На 20.07.2026 околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани - Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на ...

Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Општина Гостивар во рок од 30 дена. - Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во Општина Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба се со цел побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување на вода ...

Поради силното невреме што пред малку го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција, информира грдоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој во Фејсбук обкава нагласи дека се во постојана координација со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции. -Сите расположливи капацитети се ...

Општина Гостивар ќе биде должна да соработува во целокупниот процес за нормализирање на состојбата, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на новинарско прашање околу соработката со локалните власти и дали ќе има проширување на истрагата за одговорноста на други лица за загадувањето на водата во Гостивар. - Факт е дека заклучно со денес, целиот овој хаос е одговорност на Општина Гостивар и на органите во рамки на ...

Од невремето што го зафати Скопје откорнат е кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, а имам информација и за голем број паднати дрва во општина Гази Баба, информира градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски во објава на Фејсбук. Стефковски вели дека е активиран кризниот штаб на Општината и формирани се тимови за делување. - Веднаш штом се создадат услови ќе се излезе на терен и ќе се делува - најави Стефковски. МИА Од невремето што го ...

Од денеска нов ценовник на бензинските. Возачите точат поскапи горива. Најголема промена има кај дизелот, чија цена се зголеми за шест денари по литар и се продава за 94 денари. Бензините поскапеа по три денари, па новите цени се 90, односно 92 денари за литар. Овие цени Регулаторната комисија ги пресмета откако Владата ја намали акцизата – за еден денар кај бензините и два денари кај дизелот. Ова е второ активирање на антикризните мерки ...

Албанскиот министер за внатрешни работи Бесфорт Ламалари информираше дека полициски дронови ќе бидат употребени за да регистрираат сообраќајни прекршоци во Албанија, со што според албански медиуми, се очекува намален број на смртни случаи на патиштата за 45 отсто. Секој прекршок регистриран од дрон ќе биде пријавен кај најблиската полициска патрола, која ќе го запре возачот за да му ја даде казната. Ламалари додаде дека наскоро ќе бидат ...

Дивиот приклучок поставен на гостиварскиот водоснабдителен систем не се наоѓал во заштитните санитарни зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата што ја имал Комуналец - Гостивар. За овој приклучок што е предмет на истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, не е доставено барање до Министерството за животна средина и прострона планирање (МЖСПП). - Овој див приклучок воопшто не е во рамки на дозволата ...

За надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, каде што е прогласена локална епидемија, Владата од денеска обезбедува по 50.000 литри вода за пиење дневно за населението, додека Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги заврши анализите кои во текот на денот ќе ги предаде на Јавното обвинителство. Дистрибуцијата на водата се реализира преку Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР). Директорот на институцијата, Ивица ...

Царинската управа во наредниот период ќе спроведува засилени теренски контроли на пловните објекти кои се користат на Охридското Езеро, со цел проверка на нивниот царински статус и исполнувањето на законските обврски. Контролите ќе ги спроведува Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, а ќе бидат насочени кон утврдување дали за пловилата се спроведени соодветните царински постапки согласно важечките прописи. Од ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 13:00 часот попладнево, регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор, од кои активен е еден пожар, четири се под контрола, а еден пожар е изгаснат. Активен е пожарот во Општина Делчево на градските гробишта, со кој е зафатена ниска вегетација. Под контрола се пожарите во Општина Василево, село Доброшинци (депонија), во Општина Кочани (градска депонија), во Општина Илинден, ...

Директорот на Цариснката управа, Бобан Николовски денеска преку социјалните мрежи соопшти дека само годинава, откриени се 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема. -Ова покажува дека улогата на Царината не е само собирање приходи, туку и директна заштита на здравјето и безбедноста на македонските граѓани - напиша тој. Николовски посочува дека запленетите лекови не се само спречен шверц, туку и заштита на здравјето ...

Тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар денеска се изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар откога Основното јавно обвинителство отвори истрага против нив за кривичното дело тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејства на загадување на водата за пиење. Пред судија на претходна постапка беа изведени вршителката на должност директорка на ЈП ...

Во Општата болница во Гостивар во изминатото деноноќие биле прегледани вкупно 198 пациенти, а еден пациент поради здравствената состојба бил упатен на лекување на Инфективната клиника во Скопје, информира директорот на Општата болница во Гостивар Емри Бајрами. Според Бајрами, на Инфективното одделение биле прегледани 111 пациенти, на Одделението за педијатрија 75, а во Ургентниот центар 12 пациенти. Бајрами изјави дека нема промени во ...

Археолошкото одделение при НУ Музеј Куманово ги заврши истражувањата на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане, каде беа откриени значајни наоди кои укажуваат на постоење на ритуален простор од 4-3 век пред нашата ера. Истражувањата, предводени од археологот Дејан Ѓеорѓиевски, биле насочени кон секторот „Долна тераса“, каде и претходно биле пронајдени конструкции всечени во карпа, камени тумули, вотивни садови и ритуални јами. Најновите ...

Пченицата и јачменот кои деновиве интензивно се жнеат во битолскиот дел на Пелагонија се со подобар квалитет од лани, информираа од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ). Од АПРЗ со седиште во Битола нагласуваат дека годинава освен подобар квалитет има и поголеми приноси на пелагониската житница. - Жетвата во Пелагонија е во полн ек. Јачменот е ожнеан со над 90 проценти од вкупните површини и има приноси од над пет ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава. По свеченета церемонија, Сиљановска-Давкова и Мурму заминаа на тет-а-тет средба, по што ќе биде одржан пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на двете претседателки. Индиската ...

До петок, под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно со повремени поројни дождови и грмежи. На повеќе места се очекува нестабилност, а локално процесите ќе прераснат во краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, до петок ќе има пообилни врнежи од дожд, а поради продор на постудена воздушна маса од ...

Сѐ погласни се реакциите на граѓаните поради високите суми што ги плаќаат за изработка и поставување нагробни споменици. Иако цените ги формираат приватните оператори, а Општина Штип нема законска надлежност да интервенира во нивното утврдување, од локалната самоуправа велат дека до нив постојано пристигнуваат поплаки за можни злоупотреби. Поради тоа бараат надлежните институции да ги засилат инспекциските контроли и да утврдат дали ...

Со конкурентни цени на тематските тури кои нудат локална приказна наместо стандардно разгледување до повеќе гости. Охрид располага со природни убавини и културно историски знаменитости но неопходно е сето тоа да е добро спакувано и со реални пазарни цени .Туристичките и професионалните водичи мора да се прилагодат на модерните трендови. За да станат поиновативни и поконкурентни, клучни се дигитализацијата и автентичниот пристап. Многу често ...

Посетата на претседателката на Индија Друпади Мурму е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на билатералната соработка, напиша на Фејсбук претседателката Гордана Сиљановска Давкова по средбата со нејзината индиска колешка во Вила Водно. - Со огромна чест ја пречекав Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија, којшто престојува во официјална посета на македонската држава. Разговаравме за македонско-индиските односи, со акцент ...

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси им кажал на своите соиграчи дека финалето на Светското првенство во 2026 година против Шпанија (0:1 по продолженија) е неговиот последен натпревар за репрезентацијата, објави новинарот Хернан Кастиљо. Меси играше на своето шесто Светско првенство. Триесет и деветгодишниот Аргентинец постигна осум гола и имаше четири асистенции на осум натпревари на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Претходно беше објавено ...

Најпознатиот мачор во Велика Британија, Лери вчера го пречека својот седми „цимер“ на „Даунинг стрит“ 10, откако почна да талка по ходниците на домот на британскиот премиер пред повеќе од 15 години. „Политичарите доаѓаат и си одат, мачето останува“, се вели во објавата на профилот на Лери – @Number10cat, на „Икс“, додека го чекаше доаѓањето на новиот британски премиер, Енди Бурнам, кој го наследи Кир Стармер. Мачорот веќе ги даде своите ...

Многу корисници на мобилни телефони избираат едноставен пин за својот уред. Најновите анализи на случаи со масовно протекување на податоци покажуваат дека лесната комбинација на бројки значително им ја олеснува работата на кибер-криминалците при обидите за хакерски напад. – Промената на пин-кодот е едноставен, но исклучително важен чекор за подобра заштита на личните податоци и банкарските сметки, предупредуваат експертите. Анализите на ...

Експлозии се регистрирани утринава во повеќе делови на Иран, додека американската војска соопшти дека завршила нов бран воздушни напади врз цели низ земјата. Ирански медиуми објавуваат дека експлозии се слушнале во Конарек, во југоисточната покраина Систан и Белуџистан, како и во пристанишниот град Чабахар на Оманскиот Залив. Иранската државна телевизија информира и за американски напади во близина на градот Шираз во јужниот дел на земјата, ...

Литванија на почетокот на јули покрена постапка за укинување на уставната забрана за распоредување нуклеарно оружје на својата територија, приклучувајќи се кон регионалниот безбедносен пресврт што во јуни го започна Финска меѓу членките на НАТО што граничат со Русија. Литванскиот претседател, Гитанас Науседа, соопшти дека парламентарните партии постигнале согласност од Уставот да се избрише членот 137, кој изречно забранува распоредување ...

Белата куќа објави воведување нови царини од 50 проценти за голем број производи од Канада, со што дополнително се заострува трговскиот спор меѓу САД и еден од нивните најголеми трговски партнери. Според американскиот трговски претставник, Џејмисон Грир, новите царини ќе опфатат канадски увоз во вредност од околу 20 милијарди американски долари. Мерката треба да стапи во сила на 19 август, односно 30 дена по потпишувањето на указот од страна ...

Двајца американски туристи се повредени, откако непознато лице ги нападнало со нож во близина на влезот на Акропол во Атина, а сторителот е уапсен, јави дописничката на МИА од Атина. Нападот се случил кусо по 8 часот утрово пред билетарницата за влез на Акропол, според првичните неофицијални информации, повредени се маж и жена од САД, мажот е посериозно, а жената полесно повредена. Според истите информации сторителот е со психолошки ...

Уапсена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, заедно со неа со лициси на рацете во полициска станица беа одведени и техничкиот директор и раководителот на водоводната мрежа во претпријатието. Обвинителството започна истражни дејствија, откако мострите од водата во Гостивар пристигнаа кај нив. Иако во ек на епидемија се уште ги чуваат во тајност, според неофицијалните информации во две мостри од вода биле пронајдени фекални ...

Од полноќ повторно ќе се точат поскапи горива. Најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за шест денари по литар и од утре ќе се продава за 94 денари.. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат по три денари, па новите цени ќе бидат 90, односно 92 денари за литар. Од Регулаторната комисија објаснуваат дека новата пресметка е резултат на значителниот раст на референтните цени на нафтените деривати на светските ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.97
37%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
61%
1013
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.31
39%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.63
37%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.44
53%
1012
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 21ᴼ
1.37
54%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
1.79
44%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.22
46%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.77
49%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
47%
1012
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
3.13
32%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.03
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Паладиум

43499.96

Платина

56135.20

Родиум

274085.11

Рутениум

53852.50

Злато

136962.18

Калај

56.46

Алуминиум

3.25

Цинк

0.00

Бакар

13.51

Сребро

1994.05

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29