Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес спречи поголема материјална штета откако денеска попладне избувна пожар кај паркингот во близина на Автобуската станица во Велес. Дојавата во ТППЕ Велес била примена во 13:45 часот за запалено патничко моторно возило. По пристигнувањето на терен, пожарникарите утврдиле дека горела сува трева меѓу патот и паркингот, при што огнот зафатил и оштетил минимално шест ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше на најновата ранг листа на ВТА објавена денеска и се наоѓа на 208. место со 367. бодови. Ѓорческа напредуваше 14. позиции поради нејзиниот одличен настап на овогодишниот грен слем турнир во Вимблдон. Триесетиедногодишната Ѓорческа успешно ги мина трите квалификациски рунди и стана првата македонска тенисерка со настап на грен слем турнир, пред да биде поразена во првото коло од ...
Во Скопје денеска ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора. На настанот, како што најавуваат организаторите предвидено е да се обратат Жаолонг Шао, претседател на Кинеско-македонската стопанска комора и заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски. Исто така, на настанот на основање на Комората, ќе се обрати и Хе Бингхуа, економски и трговски советник во амбасадата на Народна Република Кина во ...
Најмалку 27 лица загинаа во голем пожар што избувна во ноќен клуб во Бангкок, пред пожарникарите да успеат да го стават пламенот под контрола. Пожарот бил пријавен околу полноќ. Снимките објавени од спасувачките екипи покажуваат пламени јазици како излегуваат од влезот на објектот во северниот дел на тајландската престолнина, додека луѓе се обидуваат да избегаат, а густ црн чад се шири над зградата. Премиерот на Тајланд, Анутин Чарнвиракул, ...
Европската Унија нема да ги укине санкциите против Иран се додека Техеран не се откаже од својата нуклеарна програма, регионалните дестабилизирачки активности и разработувањето балистички ракети, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро. Нема да има никакво укинување на санкциите против иранскиот режим се додека тој не се откаже од својата нуклеарна програма, од својот револуционерен проект што го дестабилизира ...
Руската Федералната служба за безбедност (ФСС) денеска соопшти дека спречила серија планирани украински напади со беспилотни летала врз две руски воени воздухопловни бази длабоко во територијата на земјата. Според соопштението на руската служба за безбедност, украинските разузнавачки структури наводно планирале напади врз воздухопловната база „Украинка“ во далечниот исток на Русија, во Амурската област, како и врз базата „Шагол“ во ...
Цените на нафтата нагло пораснаа, а азиските берзи претежно паднаа по новите воздушни напади на САД врз Иран и одговорот на Иран – објавија американските медиуми. Цената на нафтата на брендот „Брент“ од Северното Море се зголеми за 4,7 проценти, на 79,59 долари за барел, а американската сурова нафта WTI доби 4,8 проценти, на 74,85 долари за барел. Цените на нафтата претходно се вратија на приближно предвоените нивоа откако двете страни ...
Министерството за надворешни работи на Иран утрово издаде соопштение во кое остро ја осудува серијата американски напади извршени врз Иран во текот на изминатите 24 часа. Во соопштението се предупредува дека нападите претставуваат сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност и ги поништуваат неодамнешните напори насочени кон ублажување на тензиите и промовирање на регионалната стабилност. Иран, исто така, ги обвини САД за кршење на ...
31-годишен маж е уапсен во Скопје откако со нож му нанел смртоносни повреди на својот татко. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јули околу 23:00 часот, на подрачјето на Полициската станица Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Џ. (31) од Скопје. Според пријавеното, околу 22:35 часот во семејниот дом, неговиот татко Е.Л. (52), кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата ...
Ново вознемирувачко видео од случај на меѓуврсничко насилство се појави во јавноста, а овојпат инцидентот се однесува на настан во Куманово. Според информациите објавени од порталот „Слободен печат“, нападот се случил пред околу еден месец, додека вчера имало обид случајот да биде пријавен во полициска станица Куманово. Жртвата, како што се наведува, била повикана на разговор во полиција денеска. Снимката од нападот најпрво била споделена на ...
Во скопската населба Тафталиџе ноќеска изгоре автомобил, кој според неофицијални информации го користел судијата Ѓоко Ристов. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен околу 02:50 часот во СВР Скопје. Пожарот избувнал на патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р., на подрачјето на Карпош. Во пожарот биле оштетени и уште две возила – „Фолксваген туран“ сопственост на ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата. Собранието треба да го разреши Игор Филков, министер за правда (ЗНАМ), а на негово место да го избере Јетон Шасивари (Вреди). Иван Стоилковиќ (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ), ќе биде разрешен од Министерството за односи меѓу заедниците, но треба да ја преземе министерската функција во локална самоуправа. Златко Перински, ...
Најголема количина врнежи во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утринава, е измерена во Велес - 8 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според мерењата на дождомерните места на УХМР, 6 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, 5 во Штип, по 3 во Скопје-Петровец, Тетово и Маврови Анови, по 2 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Пожаране, додека по 1 литар на метар ...
Во текот на изминатиот викенд (11/12.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1426 издадени платни налози, 455 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 64 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 27 за ...
Најдобриот светски тенисер Јаник Синер е годинашниов шампион на Вимблдон откако во финалето во четири сета со 3-1 (6:7(7); 7:6(2); 6:3 и 6:4) го совлада Александер Зверев. Финалето траеше 3 часа и 46 минути, а Синер ја одбрани титулата освоена минатата година. Во првите два сета двајцата тенисери имаа контрола над гемот кога сервираа и првиот сет во тајбрејкот го освои германскиот тенисер Зверев, а вториот му припадна на италијанскиот ...
Откако Светското првенство 2026 чиј домаќини се САД, Мексико и Канада ќе заврши, ќе седнеме и ќе ги разгледаме сите опции за евентуално проширување на форматот на мундијалскиот турнир во иднина, најави синоќа претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино. На тековното Светско првенство прв пат во историјата учествуваат 48 репрезентации, а веќе се шпекулира за можно проширување на форматот со 64 земји. „Ова се ...
САД и Иран денеска продолжија со меѓусебни напади, при што Вашингтон соопшти дека погодил десетици ирански воени цели, додека Техеран објави дека нападнал американски бази во Јордан, Бахреин и Кувајт. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека биле гаѓани ирански системи за противвоздушна одбрана, крајбрежни радари, ракетни и беспилотни системи, како и помали пловни објекти. Од друга страна, Иранската револуционерна гарда соопшти ...
Најмалку 4.490 лица загинале во двата разорни земјотреси што минатиот месец ја потресоа Венецуела, соопшти претседателот на Националното собрание Хорхе Родригес. Бројот на жртвите продолжува да расте повеќе од две недели по силните потреси. Само ден претходно, официјалниот број загинати изнесуваше 4.333 лица. Родригес, брат на привремената претседателка на Венецуела Делси Родригес, соопшти преку платформата „Икс“ дека во 108-те отворени ...
Новите правила за правата на патниците во воздушниот сообраќај во Европската Унија денеска се очекува официјално да бидат одобрени од министрите на земјите-членки, со што ќе биде завршена последната процедура пред нивното стапување во сила. Реформите што претходно добија поддршка од Европскиот парламент, треба да почнат да се применуваат во средината на 2027 година и ќе донесат дополнителни права за семејствата што патуваат, патниците со ...
Артилериска граната која потекнува од Првата светска војна е пронајдена кај битолското село Меџитлија и успешно отстранета. Дирекцијата за заштита и спасување информира дека гранатата ќе биде транспортирана до армискиот полигон Криволак каде ќе биде уништена. - Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив 13 од кои по четири во Скопје, и Битола, две во Виница, по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово управувале возило без положен возачки испит, а еден од нив и управувал возило под дејство на алкохол. Потоа под дејство на алкохол возеле по две лица во Скопје и Крива Паланка и по ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова која денеска присустуваше на традиционалната манифестација „Галичка свадба“ нагласи дека овој настан од година в година привлекува се повеќе домашни и странски туристи и останува еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет. - Денеска, на „Галичка свадба“, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од свадбарските обичаи што со векови се ...
Конечно владината кошничка ќе почне да се применува, како против одговор на синдикалната. Се очекува да биде усвоена на економско социјалниот совет , кој ќе се одржи во среда или четврок. Скроена како поверодостојна од онаа на синдикатот, ги содржи само неопходните производи, без луксузните – како алкохол, цигари, одмор во странство. Во пресметките нема и овошје и зеленчук кој не е карактеристично да се консумира во сезона. Податоците кои ќе ...
САД и Иран разменија оган по трет пат оваа недела, Американските сили синока извршија нови воздушни напади врз Иран откако Техеран нападна контејнерски брод под кипарско знаме и повторно го затвори Ормутскиот теснец, еден од најважните светски енергетски коридори. Централната команда на САД информриаше дека погодиле 140 цели, вклучивајки ј лансирни рампи за ракети и беспилотни летала, складишта за муниција, комуникациска опрема и други воени ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор вчера, но дека Техеран го прекршил само еден час подоцна кога со дрон нападнал еден брод. Говорејќи за телевизијата Ен-Би-Си, Трамп рече дека Иран се согласил на договор со кој, како што наведе, „се откажал од сè“. – Имавме состаноци со нив … Вчера се согласија на договор – совршен договор за нас. Без нуклеарна програма, без ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во Куманово и околината има поројни врнежи и грмежи, а невремето се движи од запад кон исток. Во делови од скопската котлина е најавена нестабилност со појава на пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Времето утре и во вторник ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека три лица се успешно евакуирани од непристапен терен на Шар Планина. Триесет и осум годишниот А.Ч. од село Жеровјане вчера во 18:46 часот во СВР Тетово побарал помош за него и уште две лица, Н.М. од с.Слатино и Б.А. од с.Глоѓи. Пријавителот известил дека со возило пристигнале до местото викано „Три води“, атар на село Теарце, по што пешки се упатиле кон Шар Планина и останале заглавени, ...
Шестнаесетгодишен малолетник во скопско е лишен од слобода откако вчера во тепачка со две години помладо момче му нанел тешка телесна повреда со остар предмет. - На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник. По кратко време пред продажен објект се сретнале ...
Управување со необележан и нерегистриран пловен објект, немање задолжителна опрема ,управување за време на забрана за пловидба , превезување поголем број патници од дозволениот, управување под дејство на алкохол се најчестите прекршоци при акциските контроли на Езерската полиција и Капетанија на пристанишатата од акде анјавија дека ваквите активности ќе продолжат се со цел поголема безбедност во водите на Охридското езеро. При последната ...