Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Во заедничка акција на Македонската полиција, Американската ДСС и безбедносните органи на Албанија, спроведена во Драч, Албанија, уапсени се двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Станува збор за М.Џ. (26) од Скопје и С.Н. (34), роден во Норвешка, за кои Интерпол имал распишано меѓународни потерници поради сомнение за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои убиство, убиство во ...
Владата веќе работи на измени на правилникот за увоз на млеко во прав и палмино масло, а паралелно се подготвуваат и мерки за намалување на залихите во млекарниците и за поддршка на домашните млекопроизводители, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата планира помош за секторот. Според Мицкоски, актуелните проблеми во млекарството се резултат на претходни измени на регулативата со кои биле ...
Во главниот град на Словенија, Љубљана, синоќа се одржа протест, на кој се побара излегување од НАТО. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Израелхел“ (Israhell), кованица од англиските зборови Израел и пекол, „НАТО = мочуриште“ и „Повеќе не сакаме да сме робови на НАТО“ и апели за воведување санкции за САД и за Израел и пренасочување на воените расходи кон јавната сфера. Демонстрантите исто така изразија критики кон сегашната ...
Репрезентацијата на Франција третпат по ред е во полуфиналето на Светските првенства. Французите одиграа тактички мудар натпревар, а и нереализираниот пенал на Килијан Мбапе во првиот дел не ја сруши нивната стратегија. – Многу сме горди што сме во полуфиналето. Што се промени во споредба со 2018 и 2022 година? Па, во 2018 година, никој не ни даваше шанса. Во 2022 година, вообичаено, шампионот добро се снаоѓа дури и до осминафиналето. Ние ...
Повеќе од четири месеци по неговото убиство, поранешниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е погребан, јавија иранските медиуми. Погребот зад затворени врати се одржа во најсветото шиитско светилиште во Иран, светилиштето на Имам Реза, во неговиот роден град Машхад на североистокот од земјата, јавија неколку ирански медиуми. Церемониите за жалост траеја околу една недела. Хамнеи беше убиен во израелски воздушен напад врз неговата ...
Девет департмани во Франција од денеска напладне ќе бидат ставени во црвена фаза на тревога поради големите горештини, додека 76 департмани остануваат под портокалов степен на предупредување. Во парискиот регион и во повеќе департмани во централна и западна Франција утрово беа измерени меѓу 22 и 25 степени, додека се очекува температурата да достигне и до 41 степен, пренесува „Фигаро“. Како што се наведува, 59 департмани се изложени на ...
Израел ја предупредил американската влада за наводен ирански план за атентат врз претседателот Доналд Трамп, јавија Си-Ен-Ен и „Волстрит Џурнал“ повикувајќи се на неименувани извори. Според извештаите, иранското раководство неодамна го подготвило тој план. Детали за наводниот заговор не се откриени, пренесе ДПА. Американската администрација често добивала слични предупредувања во изминатите недели, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на ...
Иранските медиуми во четврток објавија дека капацитетот на сообраќај во Ормускиот теснец достигнал околу 50 проценти од нивото пред војната, Иран постепено го отвора теснецот во последните две недели. Се вели дека бродовите се должни да ги почитуваат безбедносните прописи на Иран, да ги следат одредените рути и да добијат дозвола од морнарицата на Револуционерната гарда. Во соопштението се предупредува дека странските сили немаат право да се ...
Пионерот во американската авијација, Воли Фанк почина на 87-годишна возраст, изјави портпаролката на Градот Грејпвајн во американската сојузна држава Тексас вчера. – Фанк, која полета во вселената во 2021 година на 82-годишна возраст и постави рекорд со својата возраст, почина во среда во Грејпвајн. Пионерот почина дома од природна смрт, опкружена со најблиските, изјави портпаролката. Инаку, Фанк полета во вселената со Џеф Безос во 2021 ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 34 степени. Според прогнозата на УХМР, в сабота ќе биде сончево и ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 12: 30 часот ќе ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. За ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Комисијата досега разгледа повеќе амандамани. Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос ...
Град Скопје информира дека од понеделник ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци во скопскиот регион. – Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 13 јули, понеделник, до 16 јули, четврток, од 22 до 03 часот наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ...
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи настан по повод одбележувањето на 11 Јули - Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Како што информираат од законодавниот дом, настанот ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, а ќе го модерира претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, Аднан Азизи. На настанот, ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши, пратеникот Амар Мециновиќ, ...
Во првите шест месеци од оваа година, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужија 1.955.648 патници, што е зголемување од 28 проценти во однос на истиот период лани и реализираа 13.167 летови, што е раст од 7,6 проценти. Само во јуни, скопскиот и охридскиот аеродром заедно имале за 15,6% повеќе патници (374.714) во однос на истиот период лани. Во првите шест месеци од оваа година, Меѓународниот Аеродром ...
Во Собранието е поднесен предлог за измени на Законот за студентски стандард со кој се предвидуваат построги правила за сместување и престој во државните студентски домови. Една од најзначајните новини е воведувањето горна старосна граница од 30 години за добивање и користење место во студентски дом. Со предложените измени се воведуваат дисциплински мерки за студентите кои ќе го прекршуваат куќниот ред. Санкции се предвидени за пушење во ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираше интервенција за безбедно отстранување неексплодирана артилериска граната од 155 милиметри, тешка околу 45 килограми, што потекнува од Првата светска војна. Oпасната граната беше пронајдена во атарот на селото Пепелиште, општина Неготино, соопштија утрово од ДЗС. - Поради непристапниот терен и локација на неексплодираното убојно средство во коритото на реката Вардар, интервенцијата ...
Автонова официјално ја претстави глобалната технолошка автомобилска марка Leapmotor, во годината кога семејниот бизнис одбележува значајни јубилеи и три децении присуство во автомобилската индустрија. Од Автонова истакнаа дека низ сите овие години останале верни на филозофијата – врвната послепродажна поддршка и грижа за клиентите се подеднакво важни како и самите автомобили. „Leapmotor за нас не е само нова марка во нашето портфолио. Тоа е ...
Енергетската независност останува еден од највисоките стратешки цели на Владата, порачува Министерството за енергетика по повод 10 Јули – Меѓународниот ден на енергетската независност. Оттаму посочуваат дека во изминатиот период се преземени конкретни чекори за енергетски независна држава која ќе произведува повеќе домашна, чиста и достапна енергија, забрзување на инвестициите во обновливи извори, модернизација на енергетската инфраструктура ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираше интервенција за безбедно отстранување неексплодирана артилериска граната од 155 милиметри, тешка околу 45 килограми, што потекнува од Првата светска војна. Oпасната граната беше пронајдена во атарот на селото Пепелиште, општина Неготино, соопштија утрово од ДЗС. - Поради непристапниот терен и локација на неексплодираното убојно средство во коритото на реката Вардар, интервенцијата ...
На 09.07.2026 во 22:20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода П.Ј.(38) и Д.Р.(28), двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес во домот на П.Ј., на подрачјето на Кисела Вода, по претходно добиена судска наредба, каде бил затекнат и Д.Р., биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и пари. По целосно документирање на случајот, ќе биде ...
Времето претстојниот викенд ќе биде сончево и топло, а во недела во попладневните часови можни се дожд и грмежи, покажуваат прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи. За утре најавено е сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Во Скопје, исто така, сончево време со мала облачност. Се очекува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Според синоптичарите, во недела ќе биде сончево со мала до ...
Македонскиот претставник Силекс направи голем чекор кон пласман во следната рунда од квалификациите за Конференциската лига, откако вечерва со 1:0 го совлада Динамо Минск во првиот натпревар. Херој на кратовци беше Есмир Хасукиќ, кој во 42. минута сигурно реализираше пенал и го постигна единствениот погодок на средбата. Силекс одигра дисциплиниран натпревар, успевајќи да ја зачува предноста до самиот крај против фаворизираниот белоруски тим. ...
Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, денес ги објави парламентарните избори за 28 ноември, објавија палестинските медиуми. Абас издаде претседателски декрет со кој ги повикува палестинскиот народ во Источен Ерусалим, Западниот Брег и Појасот Газа да учествуваат на слободни и директни парламентарни избори за членови на Палестинскиот законодавен совет, објави Вафа. Според соопштението за медиумите, целта на овој декрет е „да ...
Началникот на Генералштабот на израелската армија (ИДФ), генерал-потполковник Ејал Замир, денеска на церемонијата на доделување чин на пилоти изјави дека воената кампања против Иран „не е завршена“ и предупреди дека ги очекуваат нови големи операции. „На маса се нови планови. Сè уште има големи операции пред нас. Бидете подготвени“, рече Замир во краткото обраќање, објавува „Тајмс оф Израел“. Тој додаде дека го напуштил својот однапред ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека израелските сили ќе останат во Либан „колку што е потребно“. „Ќе останеме во безбедносната зона во јужен Либан колку што е потребно за да ја гарантираме безбедноста на нашите заедници на север“, рече Нетанјаху на церемонијата по повод завршувањето на обуката за пилотите на израелските воздухопловни сили, објави „Тајмс оф Израел“. Либан бара Израел да го исполни своето ветување да се ...
Необичен проштален подарок добија лидерите на самитот на НАТО кој се одржуваше во Анкара. Нивниот домаќин, турскиот претседател, Ердоган, им врачи пиштоли со посвета и вистинска боева муниција. Револверот е сместен во дрвена репрезентативна кутија во која има и шест куршуми, на цевката е напишано името на примателот, а во посветата пишува дека тоа е првиот револверски тип на пиштол произведен во Турција. Се работи за Гјумушај 357 Магнум, ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска изрази загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан и очекува целосно и транспаретно разјаснување и утврдување на околностите за случајот од властите во Албанија. - Како претседател на Собранието, изразувам загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на Собранието на Република Северна Македонија на граничниот премин ...
Министерството за внатрешни работи денеска информира дека во изминатото деноноќие четири лица се лишени од слобода за семејно насилство, а имало вкупно седум пријави. На 08.07.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје, 54-годишна жена од Скопје пријави дека на 02.07.2026 на подрачјето на Центар била спречена од нејзините родители да го напушти домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 08.07.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, ...
Членовите на собраниската Комисија за образование, наука и спорт попладнево на седница ги прифатија во прво читање предлог-законите за високото образование, за обезбедување квалитет во високото образование и за научноистражувачката дејност, со заклучок да се проследат во натамошно читање. Пакетот-закони го претстави заменик-министерот за образование и наука, Дритон Сулејмани, кој појасни дека тие се значаен дел од Стратегијата за 2026–2032. ...
Полициски службеници денеска на различни локации реализирале низа превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување пожари, за заштита од телефонски измами и кражби. На минувачите, полицајците им поделиле и едукативни материјали во форма на летоци со едукативните препораки. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес денеска на наплатна станица „Сопот“ на автопатот Скопје-Велес, реализирале сообраќајна превентивна ...