Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над три хектари, објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанско Цветан Трипуновски. -Со ова исполнуваме уште едно ветување, продолжуваме со политиките за ставање во функција на секој хектар од земјоделското земјиште во корист на земјоделецот - нагласи министерот. Во рамките на Јавниот повик бр. 01/26, кој ги опфаќа регионите Битола и ...
Најдобриот светски тенисер Јаник Синер ќе го брани трофејот на Вимблдон откако вчера во полуфиналето го совлада седумкратниот победник на овој турнир Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови (6:4, 6:4 и 6:4). Негов ривал во финалето ќе му биде актуелниот освојувач на Ролан Гарос, Александар Зверев. – Секогаш против Новак (Ѓоковиќ) имам тешки мечеви. На Австралија опен направив неколку адаптирања. Тој имаше тежок меч во четвртфиналето против Феликс. ...
Челниците на украинскиот спорт ја осудија денеска одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) привремено да ја укине суспензијата на Рускиот олимписки комитет, која беше во сила од октомври 2023 година. „Да се награди Русија со таква одлука додека нашиот главен град тагува по жртвите на бруталниот руски напад е врв на лицемерие“, изјави министерот за спорт на Украина, Матвиј Бидни. Одлуката на МОК беше официјално објавена во вторникот, ...
Нагип Али и Панде Пашериковски од пациенти со механичка потпора на срце и секојдневна борба и голгота по болничките ходници по успешната трансплантација едниот во Виена а другиот во Шведска живеат нов живот.Тие апелираат на поголема свесност кај населението за органодонорството кое значи шанса за продолжување на животот. 30 тина лица чекаат трансплантација на срце од кои 15 тина поврзани на механичка пумпа 24 часа на ден, целосно зависни од ...
Македонија е шеста меѓу десетте најсиромашни земји во Европа, според бруто-домашниот производ по глава на жител. Ова го покажува истражувањето на „Ворлд Атлас“, направено врз основа на податоците на Меѓународниот монетарен фонд за 2025 година. Според анализата, БДП по жител во Македонија изнесува околу 24.300 долари. Со овој резултат, земјава е позиционирана како подобра од Молдавија, Косово, Украина, Босна и Херцеговина и Албанија. Од друга ...
Пушењето цигари да биде дозволено во т.н приватни клубови. Ова е содржано во еден од 8-те поднесени амандмани на Законот за заштита од пушење кој е во собраниска процедура. За експертската група која го подготвува законот ова барање е неприфатливо, бидејќи тогаш намало да има ефект за да го заштити здравјето на граѓаните, а пред се младите. Новиот закон е пред амандманска расправа на второ читање на матичната комисија за здравство, а ...
Двајца членови на организираната криминална група Беланоца се уапсени во албанскиот град Драч во заедничка акција на македонската и албанската полиција и Интерпол. Приведено е 24-годишно лице родено во Скопје и 34 годишен маж роден во Норвешка. Според МВР се барале за повеќе тешки кривични дела, а при приведувањето кај нив биле пронајдени фалсификувани лични документи со кои постои сомнение дека сакале да ја напуштат државата. Според ...
Двајца доктори се приведени во акцијата поврзана со нелегален бизнис со ботокс и филери. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја проширува постапката со нови четири лица. Под лупа се пет локации во главниот град, меѓу кои претреси биле спроведени и во две здравствени установи. Од Обвинителството засега не откриваат дали станува збор за јавни или приватни установи, ниту дали се поврзани со претходно опфатените лица во ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја проширува истрагата за случајот со нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, познат во јавноста како случајот со ботоксите, при што се осомничени уште четири лица. Како што соопшти Обвинителството, во рамки на истражната постапка вчера биле извршени претреси на пет локации во Скопје, меѓу кои и во две здравствени установи. ...
Бранителот на титулата, Италијанецот Јаник Синер, извојува вечерва полуфинална победа над најтрофејниот тенисер на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови (6-4, 6-4, 6-4) и во неделното финале на Вимблдон ќе игра против Германецот Александер Зверев. Во репризата од ланското полуфинале на лондонскиот грен слем турнир, Синер доминираше против Ѓоковиќ и беше сè посигурен како што одминуваше натпреварот. Во првиот сет, Синер не му ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД се согласиле да продолжат со преговорите со Иран откако Техеран побара продолжување на разговорите, но истовремено нагласи дека прекинот на огнот од јуни меѓу двете земји е завршен. „Исламската Република Иран нè замоли да ги продолжиме разговорите. Ние се согласивме на тоа, но САД им ставија до знаење дека прекинот на огнот е завршен!“ напиша Трамп во објава на социјалната мрежа ...
Едно лице го загуби животот во северна Франција измината ноќ откако падна од камион за време на славјето по победата на Франција над Мароко (2-0) во четвртфиналето на Светското првенство. Според медиумските извештаи, 17-годишно девојче починало откако падна од камион на кој се качила за да го прослави пласманот на Франција во полуфиналето. Девојчето се наоѓало на задниот дел од камионот кога „паднала и била прегазена од возилото“, соопштија ...
Во акција што од рано утрово е во тек на секторот за борба против тероризам на грчката полиција, уапсени се три лица за експлозиите на импровизирани механизми пред домови на членови на Нова демократија во Солун, при што загина една жена, а беа повредени четири лица, Од грчката полиција информираа дека операцијата се води на подрачјата на Солун и островот Крит, „за апсење лица кои се вмешани во трите подметнати пожари што се случија на 1 јули ...
Шеесет и едногодишен патник од Србија е повреден во денешниот инцидент на авион на „Рајанер“, кој принудно се врати на аеродромот во Солун откако бил откриен дефект на еден од моторите додека летал над Македонија. Драмата се случувала за време на принудното слетување на аеродрмот Македонија, кога дел од оштетениот мотор удрил во еден од прозорците на патничката кабина. Грчките медиуми пренесуваат различни верзии на кој начин бил повреден ...
Авион на авиокомпанијата „Рајанер“, кој сообраќал на линијата Солун – Минхен, денеска безбедно слета назад на аеродромот „Македонија“ во Солун, откако за време на летот бил регистриран сериозен дефект на еден од моторите. Според достапните информации, пилотите го забележале проблемот додека авионот се наоѓал над територијата на Македонија и, од безбедносни причини, донеле одлука да го прекинат летот и да се вратат на аеродромот од каде што ...
Син ѝ се заканувал на мајка си во филијала на банка во Неготино и нападнал полициски службеници, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 13 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода И.П., 35-годишник од село во неготинско. Според пријавеното, тој во филијала на банка во Неготино ѝ се заканувал на неговата 66-годишна мајка. Исто така, тој физички нападнал полициски ...
Неколку лица во текот на ноќта насилно отвориле банкомат во трговски центар на подрачјето на општина Центар и одзеле пари, информира Министерството за внатрешни работи. Според пријавата до СВР Скопје, настанот се случил на 10 јули 2026 година околу 03:15 часот. Сторителите по извршеното дело го напуштиле местото на настанот. Од полицијата велат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот и откривање на лицата кои стојат ...
Тешка несреќа го потресе Гостивар, откако 14-годишно девојче го загуби животот по пад од детска лулашка во градскиот парк. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 9 јули 2026 година околу 20:20 часот во СВР Тетово, откако од Медицинскиот центар во Гостивар било пријавено дека кај нив била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, која во моментот престојувала во Гостивар, но без знаци на живот. Според ...
Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија за деца поднесе барање да се поведе подготвителна постапка против две 14-годишни девојчиња за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За еден 15-годишник се бара подготвителна постапка за помагање при ...
Годишниот одмор ова лето граѓаните ќе ги чини поскапо. Цените се повисоки за 10, 15, па и 20 отсто во однос на ланските. Во екот на туристичката сезона, зависно од локацијата и дали е хотелско или апартманско сместување, едно 4 члено семејство ќе треба да плати најмалку 1,500 евра, велат од туристичките агенции. Затоа се поголем број граѓани уплаѓаат рани аранжмани, уште во ноември/декември, а некои пак ги чекаат последните понуди. -Цените ...
Телефонски разговори помеѓу дел од обвинетите ја откриваат шемата за заобиколување на критериумите за добивање европски пари преку ИПАРД програмата. Според комуникациите кои денеска беа презентирани во судницата, посредник била Јасмина Костадинова која веќе призна вина и беше осудена на 10 месеци затвор. Таа преговарала со обвинетите Фејзула за сумата од 50 илјади евра кои како поткуп за да го добие ИПАРД проектот, ги дал обвинетиот Џевдет ...
Построги правила за студентите кои престојуваат во студентските домови. Новиот Закон за студентски стандард предвидува низа прекршоци поради кои студентите би можеле да го изгубат правото на сместување, а во одредени случаи и да добијат забрана за престој во кој било студентски дом во државата во следните 5 години. Ако пробате да внесете пиво или каков било друг алкохол во студентски дом, може да останете без соба во домот, но и ќе си добиете ...
ДУИ да не ги дезинформира институциите во Тирана. Копретседателот на ВРЕДИ, Билал Касами препозна вмешување на опозицијaта од албанскиот политички блок во непропуштањето на пратениците на ВРЕДИ во Албанија. Касами негира дека пратениците биле вмешани во организирањето на протестите против претседателот Еди Рама во Тирана. -Ја молиме ДУИ политичката битка да ја продолжиме овде, во рамките на демократските процеси, во рамките на Уставот и ...
Понеделник е крајниот рок до кога власта ќе ја чека опозицијата, со цел до среда да се донесат измените на Изборниот законик и во целост да се исполни реформската агенда на Брисел поврзана со Планот за раст. Нов повик од владејачката ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ, Левица, ДУИ, Села и Таравари да седнат и да ги испеглаат разликите околу една изборна единица, финансирањето на кампањите и рекламирањето, како и моделот за гласање на дијаспората од далечина. ...
Општина Струга исчисти и уреди дел од крајбрежјето кој ќе биде наменет за Градска плажа. Општинската прес-служба информира дека тоа е само прв дел од идната градска плажа, а јавниот простор најавуваат дека постепено ќе прерасне во уредено и достоинствено место за сите граѓани. - Го исчистивме и уредивме просторот. Направени се услови за граѓаните да имаат можност да го користат јавниот простори и да уживаат. Ова е само почеток. Пред нас има ...
Системот „Безбеден град“ (Safe City) се воведува и на подрачјето на Дебар, со цел да ја подобри контролата на сообраќајот, да ги намали незгодите и да ја зголеми безбедноста на патиштата преку поставување на безбедносни камери и контрола на брзината. -Моментно во Дебар се поставуваат сообраќајни камери од системот „Безбеден град“, кои наскоро ќе бидат во фаза на техничко тестирање а прекршоците сè уште не се санкционираат. Камерите и дел од ...
На 10.07.2026 во 01:20 часот во ПС Гостивар, 41-годишен маж од Гостивар пријави дека во дворот на семејната куќа бил физички нападнат од неговата 37-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка. Пријавената е лишена од слобода и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 09.07.2026 во 13:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 53 -годишен прилепчанец, бидејќи физички ја нападнал ...
Во мај годинава издадени се 340 одобренија за градење, што е за 27,5 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година - објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу одобренија за градење, 229, се издадени за високоградба. Во Источниот Регион издадени се најмногу одобренија за градење, 76, по што следуваат Скопскиот - 65, Полошкиот - 62, Југоисточниот - 51, Југозападниот - 36, Пелагонискиот - 24, Вардарсиот - 20, ...
61-годишна жена пријавила во полиција дека ѝ биле одземени пари и часовник од сеф во банка, кој таа го имала закупено. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 14:20 часот во СВР Скопје, 61-годишна жена пријавила дека од сеф во банка, кој таа го закупила, биле одземени пари и часовник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 61-годишна жена пријавила во полиција дека ѝ биле одземени пари и часовник од сеф во банка, кој ...
На 9 јули 2026 година во 18:39 часот, на магистралниот пат Охрид–Подмољје, полициски службеници го лишиле од слобода С.С. (47) од Охрид, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал патнички автомобил „фиат“ со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол. При извршеното алкотестирање, кај возачот биле измерени 2,41 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено, а по целосното документирање на случајот против него ќе ...