Силното невреме проследено со обилни дождови и со бурен ветер, кое вчера зафати делови од Словенија, предизвика значителна материјална штета, а до утрово регистрирани се 33 интервенции само на подрачјето на Крањ. Обилните врнежи поплави куќи и подруми на станбени згради, додека силниот ветер оштети покриви и урна голем број дрвја. Во текот на доцните вечерни часови невремето се премести кон Горно Посочје, откако над Италија се формирал ...

За изминатите 24 часа до 8 часот утрово најмногу количини воден талог од 5 литри на метар квадратен (l/m2) се измерени во Берово, следат Куманово и Крива Паланка од 4 л/м2 и 1 л/м2/ во Виница и во Гевгелија. Како што соопштуваат од Управата за ходрометеоролошки работи, дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Управта, а поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска заедно со градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, ќе означат почеток со работа на новата канцеларија за административни услуги во Општина Крушево – „Центар за услуги – ЕТУ Крушево“. Како што соопштија од Министерството за дигитална трансформација, предвидени се изјави за медиумите од страна на министерот Андоновски и градоначалникот Чонески. Министерот за ...

Приведени биле три лица во текот на вчерашниот ден по претреси на скопската територија и пронајдени дрога, пиштол и куршуми, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. - На подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје ги лишија од слобода С.Б. и Е.А., на возраст од 21 и 33 години, двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес од страна на полициски службеници од ...

Агенцијата за храна и ветеринарство на 17 јули издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат мерките до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба. До официјално ...

Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализи и испитувања на квалитетот на примероците од водата од гостиварскиот водовод, а резултатите се очекува да бидат готови утре за да се утврди натамошниот тек на постапката, информираат од Обвинителството. -Според најавите, резултатите треба да бидат доставени до надлежното обвинителство утре, по ...

Полициски службеници вчера уапсиле двајца крадци во Стар Дојран откако одзеле пари од маркет - соопшти Министерството за внатрешни работи. -Вчера во 17:15 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија ги лишија од слобода Х.М.(21) и 17-годишен малолетник од Скопје. Тие истиот ден од каса на маркет во Стар Дојран одзеле пари, кои се пронајдени кај нив и одземени. Известени се јавен обвинител од Основното јавно ...

Европската Унија во 2024 година имала 15,7 професионални судии на 100 000 луѓе, што е намалување во споредба со 17,7 во 2014 година. Македонија, според податоците на Евростат, во 2024 година имала 20,1 судии на 100 илјади жители. И кај нас, исто како во ЕУ, бројот на професионални судии има тренд на намалување, и е намален за повеќе од четири споредено со 2019 кога имало 24,3 судии на 100 илјади жители. Меѓу земјите на ЕУ, Хрватска и ...

До вторник во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, на одделни места можно е невреме со појава на град. Промена на временските услови се очекува од среда, кога поради продор на постудена воздушна маса од север и ...

Фејсбук утрово се соочи со глобални технички проблеми, поради кои голем број корисници не можат да пристапат до своите профили преку десктоп-верзијата, а дел пријавуваат потешкотии и со мобилната апликација. Според „Доундетектор“, проблемите започнале околу 9 часот, по што биле регистрирани илјадници пријави од повеќе земји. При обид за најава, на дел од корисниците им се појавува порака дека профилот е привремено недостапен поради технички ...

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, им се обрати на своите соиграчи, тренери и персонал. – Најубавото нешто во текот на сите овие години никогаш не биле само титулите, туку целото патување. Споделувањето на секој ден со овој тим, натпреварувањето заедно, издигнувањето на висината на пригодата и уживањето во секој чекор. Благодарам на секој од моите соиграчи, тренерскиот персонал и на сите што работат секој ден за да го направат овој тим ...

Англија ноќва ја победи Франција со 6:4 во натпреварот за третото место на Светското првенство во 2026 година во Мајами, САД. Во првото полувреме, Англија постигна четири неодговорени гола, постигнати од Деклан Рајс (3. минута), Езри Конса (18) и Букајо Сака (37. и 45. минута). Во 48-мата минута, Килијан Мбапе намали на 1:4, Бредли Баркола во 54. минута намали на 2:4, Мбапе со својот втор гол во 66. минута ја доближи Франција на само еден ...

Контроверзните инфлуенсери Ендру и Тристан Тејт вчера беа уапсени од страна на федералните власти во Мајами, соопшти Американската маршалска служба. Тие се уапсени откако британските власти објавија дека поднесуваат нови обвиненија против нив, јави Би-Би-Си. Портпаролот на службата Брејди Меккарон изјави дека судските документи и останатите материјали поврзани со случајот засега нема да бидат објавени во јавноста. Кралската служба за ...

Крушево уште докажа дека полека но сигурно станува дестинација за 4 сезони која е посетувана преку целата година. За прв пат се одржа настанот Крушево отворени денови или саем за туризам, креативни индустрии и гастрономија на кој издавачите на соби, угостителите како и производителите на разни локални специјалитети можеа да ги претстават своите услуги и производи пред гостите. Од здружението „Културен манифест“ кои го организираа овој саем ...

Од понеделник нов раст на цените на горивата. Премиерот Мицкоски рече дека сè уште нема точна пресметка колкаво ќе биде новото зголемување, но како причини ги посочи повисоките цени на нафтата на светските берзи и курсот на доларот. По последното покачување неделава, кога дизелот поскапе за пет и пол денари, а бензините за денар и пол, Мицкоски најави дека Владата повторно ќе интервенира со намалување на акцизите. „Немаме направено ...

Најмалку седум лица загинаа, а 50тина се повредени во напад со украински дронови во рускиот регион Тамбов. Нападнато е и складиште за нафта во поширокиот московски регион. Зеленски соопшти дека биле погодени логистички објекти што Русија ги користела за снабдување со делови за производство на дронови и навигациска опрема a нанесена била штета и на неколку бродови. Руските власти го потврдија бројот на жртви без да изнесат повеќе детали аз ...

На 17.07.2026 во 22:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат за с. Требош, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Г. (25) од с. Требош, кој возилото го управувал без возачка дозвола односно сторил кривично дело по член 297-а од КЗ и е лишен од слобода, и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (80) од с. ...

Камените кукли – природна реткост која требаше да биде туристичка атракција, периодов се претворија во место на спор, контроли и институционални постапки. Откако во јавноста излегоа сведоштва за наплата на влезници, спорно управување со просторот и наводни притисоци врз посетители, надлежните институции започнаа проверки дали биле прекршени законите. Приказната за наплата на паркинг и влез на локалитетот стана јавна откако еден посетител ...

Шест вили од римскиот период откриени на трасата на идниот интерконективен гасовод помеѓу Македонија и Грција. Ова се резултатите од заштитните истражувања кои во изминатите неколку месеци ги спроведе стручниот тим на струмичкиот Завод и Музеј, на потегот од граничната линија со Грција па сeдо 38 от километар од идниот гасовод. Станува збор за остатоци од луксузни вили кои во тоа време биле во сопственост на побогати граѓани и служеле за ...

Автопатот Охрид-Кичево се очекува првиот квартал најдоцна следната година да биде завршен и пуштена таа делница во употреба за граѓаните да може да ја користат истакна премиерот Мицкоски при денешната посета во Дебарца додавајќи дека оваа година за прв пат има ретка ситуација да се градат 6 автопадски делници одеднаш. Сите населени места од Струга Дебарца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево рече заменик претседателот на Владата ...

Изврештајот на ЕК за владеење на правото е најдобриот кој досега го добила државата,но не е одличен, оценува премиерот Христијан Мицкоски. Вели владата е свесна за критиките кои сме ги добиле, но дел од забелешките се контрадикторни. Иако Брисел критикува дека независноста на правосудството останува под притисок, Мицкоски со порака дека нема да запрат неговите критики додека не види резултати. Порача дека сите барања на судско обвинителската ...

Микробиолошката анализа на земените примероци вода ќе покаже што ја предизвика здравствената криза во Гостивар. Граѓаните се уште се во паника и страв и бараат одговори како над 1200 лица за три дена со речиси идентични симптоми на труење побарале лекарска помош. Во гостиварската болница на опсервација има неколку деца а персоналот успешно се справува со напливот на болни, потврди министерот за здравство кој денеска го посети градот откако ...

По 23-ти пат започна Пиво фест во Прилеп. Градот под Марковите кули повторно ги собра љубителите на ладното пиво и вкусната скара, а сето тоа надополнето со добра забава и музика за сите вкусови. Имаше гости од цела Македонија, наши иселеници, како и странци кои слушнале дека тука се одржува Фестивал на пивото. „Ние сме од Шпанија од Марага. Убаво е тука, ни беше интересно да видиме каков фестивал одржувате тука. Ние сме тука на одмор, бевме ...

Според бројот на жители, општина Карбинци влегува во првата група со најмногу жртви и случени сообраќајни несреќи во државата. За да ја зголеми безбедноста на своите сограѓани, локалната самоуправа ќе поднесе иницијатива до МВР за инсталирање на камери од „Save city“, а како мотив младите да не возат без положен возачки испит, градоначалникот донесе одлука да се субвенционираат дел од средствата за добивање на возачка дозвола. Виктор Паунов, ...

Прогласување епидемија во Гостивар нема да има, сè додека не се утврди причината за големиот заболени и стомачни тегоби. Потребни повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот, рече министерот Сашо Клековски по посетата на гостиварската Општа болница. Тој информираше дека бројот на пациенти кои се јавуваат со слични симптоми и ист како и изминатите денови. - Првите пациенти се јавиле на ноќта на 13-ти јули и оттогаш таа бројка ...

Македонија денес се наоѓа пред избор кој ќе ја одреди нејзината економска иднина. Додека Европа забрзано инвестира во критичните минерали неопходни за зелената транзиција, а соседните држави отвораат нови рудници и привлекуваат милионски инвестиции, кај нас сè уште траат дебати кои премногу често се водат со емоции, а премалку со факти. Како локална иницијатива од струмичкиот регион, ние не гледаме на проектот „Иловица – Штука“ само како на ...

Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика. Прогресот е околу 80 до 90 проценти и се очекува реконструкцијата да биде завршена согласно утврдениот рок односно до крајот на летото. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека се работи паралелно на четири проекти и дека реализацијата оди добро. - Таму имаме четири проекти што се одвиваат паралелно. Прогресот е некаде меѓу 80 и 90 ...

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со актуелната состојба во Гостивар каде голем број граѓани се жалат на стомачни тегоби, нагласи дека се преземат сите мерки и оти ќе има одговорност за случајот. - Во овој момент сите институции се на терен, се преземаат мерки, се испитуваат мостри од водата и имаме процес кој го води и Обвинителството. Мислам дека многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило, кој е тој кој што дал ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, го нарече Светското првенство 2026 најдобро во историјата. Тој оваа оценка ја даде на прес-конференцијата со американскиот претседател Доналд Трамп. Официјалниот претставник претходно ги именува сите Светски првенства најдобри од неговиот избор за шеф на организацијата во 2016 година. Во 2018 година, тој го пофали Светското првенство одржано во Русија, а во 2022 година, Светското првенство во Катар. – ...

Повеќе од 100 куќи се уништени во пожарот што избувна вчера во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но засега нема извештаи за жртви или исчезнати лица, соопштија спасувачките служби. „Можеме да зборуваме за катастрофа кога сме погодени од толку голем пожар“, изјави синоќа градоначалникот на Драмен, Цел Арне Хермансен. Голем пожар беснееше во областа Крокстаделва во текот на попладневните и вечерните часови, пренесоа медиумите. МИА ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
5.29
27%
1010
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
4.0
32%
1009
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
4.79
39%
1013
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.63
33%
1010
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
5.18
28%
1008
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
0.89
57%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
36%
1008
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.3
33%
1010
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.02
33%
1010
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
0.89
41%
1009
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
4.02
40%
1012
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
4.88
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Иридиум

252383.36

Злато

137126.15

Паладиум

43435.66

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Платина

55652.94

Сребро

2005.37

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.27

Калај

56.77

Бакар

13.54