Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Со развојот на вештачката интелигенција и дигиталните плаќања, криминалот целосно ги брише границите и се трансформира во транснационална операција, затоа, глобалната соработка меѓу полициските агенции е клучна и поважна од кога било, порача генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза. Во гостување на Тема на денот на Сител, Уркиза нагласи дека големината на една држава не е клучен елемент, туку нејзиниот потенцијал да придонесе во ...
Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, денеска ги предупреди САД да се воздржат од нови воени „авантури“, откако ги осуди неодамнешните американски напади врз Иран како кршење на Меморандумот за разбирање од Исламабад во телефонски разговор со началникот на Генералштабот на пакистанската армија, Асим Мунир, објави иранското Министерство за надворешни работи. Арагчи имаше оделни телефонски разговори со шефовите на дипломатиите на Оман и ...
Во текот на три ноќи, украинските беспилотни летала со долг дострел погодија 35 танкери, товарни бродови и „специјални бродови“ во Азовското Море. Путин бара да се обезбедат субвенции за луѓето на Крим Украинската војска во четврток соопшти дека во текот на ноќта нападнала уште 14 руски танкери во Азовското Море, како дел од кампањата за прекин на снабдувањето со гориво на руските сили и изолирање на окупираниот Крим. Украинскиот генералштаб ...
На 8 јули 2026 година во 21:55 часот во СВР Тетово била пријавена наводна сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците „135“ и „Саво Тасевски“ во Тетово. Според пријавата, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ш.А.(45) од село Јажинце, излетал од коловозот и се превртел. Но, по извршените проверки, полициски службеници преку снимки од безбедносните камери од системот „Безбеден град“ утврдиле дека не се работело за ...
На 8 јули 2026 година, околу 22:30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полицијата го лишила од слобода 32-годишниот И.М. од Охрид. Според информациите од СВР Охрид, тој управувал автомобил „Ренџ Ровер“ со чешки регистарски ознаки и не застанал на дадениот знак од полициските службеници, туку продолжил да се движи и се обидел да избега. По преземени дополнителни мерки, возилото било запрено. При контролата, во автомобилот бил забележан ...
Авионска дезинсекција против ларви од комарци ќе се изврши утре (10 јули) рано наутро на подрачјето на Скопје. Како што соопшти Град Скопје, доколку временските услови не дозволуваат дезинсекција, ќе се прска првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Град Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. МИА Авионска дезинсекција против ларви од комарци ќе се ...
Од 1 август пациентите со астма и ХОББ ќе го земаат лекот фостер во аптека само со партиципација од 280 денари. Од први јануари пак, ксарелто против згрутчување на крвта ќе биде 160 денари во аптека. Ова денеска го најави директорот на Фондот за здравствено осигурување – Поголем избор на брендови од иста генерика може да донесе пониски цени за пациентите. - Овие околу 50 милиони денари само со ова намалување кај фостерот, ние нема да ги ...
Фаворизирање само на одредени региони за мерките за вработување, нерамномерно распределување на парите, сомнителни тендери и доминантно ангажирање на еден адвокат... Државниот завод за ревизија утврди повеќе неправилности за работата на Агенцијата за вработување во 2024 година. За 14-те програми биле потрошени околу 23.5 милиони евра, што е за 16 отсто повеќе од претходната година, а најголем број од средствата им се доделени на 4,5 општини: ...
Можно е Владата повторно да ги активира мерките за цените на горивата. Откако нафтата на светските берзи скокна на околу 80 долари за барел, по новите напади на Блискиот Исток, премиерот Мицкоски вели дека состојбата се следи. Доколку има потреба, мерките стојат на располагање. Оцени дека актуелните случувања создаваат неизвесност на енергетските пазари, но уверува дека државата има доволно резерви и план за навремено снабдување со енергенси. ...
Се регулира пазарот за организирање подарувања. Сите инфлуенсери и познати личности, како и компании кога подаруваат производи, прво ќе мора да побараат дозвола од Министерството за финансии. За неа ќе треба да платат надомест од 6,000 денари. Кога ќе го добијат одобрението, во рок од 3 дена обврзани се да платат и 18% од вредноста на подарокот. Овие новини се дел од Законот за игри на среќа и според надлежното министерство – со истиот ќе се ...
Пратениците од ВРЕДИ Беким Ќоку и Аднан Азизи и заменик генераланиот секретар на владата Хасим Муртезани биле запрени на граничниот премин Ќафасан во обид да преминат кон Албанија. Повеќе од еден час без образложение биле задржани од граничната полиција. Иако подоцна им било кажано дека забрана за влез има лице кое патувало со нив, Ќоку на социјалните мрежи тврди дека и покрај дипломатските пасоши од полициски службеник добил информација дека ...
Владејачкото мнозинство сѐ уште не добило одговор од опозициските СДСМ, Левица, ДУИ, Села и Таравари за тоа дали ќе има усогласен став за Изборниот законик пред 15 јули – крајниот рок според кој Брисел ќе цени дали ќе ни додели дополнителни 4 милиони евра од Планот за раст. Премиерот Мицкоски денеска со нов повик, но и со критика до Левица дека, и покрај тоа што првично се усогласила со измените на изборните правила, подоцна се откажала и ...
Македонија ја зацврстува улогата како сигурен партнер на Интерпол. Од размена на разузнавачки информации и заеднички операции, преку обука на полициски кадар, до испраќање на експерти. Шефот на Интерпол, кој е во официјална посета на Скопје порача дека нашата држава покажува сериозен пристап кон меѓународната полициска соработка, а тоа го докажува преку практични примерии. „Од соработката што ја видов на вашата граница со Албанија, како и од ...
44 годишен охриѓанец сакајќи да ја сокрие дрогата од полицијата проголтал опаковка со наркотична материја. Најнапред му се влошила здравствената состојба по што од страна на полициските службеници повикана била Итната медицинска помош со чие возило бил пренесен во Општата болница, но и покрај преземените медицински мерки, тој починал. Тој и другото лице кое било со него им се добро познати на охридската полиција. - На 08.07.2026 година во ...
Морбиден молк, ладнокрвно смеење и поглед кон таванот, вака 25 годишниот овчар Трајче Бојковски обвинет за серија свирепи убиства се појави пред правдата. Драмата во кумановскиот суд настапи од самиот почеток кога обвинетиот сериски убиец одби да си го потврди сопственото име. Ова кај присутните оштетени роднини на жртвите предизвика револт, коментираа дека тој се преправа. По кратка пауза, Бојковски проговори и без воопшто да се замисли ...
Се следи состојбата со цените на горивата, ќе видиме како ќе се одвива, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој напомена дека економските мерки остануваат на располагање, но не кажа дали ќе се активираат. Како што истакна Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања, Македонија има убедливо најниска цена на горивата и успеа во јуни да има најниско ниво на инфлација од сите држави во регионот. -Живееме во прилично предизвикувачо време, ...
Две лица се повредени, предизивикана е и материјална штета откако од возило во движење била фрлена рачна бомба во тетовско кон ресторан. - На 08.07.2026 во 01:20 часот во Полициското одделение Групчин, Д.Ф.(51) од село Добарце, тетовско пријави дека од патничко возило „цитроен“ во движење е фрлена рачна бомба кон неговиот угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото, информираа од МВР. Од експлозијата е предизвикана ...
Центарот за јавно здравје-Штип вчера добило пријава за труење од храна за шест лица, кои се вработени во фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ)-Штип. Во писменото соопштение се наведува дека по пристигнување на пријавите, одделението по епидемиологија во Центарот за јавно здравје-Штип веднаш постапило согласно националниот протокол во случај на појава на алиментарни инфекции и интоксикации. Епидемиолозите веднаш излегле на ...
42-годишна жена го загуби животот откако со својот автомобил „опел астра“ директно се судри со тешко товарно возило на локален пат во струмичкото село Робово. Кобниот судир се случил вчера во попладневните часови, кога поради сѐ уште неутврдени причини дошло до силен контакт меѓу патничкиот автомобил и камионот „ман“ со скопски регистарски таблички. Како последица од страотниот удар, возачката Р.Г.Р. се здобила со исклучително тешки повреди ...
Земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во централниот дел на Македонија, според податоците од сеизмолошките служби. Според достапните податоци, земјотресот се случил денес во 6:54 часот наутро, а епицентарот е регистриран на координати 41,11 степени северна географска ширина и 22,39 степени источна географска должина, во областа на централна Македонија, во близина на Велес. Хипоцентарот е регистриран ...
Животните во ЗОО паркот „Бриони“ во Штип со летните горештени се справуваат со свежа вода, полесна храна и дебела сенка, истакна денеска Зоран Божиков, доктор по ветеринарна медицина. Тој вели дека како кај луѓето, така и за животните при вакви летни температури се бара дополнителна грижа. Во летниот период им се менува начинот на исхрана, добиваат повеќе овошје и зеленчук, а водата за пиење редовно се менува, за да биде секогаш свежа. - ...
Малолетник се здобил со повреди откако возејќи електричен тротинет се судрил со патнички автомобил во Гостивар. Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека незгодата се случила вчера околу 19 часот. - На 08.07.2026 во 19:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Брајкоски“ со ул.„Ристо Оџаклиески“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,пежо“ со гостиварски ...
Генералниот директор на албанската државна полиција, Скендер Хита, изјави дека Граничната полиција „постапила согласно законот во случајот пријавен вчера на граничниот премин „Ќафасан", каде на едно лице не му било дозволено да влезе на албанска територија поради законски пречки". На прес-конференција, на прашањето за случајот со двајцата пратеници и еден функционер на ВЛЕН на граничниот премин „Ќафасан“ објасни дека на граничниот премин се ...
Задолжителна дозвола за организирање подарувања (giveaway), надоместок за нивно приредување, јавно објавување на правилата и резултатите, како и јасно утврдени рокови и услови за организирање, се дел од новините што ги воведува новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, кој почнува да се применува од 14 јули. Како што соопштуваат од Министерството за финансии, целта на новото законско решение со кое за прв пат се воспоставува ...
По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива, стапи во сила новата уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и поуреден домашен пазар - соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). Како што наведува МЕРМС, уредбата е донесена во согласност со член ...
Пејачката на хитот „Total Eclipse Of The Heart“, Бони Тајлер, почина на 75-годишна возраст, се наведува во соопштение објавено на нејзината веб-страница. Велшката поп-ѕвезда, чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, почина само неколку месеци откако беше лекувана на интензивна нега, каде што беше ставена во индуцирана кома по итна операција на цревата, пренесе ДПА. Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на пејачката, нејзиното ...
Обезбедување европски начин на електронско плаќање, намалување на зависноста на Европската Унија од странските платежни системи, зајакнување на отпорноста на европската економија и поттикнување на иновациите и технолошкиот развој се целите на планот за воведување на дигиталното евро, чија регулаторна рамка доби поддршка од Европскиот парламент. Европратениците го поддржаа користењето на дигитални активи и создавање средина погодна за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека секој натамошен напад врз бродови ќе наиде на уште поостар одговор, откако американската војска изврши нови напади врз земјата. „Ова е одмазда за вчерашното бомбардирање на бродови од страна на Иран. Ако тоа се повтори, ќе стане многу полошо!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social). Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека лансирала нов бран ...
Коалиција од девет европски земји го повикува Брисел да ја продолжи итната флексибилност за Системот за влез/излез (ЕЕС), со аргумент дека блокот сè уште не е подготвен да ги укине моменталните заштитни мерки. Во заедничкото писмо со датум од 7 јули, во кое „Политико“ имаше увид, Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија му порачаа на комесарот за внатрешни работи, Магнус Брунер, дека првите ...
Западна Европа го имаше најтоплиот јуни откако постојат мерења, соопшти Службата на Европската Унија за климатски промени „Коперник“. Кон крајот на изминатиот месец регионот беше зафатен од силен топлотен бран што постави температурни рекорди, го наруши снабдувањето со електрична енергија и доведе до затворање училишта. Според месечниот извештај на „Коперник“ објавен денеска, изминатиот јуни бил втор најтопол месец на глобално ниво откако се ...