цените има кај алкохолот и тутунот, над 9 отсто како и кај транспортот – над 6. Храната за една година се продава поскапо за 2,5% . -Ако се споредат бројките со претходниот месец, забележана е дефлација од 0,5 отсто, што преставува позитивен сигнал за стабилизирање на цените и ...

Судиите поротници од Основниот кривичен суд Скопје од денеска стапија во мирен протест. Ќе бојкотираат повеќе судски рочишта за да го искажат својот револт поради долгогодишното игнорирање на проблемот со ниските дневници. Надоместокот кој го добиваат се движи од 570 до 670 денари и со години не е изменет и покрај бројот на судења, сложеноста и времетрањето на нивниот ангажман. Во соопштение од основниот кривичен суд Скопје јасно застанаа зад ...

Мвр билтен

12 минути - МИА
weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.37
64%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
0.45
62%
1018
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.83
61%
1019
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.97
60%
1017
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.63
78%
1016
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
0.44
97%
1020
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
1.34
44%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.17
41%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.83
58%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
62%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
52%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
5.41
91%
1012
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Калај

56.36

Рутениум

53852.50

Паладиум

43628.56

Платина

56038.75

Алуминиум

3.28

Злато

139576.04

Родиум

278103.96

Бакар

13.23

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Сребро

2044.16