Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Во тетовското село Непроштено денеска ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на Македонците – жители на ова населено место. Комеморацијата ќе се одржи во Спомен-паркот со панихида и полагање цвеќе пред спомен-обележјето. Потоа ќе следува и обраќање на Иницијативниот одбор. Со ова се одбележува годишнина од свирепото убиство на Стојан Михајловски, како и од исчезнувањето на Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h), соопшти УХМР. За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ...
Во Градскиот парк во Скопје во тек е акција за засадување нови 60 садници јавор и јасен, информираат од Град Скопје. - Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во срцето на Скопје, во Градскиот парк. Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Но, ние не дозволуваме последиците да останат слика на нашиот град! По вчерашната голема акција за расчистување, уште ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, соопштија денеска од Обвинителството. Како што се наведува во соопштението, осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Како што информира Јавното обвинителство, при вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 ...
Жителка на гостиварско пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг без нејзина согласност го одвел нивното 10-месечно дете во Швајцарија, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 22 јули во 08:10 часот во ОВР Гостивар, Ш.А. (21) пријавила дека по претходна расправија во семејниот дом, нејзиниот сопруг С.А. противправно и без нејзина согласност го одвел нивното 10-месечно дете во Швајцарија. За случајот се известени ...
Фудбалерите на македонскиот првак вечерва претрпеа пораз од летонскиот шампион Рига со 2:3 во првиот дуел од второто квалификациско коло од Конференциската лига одигран во Скопје. „Црвено-црните“ на тој начин со негатива ќе патуваат на реванш дуелот. Натпреварот почна добро за Вардар бидејќи во 28.минута дојде до водство од 1:0 со голот на Диего Кастенада. Но, предноста траеше само седум минути бидејќи Рига преку Орландо Гало изедначи на ...
Американската војска соопшти дека започнала нови напади врз воени цели во Иран, 12-та ноќ по ред. Нападите започнале во раните утрински по иранско време (23:30 часот по средноевропско време во среда), соопшти Американската централна команда (CENTCOM) на платформата „Икс“. „Мисијата ќе продолжи дополнително да ја намалува способноста на Иран да им се заканува на цивилните морнари и трговските бродови кои минуваат низ регионалните води“, ...
Даниел Сиад, агент за ангажирање модели и наводен посредник при обезбедувањето жени за американскиот сексуален престапник Џефри Епстин, во понеделникот вечерта бил пронајден мртов во неговиот дом во близина на Париз. „Вечерта во понеделникот беше отворена истрага за утврдување на причините за смртта по откривањето“ на неговото тело во куќата во Коломб, западно предградие на Париз“, соопшти француското обвинителство. Против Сиад биле ...
Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана, со кој се одобруваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп. Предлог-законот беше усвоен со 216 гласа „за“ и 212 „против“, што претставува значително потесна поддршка од вообичаената бидејќи таа законска рамка традиционално добива широка двопартиска поддршка во Конгресот. Демократите се ...
Силните ветришта кој го затекнаа Скопје не се вообичаена појава за ова поднебје, но нема да бидат изолиран случај, велат експертите во метеорологијата. Според универзитетскиот професор и метеоролог Владо Спиридонов освен климатските промени и самата местоположба на скопската котлина е дополнителен фактор за страшните слики на кои сведочеа скопјани. Ветерот бил со јачина споредлива со налетите што се јавуваат при урагански ветрови, вели ...
Франција регистрирала 5.764 дополнителни смртни случаи за време на исклучително силниот топлотен бран што ја зафати земјата од 17 јуни до 2 јули, соопшти денеска француската Агенција за јавно здравје. Од Агенцијата наведоа дека зголемената вкупна смртност засега не може со сигурност да се припише исклучиво на високите температури. Според привремените податоци, ова е највисоката прекумерна смртност забележана во Франција по катастрофалниот ...
Просечната нето-плата во земјава продолжува да расте и се доближува до 50 илјади денари. Според податоците на Државна статистика, во мај годинава просечната исплатена нето-плата по вработен изнесувала нешто над 49.500 денари. Во споредба со истиот месец лани, просечната плата е повисока за 8,2 отсто. Најголем раст на платите има во секторите поврзани со одржувањето на јавните системи и услугите. Во снабдувањето со вода, управувањето со отпад ...
62-годишник од струмичко доби кривична пријава поради силување на дете. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Струмица поднело кривична пријава против А.С.(62) од струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години’’. Имено, на 15.07.2026 пријавениот во семејната куќа извршил обљуба врз малолетничка. 62-годишник од струмичко доби кривична пријава поради силување на ...
Силното невреме што вчера зафати поголем дел од државата не ги поштеди ниту земјоделците во струмичкиот регион. Искинати пластеници, уништени конструкции и посеви ,ваква е сликата ден по невремето. Земјоделците велат дека на дел од површините родот е речиси преполовен, а за да го спасат она што останало ќе мора да вложат дополнителни средства. На терен со земјоделците денеска беше и министерот за земјоделство, Борче Серафимовски. Најави дека ...
По целосно реконструирање и модерно опремување, одделот за трауматологија во клиниката за хируршки болести е пуштен во употреба. Инвестицијата чини 230 000 евра а опфаќа комплетно нови електрични и водоводни инсталации, систем за греење, капацитетот на одделот е 26 кревети. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека здравството останува во врвот на владините приоритети и најави реализација на нови развојни проекти. Тој потенцираше дека ...
Знаењето и стручната подготвеност да бидат главен критериум за вработување во јавната администрација.. Ова е предвидено со правилникот на Министерството за јавна администрација кој треба да стави крај на субјективноста при вработувањето во јавниот сектор.. „Нивната цел е да им помогнат на институциите да спроведуваат постапки за вработување кои се објективни, фер, транспарентни и засновани на реалните компетенции на кандидатите. Со нив, ...
Индискиот духовен лидер и борец за независност од британскиот колонијализам, Махатма Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје. На крајот од посетата на Скопје, претседателката на Индија Драупади Мурму рече дека во време на конфликти, нетолеранција и поделби, вербата на Ганди во дијалогот, сочувството и мирниот соживот останува актуелна и денес. Македонската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова, пак, говорејќи за неговото влијание врз ...
Македонската влада доби нов список на реформски чекори од Брисел што државата треба да ги исполни до декември за да остане во добро темпо за Планот за раст. Премиерот Мицкоски деталите ги разговараше на онлајн состанок со директорот за соседство и проширување на ЕУ – Герт Јан Копман. Досегашните обврски се исполнети, освен Изборниот законик, кој останува отворен поради блокадата на опозицијата. Но, Мицкоски вели дека сѐ уште важи понудата таа ...
Епидемијата во Гостивар полека се стабилизира. Според последните информации на Министерството за здравство, за 40% е намален бројот на нови прегледи. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад" – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското одделение и 11 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно 108 нови прегледи. На инфективното одделение се примени 2 нови пациенти на болничко лекување, ...
Дождот и силниот ветар кој носеше се пред себе направи штети во неколку општини на Истокот. Урагански ветар однесе дел од кровната конструкција на штипската Клиничка болница. Поради паднатиот лим од кровната конструкција дел од пациентите од одделението за ортопедија се преместени на другите одделенија во болницата. Билјана Ефтимова заменик директор на Клиничка болница-Штип . Денес од болницата информираа дека е испратено избвестување до сите ...
Скршеници, расекотини на главата и силни набиеници. Околу 30-тина граѓани завршија во скопските клиники по вчерашното невреме, какво што скопјани не паметат. Министерот за здравство потврди дека сите повредени се соодветно згрижени и пружена им е неопходната помош. Невремето ги начека граѓаните неподготвени. Многумина возеле низ булеварите, други пеш се враќале од работа. Некои успеале да се засолнат, а некои пак се повредени бидејќи врз нив ...
Во Владата денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда. Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави дека на состанокот биле разгледани досегашниот напредок и следните активности во однос на реформите. - Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој беа разгледани досегашниот напредок, тековните активности и следните чекори за навремено исполнување на предвидените обврски, напиша Мицкоски. Тој ...
Клиничка болница-Штип денеска ги извести сите болници и здравствени домови во Источниот регион пациентите кои се со скршеници во наредните денови да не ги препраќаат или да ги транспортираат на штипското Одделение за ортопедија. Причината е штетат од синоќешното невреме, по кое од силниот ветар кој се движел со брзина од 134 километри на час падна дел од кровната конструкција на Клиничка болница-Штип. - Ве известуваме дека поради вчерашната ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината, информираат од локалната самоуправа. Како што посочуваат, меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка ...
Вчерашното невреме кое зафати повеќе градови во државата сериозно ја погоди и електродистрибутивната инфраструктура, како на среден така и на низок напон. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон останаа 2.308 трафостаници на Електродистрибуција, информираат од ЕВН Македонија. Нагласуваат дека засилени екипи на компанијата работеа без престан во исклучително тешки услови и успеаја да санираат дури 90 отсто од ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока за 8,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, ...
Силниот ветер што вчера го зафати Куманово го однесе државното знаме од јарболот на градскиот плоштад. Од Општина Куманово денеска информираа дека знамето е пронајдено и преземено од страна на кумановската полиција. – Знамето е оштетено. Ја информиравме Службата за општи и заеднички работи при Владата за состојбата. Оттаму нè известија дека ќе обезбедат ново знаме – изјави секретарот на Општина Куманово, Емилија Сладирис Јаневска. ...
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху воен злосторник и изјави дека се согласува со Меѓународниот кривичен суд (МКС) дека Нетанјаху треба да биде уапсен и изведен пред суд. „Бенјамин Нетанјаху е воен злосторник, архитект на ужасен геноцид врз палестинскиот народ“, изјави Мамдани во видео објавено на социјалните мрежи. Тој го обвини Нетанјаху дека е одговорен за смртта на повеќе од 73 ...
Францускиот парламент усвои закон со кој од јануари 2027 година ќе биде забранет пристапот до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст. Одлуката е донесена поради зголемената загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на децата, во период ...