Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Да се конзумира исклучиво купечка вода, а по детално прочистување на системот, водата од чешма да се користи со превривање. Ова се итните медицински препораки по масовното труење во Гостивар. Додека над 1200 граѓани се лекуваат од стомачни тегоби, микробиолозите предупредуваат на опасноста од загадувањето кое ги поттикнало симптомите. Според микробиологот д-р Пановски по толкав број на заболени во град како Гостивар, станува збор за епидемија ...
Во првите шест месеци од годинава, историски рекордна фреквенција е регистрирана на граничниот премин „Блато“ на македонско - албанската граница кај Дебар. - На овој премин, во периодот јануари - јуни вкупниот проток на патници изнесува 778.702 наспроти 574.737 во истиот период минатата година. Доколку се направи споредба со 2024 бројот е речиси двапати поголем, кога минале 370.827 патници, изјави за МИА, Стефан Димоски, портпарол на ...
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека на 15 јули до Европската Унија е доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што, како што вели, уште еднаш покажавме дека реформскиот процес го водиме одговорно, транспарентно и со јасна посветеност кон исполнување на европската агенда. - Уверен сум дека во динамиката на реализацијата ќе бидеме далеку пред многу други и покрај обидите процесот да биде забавен преку блокирањето на ...
Бројот на ученици и студенти што се сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во 2025/2026 година изнесува 5.232, што претставува зголемување за 7 проценти во однос на претходната 2024/2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во 2025/2026 година во државава имало 9 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта. Во нив е обезбедено сместување за ...
Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откога ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение - изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески. Одговарајќи на новинарско прашање дали Обвинителството ќе поднесе жалба, Савески рече дека како и во секој друг предмет, најнапред ќе биде разгледано целокупното образложение на судската одлука. - ...
Полициските службеници од РЦГР Север денеска околу 08:00 часот постапувајќи согласно Оперативниот план за спречување на криумчарење преку државната граница, на подрачјето на с. Танушевци, поточно на граничната линија помеѓу с. Танушевци и с. Мијак, забележале лица како вршат претовар и размена на стока во товарно возило „фолксваген“ со косовски национални ознаки и товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки - соопшти Министерството ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информира дека во општина Шуто Оризари почнуваат конкретни градежни активности за реконструкција на улицата кон Горно Оризари, која со децении беше во катастрофална состојба. -Денес сум во Горно Оризари, во општина Шуто Оризари, каде започнуваме конкретни градежни активности за подобар и подостоинствен живот на жителите од овој дел на Скопје. Заедно со министерот Ерџан ...
Дресот што бразилската фудбалска легенда Пеле го носеше во финалето на Светското првенство во 1958 година е продаден за 4,88 милиони долари на аукција во „Сотби“. Бразил во финалето го совлада домаќинот Шведска со 5-2, а тогаш 17-годишниот Пеле постигна два гола и ја освои првата од трите светски титули во својата кариера. Пеле по финалниот натпревар одигран на 29 јуни 1958 во Стокхолм му го подари дресот на соиграчот Диди, кој подоцна го ...
Со тек на времето се оптоваруваат оските на возилото. Кај автомобилите со преден погон, кои се најзастапени на патиштата, предните гуми го поднесуваат најголемиот товар, управувајќи со него, сопираат и ја пренесуваат силата на моторот на коловозот. На тој начин доаѓа до значително побрзо трошење на предните од задните гуми. Ова директно ја загрозува безбедноста при возењето, пренесе магазиниот Феникс. Според германскиот автомобилски клуб ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека декласифицирал разузнавачки информации кои, според него, покажуваат кинеско мешање во американските избори, обновувајќи ги долгогодишните забелешки по однос изборната безбедност. Трамп изјави дека Кина незаконски прибавила изборни податоци за околу 220 милиони Американци, вклучувајќи имиња, адреси и други информации поврзани со регистрацијата на гласачите. Тој обвини дека делови на ...
Основното јавно обвинителство Гостивар презема конкретни истражни дејствија во врска со случајот со можна неисправна вода за пиење, откако повеќе граѓани побарале лекарска помош поради здравствени тегоби за кои постојат сомневања дека се поврзани со водоснабдителната мрежа. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска информираше дека на подрачјето на Основното јавно обвинителство Гостивар се спроведуваат проверки ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има ...
Политички мотивираниот тероризам не смее да остане слепа точка во нашата заедничка безбедносна архитектура. Современите закани бараат координиран одговор, силни институции, цврсти партнерства и целосно почитување на владеењето на правото, објави на Фејсбук шефот на допломатијата Тимчо Муцунски, кој на покана на државниот секретар на САД, Марко Рубио, во Вашингтон учествуваше и се обрати на министерскиот состанок посветен на заканите од ...
Гром предизвика пожар во атарот на селото Макреш, во општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Старо Нагоричане. Во пожарот изгореле стрниште, сува трева и нискостеблеста шума на површина од околу 15 хектари. Според информациите од ТППЕ Старо Нагоричане, на терен интервенирале две противпожарни возила и шест пожарникари, со помош на двајца ...
НККР Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против Д.П. (39) од Скопје за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по чл. 383-б ст.1 од Кривичниот законик. Пријавената Д.П. во периодот од 18.11.2022 до 21.08.2024, во својство на одговорно лице-претседател на Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за ...
Косовски државјанин е лишен од слобода откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник кој го запрел за детална контрола. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и ...
Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека се преземени активности за заокружување на процесот на регистрација во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), кај граѓаните кои имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена. По извршени проверки во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), утврдено е дека над 35.000 граѓани имаат поднесено барање за ...
Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, како што соопшти, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку ...
На 16.07.2026 околу 18:20 часот, инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, постапувајќи по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, презедоа итни мерки и активности на терен во село Вруток, поради сомневање за загадување на водата со која се снабдува градот Гостивар. Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три ...
До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во деновите од викендов кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени - соопшти УХМР. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени. МИА До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...
За неполн месец спасени десет давеници и реализирани 32 интервенции на прва помош од страна на спасителите од Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид долж Охридското крајбрежје . Се апелира до сите капачи да ги почитуваат правилата и да ги посетуваат плажите кои се безбедни. Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид е подготвен за туристичката сезона и располага моментално со 25 активни спасители коишто имаат меѓународна ...
Бројот на жаришта на овча сипаница во источниот дел од државата продолжува да расте. Најнов случај е потврден во одгледувалиште во селото Саса, во општина Македонска Каменица. Со ова, за неполни две недели болеста се појави во четири општини од регионот – Свети Николе, Чешиново-Облешево, Делчево и Македонска Каменица. Надлежните институции преземаат мерки за спречување на ширењето на заразата. Според податоците на Агенцијата за храна и ...
Дваесет и еден комерцијален аеродром во поранешна Југославија со редовен патнички сообраќај опслужија 13.105.289 патници во периодот јануари-мај годинава. Оваа бројка претставува зголемување од 1.074.294 патници во истиот период минатата година, а Македонија беше најбрзорастечкиот пазар во поранешна Југославија, со додадени 375.766 патници во текот на првите пет месеци од годината - пишува порталот „Екс-ју авиејшн“. Како што посочуваат, ...
Во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ во Прилеп во изминатите два дена се случил вистински baby boom. Само во последните 10 часа на Одделението за гинекологија и акушерство на свет дошле седум новороденчиња, додека во последните два дена се родиле вкупно 12 бебиња. Од болницата велат дека овој прекрасен бран на нов живот е потврда за посветената работа на тимовите од Одделението за гинекологија и акушерство и Одделението ...
Американската армија соопшти дека ја завршила последната серија воздушни и ракетни напади врз Иран, извршени шеста ноќ последователно. Според соопштението на Централната команда на САД (CENTCOM), за нападите врз ирански вцели американските сили употребиле оружје со прецизно наведување. Меѓу погодените цели биле крајбрежни набљудувачки и противвоздушни позиции, логистичка инфраструктура и објекти на иранските поморски сили. Нападите биле ...
Велика Британија од следната година ќе го зголеми своето воено присуство во Естонија со дополнителни 400 војници, согласно новото одбранбено партнерство со балтичката земја. Со таквата одлука, бројот британски војници во Естонија ќе се зголеми од 800 на 1.200, почнувајќи од април идната година, а целта е зајакнување на источното крило на НАТО и зголемување на способноста за одвраќање на потенцијални закани. „Го зајакнуваме нашето присуство ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека Франција и Германија повторно се приближуваат и дека е потребен нов поттик за билатералната соработка, особено по клучни европски и меѓународни прашања. „Сметам дека можам да кажам дека во последните неколку месеци има вистинско приближување меѓу Франција и Германија во однос на европската агенда“, изјави Макрон пред почетокот на заедничката француско-германската меѓувладина седница во ...
Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата. Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната фаза на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1. Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, на кои Аргентина победи шест пати, Шпанија пет пати, а два ...
Нов нон-пејпер за полесно и побрзо проширување, што треба да се однесува и на македонските евроинтеграции, се појави оваа недела во Брисел. Овој пат, наместо ограничено или асоцијативно членство во Унијата, какво што изминатите неколку месеци го промовира германскиот канцелар Мерц, седум држави-членки предлагаат целосно членство за земјите-кандидати, без дополнителни услови, но со рамка на заштитни механизми за следење на напредокот. ...
До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Старо Нагоричане, во атарот на селото Канарево, каде гори ниска вегетација. Под контрола е пожарот во општина Ново Село, кај селото Бајково, кој зафатил ниска вегетација и мешана шума. Според ЦУК, изгаснати се ...