Еврокомесарката за проширување Марта Кос утре пристигнува во Скопје, на средба со премиерот Мицкоски. -Покажавте силни перформанси во рамките на Реформската агенда. Доаѓам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото во пристапните преговори, затоа што сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето, вели Кос во интервју за МИA ден пред пристигнувањето, но истовремено и потенцира дека ЕУ ...

Колку повеќе разговори, толку повеќе разлики меѓу политичките партии околу новите изборни правила, и во делот на изборните единици и во делот на гласањето на дијаспората. Пропадна и последниот обид измените на Изборниот законик да бидат донесени во грејс-периодот што го даде Брисел за усвојување на Реформската агенда поврзана со Планот за раст. Од мнозинството со нов предлог – опозициските партии да договорат заедничко решение, кое власта ќе ...

Владата почна постапка за доделување концесии за геолошки истражувања на металични минерални суровини на Истокот од државата. Одлуката е објавена во Службениот весник, а опфатени се 27 општини – од Куманово до Гевгелија. -Концесијата за вршење на проспекциски геолошки истражувања за металични минерални суровини се доделува со цел откривање на нови локалитети перспективни за понатамошни детални геолошки истражувања како и откривање на нови ...

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али денеска во Тиват учествува на Регионалната конференција посветена на системите 112 и модерните технологии за управување си кризни ситуации. -Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи: прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот, испраќање фотографии од местото на настанот, испраќање видеа од местото на настанот и ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува Македонија до 2031 година да има просечен раст на економијата од 3% и со тоа да биде седма најбрзорастечка економија во Европа, пренесува Еуроњуз. Според анализата на ММФ, додека еврозоната се очекува да има раст нешто повеќе од 1% годишно до 2031 година, помалите економии меѓу кои и шестката од Западен Балкан - Македонија, Косово, Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина се очекува да ја ...

Аргентина обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство со епски пресврт и победа од 3:2 против Египет. „Гаучосите“ губеа со 2:0, промашија пенал, но со головите на Кристијан Ромеро, Лионел Меси и Енцо Фернандез во самата завршница успеаја да ја скршат храбрата екипа на „фараоните“. Египет рано дојде во водство преку Јасер Ибрахим во 15. минута. Само неколку минути подоцна, Лионел Меси промаши пенал, со што резултатот остана 0:1 ...

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино се огласи денеска преку социјалните мрежи, но наместо одговор на контроверзите што се појавија на Светското првенство во последните денови, изнесе комплименти за организацијата на турнирот и судиите. „Светското првенство донесе неверојатен успех, а голем дел од заслугата за тоа му припаѓа на нашиот одличен судиски тим. На првенството судат најдобрите судии во светот, ...

Балтичките држави си играат со оган со тоа што ги ставаат своите територии на располагање за непријателски акции против Русија, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Галузин. „Со тоа што се покоруваат на дисциплината на НАТО и ЕУ и ја ставаат својата територија на располагање за непријателски акции против Русија во контекст на украинскиот конфликт, балтичките држави си играат со оган. Тие добро го знаат тоа“, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „многу разочаран“ од НАТО и дека САД не добиле доволна поддршка од своите сојузници – објави Ен-би-си. Зборувајќи на прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на самитот на алијансата во Анкара, Трамп рече дека можеби немаше да присуствува на самитот доколку не се одржал во Турција, земја чиј лидер, рече, е „силна личност“. „Доколку не се одржеше во Турција, каде ...

23-годишна девојка од Македонија е пронајдена почината во стан во населбата Неаполи во Солун, пренесуваат грчките медиуми. Според нивните информации, родителите извесен период не успеале да стапат во контакт со неа, по што побарале помош од близок роднина кој се упатил кон станот каде што престојувала. При влегувањето ја затекнал без знаци на живот, по што веднаш биле повикани надлежните служби. По извршениот првичен увид на телото, засега ...

Дигиталната трансформација на банкарството им овозможи на клиентите да користат банкарски производи и услуги преку mBanking апликација, инстант плаќања, онлајн отворање сметка или аплицирање за кредит, без одење во филијала. За да се постигне брзо и едноставно корисничко искуство, приспособено на современиот корисник, зад секој навидум едноставен „клик“ стојат сложени процесни системи, креирани врз основа на напредни технологии и целосно ...

На 06.07.2026 околу 22:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината С.П.(37) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција. На 06.07.2026 околу 22:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром била ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против две физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Намерно предизвикување стечај“ и „Оштетување или повластување на доверители“. Како што информираат од Управата, првопријавениот Ѓ. З., во својство на управител и сопственик на правното ...

Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. Потоа следува период на стабилно време, освен во недела кога повторно се очекува попладневна нестабилност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. МИА Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат ...

Националниот едношалтерски систем (НЕС) претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе може побргу и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија - истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...

Во Основниот суд во Куманово, во четврток, на 9 јули треба да започне судскиот процес против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане, обвинет за повеќе кривични дела поврзани со убиства и обиди за убиство на жени на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, обвинетиот се товари за четири кривични дела убиство и два обида за убиство, квалификувани ...

За утре се одложени завршните зборови за случајот „ДКСК“. На новинарско прашање, каков е доказот којшто денеска го нудат, што е она што всушност ќе треба да се докаже со него во врска со обвинението за првообвинетата, одговор даде адвокатката Надица Фундуки. Таа појасни дека на денешната главна расправа од страна на одбраната беше доставен доказ во дополнение на доказна постапка, со којшто, како што истакна, смета дека обвинението против ...

Секоја аптека мора да ги има лековите што се на позитивната листа и што се издаваат на рецепт, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој ги повика граѓаните да пријават во Фондот, преку инфо-мејлот или формуларот за информации, доколку некоја аптека одбие да издаде лек на рецепт. - Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт, додаде Клековски, одговарајќи на новинарско ...

Обвинението за оддавање службена тајна против Билјана Петровска Мантева, може целосно да падне, тврди нејзината одбрана откако на денешното судење понуди нов доказ. До судот достави мејл комуникација според која директорот на ТЕЦ Неготино многу порано знаел дека се води истрага за набавката на мазут, а не како што тврдело обвиниелството откако за тоа го информирала обвинетата Петровска – Мантева. Електронска порака дека полицијата бара ...

Македонскиот фудбалски првак Вардар го започнува својот настап во европските натпреварувања за сезоната 2026/27. На домашен терен „црвено-црните“ се домаќини на финскиот КуПС во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Во пресрет на дуелот, капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, истакна дека тимот е подготвен за предизвикот и дека враќањето во најелитното европско клупско натпреварување претставува дополнителна ...

Продолжуваат нападите меѓу Русија и Украина со беспилотни летала и дронови. Русија во понеделник соопшти дека нејзините сили нападнале повеќе украински воени објекти, додека Украина објави дека во последните 24 часа нападнала руска рафинерија за нафта на околу 2.500 километри од нејзината граница. Русија соопшти дека нејзините сили нападнале седум воено-индустриски претпријатија и енергетска инфраструктура во Киев и регионот на Киев. Целите ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни во однос на мај 2026 година, бележи намалување од 0.5 %, а цените на мало од 0.8 %. Во однос на јуни лани, пак, тршошоците на живот се зголемени за 3.4 %, а цените на мало за 3.6 %, објави Државниот завод за статситика. Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите Транспорт за 1.6 % и Храна и безалкохолни пијалаци ...

Американскиот Стејт департмент изрази „сериозна загриженост“ по однос последните активности на кинеската армија односно спроведеното тестирање балистичка ракета, способна да носи нуклеарна боева глава, а лансирана од подморница во Тихиот Океан. „Во време кога САД работат поинтензивно од кога било за да го спречат ширењето на нуклеарното оружје, Кина го прави токму спротивното. Брзото и нетранспарентно зголемување на нуклеарниот арсенал на ...

Лидерите на 32-те земји членки на НАТО денеска во Анкара почнуваат дводневни разговори за одбранбените трошоци и договорите за набавка на оружје, во време кога Европа се наоѓа под сè поголем притисок од Соединетите Американски Држави да преземе поголем дел од безбедносниот товар на алијансата. Самитот, чиј домаќин е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неговата палата, ќе ги стави на тест повеќемесечните напори на генералниот секретар ...

Бројот на загинатите во двата силни земјотреси што пред две седмици ја потресоа Венецуела се искачи на 3.535 лица, покажуваат синоќа објавените официјални податоци. Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што следуваа низа послаби последователни потреси. Меѓу најтешко погодените е крајбрежната сојузна држава Ла Гуаира, а илјадници лица се уште се водат како исчезнати. ...

Земјите членки на НАТО ќе потпишат одбранбени договори вредни десетици милијарди долари на самитот во Анкара на 7 и 8 јули, најави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за „Вашингтон пост“. – За време на самитот на НАТО во Анкара ќе бидат потпишани нови договори со компании од Европа и Северна Америка вредни повеќе десетици милијарди долари. Исто така, ќе потврдиме дека инвестираме во клучни технологии за да ги исполниме ...

Земјите членки на НАТО ќе инвестираат околу 40 милијарди долари во наредните пет години во своите капацитети за одбрана од дронови, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој рече дека неколку сојузници во НАТО се обврзале да соработуваат во набавката, складирањето, транспортот и управувањето со резервите на критични одбранбени материјали. Според него, на самитот во Анкара земјите од Северноатлантската алијанса имаат намера ...

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо синоќа против Шпанија во Далас го одигра последниот натпревар во дресот на Португалија на Светско првенство. Неговата репрезентација го загуби осминафиналето со 1:0, што значеше и елиминација на Португалија. – Тажен сум. Дадов сè од себе, дадов се од себе и си заминувам со чиста совест. Тоа е фудбалот, тоа е животот на еден фудбалер. Понекогаш победуваш, понекогаш губиш и мора да продолжиш. Да ...

Минатата година забележен е значителен пад на интересот за добивање албанско државјанство, потврдуваат податоците од албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ). Според официјалните податоци, минатата година албанско државјанство добиле 495 лица, бројка значително помала од претходната година, кога таа изнесувала 919 лица. Од вкупниот број 306 се лица кои барале враќање на претходно откажаното државјанство, а 189 го добиле првпат. Во ...

На висорамнината Думре, во близина на Белш, централна Албанија, се појави редок природен феномен познат како вулкан од кал. Според првичните информации без никакви претходни потреси или предупредувања, се отворил кратер со голем дијаметар, ослободувајќи огромни облаци природен гас во воздухот и изнесувајќи илјадници тони врела сулфурна кал на површината. – По настанот, геолози и други стручни лица излегле на терен за да ја испитаат причината ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.32
67%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
0.9
63%
1018
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.98
65%
1019
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.16
57%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.12
82%
1017
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 15ᴼ
0.4
98%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
3.13
50%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.14
43%
1013
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.79
60%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 21ᴼ
3.13
68%
1019
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
1.79
55%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
5.98
100%
1012
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Алуминиум

3.28

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Паладиум

43628.56

Сребро

2044.16

Злато

139576.04

Бакар

13.23

Калај

56.36

Платина

56038.75

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Родиум

278103.96