Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Новите правила за правата на патниците во воздушниот сообраќај во Европската Унија денеска се очекува официјално да бидат одобрени од министрите на земјите-членки, со што ќе биде завршена последната процедура пред нивното стапување во сила. Реформите што претходно добија поддршка од Европскиот парламент, треба да почнат да се применуваат во средината на 2027 година и ќе донесат дополнителни права за семејствата што патуваат, патниците со ...
Артилериска граната која потекнува од Првата светска војна е пронајдена кај битолското село Меџитлија и успешно отстранета. Дирекцијата за заштита и спасување информира дека гранатата ќе биде транспортирана до армискиот полигон Криволак каде ќе биде уништена. - Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив 13 од кои по четири во Скопје, и Битола, две во Виница, по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово управувале возило без положен возачки испит, а еден од нив и управувал возило под дејство на алкохол. Потоа под дејство на алкохол возеле по две лица во Скопје и Крива Паланка и по ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова која денеска присустуваше на традиционалната манифестација „Галичка свадба“ нагласи дека овој настан од година в година привлекува се повеќе домашни и странски туристи и останува еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет. - Денеска, на „Галичка свадба“, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од свадбарските обичаи што со векови се ...
Конечно владината кошничка ќе почне да се применува, како против одговор на синдикалната. Се очекува да биде усвоена на економско социјалниот совет , кој ќе се одржи во среда или четврок. Скроена како поверодостојна од онаа на синдикатот, ги содржи само неопходните производи, без луксузните – како алкохол, цигари, одмор во странство. Во пресметките нема и овошје и зеленчук кој не е карактеристично да се консумира во сезона. Податоците кои ќе ...
САД и Иран разменија оган по трет пат оваа недела, Американските сили синока извршија нови воздушни напади врз Иран откако Техеран нападна контејнерски брод под кипарско знаме и повторно го затвори Ормутскиот теснец, еден од најважните светски енергетски коридори. Централната команда на САД информриаше дека погодиле 140 цели, вклучивајки ј лансирни рампи за ракети и беспилотни летала, складишта за муниција, комуникациска опрема и други воени ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор вчера, но дека Техеран го прекршил само еден час подоцна кога со дрон нападнал еден брод. Говорејќи за телевизијата Ен-Би-Си, Трамп рече дека Иран се согласил на договор со кој, како што наведе, „се откажал од сè“. – Имавме состаноци со нив … Вчера се согласија на договор – совршен договор за нас. Без нуклеарна програма, без ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во Куманово и околината има поројни врнежи и грмежи, а невремето се движи од запад кон исток. Во делови од скопската котлина е најавена нестабилност со појава на пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Времето утре и во вторник ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека три лица се успешно евакуирани од непристапен терен на Шар Планина. Триесет и осум годишниот А.Ч. од село Жеровјане вчера во 18:46 часот во СВР Тетово побарал помош за него и уште две лица, Н.М. од с.Слатино и Б.А. од с.Глоѓи. Пријавителот известил дека со возило пристигнале до местото викано „Три води“, атар на село Теарце, по што пешки се упатиле кон Шар Планина и останале заглавени, ...
Шестнаесетгодишен малолетник во скопско е лишен од слобода откако вчера во тепачка со две години помладо момче му нанел тешка телесна повреда со остар предмет. - На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник. По кратко време пред продажен објект се сретнале ...
Управување со необележан и нерегистриран пловен објект, немање задолжителна опрема ,управување за време на забрана за пловидба , превезување поголем број патници од дозволениот, управување под дејство на алкохол се најчестите прекршоци при акциските контроли на Езерската полиција и Капетанија на пристанишатата од акде анјавија дека ваквите активности ќе продолжат се со цел поголема безбедност во водите на Охридското езеро. При последната ...
Повеќе од 200 овци заразени со овча сипаница беа еутаназирани и безбедно отстранети на локација меѓу селата Соколарци и Жиганци. Со механизација беше ископана длабока јама во која животните беа закопани според пропишаните ветеринарни и еколошки стандарди. Надлежните велат дека ова е единствениот начин да се спречи натамошно ширење на заразата и да се заштити сточниот фонд во регионот. Постапката се спроведува под надзор на Агенцијата за храна ...
Над 30% е зголемен бројот на повици во Итната помош во Прилеп во последниот период поради зголемените температури и топлотни бранови. Но исто така поради зголемената раздвиженост на граѓаните и користењето на различни превозни средства бил зголемен и бројот на сообраќајни несреќи. „Обично зголемен е бројот на инфаркти, инсулти, колапси, каснување од исекти, имавме и два случаи од каснување на змија. Исто така е зголемене бројот на повреди на ...
Топлото време носи зголемен ризик од труење со храна. На Клиниката за инфективни болести периодов речиси секојдневно имаат вакви случаи. Како што велат од установата повеќето биле со полесни стомачни симптоми и ги третирале амбулантски, но неделава имале и двајца пациенти со потешка клиничка слика кои биле хоспитализирани. - Тие се поединечни случаи кои консумирале во оваа жештина сендвичи од позната сендвичара во најтоплите периоди од денот. ...
Опозицијата, предводена од СДСМ, Левица и ДУИ, не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, на три дена пред истекот на рокот за донесување на новите изборни правила, со цел тие да влезат како исполнета обврска од Реформската агенда. Уште еднаш ја повикуваат опозицијата да ги надмине разликите околу гласањето на дијаспората, изборните единици и рекламирањето во изборната кампања. Од СДСМ, ...
Македонија нема да ја води истрагата за инцидентот што се случи во авионот на Рајанер, иако се случи над македонскиот воздушен простор. Од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти информираа дека американците ќе ја предводат истрагата, односно националниот одбор за безбедност во транспортот на САД. Во истрагата предводена од нив ќе учествуваат и преставници од македонскиот комитет, информираше претседателот на ...
По голема борба и две продолженија Англија успеа да стигне до полуфиналето совладувајќи ја Норвешка со 2:1, а стрелец на двата гола беше Џуд Белингем. Норвешка во вториот дел постигна и гол, кој беше поништен и имаше пречка. Јунакот на натпреварот немаше исто мислење со англискиот селектор Томас Тухел, кој истакна дека и покрај победата англичаните не одиграле најдобро. На тоа Белингем изјави: – Тухел вели дека не сме играле добро? Тој ...
Репрезентацијата на Норвешка Светското првенство го заврши во четвртфиналето по поразот од Англија (1:2) по продолжение. Тимот предводен од првата ѕвезда Ерлинг Халанд, имаше неколку шанси при нерешен резултат 1:1 да дојде до водство, но мрежата на Англија не се затресе по вторпат. – Ова патување беше лудо. Мислам дека ми го смени животот. Мислам дека Норвешка ја „нацртавме“ на фудбалската карта, изјави Халанд. Ова е најголемиот успех на ...
– Репрезентацијата на Аргентина актуелниот светски првак уште еден натпревар во нокаут фазата доби во продолжение. Претходно ги совладаа Зелено’ртските острови со 3:2, Египет го победија со гол во судиското надополнување, а за пласман во полуфиналето ја совладаа Швајцарија со 3:1 по продолжение и предност од играч повеќе од 72.минута. Натпреварот беше решен во второто продолжение кога Хулијан Алварез постигна гол за водство од 2:1 во ...
Вимблдон има нова шампионка, а тоа е Линда Носкова од Чешка или шеста тенисерка од оваа држава која го освојува победничкиот пехар на овој турнир. Таа во финалето ја совлада Каролина Мухова со 2-1 во сетови. – Ова делува како прва победа … Неверојатно … се тука беше тешко, физички, психички. Никогаш не е лесно да се игра против пријателка и Каролина успеа да ме расплаче … Ова нема да ти го заборавам. Задоволство ми е што играв против неа и ...
Морнарицата на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) нападна брод во Ормуска Теснина, на што американските сили возвратија со напади врз јужен Иран. Американската акција предизвикаа ирански напади врз земјите од Персиски Залив. Морнарицата на ИРГЦ соопшти дека Ормуска Теснина е затворена до понатамошно известување. Како што јави иранската државна телевизија ИРИБ, одлуката за затворање на мореузот е донесена откако ИРГЦ испука ...
Британската полиција соопшти дека синоќа во Јужен Јоркшир привела 28-годишен маж, осомничен за убиството на поранешната пратеничка и министерка за затворскиот систем, 78-годишната Ен Видикомб. – Можеме да потврдиме дека 28-годишен маж е уапсен во областа Јужен Јоркшир под сомнение за убиството на Ен Видикомб. Осомничениот, кој е британски државјанин, моментално е во полициски притвор. Семејството на Ан Видекомб е информирано за овој развој ...
– Американскиот сенатор од Јужна Каролина, Линдзи Греам почина синоќа, објави неговата канцеларија на платформата Икс. Греам почина на 71-годишна возраст, а според американските медиуми, синоќа во неговиот дом била повикана брза помош по пријава за срцев удар. Неговото последно појавување беше пред два дена, кога во Киев се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Греам беше еден од најистакнатите сојузници на претседателот ...
Гувернерот на руската Ростовска област, Јуриј Сљусар изјави дека украински дрон погодил танкер, кој од Азовско впловил во Црно Море. По нападот на бродот избил пожар, што набрзо бил изгаснат. Нема опасност од истекување на нафта, бидејќи резервоарите биле празни. Во нападот нема повредени лица. Украинската армија изминатите дена спроведува кампањата да го спречи снабдувањето со гориво на руските сили и да го изолира окупираниот полуостров ...
Планинарско-спортскиот клуб „Осогово“ од Кочани денеска го организира 19. традиционален Петровденски планинарски марш на релација Пониква – Раткова Скала. Маршот, што секоја година собира голем број планинари, рекреативци и љубители на природата од Македонија и странство, започна во 7:00 часот од местото викано „Аеродром“ на Пониква. Патеката е долга шест километри во еден правец, а пешачењето трае приближно три часа. Организаторите ...
Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд ...
Апостол Петар, познат и како свети Петар и Кифа – оригинално име Симеон син на Јона – бил еден од дванаесетте апостоли на Исус. Неговиот живот е видно прикажан во новозаветните евангелија и во Делата на апостолите. Петар бил галилејски рибар на кого Исус му доделил водечка улога, кој наводно му ги дал клучевите од небото и го нарекол „карпа“ на која ќе се изгради црквата. Иако подоцна не се покажал задоволително како ученик во неколку клучни ...
Во Галичник денеска на Петровден се одржува традиционалната културна манифестација Галичка свадба 2026. И годинава се очекува Галичката свадба да ја проследат бројни посетители од земјава и странство и да посведочат на единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за богатото културно наследство на мијачкиот крај. Галички ...
Тројца планинари синоќа успешно биле извлечени од планината Бистрица. Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во 18:46 часот, во Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово била примена пријава од лице кое побарало помош за извлекување од планината Бистрица, поради заглавеност на непристапен и тежок терен. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), според добиените информации, станувало збор за група ...
Романски државјанин синоќа бил успешно пронајден во кањонот Матка, откако побарал помош преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Лицето се изгубило при самостојно движење во реонот на Матка, во близина на пештерата Врело, на подрачјето на Општина Сарај. Веднаш по приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи (ЦУК( ги презел сите неопходни активности и ги известил Министерството за внатрешни работи (ЦИК Скопје), ...