Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната сесија, што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан, донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски културни и историски наследства во опасност. На државата ѝ е даден дополнителен рок од пет години за да ги спроведе препораките поврзани со заштитата на природното и културното наследство. Со одлуката се дава можност државата да ги реализира мерките што ...
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ја прифатил понудената гаранција од над 1,15 милион евра за осомничениот Муамед Сејдини, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), по што му е укината мерката притвор и ќе се брани од слобода. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека гаранцијата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот, а истовремено, заради обезбедување на присуството ...
Дваесет и четиригодишен жител на виничкото село Градец е лишен од слобода откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Грдовци–Зрновци, во која едно лице е тешко повредено, а две се здобиле со полесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на вчера околу 3:30 часот, кога Д.Н. (24), управувајќи патничко возило ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната сесија, што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан, донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски културни и историски наследства во опасност. Ова, како што истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, претставува значаен дипломатски успех за нашата земја, кој е производ на координирана државна акција предводена од ...
За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Нови врнежи од дожд, проследени со локална нестабилност, се очекуваат во понеделник. На поединечни места ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Од вторник повторно следува период на стабилно и претежно сончево време, со постепен пораст на дневните температури. За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала ...
Собранието денеска ја почна расправата за избор на министер без ресор во Владата за која функција е предложен Зулфикар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, со која партија ВМРО-ДПМНЕ неодамна потпиша коалициски договор. Премиерот Христијан Мицкоски пред пратениците истакна дека зрелоста на Владата се гледа во отвореноста на институциите за сите што имаат знаење, капацитет и искрена намера да придонесат и да не прашува, ...
Триесет и двегодишен жител на Кавадарци е приведен откако бил затекнат при преземање 2.000 евра од 50-годишна кумановка, која го пријавила дека со лажно ветување за посредување за добивање странски пасош ја измамил за вкупно 9.000 евра. Парите што ги зел при последната средба биле претходно криминалистичко-технички обработени од полицијата, а осомничениот пред јавен обвинител го признал делото. Според пријавата, осомничениот ѝ ветил на ...
Во согласност со податоците што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ги добил од клучни безбедносни институции - Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, нема конкретна информација за закана кон нашата држава од Техеран откако Иран претходно ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја смета за непријателска земја поради најавеното распоредување американски воени авиони на нејзина територија. - ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија) в понеделник, 27 јули. Согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, МВР информира дека во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се ...
Бавниот економски раст, жестоката конкуренција и вештачката интелигенција им отежнуваат на младите луѓе да ја добијат својата прва работа. Овој проблем првпат беше забележан во Кина, додека во Европа, младите луѓе во Германија и Австрија се моментално најпогодени. Младите луѓе низ целиот свет се соочуваат со сè поголема конкуренција по завршувањето на училиштето. Бројот на академски дипломирани студенти се зголемува, вработеноста се ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денеска оцени дека намерата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ги искористи замрзнатите ирански средства за покривање на штетите на бродови погодени во напади на иранските сили во Персискиот Залив претставува „опасен преседан“. „Запленувањето средства на друга држава за подмирување идни побарувања…претставува опасен преседан“, напиша Арагчи на социјалната мрежа „Икс“. ...
Шест кандидати за функцијата генерален секретар на Обединетите нации синоќа пред Генералното собрание на ОН ги претставија своите приоритети, на дебата организирана во формат сличен на телевизиско шоу. Кандидатите за наследник на Антонио Гутереш по истекот на неговиот маднат, одговараа на прашања за предизвиците со кои се соочува Светската организација, меѓу кои застојот во Советот за безбедност на ОН, финансиските притисоци, зголемениот ...
Американските вооружени сили соопштија дека синоќа ја спровеле 13-тата последователна ноќ на напади врз Иран, во услови на ескалација на конфликтот околу поморските трговски патишта на Блискиот Исток. Иранските медиуми изутринава објавија дека се регистрирани неколку експлозии низ државата. Според информации на властите во Иран, погодени биле цели во областите во близина на градовите Ахваз, Андимешк и Омидије во југозападната провинција ...
Во украински напади со дронови погоден е и опожарен магацин за стоки во Санкт Петербург, јавија светските агенции повикувајќи се на локалните власти и свои дописници. Гувернерот на вториот по големина руски град, Александар Беглов, соопшти дека Санкт Петербург денеска бил нападнат со беспилотни летала што се користат за воени цели. „Нападот беше насочен кон објекти на цивилната инфраструктура“, напиша Беглов на социјалните мрежи, додавајќи ...
Соединетите Американски Држави синоќа објавија воведување царини од десет или 12,5 проценти на увоз од 60 држави, со образложение дека тие не успеале да воведат или не применуваат ефикасна забрана за увоз на стоки произведени со принуден труд. „Трговските партнери што презеле обврска да воведат и ефикасно да применуваат забрана за увоз на стоки произведени преку принуден труд ќе подлежат на царина од десет отсто, додека трговските партнери ...
Полициски службеници денеска лишиле од слобода возач-почетник, којшто возел со 211 километри на час, соопшти МВР. - Денеска во 16:21 часот, на автопатот Скопје–Тетово, кај клучка Кондово, полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишија од слобода возач-почетник, кој управувал патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки со брзина од ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференцијата во Гостивар порача дека одговорност за случајот со водата во овој град ќе сносни секој кој со извршување или неизвршување на дејствија, пропишани со законите, придонел кон тоа да дојде до оваа ситуација. Тој истакна дека во врска со случајот на разговор се повикани голем број лица и се преземаат бројни истражни дејствија во рамките на наредбите дадени од страна на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му се закани на Иран со „голема воена казна“, обвинувајќи го Техеран за нападите на јеменските бунтовници Хути врз два саудиски нафтени танкери во Црвеното Море, со што, според него, конфликтот на Блискиот Исток се проширува и кон уште една клучна светска трговска поморска рута. Стравувањата дека нарушувањата во поморскиот сообраќај би можеле да се прошират и на Црвеното Море предизвикаа нагло ...
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска предупреди дека секоја британска воена база што САД ќе ја користат за напади врз Иран ќе стане „легитимна цел“, обвинувајќи го Лондон дека има значајна улога во неодамнешните американски и израелски воени операции. Во соопштението, Револуционерната гарда наведе дека американската војска неодамна користела бомбардери „Б-1“, кои полетувале од британската воздухопловна база Ферфорд, ...
По 10 месеци пауза, нова средба меѓу рускиот министер за надворешни работи Лавров и американскиот државен секретар Рубио.. Состанокот кој траел половина час се одржа за време на самитот во Манила, а разговорите биле фоусирани на војната во Украина.. По одржување на средбата, во Русија нема оптимизам за мировниот договор со Украина.. Во меѓувреме, Европската унија усвои нов пакет санкции против Русија со мерки против финансискиот и ...
Технолошкиот парк Н99 потпиша договори за соработка со арапската компанија SAVVY со која ќе се јакнат капацитетите на македонските компании, а домашните производи ќе го освојуваат арапскиот пазар. Фокусот е ставен на вештачката интелегенција, сајбер безбеднота и иновациите. Компанијата SAVVY од Саудиска Арабија која работи на усовршување на новите технологии и и вештачката интелегенција е уверена дека дека со потпишување на договорите преку ...
Методот „суво одлагалиште“ се смета за една од најзначајните иновации во современото рударство кога станува збор за заштита на еколошките системи. За разлика од традиционалните, таканаречени „влажни“ јаловишта кои изгледаат како огромни езера полни со течна кал, вода и опасни материи, кај сувото јаловиште важат поинакви правила. Наместо кал, се добива сув материјал сличен на влажен песок или земја, кој може лесно и безбедно да се транспортира ...
Општините тешко наплатуваат даноци, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија. Во анализираниот период од 2020 до 2024 година, општинските власти пропуштиле да наплатат близу 50 милиони евра. Повеќе од половина се за неплатен данок на имот, потоа следуваат комуналната такса и другите надоместоци. Најголема ефикасност има во наплатата за користење јавен простор пред деловен објект, а висок процент има кај прибирањето на комуналната ...
КАСКО осигурување е единствениот начин да бидете обештетени доколку вашето возило настрада во вторникот. За зградите чии кровови летаа од ветрот со брзина од 134 километри на час, обештетување можете да добиете само доколку Заедницата на станари го осигурала заедничкиот имот. Во спротивно, пари можете да добиете само на добра волја на институциите и општините. Паркови и Зеленило е институцијата која се грижи за дрвата во Скопје. Ги бележи ...
Втор ден по невремето во Скопје, а жителите на главниот град брзаат да ги затворат однесените покриви по најавите за нови врнежи од дожд. Ја пријавиле штетата, а додека се врши увид на терен, тие немаат многу време, па се снаоѓаат секој на свој начин за да спречат дополнителна штета. Таква е ситуацијата со станарите кај пазарчето Буњаковец, каде што пред два дена ураганот целосно ја однесе кровната конструкција. „Истата вечер кога се враќав ...
Опозициската СДСМ бара вонреден надзор и анализи на сите водоснабдителни станици во државата поради сомнежи дека водата не е загадена само во Гостивар, туку дека проблем има и на други места. Филипче денеска објави резултати за наводно бактериолошки неисправна вода од водоводот во Болницата за белодробни болести во Лешок. Обвини за системски пропусти во случајот со Гостивар и побара оставки од министерот за здравство, директорката на ...
Водата од градскиот водовод во Валандово е безбедна за пиење, покажуваат најновите резултати од вонредната анализа спроведена од Институтот за јавно здравје. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев кој го презентираше и лабораторискиот извештај според кој измерената концентрација на арсен изнесува 1,47 микрограми на литар што е значително под максимално дозволената граница од 10, утврдена со здравствените стандарди. ...
“Астровирус” и “шигела” кај гостиварци кои дале примероци за анализа. Овие се најчести но не и единствените вируси и бактерии изолирани кај жители од Гостивар, кои се резултат на фекално загадување или загадување од атмосферски води. Иако има повеќе анализи што е пронајдено кај болните здравствените власти велат дека не може да донесат генерален заклучок. „Астровирус е најчест и шигела од бактериите е најдена, не во сите наоди, меѓутоа има ...
Во Гостивар започна хиперхлорирање на водата и испирање на примарната водоводна мрежа, како дел од мерките за справување со епидемијата поради загадувањето на водоводот, информираш министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски по состанокот на Централниот кризен штаб што се одржа во Гостивар. Тој повтори дека новите испитувања на земените ...
Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, го усвоил Предлог-правилникот за доделување еднократна финансиска помош за оштетените објекти на граѓани и правни лица по силното невреме што пред два дена го зафати Скопје. На седницата, како што соопштија оттаму, градоначалникот Герасимовски истакнал дека личниот пример е најважен, и во акциите на терен и со носење конкретни мерки за поддршка на погодените жители. ...