Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Задоволен сум од досегашната динамика за изградба на меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, а во следна фаза ќе одиме на финансирање, истакна министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски во одговор на пратеничко прашање поставено од пратеничката Рина Ајдари, во врска со најавената изградба на магистралниот пат од Тетово до Призрен. На денешната собраниска седница, министерот и заменик претседател на Владата, Николоски, најави ...
Судот донесе пресуда која е во согласност со правдата и сè она што претставува очекување на граѓаните во однос на измислените случаи „Талир 1“ и „Талир 2“. Oслободителната пресуда на поранешниот премиер Никола Груевски, пак, е последица на законските измени во Кривичниот законик донесени од претходната влада - изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. -Мојот став е многу јасен. Во тој период кога ВМРО-ДПМНЕ беше предмет на ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска учествуваше на пленарната сесија на самитот Украина - Југоисточна Европа, организиран по повод Денот на државноста на Украина - информираат од МЕП. Во обраќањето Сали истакнал дека земјата останува цврсто посветена на поддршката на Украина потврдувајќи ја и својата поддршка за нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет во согласност ...
Со низа комеморативни настани низ земјата, вклучително изложби, јавни собири и марш преку „Мостот на мачениците на 15 јули“ во Истанбул, во Турција денеска ќе биде одбележана десетгодишнината од неуспешниот обид за воен преврат во кој загинаа повеќе од 250 лица. Комеморациите се одржуваат под мотото „Нашата волја, нашата победа“, а денот е прогласен за државен празник во знак на сеќавање на настаните од 2016 година. „Мостот на мачениците на ...
Литванскиот претседател, Гитанас Науседа, изјави дека разузнавачките служби располагаат со информации за планови на Русија за напади врз клучна инфраструктура, поради што властите превентивно ќе ја засилат безбедноста на енергетските и транспортните објекти. Науседа нагласи дека нема информации кога и каде би можеле да бидат извршени нападите, ниту дека Литванија е директна цел. „Имаме такви сигнали добиени од нашите разузнавачки служби. Тие ...
Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк - напиша утрово скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на „Фејсбук“. Тој појасни дека денеска бил посетен од страна на оркестарот при СУГС Гимназија „Орце Николов“. Градоначалникот истакна дека станува збор за млади талентирани музичари, кои, иако оркестарот е формиран во 2024 година, за исклучително кратко време бележат сериозни успеси и освојуваат значајни домашни и меѓународни признанија. -Тие се ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, сончево време со мала до умерена ...
Собранието денеска ќе ја одржи 111. седница, на чиј дневен ред се вкупно 22 точки, меѓу кои и Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање. На денешната собраниска седница, на дневен ред се и опозициските пратенички прашања. Пред пратениците се и Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, во трето читање, Предлог на законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, Предлог ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова синоќа присуствуваше не приемот по повод 14 Јули, Националниот ден на Француската Република. - Искрени честитки до претседателот Емануел Макрон и до францускиот слободарски народ! Амбасадорот Кристоф Ле Риголер нѐ потсети на Француската револуција и нејзината длабока верба во „слободата, братството и еднаквоста“, на непресушната демократска инспирација на „Француската декларација за слободите и ...
Во Европската Унија во 2024 година имало 507 болнички кревети на 100 000 луѓе, што е мало намалување во однос на 511 регистрирани во 2023 година, покажуваат податоците на Евростат. Трендот на намалување на болничките кревети започна во 2009 година (582 болнички кревети на 100 000 луѓе), како резултат на влијанието на научниот и технолошкиот развој што го скрати просечното времетраење на престојот за многу болнички процедури или ги замени со ...
Во село Глумово, Општина Сарај, денеска ќе почне реализацијата на капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река. Увид во активностите ќе изврши премиерот Христијан Мицкоски кој ќе биде придружуван од министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа. Како што информира владината прес-служба, предвидено е Мицкоски да даде изјава за медиуми. МИА Во село Глумово, Општина Сарај, денеска ќе почне реализацијата на ...
На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода ...
Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го избра проф. д-р Влатко Неделковски за декан и во следниот мандат. Одлуката била донесена едногласно од Наставно-научниот совет, со поддршка од сите професори, што, како што наведуваат од Факултетот, претставува потврда за довербата во неговото досегашно работење и резултатите постигнати во изминатиот период. Во новиот мандат се најавуваат ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Пеце Мирчевски за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од 03.07.2021 до март 2024 година го ...
Во касарната „Гоце Делчев“ во општина Аеродром денеска во 18 часот ќе се одржи постројување на доброволните пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во државата, со цел да се утврди бројот на лица подготвени организирано да се вклучат во гаснење на летните пожари на отворен простор преку Тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Како што информираат од ДЗС, на настанот директорот на Дирекцијата ...
Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометоролошки работи. Особено топло се очекува да биде во петок и за време на викендот, кога дневните температури да достигнат до 39 степени. МИА Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и ...
Премиерот Христијан Мицкоски не е оптимист дека ќе постигнат договор со опозицијата за донесувањето на Изборниот законик, за што рокот истекува денеска, но, сепак ги повика претставниците на опозицијата на одговорност. Нека се договорат, рече, за неговата содржина во која ќе е вклучено и гласањето на дијаспората и тој веднаш ќе биде усвоен. Мицкоски потенцира дека не се вистинити тврдењата на опозицијата оти Изборниот законик не е дел од ...
Пожарот кој избувна вчера попладне во атарот на селото Бајково на планината Огражден се уште е активен, но е ставен под контрола. Во моментов нема опасност за викенд куќите во селото, ниту пак за црквата Свети Петар и Павле која се наоѓа во близина. Утрово во општина Ново Село заседаваше и локалниот кризен штаб на кој беа договорени конкретните чекори кои треба да се преземат на терен за што побрзо ликвидирање на огнот. „Во моментов се ...
Европска соработка во науката и технологијата или COST, е една од најдолгите европски рамки за поддршка на научната соработка. Преку COST акциите, истражувачи од различни земји се поврзуваат во меѓународни мрежи за размена на знаење, искуства и идеи во различни научни области. - Во овој момент околу 70 000 научници се алиментираат низ целиот свет, годишникот буџет ни е околу 60 милиони евра, работиме во рамки на Horizon Europe програмата. Јас ...
Неопходно е да се работи на збогатување на гастрономската понуда во главниот туристички центар. Менијата секаде низ градот се слични ако не и идентични и во нив сеуште преовладува стандардната кујна. Проблемот според познавачите е слабиот интерес кај сопствениците за нешто ново, модерно и креативно во подготвувањето на храната. Идеалното мени за туристичкиот центар би требало да започнува и завршува со домашни производи и национална храна во ...
Францускиот селектор Дидие Дешан не го криеше разочарувањето по поразот од Шпанија (0-2) во синоќешното прво полуфинале на Светското фудбалско првенство. „Очигледно има многу разочарување. Играчите се скршени, имавме големи амбиции. Сепак, мораме да бидеме реални и да признаеме дека на овој натпревар технички бевме чекор подолу против тим кој знаеше што прави. Тоа е првенствено наша вина“, изјави Дешан по полуфиналето во Далас. Француските ...
На новото кошаркарско игралиште кај „Авионче“ во населбата Ново Лисиче, синоќа се одржа инклузивен натпревар во кошарка во колички, организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Здружението за спортски активности на лица со телесен инвалидитет - Кошаркари во колички „ХОУП СПОРТ“ Скопје. Настанот се реализираше како интерактивна платформа за промоција на еднаквите можности и инклузија во ...
„Тешко е да се опише чувството, но ова е чиста радост. Имаме уште еден чекор и ќе се обидеме да го изодиме“, изјави шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте по синоќешниот триумф над Франција од 2-0 и пласманот на Шпанија во финалето на Светското првенство. Шпанските фудбалери во целост ја надиграа Франција во полуфиналето во Далас, триумфирајќи го головите на Микел Ојарзабал во 22 минута од пенал и Педро Поро во 58 минута. „Да се биде во ...
Репрезентацијата на Шпанија, актуелниот европски шампион е првиот финалист на Светското првенство откако вечерва во првото полуфинале го совладаа финалистот од последните два Мундијала, Франција со 2:0. „Црвената фурија“ ги искористи грешките на противникот. Во првото полувреме по лошата интервенција на бекот на „триколорите“ Лукас Дињ, кој потоа го фаулираше Јамин Ламал, а судијата Иван Бартон покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше ...
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека во изминатите 24 часа кон подрачјето на руската престолнина биле насочени 340 украински беспилотни летала, од кои најголемиот дел биле соборени од противвоздушната одбрана далеку од градот. „Повеќето беа неутрализирани од силите за противвоздушна одбрана на периферијата. Над 50 непријателски дронови беа уништени пред да стигнат до Москва“, напиша Собјанин на „Телеграм“. Истовремено ...
Демократите во американскиот Сенат синоќа го блокираа годишниот предлог-закон за финансирање на одбраната во вредност од 1,15 трилиони долари, изразувајќи незадоволство поради војната со Иран и одлуката на претседателот Доналд Трамп да испрати американски сили без консултација со Конгресот. „Трамп ја започна оваа војна без одобрение, без стратегија и без план за повлекување“, изјави лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер. ...
Куба синоќа повторно остана без струја, откако по третпат овој месец целосно падна електроенергетската мрежа во земјата, соопшти кубанското Министерство за енергетика. „Енергетскиот систем е целосно исклучен“, објави Министерството на платформата „Икс“, додавајќи дека веднаш биле активирани процедурите за обновување на снабдувањето со електрична енергија. Подоцна беше соопштено дека дефект во блок на една од термоцентралите предизвикал ...
Американските вооружени сили рано утрово повторно воведоа блокада на иранските пристаништа како одговор на нападите на Техеран врз бродови што се обидуваат да минат низ Ормуската Теснина, по што Иран изврши нови напади врз земји во кои се распоредени американски воени сили. Според светските агенции, таквите околности со размена на напади меѓу двете страни, како и нивните обиди да воспостават контрола врз морскиот премин низ кој во ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за ...
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Ккао што информира Јавното обвинителство на РСМ, на 13 март ...