Бројот на затвореници кои ги загубиле животите во затворите во Албанија наликува на воен биланс, констатира Топ чанел, наведувајќи дека во периодот од јануари 2020 до септември 2025 година, 139 лица ги загубиле животите во ѕидовите на своите ќелии, а 12 извршиле самоубиство. Според Управта за извршување санкции во првите три месеци од годинава починале петмина осуденици. -Официјалните податоци ја наведуваат 2024 година како година со ...

– Судскиот процес против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по обвиненијата за корупција ќе продолжи в недела, на 12 април, соопшти портпаролот на судската власт. Оваа одлука доаѓа само неколку часа по укинувањето на вонредната состојба во Израел, воведена поради војната против Иран. „Со укинувањето на вонредната состојба и продолжувањето на работата на правосудството, рочиштата ќе продолжат според вообичаената процедура“, се наведува во ...

Цените на нафтата повторно растат, откако Иран го обвини САД за кршење на договорот за двонеделно примирје. Стравувањата се дека тензиите можат да ескалираат и да го нарушат синџирот за снабдување со енергенси, по нападите на Израел во Либан. Оптимизмот дека испораката низ Ормутскиот Теснец ќе се нормализира наскоро, паднаа во вода. И Иран и САД бараат целосна контрола врз теснецот и наплата на надоместок за бродовите кои поминуваат. Во ...

Пратеници во Европскиот парламент од групата Зелени и Да ја обновиме Европа денеска побараа итна и јасна реакција од Европската комисија поради влошувањето на ситуацијата во Србија, колапсот на владеењето на правото, демократските стандарди и основните права, со оценка дека одговорот од Брисел треба да вклучува и прекин на финансирањето. Во писмо упатено до претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен и Колегиумот на комесари, тие ...

Дрога била пронајдена при претрес во светиниколско Ерџелија, по што приведен бил 25-годишен жител на селото. - Вчера во 16:35 часот во село Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР - Свети Николе го лишија од слобода А.Т., 25-годишник од селото. При претрс во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд - Свети Николе, пронајдени се и одземени марихуана, бела грутчеста материја и дигитална вага, ...

Од утре, 10 април (петок), стапува на сила новиот европски систем за влез и излез (EES – Entry/Exit System). Тоа значи дека дигиталната евиденција ги заменува досегашните печати во пасошите за сите државјани на земји кои не се членки на ЕУ, вклучително и македонските граѓани.Од утре ако патувате во земја од Европската Унија, на граничниот премин ќе ви земат отпечаток од прст и ќе ве фотографираат при првиот влез. Ова значи дека при прв влез ...

Македонското МНР го испитува случајот со објавените снимки од амбасадорот Ненад Колев, според кои тој во алкохолизирана состојба учествувал во сообраќајна незгода во Москва. Фотографиите од безбедносни камери ги објавија руски медиуми, повикувајќи се на колумна на српскиот портал „Правда“. Според нив, македонскиот дипломат одвај стигнал до службеното возило, а набрзо откако почнал да вози, правејќи низа прекршоци удрил во друго возило. - ...

Речиси 700 милиони евра минатата година од државниот буџет биле префлени на сметка на фондот за да можат да се исплатат пензии. Годинава се очекува овој износ да биде поголем. Државниот завод за ревизија во денешниот извештај предупредува – без реформи пензискиот систем е неодржлив. Зголемување на старосната граница за пензионирање и прилагодување на стапката на придонеси, бидејќи пензиите растат, а тоа не е поткрепено со зголемување на ...

Над 200 пациенти во земјата чекаат ново срце, бубрег или црн дроб како шанса за нов живот а се помалку има согласности за донирање на органи по смртта. Статистиката покажува дека првите три месеци годинава, од осум потенцијални донори само кај еден семејството се согласило за дарување на органите и спасување на човечки животи. Колку предложените законски измени кои од денеска се на ЕНЕР ќе ја зголемат свесноста и ќе ја намалат неизвеснота на ...

Одложено рочиштето во скопска Апелација за жалбите на Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев поради здравствената состојба на Видевски кој е задржан во болница. Видевски се онесвестил во затворот во Шутка поради проблеми со бубрегот, за кој адвокатот Манев вели дека му е единствен, и тоа дониран. - Континуирано не е лечен во затворските услови затоашто и не може да биде лечен бидејќи има континуирана потреба од ...

Инспекторката за животна средина во општина Кочани, требало да прави увид во кабарето „Пулс“ три години пред пожарот, ама објектот не работел. Вака денеска во судницата сведочеше Лета Ѓорѓиева која кажа дека при контрола на кафичот на Дејан Јованов, дознала дека правниот субјект има и подружница Пулс, но фирмата повеќе не била активна. Контролата била предвидена со планот за редовен инспекциски надзор со кој биле опфатени сите кафичи во ...

Граѓаните ги прават последните подготовки пред Велигден. Маркетите и пазарите се полни. Најголема гужва има кај јајцата – табла деновиве се продава за околу 300 денари. Според Евростат, Македонија е на второ место по поскапување на јајцата во Европа лани. Годишниот раст, според нивните пресметки бил над 26%. Пред нас е само Шпанија со нешто над 31% зголемување. Но, и покрај ова, како што објави Еуроњуз, земјава ги има едни од најниските цени. ...

Автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред за празниците. - По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10 до 13 април, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Во сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време: билетарите што работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот, додека билетарниците и ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и покрај намалувањето на цената на нафтата и нафтените деривати, предизвиците со цената на горивата остануваат и се следат на дневна основа. Истакнува дека Владата се справува прилично стабилно и покрај, како што изјави денеска, историски најголемиот обем на криза. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Струга, потенцира дека имаме доволно резерви, нема најава за какви било ...

Државниот јавнен обвинител Ненад Савески денеска имаше работен состанок со тим на Државниот завод за ревизија предводен од главниот државен ревизор Максим Ацевски и заменик-главниот државен ревизор Орхан Адеми. На состанокот, информираат од ЈО, беше изразено задоволство од досегашната меѓуинституционална соработка, а се разговараше и за нејзино продолжување и продлабочување со посебен акцент на унапредување на координацијата и размената на ...

Историски години и нова ера ќе следува за македонската Армија, стотици милиони, па и милијарди евра за модернизација. Македонската Армија ќе биде на повисоко ниво и со неа ќе се гордееме, ќе биде модерна армија со многу голема огнена моќ, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски, зборувајќи за придобивките за државата во областа на одбраната и безбедноста од Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави што се одржа оваа недела ...

Во дерби натпреварот од 26 коло во македонската ракометна Суперлига, ГРК Охрид вечерва во драматична завршница го совлада Еурофарм Пелистер на гостински терен во Битола со 27-26. Тренерот на охридскиот прволигаш Борис Ројевиќ по дуелот упати честитки за атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ и наведе дека победата дополнително ќе влијае на самодовербата на неговите ракометари пред претстојните дуели против словенечки Цеље во полуфиналето на ...

Барселона загуби со 2:0 од Атлетико Мадрид синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот се одигра на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона. Во 44. минута, Каталонците останаа со 10 играчи откако дефанзивецот Пау Кубарси беше исклучен поради прекршок врз Џулијано Симеоне. Судијата Иштван Ковач првично му покажа жолт картон на дефанзивецот, но по ВАР, ја смени својата одлука и му покажа црвен картон на Кубарси. ...

Денвер Нагетс ноќеска го победи Мемфис во натпревар од регуларната сезона на НБА со 136:119. Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл со 14 поени, 15 скока и 10 асистенции. Најефикасен во победничката екипа беше Џамал Мареј со 26 поени. Во поразениот тим се истакнаа Кауард со 27, Хендрикс и Вилијамсон со по 16 поени. Резултати на другите НБА-натпревари одиграни ноќта среда кон четврток: Кливелнд- Атланта 122:116 Детроит – Милвоки ...

Фудбалерите на Пелистер и Вардар одиграа вечерва во Битола нерешено 0-0 во дерби натпреварот од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Вардар со ремито на стадионот „Петар Милошевски‘ го задржа лидерското место на табелата, но сега има само бод повеќе од второпласираната Шкендија, која претходно денеска извојува гостински триумф над Работнички од 3-0. Дербито во Битола донесе малубројни шанси за гол од кои најизгледната ја ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е „очигледно разочаран“ од неколку земји-членки на трансатлантската алијанса, за време на вчерашниот состанок во Белата куќа, јави ДПА. Во разговор за Си-ен-ен Руте ги опиша разговорите како отворена дискусија меѓу „двајца добри пријатели“, но не откри дали е разговарано за потенцијално повлекување на САД од НАТО. Во меѓувреме, Трамп на својата ...

Иранските пристанишни власти им советуваа на бродовите да не поминуваат низ Ормускиот теснец без претходна координација со Иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда (IRGC), наведувајќи го ризикот од мини во виталниот воден пат по неколкунеделниот конфликт, јави ДПА, пренесувајќи го денеска предупредувањето објавено во државните медиуми. Иранската агенција Фарс претходно објави дека Иран го прекина бродскиот сообраќај низ теснината ...

Северна Кореја соопшти дека во последните ракетни проби спроведени неделава тестирала повеќе нови системи на оружје, вклучително и балистички ракети со боеви глави со касетна муниција. Во извештај на севернокорејската државна агенција KCNA се посочува дека Пјонгјанг тестирал и бомби изработени од јаглеродни влакна и електромагнетни оружја наменети за онеспособување електрична инфраструктура, како што се далноводи и системите за напојување. ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска го осуди кршењето на двонеделното примирје меѓу Иран и САД и најави дека Техеран ќе одговори „решително“ на секој напад. Во телефонски разговор со пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф, тој ги осуди вчерашните напади извршени на островите Лаван и Сири, објави Иран Прес ТВ. Откако, според него, САД и Иран се согласија за двонеделен прекин на огнот откако Вашингтон доби предлог од 10 точки од ...

Условите на примирјето меѓу САД и Иран се многу јасни и САД мора да изберат дали сакаат прекин на огнот или не, изјави шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи. „Условите меѓу Иран и САД се јасни и експлицитни. САД мора да изберат, или прекин на огнот или продолжување на војната преку Израел. Не можат да ги имаат и двете“, напиша денеска Арагчи на својот профил на Икс. Тој истакна дека целиот свет ги гледа масакрите во Либан. „Топката е ...

Русија денеска соопшти дека тврдењето на украинската разузнавачка служба дека руските и иранските хакери се здружиле е неточно. „Тврдењата за некаков заеднички напор од страна на руските и иранските хакери се уште една лага на режимот во Киев и терористичката организација во Киев“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи во Москва, Марија Захарова. Таа ја обвини Украина за масовни кибер напади врз Русија, пренесуваат ...

Апелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавна седница по поднесените жалби на првостепената пресуда за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес со која Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на доживотен затвор. Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ...

Штип е првата општина во Македонија со софистициран и иновативен модел за евиденција и наплата на паркингот со 2 хибридни возила. Овој модел успешно функционира и дава резултати во соседните држави, со зголемување на ефикасноста и функционалноста на службите, но и за воведување на сообраќаен ред и зголемување на безбедноста во градот. Овие возила на мнолу лесен начин ќе ги отчитуваат сообраќајните таблички, во реално време ќе испраќаат ...

Струмица доби нов парк, втор по големина во општината. Истиот е дел од пошироката стратегија за зголемување на зелените површини, како еден од начините за справување со загадувањето на амбиенталниот воздух и унапредување на урбаната средина. Паркот чини 390 000 евра , се простира на површина од близу 13.000 м² и претставува современ простор за одмор и рекреација. Во рамки на уредувањето засадени се 460 дрвја и декоративни растенија, додека ...

Досега на ниво на Македонија се склучени 35.100 договори за откуп на тутун, за површина 15.110 хектари. За разлика од 2024 година има над 5.000 договори плус, а договорените површини се зголемени за 2.100 хектари. Според министерот за земјоделство ова било доказ дека оваа гранка оди во нагорна линија во Македонија. „Ова е уште еден показател дека интересот за оваа важна култура е голем. Од страна на тутунарите препозната е заложбата на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.12
45%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
87%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.8
57%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1013
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
3.6
63%
1018
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
52%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
63%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
41%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
60%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
59%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0223

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Платина

66744.95

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.53

Сребро

2534.46

Калај

52.70

Рутениум

51376.89

Паладиум

49351.40

Бакар

12.46

Цинк

0.00

Злато

152465.86