Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Снабдувањето со вода за пиење е прекинато за најмалку 10.000 луѓе по должината на иранскиот брег по американските напади на југот од земјата, објави ДПА, повикувајќи се на официјални извори. Причината е гранатирањето на постројката за десалинизација на морска вода во крајбрежниот регион Jаск, соопшти владината прес-служба, повикувајќи се на компанијата за водоснабдување на покраината Хормозган. Според информациите, погодени се околу 20 ...
Ирак потпиша 48 договори, меморандуми за разбирање, декларации за партнерство и други документи со американски компании, главно во енергетскиот сектор, за време на посетата на премиерот Али ал-Заиди на САД, соопшти денеска неговата канцеларија. Меѓу потпишаните договори се партнерствата меѓу ирачките министерства за електрична енергија и нафта и компаниите „ЕксонМобил“, „КБР“, „ГЕ Вернова“, „Шел“ и „Халибартон“. Ирак, исто така, потпиша ...
На 17.07.2026 во 16:10 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ја лишија од слобода М.П.(45) од Богданци, поради сомнение дека истиот ден околу 10:00 часот од просторија во ЈЗУ „Општа болница“ Гевгелија одзела мобилен телефон, сопственост на вработена во болницата. Во службен разговор таа го признала делото и од неа бил одземен мобилниот телефон, кој ќе биде вратен на сопственичката. Известен е јавен обвинител ...
Дрога и ладно оружје се пронајдени во угостителски објекти на територија на Тетово. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека приведени се четири лица. - На 17/18.07.2026 во период од 23:30 до 02:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територија на СВР Тетово, при што се пронајдени ножеви и дрога, а приведени се четири лица. При вршење на контрола во угостителски ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Дебрца каде ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на локален пат од село Мешеишта до село Волино. Во рамки на посетата на општината, како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе изврши и увид во реконструкција на улица во с. Волино-Делница 1: Манастир „Св. Петка“. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот ...
Министерот за здравство Сашо Клековски во 11:30 часот ќе ја посети Општата болница - Гостивар откако повеќе граѓани со симптоми на повраќање, дијареа и температура побараа лекарска помош. Министерството за здравство соопшти дека предвидено е изјава да даде министерот Клековски. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е ...
Реставрирани се уште две скапоцени дела од Бигорската ризница, со што заокружена е реставрацијата и конзервацијата на четирите литијни крстови од богатата манастирска ризница. По тој повод во посета на Бигорската свештена обител беа директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јорданоски со своите соработници Јехона Спахиу - Јанчевска, историчар на уметноста – советник конзерватор и Невенка Величковска, сликар – советник ...
Репрезентациите на Франција и на Англија ќе играат натпревар за третото место на Светското фудбалско првенство 2026. Мечот ќе се одржи на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, со почеток во 23 часот по македонско време. Франција и Англија се сретнале 32 пати во текот на нивната историја, при што Англија победила на 17, Франција победила на 10 натпревари, нерешено завршија пет средби. Гол-разликата е 72:41 во корист на Англија. Тимовите се сретнале ...
Централната команда на Соединетите Американски Држави (ЦЕНТКОМ) синоќа соопшти дека американската војска почнала нова серија напади врз Иран, седма ноќ по ред. „Овие напади имаат за цел дополнително да ги ослабат воените капацитети на Иран, по налог на Врховниот командант“, се наведува во објава на ЦЕНТКОМ на платформата Икс. Американските сили, како што се посочува, остануваат во состојба на готовност додека САД строго спроведуваат поморска ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека САД ја сметаат Канада за одговорна за пожарите што ги загадуваат американските градови и најави дека по тој повод ќе го повика канадскиот премиер Марк Карни. Тој исто така додаде дека „трошоците од тоа загадување без одложување мора да бидат вклучени во царините“ кои Канада моментално ги плаќа во трговијата со САД. „Ја сметаме Канада за одговорна за неадекватно одржување на нејзините ...
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) соопшти дека нападнала база за американски беспилотни летала во Бахреин, објави државната новинска агенција. Гардата, исто така, соопшти дека го уништила „главниот центар за вештачка интелигенција во Бахреин“ со балистички ракети и беспилотни летала. Иранската државна телевизија рано утрово соопшти за три експлозии во јужниот ирански град Сирик, додека државната новинска агенција објави за пет ...
Чашата вода што требало да ги освежи, за стотици граѓани можеби станала причина за сериозни здравствени проблеми. За само четири дена повеќе од илјада и двеста лица побарале лекарска помош со симптоми на труење, додека сомнежите се погласно упатуваат кон водата за пиење во Гостивар. Сите граѓани кои побарале лекарска помош имале речиси идентични симптоми дијареа, повраќање, покачена температура и малаксаност Со часови Сител беше пред ...
Физибилити студијата е готова, државата одлучи да гради Национален дата-центар. Во игра се четири модели на инвестирање, и четири локации во околината на Скопје. Националниот дата-центар ќе биде со капацитет од околу 5mW, или во категорија на среден дата центар, инвестиција, барем според проценките, околу 20 милиони евра. Примарна задача ќе му биде, на едно место да се чуваат сите податоци, документи на државните институции, како и личните ...
Големото невреме кое синоќа ја погоди Битола го парализираше градот. Силниот ветар и дождот кој паѓаше околу еден час направија вистински пустош и хаос во одредени делови на градот. Улиците наликуваа на вистински езера, реки од вода течеа насекаде, имаше паднати дрвја, затната канализација, ѓубре, кал и камења насекаде. Се оштетија и улиците кои веќе подолг период се во фаза на реконструкција, силната вода го однесе тампонот и градежниот ...
Прилеп е комплетно подготвен за 23-от по ред Пиво фестивал кој започнува вечер, а ќе трае се до недела. Локацијата е довро позната во центарот на градот каде се застапени 5 пивари со 20-тина видови на пиво, на 15 штандови. Скарите веќе се запалени, пивото се лади, се чека да дојдат само гостите и да си поминат одлично во фестивалски денови кои не очекуваат. „Ги охрабрувам граѓаните да бидат сите тука, посебно за моите прилепчани да го ...
Додека работеле во државни институции извршувале уште една функција - Антикорупциска стави под лупа пет лица откако по проверка на изјавите за имотната состојба утврдиле дека лицата истовремено извршуваат две или повеќе функции. Претседателот на Антикорупциска вели дека во најчест случај лицата се именувани од централната власт и за нив ќе бидат оформени предмети и иницирани прекршочни постапки. Само во март Антикорупциска утврдила дека ...
На два дена до одигрувањето на финалето меѓу Шпанија и Аргентина организаторите и локалните власти имаат нов неочекуван проблем, а тоа е квалитетот на воздухот во Њујорк. Големите шумски пожари во Канада и чадот од нив предизвикаа проблем на поширокото градски подрачје. Здравствените служби издадоа и предупредување да не се излегува на отворено (без потреба) и да се намалат физичките активности односно по потреба да се носат и маски. ...
Големи облаци чад од шумските пожари што беснеат низ Канада предизвикуваат влошување на квалитетот на воздухот во големи делови од Канада и во североисточниот дел на Соединетите Американски Држави, покажуваат податоците на Службата за следење на атмосферата „Коперник“ . Како што соопштуваат од Центарот за односи со јавност на „Коперник“, предупредувања за исклучително лош квалитет на воздухот се издадени во градови како Њујорк и Филаделфија, ...
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) денеска предупреди дека ќе продолжи со нападите сè додека САД не ги прекинат нападите врз јужниот дел на Иран и во Ормуската Теснина. „Нашите ефикасни и прецизни напади, што се изведуваат од целата територија на Иран против непријателот, ќе продолжат сè додека не се воспостави мир долж јужниот брег на земјата и воо Ормуската Теснина“, напиша на социјалните мрежи командантот на ...
Пренесувањето на телата на лицата починати од ебола меѓу различни делови на Демократска Република Конго, најчесто за да бидат погребани во родните места, претставува сериозен ризик за понатамошно ширење на заразата, предупреди денеска Меѓународната организација за миграција (МОМ). Според податоците на МОМ, до 14 јули во Демократска Република Конго и во Уганда се регистрирани повеќе од 2.000 случаи на ебола и околу 700 смртни случаи, при што ...
Косовски државјанин е лишен од слобода откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник кој го запрел за детална контрола. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и ...
Околу 1.000 до 1.200 пациенти со симптоми на повраќање, дијареја, болки во желудникот, температура и омалаксаност во изминатите 3-4 дена побарале медицинска помош во ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар. Од гостиварската болница информираат дека поради зголемениот број пациенти се извршило зајакнување на медицинскиот персонал во одделенијата каде има најголем притисок. Најголем број пациенти со овие симптоми се евидентирани на ...
Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на Петар Станковски (40) од Богданци за убиството на неговата мајка, а трагичниот настан се случил на 11 јануари годинава во стан во Богданци каде што мајката и синот живееле како потстанари. Осомничениот, на 11 јануари, при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја лишил од живот сопствената мајка. Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале ...
Со фокус на континуираното усовршување и градење на силен внатрешен кадар, официјално заврши првата фаза од Лидерската академија на Flex Group, која започна да се реализира во февруари оваа година. Оваа интензивна едукативна програма успешно ја поминаа околу 60 директори и менаџери од различните компании во рамките на групацијата. За дел од колегите кои однеодамна се наоѓаат на раководни позиции, академијата се покажа како клучна поддршка во ...
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин поради сомнение дека го спречил извршувањето на службено дејствие од страна на даночни контролори. Инцидентот се случил на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, Кратово, каде двајца даночни контролори вршеле службена контрола во врска со претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност. Според информациите од ...
Јавните обвинители, на непосредни избори ќе бираат шеф за обвинителството кое гони организиран криминал и корупција. Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука дека огласот за избор на основен јавен обвинител ќе го објави на 10 август, а целиот процес да заврши до 8 ноември кога истекува мандатот на Ислам Абази. „Исто така, ќе се објави и датум кога ќе треба сите Јавни обвинители да гласаат за кандидат на Основно јавно ...
Документот со исполнетите обврски од Реформската агенда, во предвидениот рок, македонската Влада го испрати до Брисел, со цел државата да влезе во наредните пресметки за исплата на средствата од Планот за раст за Западен Балкан. „На 15 јули до Европската Унија беше доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што уште еднаш покажавме дека реформскиот процес го водиме одговорно, транспарентно и со јасна посветеност кон ...
Патната мрежа во Македонија се развива со две брзини. Додека на западното крило од Коридорот 8 веќе се работи на делниците Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, а се расчистуваат и долгогодишните застои за автопатот Кичево-Охрид, поврзувањето кон Бугарија е заглавено. На една од најкритичните точки, делот од Куманово до Страцин. Овие 30 километри се алката што недостига за модерна патна врска со источниот сосед, но за нив динамиката оди со ...
Кризната состојба за нафта и нафтени деривати ќе остане во сила уште три месеци. Владата денеска одлучи рокот да се продолжи до 20 октомври. „Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството“, велат од ...