Од полноќ повторно ќе се точат поскапи горива. Најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за шест денари по литар и од утре ќе се продава за 94 денари.. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат по три денари, па новите цени ќе бидат 90, односно 92 денари за литар. Од Регулаторната комисија објаснуваат дека новата пресметка е резултат на значителниот раст на референтните цени на нафтените деривати на светските ...

Владата на денешната вонредна седница донесе Одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, со што се овозможува намалување на акцизата на нафтените деривати, а со тоа и намалување на цените на бензинот и дизелот, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на својот Фејсбук-профил, посочувајќи дека Владата продолжува со проактивен пристап во ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88 проценти во однос на претходната одлука од 13 јули 2026 година. Новите цени, како што соопштија од РКЕ, ќе важат од 21 јули 2026 година од 00:01 часот. Најголемо поскапување ќе има кај дизелот, чија цена се зголемува за шест денари по литар и од ноќеска ...

Шпанија е новиот Светски шампион. Со еден играч повеќе во продолженијата од натпреварот, по резултат 0-0, преку голот на напаѓачот на Барселона, Феран Торес, Шпанија дојде до најпосакуваниот спортски трофеј во светот. „Прекрасно е, толку сум среќен! Многу ми е мило што Шпанија конечно по вторпат го освои Светското првенство. Навистина многу ми е мило. Навистина е прекрасно да се биде овде, во друштво на сите овие прекрасни луѓе.“ „Целосно го ...

Новиот британски премиер, лидерот на лабуристите Ендру Бернам денеска изјави дека британските политичари мора да бидат подобри, а на Велика Британија и треба нов политички и економски модел. – Знам дека луѓето кај нас се презаситени од политиката. Ве слушам и сакам да бидам искрен, не бевме доволно добри и треба да бидеме подобри … Британија во 80-тите години направи неколку погрешни свртувања. Политичката моќ беше централизирана, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, дека САД повторно ќе побараат да бидат домаќини на Светско фудбалско првенство и тоа „веднаш“, истакнувајќи ја успешната организација на мундијалскиот турнир што заврши во неделата вечер со победа на Шпанија во финалето над Аргентина. Останува нејасно на што мислеше Трамп кога рече „веднаш“ во интервјуто за Фокс Спорт, бидејќи ФИФА веќе ги одреди ...

Прославите по победата на Шпанија во финалето на Светското фудбалско првенство завршија со две жртви, повеќе од 80 повредени лица и најмалку 12 приведени низ земјата. Во Мадрид, во текот на ноќта приведени се седум лица. Петмина се уапсени поради поттикнување омраза по расправија во еден бар, едно лице поради нарушување на јавниот ред и напад врз службено лице на плоштадот Сибелес, каде што се собраа илјадници навивачи, а уште едно лице ...

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска оцени дека е неприфатливо тоа што српскиот претседател Александар Вучиќ на воената парада во Париз на 14 јули бил сместен во првиот ред, пред хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, додавајќи дека станува збор за прашање на државен протокол, а не за односите со Србија. – Не може претседателот на Србија да седи во првиот ред пред хрватскиот претставник. Тоа не е прашање за Србија, туку за државниот ...

До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во Општина Старо Нагоричане, на атарот меѓу селата Степанце и Добрача, каде што гори сува трева и ниска шума. Под контрола се два пожара и тоа во Општина Василево, кај селото Доброшинци, каде што ...

Полицијата jа уапси директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, Артана Асани. Според првичните информации, заедно со Асани уапсени се и техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот, Вадедин Дервиши. Тројцата се очекува да бидат изведени пред надлежното обвинителство, по што судија на претходна постапка треба да одлучи за понатамошните мерки. View this post on Instagram A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv) ...

Сообраќајна незгода се случила утрово кај Велес, кога комбе на туристичката агенција „Мавако“, кое превезувало патници кон Грција, излетало од коловозот. Според првичните информации, во возилото имало осум српски државјани, а до несреќата наводно дошло откако возачот заспал зад воланот. За среќа, во незгодата нема повредени, причинета е само материјална штета на возилото. Сообраќајна незгода се случила утрово кај Велес, кога комбе на ...

ДКСК затвори 66 предмети, голем број од нив ги отфрли откако на денешната седница утврди дека по пријавите веќе постапувале други надлежни институции. Пријавата за исплата на 15 проценти додаток на плата во Агенцијата за финансиска поддршка е еден од предметите што денеска го затвори Антикорупциската комисија. По вонредниот инспекциски надзор државниот инспекторат за труд не констатирал неправилности во работењето на институцијата. Комисијата ...

Новоименуваните вонредни и ополномоштени амбасадори – Илина Мангова за Велика Британија, Стојанче Китаноски за Австралија и Линда Салиоска Иљазоска за Холаднија денеска го поминаа собранискиот филтер и се поблиску до нивно преземање на дипломатската мисија на која ги испрати Владата. Мангова станува амбасадор во време на политички турбуленции во Обединетото кралство со оставката на Стармер и презмањето на премиерската функција од Брнам, но и ...

Благ пад на трошоците во јули. Синдикалната минимална кошничка месецов чини безмалку 68.500 денари, што е за 156 денари помалку во споредба со јуни. Најголемо кратење од 108 денари има кај храната и пијалоците. Пад бележи и транспортот, за што граѓаните во јули потрошиле 48 денари помалку споредено со претходниот месец, што главно се должи на промените на цените на горивата. Во сите останати категории, трошоците остануваат исти. „И покрај ...

СДСМ бара одговорност од властите зошто 5 дена се криела вистината за труењето во Гостивар, а институциите дозволите епидемијата да ескалира. - Граѓаните на Гостивар заслужуваат целосна вистина. Заслужуваат одговор на прашањата зошто пет дена се криела информацијата, зошто не биле преземени итни мерки и кој ќе сноси одговорност. Зошто предупредувачките сигнали биле игнорирани? Криењето информации во услови на масовно загрозување на јавното ...

За 7 дена над 3000 гостиварци побарале лекарска помош поради стомачни тегоби. Најголем број отишле во гостиварската болница а останатите во здравствениот дом и Брза Помош. Како што презентираше министерот за здравство, во моментот има четворица хоспитализирани во Гостивар од кои едно дете и еден пациент е на Клиниката за инфективни болести кој сам се пријавил бидејќи работи во Скопје. Изминатото деноноќие, како што кажа Клековски е прв ден со ...

До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне. Во Скопје, до петок ќе биде променливо ...

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на Мисијата во Амбасадата на САД, на која беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу Министерството за правда и САД како стратешки партнер во спроведувањето на реформите во правосудството. На средбата, како што соопшти МП, се разговарало за клучните приоритети на Министерството за правда, со акцент на реформите во правосудството, ...

Резултатите за водата во Гостивар направени од Институтот за јавно здравје во текот на денот ќе бидат испратени до Јавното обвинителство - соопшти директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, на прес-конференцијата во Владата. - Не е важно само да се одреди причината, туку она што е најважно - да се утврди одговорноста. Никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните. Како Институт продолжуваме да ја следиме епидемиолошката ситуација - рече ...

За населението во Гостивар каде што е прогласена епидемија денеска ќе бидат обезбедени три шлепери со 76 илјади литри вода, во наредните денови количината ќе се зголемува зависно од потребите, а ако треба ќе бидат вклучени и цистерни со вода, информира денеска на прес-конференција Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, кој ги презентраше и локациите каде ќе се дистрибуира водата. Томовски уверува дека од ...

Безбедна е водата за пиење во Скопје, покажале денешните резултати од испитувањата. Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје попладнево информираа за дневните мониторинг - активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. - Во текот на денов, од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, се земени 43 примероци од водоводната мрежа на град Скопје од кои три примероци ...

Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври. Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради можност за настанување нарушување со снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија. Со донесената ...

Забележано е почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во болницата и Здравствениот дом во Гостивар, активно се следи состојбата на терен, соопштија попладнево од Министерството за здравство. - Министерството за здравство континуирано ја следи епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар и согласно последните податоци од јавните здравствени установи информираме дека од вчерашниот ден се забележува почетно намалување на ...

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари и е намалена за 156 денари во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 метри квартатни, вредноста на синдикалната минимална кошница изнесува 83 873,00 денари. Најголем дел од трошоците одат за храна и пијалоци - 25.012 денари. Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари и е намалена за ...

Кризниот штаб е активиран и ќе има телефонски број на кој граѓаните може да се обратат за помош и снабдување со вода за пиење, се дел од мерките што Општина Гостивар ќе ги спроведува од денес. Ова го соопошти градоначалникот Ваљбон Лимани денеска на прес-конференција во Гостивар. Вонредна седница ќе има општинскиот Совет во попладневните часови. - На мој предлог веќе е активиран кризниот штаб од нашата Општина и набргу ќе заседава и, секако, ...

Утврден е идентитетот на трите лица кои го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа на патниот правец од граничниот премин „Блаце“ кон Скопје. Станува збор за Ејуп Тернава, Џенет Тернава и Фатмире Шабани, за кои нивните семејства претходно пријавија дека се исчезнати. Според информациите објавени од телевизијата „Алсат“, нивниот автомобил бил пронајден превртен во близина на границата со Косово. Првичните информации укажуваат дека две ...

Тројцата косовски државјани кои беа пријавени за исчезнати по заминувањето од Меѓународниот аеродром Скопје, биле барани со помош на системот за надзор „Безбеден град“ и дронови, соопшти МВР. Во Полициската станица Бит Пазар на 19 јули било пријавено дека М.Ш.(56) од Косово не може да стапи во контакт со сопругата Ф.Ш.Т., нејзиниот брат У.Т. и неговата сопруга Џ.К., кои претходната вечер околу 22:15 часот заминале со возило од скопскиот ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против 40-годишниот Ј.Ј. од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Според пријавата, на 03.07.2026 година, пријавениот во подолг временски период ја вознемирувал В.Н., нејзината сестра и мајка, упатувајќи им закани. Во два наврати, со употреба на електрошок, тој наводно изнудил вкупно 110.000 денари од трите жени. Од ...

Врсничкото насилство не запира.Навреди, исмејување, тепање, малтретирање се најчестите форми на насилство. Психолозите велат дека булингот е присутен и во најрана возраст, а најмногу кај адолесцентите, најчеста жртва се повлечените и срамежливи деца затоа најважно е рано откривање и навремена реакција од страна на институциите. Од министертсвото за правда потенцират дека акцентот мора да биде стравен на превенцијата. Врсничкото насилство, ...

На два месеци пред почетокот на жетвата, оризопроизводителите од Кочанскиот регион предупредуваат дека новата реколта ја дочекуваат без решение за најголемиот проблем, откупната цена. На средбата со новиот министер за земјоделство тие побарале државата да интервенира, бидејќи, како што велат, сегашната цена што ја нудат откупувачите не ги покрива ниту основните производствени трошоци, поради што инсистираат на нова пресметка на производната ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
5.29
27%
1010
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
4.0
32%
1009
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
4.79
39%
1013
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.63
33%
1010
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
5.18
28%
1008
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
0.89
57%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
36%
1008
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.3
33%
1010
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.02
33%
1010
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
0.89
41%
1009
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
4.02
40%
1012
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
4.88
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Кобалт

56.29

Бакар

13.54

Иридиум

252383.36

Паладиум

43435.66

Алуминиум

3.27

Калај

56.77

Платина

55652.94

Родиум

278103.96