Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Јужнокорејското Обвинителство побара затворска казна од една година за сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвездички“, обвинет за ставање мравки како додаток во десертите на гостите, објавија тамошните медиуми. Судските документи не го именуваат ресторанот, ниту сопственикот. Обвинителите во понеделникот побарале и казна од 20 милиони вони (околу 12.200 евра) за ресторанот, бидејќи мравките не се меѓу 10-те видови инсекти дозволени во ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм, предупредувајќи дека денеска низ земјава се очекува нестабилно време со повремени врнежи од дожд и локална нестабилност. Според прогнозата, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе се создадат услови за невреме проследено со појава на град. Ќе дува умерен северен ветер, додека долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина ...
Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска порача дека ЕУ останува целосно посветена на европската перспектива на Северна Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на идна членка на Унијата. - Не треба да имате никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја види вашата земја како полноправна членка на ЕУ, рече Рокас, обраќајќи се на седница на Националниот совет за ...
Во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” помош по вчерашното невреме побарале 22 пациенти, од кои двајца се на болничко лекување, а во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) 11 лица од кои тројца се со посериозни скршеници. - Од 22-та пациенти во „Св. Наум Охридски“ двајца се примени на болничко лекување, другите се ...
Жителите на селото Ѓуземелци во општина Лозово излегоа на протест поради, како што велат, долгогодишни инфраструктурни проблеми. Посочуваат дека канализацијата не е во функција, патиштата се оштетени, а ветувањата за подобри услови за живот останале неисполнети. - Канализацијата ја направија пред три години и таа не е во функција, дали изведувачите не си ја знае работата, не е во функција. Патот од село Ѓуземелци до Свети Николе, до соседното ...
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека штетите од синоќешното невреме ќе бидат утврдени и согласно законските процедури и досегашната практика ќе бидат надоместени од надлежните институции. Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски денеска посочи дека Владата има механизми за помош како и при секоја елементарна непогода. - Оваа Влада никогаш не ги оставала граѓаните сами да се снаоѓаат. Им благодарам на институциите и на градоначалниците ...
Исклучително високи вредности на удари на ветер, приближни до историските рекордни вредности регистрираше Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР) во текот на вчерашното невреме, врз основа на податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици. На повеќе локации во државата, според податоците на УХМР, беа регистрирани оркански удари на ветер со брзина од над 130 километри на час, што претставува редок и разорувачки ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени Целзиусови. Како што информира Управата за ...
Американската компанија за вештачка интелигенција, „Опен-АИ“ соопшти дека за време на внатрешна евалуација, нивниот систем за ВИ независно ги хакирал серверите на „Хагинг фејс“, користејќи украдени акредитиви и непозната ранливост. „Опен-АИ“ го опиша инцидентот како невиден случај во којшто ВИ-агент „дејствувал самостојно за да постигне тесно дефинирана пробна цел“. Според компанијата, системот „отишол до крајни граници“ за да добие ...
САД извршија нов бран воздушни напади врз цели во Иран, додека Вашингтон порача дека е подготвен за дијалог и преговори со Техеран, но и дека ќе преземе мерки за заштита на своите интереси и интересите на сојузниците. Централната команда на вооружените сили на САД (СЕНТКОМ) соопшти дека операцијата против Иран завршила во 00:15 часот по Гринич, односно во 03:15 часот по локално време. Според соопштението, во текот на ноќта биле погодени ...
Воените операции против Иран досега ги чинеле САД 37,5 милијарди долари, изјави синоќа американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за време на сослушување пред Конгресот. Тоа претставува зголемување од речиси осум милијарди долари во однос на последната јавно објавена проценка на трошоците. Хегсет пред американските законодавци изјави дека во сумата се вклучени и очекуваните трошоци до 30 септември. Ова е првпат Хегсет јавно да одговара на ...
Силното невреме што вчера зафати делови од Балканот предизвика повеќе штети во Босна и Херцеговина и Хрватска, откако гром усмрти околу 30 овци во БиХ, а предизвика и шумски пожар во близина на Макарска. Според босанската национална телевизија, гром синоќа удрил во стадо овци на планината Хрбина во Босна и Херцеговина, при што угинале околу 30 животни. Подрачјето на општина Бугојно беше зафатено од силно невреме, при што за еден час наврнале ...
20-тина лица се здобија со полесни и потешки повреди по силното невреме кое попладневно го зафати Скопје. Според последните информации на Ургентниот Центар во Скопје лекарска помош побарале 9 лица од кои едно лице со потешка повреда на главата и двајца со скршеници, додека 6 лица биле донесени и во старата Градска болница со полесни повреди, набиенци и посекотини и едно лице кое е задржано на опсервација поради повреди на карлица. Невремето ...
Поради невремето проследено со силен ветер, кое попладнево го зафати Скопје до овој момент преку Единствениот број за итни повици 112 се евидентирани повеќе од 1.000 повици од граѓани, информира во објава на директортот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али. Во Скопје е пријавена падната кровна конструкција од зграда на ул. „Женевска“ бр. 10, при што се оштетени повеќе патнички возила. Регистрирани се и паднато дрво врз моторно ...
Шест повредени во невремето во Скопје се донесени во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” кои се со посекотини и набиеници. Сите лица се третираат амбулантски, изјави за МИА, директорот на Клиниката, д-р Небојша Настов. Тројца од повредените по амбулантскиот преглед, се пуштени дома, а тројца се во фаза на испитување. - Сите се во стабилна состојба. Првично не оддаваат впечаток дека ќе бидат задржани на натамошно ...
Во Градската општа болница „8 Септември“ не се примени повредени лица во невремето во Скопје, но е предизвикана огромна материјална штета, изјави за МИА директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски. Посочи дека чекаат комплетен увид за да се утврди обемот на штетата. - Тоа ние денеска нема да го знаеме прецизно додека не излезе проценител на терен и не се направи официјален записник за штета од надлежните институции. Засега најголема штета ...
Општина Центар информира дека сите расположливи служби се максимално мобилизирани и интензивно работат на расчистување и санирање на последиците од силното невреме што го зафати градот. “Веднаш е свикан кризниот штаб, по што уследија теренските активности. Приоритет се јавните површини, општинските сервисни улици и отстранувањето на откорнатите дрва и оштетените покривни конструкции. Во моментов, активностите се најинтензивни во Капиштец, ...
Во Црна Гора има големо невреме кое во моментов се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица зафати повеќе делови од државава попладне по 17 часот, предизвикувајќи штети во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Струмичко... МИА Во Црна Гора има големо невреме кое во моментов се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за ...
Американските сили десетта ноќ по ред извршија напади врз Иран. Мета биле командни центри, ракетни и дронски позиции, како и системи за воздушна одбрана, со намера да се ограничи способноста на Техеран за напади врз бродови во Ормускиот теснец. Иранската Револуционерна гарда пак тврди дека извела ракетен напад врз инфраструктура поврзана со Amazon во Бахреин, но засега нема официјална потврда. Во меѓувреме, американскиот претседател Donald ...
Дваесет и шестгодишен жител на селото Митрашинци, беровско, е лишен од слобода откако бил затекнат како управува автомобил под силно дејство на алкохол. Според информациите од МВР, на 20 јули околу 15:05 часот, полициски службеници од ОВР Делчево при сообраќајна контрола на булеварот „Македонија“ запреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски таблички, управувано од А.Т. (26). При извршеното алкотестирање било утврдено дека возачот ...
Амбасадата на Грција во Скопје започна кампања наменета за македонските граѓани кои имаат грчко потекло и можеби ги исполнуваат условите за стекнување грчко државјанство. „Грција има потреба од вас. Зајакнете ја вашата врска со вашата татковина“, стои во пораката објавена од амбасадата. Во кампањата се наведува дека заинтересираните можат да добијат информации за условите, потребната документација и чекорите за поднесување барање за ...
Тензии во Собранието поради Законот за високо образование. Европскиот фронт се обидува да го блокира неговото носење. Пратеникот Сали Мурати на процедарелен говор на Комисија, наместо 3, говореше цели 45 минути. Имаше голем број критики на процедурата која се води во Собранието бидејќи, тврди дека не бил испочитуван Деловникот за закажување на Комисија пет дена претходно, туку вели дека тоа било направено од денес за утре. Поради неможноста ...
Силно невреме проследено со пороен дожд и силен ветер вчера попладнето го зафати Делчево, оставајќи зад себе низа оштетувања и прекини во електроснабдувањето. Од околу 19 часот градот остана без електрична енергија, откако невремето предизвика дефект на далноводот во близина на Турските гробишта. Граѓаните пријавија и падната електрична бандера, а екипите излегоа на терен за отстранување на последиците. Најсериозен инцидент беше регистриран ...
Со највисоки државни и воени почести претседателката на Индија Друпади Мурму ја стартуваше дводневната посета на Македонија. Зајакнување на билатералните односи, но и отворање на резидентна Амбасада на Индија во земјава, се само дел од договорените работи со нејзината домаќинка претседателката Гордана Силјановска Давкова. Контактите меѓу Скопје и Њу Делхи мора да станат поамбициозни, се согласиле двете страни. Претседателките поставиле ...
Скандалот со загадената вода за пиење во Гостивар ја разгоре политичката сцена. Власта и опозицијата меѓусебно си ја префрлаат вината и бараат одговорност за епидемиолошката состојба и загрозеното здравје на граѓаните. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ со директни обвинувања до градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани. Владејачкото мнозинство смета дека тој мора да поднесе морална одговорност и оставка бидејќи, како што наведуваат, е одговорен за ...
Два стомачни вируси и една бактерија детектирани кај двајцата хоспитализирани гостиварци на Клиниката за Инфективни болести. Не биле задржани на болничко лекување поради потешка клиничка слика, туку како што вели директорот на установата за дополнители анализи. Но нивните идентични резултати не се доказ дека загадената вода е причина за состојбата додсека не бидат испитани примероци на поголем број на пациенти. Уште тројца лица од Гостивар ...
Дополнителни контроли и вонредни инспекции на целиот водоснабдителен систем, откако во Вруток беа откриени диво поставени пумпи кои вбризгувале нечиста вода во главниот цевковод на градот - чии крајни консумирачи се гостиварци. Инспекторите на АХВ земале мостри од чешми во градинки, црква, џамија, болница и угостителски објекти и примероците веќе се испитување. Додека се чекаат официјалните резултати од Институтот за јавно здравје, на сила ...
Затоа што гостиварци речиси 20 дена пиеле и користеле вода загадена со фекалии, Обвинителството бара 30-дневен притвор за в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ и двајца раководители. Засега, според Обвинителството, токму тие тројца се одговорни за епидемијата што го зафати Гостивар и ги преполни болниците со пациенти со симптоми на труење. Скандалот се разоткрива по анонимна дојава на 16 јули, кога од Обвинителството наредиле итно да се излезе ...
Бројот на прегледи на заболени со стомачни тегоби во Гостивар се намалува и претпоставка е дека тоа е заради првите мерки, изјави попладнево министерот за здравство Сашо Клековски по посетата на Општата болница во Гостивар. - Според последниот извештај имаме преполовување на бројот на нови прегледи, односно првпат прегледани пациенти, односно 293 нови случаи. Тоа е преполовување во однос на саботата, кога беше врвот на епидемијата. ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.Д.(75) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 20.03.2026 во атар на с.Ерџелија, светиниколско, пријавениот запалил сувата трева и трска и предизвикал пожар кој се префрлил и зафатил соседните парцели, соопшти МВР. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети ...