Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Во рамки на засилените активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога, полицискиот Работен тим (Task Force) спроведе координирани акции на територијата на целата држава. Во текот на викендот биле извршени 13 претреси, при што полициските службеници извршиле проверки на 197 возила и 295 лица. Како резултат на акцијата, од слобода биле лишени 13 лица, а биле пронајдени и одземени 79 пакувања со наркотични материи. При активностите ...
Од денеска (20.07.2026) до 23.07.2026 во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателката на Република Индија, г-ѓа Друпади Мурму. Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово, кое извршувало работни задачи како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, поради постоење основи на сомнение дека сторило кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 и „Фалсификување исправа“ од член 378 од ...
Генералниот секретар на Арапската лига, Набил Фахми, во неделата предупреди за сериозните последици од тековната ескалација во регионот, повикувајќи на напори за избегнување на обновен циклус на насилство. Тој ги повика САД и Иран веднаш да работат на деескалација на тензиите, истакнувајќи дека продолжената ескалација само ќе донесе дополнителни загуби за сите страни. Предупреди на ризикот ситуацијата да излезе од контрола, што ќе доведе до ...
Шпанската репрезентација го освои Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико. Во финалето, Шпанија ноќва ја победи Аргентина со 1:0 по продолженија. Феран Торес го постигна единствениот гол во 106. минута, по асистенција на Нико Вилијамс. Двајцата играчи влегоа како резерва за време на натпреварот. По основните 90 минути резултатот беше нерешен 0:0. Шпанија доминираше во текот на сите 120 минути и сосема заслужено го освои ...
Најмалку 15 лица се уапсени за време на немирите што избувнаа во центарот на Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство, објавија аргентинските медиуми. -Тројца полицајци се повредени во нападите. Исто така, регистрирани се кражби на телефони и лични предмети. Официјални извори потврдија дека најмалку 15 лица се уапсени во врска со овие инциденти, објави TN. По поразот на Аргентина од Шпанија, илјадници навивачи ...
Шпанскиот играч од средниот ред Родри е прогласен за најдобар играч на Светското фудбалско првенство 2026 година во изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Триесетгодишниот фудбалер не успеа да постигне гол во осум натпревари на турнирот. Во финалето, Шпанија ноќеска ја победи Аргентина со 1:0 по продолженијата. Родри претходно го освои Европското првенство во 2024 година и Лигата на нации 2022/23 со Шпанија. Тој постигна четири ...
Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси ги искажа впечатоците по поразот (0:1) од Шпанија ноќеска во финалето на Светското првенство 2026. – Тажен сум, но разбирам дека дадовме сè од себе. Шпанија беше подобра, да бидам искрен. Го загубивме натпреварот и го прифаќаме тоа. Тоа не значи дека ќе заборавиме сè што направивме претходно, па затоа би сакал да им се заблагодарам на моите луѓе, моите играчи и мојата земја, ...
За денеска е закажан состанок со производителите и со дистрибутерите, на којшто ќе се разговара за продажните и набавните цени на основните производи. Како што кажа во четвртокот министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по седницата на Економско-социјалниот совет, контролите што ги спроведе Државниот пазарен инспекторат на над 700 производи покажале дека во периодот од мај 2025 година до мај 2026 година, просечните набавни цени кај ...
Кувајт соопшти дека неговата противвоздушна одбрана пресретнала непријателски дронови кои долетале од територијата на Иран, додека Техеран ги продолжува нападите врз земји во кои се распоредени американски воени бази, во услови на ескалација на конфликтот со САД. Кувајтските вооружени сили рано во моментов преку платформата „Икс“ информираат за пресретнати дронови што доаѓаат од насока на Иран, без да објават дополнителни детали. Воздушна ...
Тридневен топлотен бран од денеска до среда ќе ја зафати цела Грција, при што температурите на места ќе достигнат и над 40 степени Целзиусови, јавуваат грчките медиуми. Поради најавените екстремно високи температури, вчера заседаваше Специјалната комисија за проценка на ризици, а Цивилната заштита упати препораки до граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни поради ...
Заради зголемениот број на заболени со стомачни тегоби, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје пријавија епидемија. Во изјавата која ја дадоа попладнево во тетовскиот центар ги наведоа и причините за овој чекор. Засега не се знае што ја предизвика заразата во Гостивар. - Поради зголемениот број на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво, Центарот за јавно здравје Тетово, Одделение за епидемиологија Гостивар, ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се огласи на Фејсбук по повод печатената грешка на билбородот што беше поставен на влезот на Скопје. Тој во објавата напиша дека кој работи и греши и оти печатената грешка е веќе корегирана. -Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми. Веќе нема заборавени маала и ...
ТППЕ Струмица уште од раните утрински часови е ангажирана на гаснење на пожарот на депонијата кај село Добрашинци. На терен интервенираат две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители, кои континуирано работат на локализирање и целосно ликвидирање на пожарот, објавија пожарникарите доцна попладнево. Се додава дека во интервенцијата активно е вклучено и ЈПКД „Комуналец“ - Струмица, чија механизација работи на затрупување на депонијата ...
Продажните и набавните цени на основните производи ќе бидат во фокусот на состанокот што за утре го закажа министерот за економија Дурмиши со производителите и дистрибутерите. Новата рунда разговори следува по контролите на Пазарниот инспекторат, кои покажале дека од мај лани до мај годинава набавните цени на прехранбените производи и средствата за хигиена пораснале во просек за 2,6 проценти, додека продажните цени се зголемиле за 4,5 ...
Годинава конечно заврши проектот за конзервација и реставрација на иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп кој што е трет во Македонија според својата вредност, после иконостасите во црквата Св. Спас во Скопје и оној во Бигорскиот манастир. Го изработила тајфата на познатиот копаничар Петре Филипоски – Гарката. Лани и годинава се работеше на конструктивното зајакнување, како и тонирањето и враќање на елементите кои беа отпаднати ...
Охрид го живее шпицот на туристичката сезона.Градот е полн со гости од сите краеви ширум светот. Исполнети се плажите долж охридското езеро угостителските објекти ,терасите и кафулињата ,а раздвиженост има и низа чаршијата и стариот дел од градот. И оваа сезона карактеристично е тоа што најголем дел од посетителите се транзитни или со краток престој од само неколку денови. Прогнозите на туристичките работници се целосна исполнетост на ...
Сточарите од делчевскиот регион се соочуваат со нов удар врз своето производство. По проблемите со пласманот на млекото, сега велат дека речиси целосно запрел и откупот на јунци и телиња. Животните со недели остануваат во шталите, а трошоците за нивно одгледување секојдневно растат. Производителите сметаат дека главната причина е зголемениот увоз на поевтино месо, поради што домашниот добиток останува без пласман. ,,Наидуваме на голем проблем ...
Со растот на температурите расте и бројот на туристи во Дојран. Засега најголема е посетеноста за време на викендите, но според информациите од локалната самоуправа, веќе се пополнуваат сместувачките капацитети и во работните денови. Традиционално, туристичкиот шпиц се очекува во последната недела од јули и во текот на август. Покрај домашните гости, се почесто може да се сретнат и странски туристи, пред се од соседна Србија кои велат дека ...
Реформската агенда повторно стана поле за политичка пресметка. Власта и опозицијата, со меѓусебни обвинувања за тоа кој ги кочи промените и кој ја доведува во прашање европската перспектива на земјата. Од СДСМ обвинуваат дека премиерот испраќа контрадикторни пораки за Реформската агенда. Повикувајќи се на најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото, обвинуваат дека во земјава нема суштински напредок во реформите во ...
Седум ленти не се доволни за да се намалат гужвите на граничниот премин со нашиот јужен сосед. Колоните на Богородица се километарски, а патниците се заглавени со часови, покажуваат назорните камери. Граѓаните се револтирани од чекањето на високите температури. Дека летната сезона е во полн ек покажуваат и податоците на МВР. Од 17 јули до денеска напладне, преку граничните премини Табановце и Богородица од државата излегле вкупно 79.899 лица, ...
Крушево доби Центар за услуги преку кој граѓаните ќе можат полесно да пристапуваат до електронските услуги и да добијат поддршка при нивното користење, соопшти денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, денеска го промовираа новиот Центар за услуги во Крушево, кој е шеснаесетти ваков центар во мрежата на Министерството. ...
Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Во тек се теренски увиди, епидемиолошки анкети и консолидација на пристигнатите пријави, по што Центарот за јавно здравје од Тетово како надлежен треба да донесе соодветна одлука, наведуваат до МЗ. -Во периодот од 18 јули во 08:00 часот ...
Најмалку едно лице загинало а уште петнаесетина се повредени во нападот кој во текот на ноќта руската војска го извршила врз Киев. Според информациите станува збор за еден од најмасовните напади во последните месеци од војната. Кон украинскиот главен град биле лансирани балистички и хиперсонични ракети кои предизвикале штети и во станбени квартови Руските напади доаѓаат по вчерашните на украинската војска кои предизвикаа штети во руски центри ...
Гостивар пред прогласување на епидемија од заразна болест. По 6 дена откако почна напливот на болни со стомачни тегоби, Центарот за јавно здравје Тетово по препорака на ИЈЗ треба да донесе ваква одлука поради зголемување на стапката на заболени лица и се уште големиот број на гостиварци кои бараат лекарска помош. -Мерките за контрола и превенција се цело време активни, она што би се дополнително добило преку пријавување на епидемија е подобра ...
Владата, во врска со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, од првиот момент е во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните. Покрај институционалниот одговор, постапувањето на надлежните органи и спроведувањето на сите неопходни контроли и анализи, Владата донесе одлука од денеска и во наредните неколку дена интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за ...
Соединетите Американски Држави вчера извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ). Според соопштението, нападите имале цел веднаш да го казнат иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) по загинувањето на двајца американски војници во Јордан при ирански напад во петокот. Од ЦЕНТКОМ наведоа дека ударите биле насочени и кон дополнително намалување на ...
Францускиот претседател Емануел Макрон му се обрати на селекторот Дидие Дешан, кој се пензионираше од репрезентацијата. Педесет и седумгодишниот тренер ја напушти репрезентацијата по натпреварот за третото место на Светското првенство во 2026 година против Англија (4:6). Дешан ја тренираше француската репрезентација од 2012 година. -Денес е пресвртница во историјата на францускиот фудбал. Ти благодарам, Дидие Дешан, за легендарните победи, ...
Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во ноќните руски напади врз Киев, извршени со балистички ракети, соопшти украинската Државна служба за вонредни состојби. Нападот следува само еден ден откако во украинските удари врз цели во Русија беше пријавен поголем број жртви. Експлозиите се слушале дури и во внатрешноста на противвоздушните засолништа, а една од нив била толку силна што ги активирала алармите на паркираните автомобили во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека загинувањето на двајца американски војници во Јордан е трагедија, но нагласи дека воената мисија поврзана со Иран останува од клучно значење за САД. Тој ги одбрани новите воздушни напади на американската војска, кои беа изведени како директен одговор против силите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), пренесува весникот „Њујорк пост“. – Го направивме тоа затоа што не сакаме ...