Опозицијата со писмо ќе ги известува земјите од Европската Унија дека македонската Влада системски ги блокирала европските интеграции. Опозицискиот лидер го отфрла обвинувањата за предавство на македонските национални интереси коментирајќи дека неговата партија го зачувала јазикот и идентитетот, а внесувањето на Бугарите во Усатвот го нарече остварување на националните интереси Премиерот и денеска повтори дека Македонија нема гаранции дека ...

МРТ ќе спроведува истрага, Агенција за медиуми веќе констатираше уредничка одговорност. Скандалозната детска песна со симболи на Голема Албанија која пред четири дена беше емитувана на вториот канал на Македонската телевизија поттикна реакции од надлежните. Надзорот покажа дека спротивно на член 48 став 2 од ЗААВМУ, емитуваната содржина на МРТ2, во рамки на музичката програма „Фестивал на детска песна – Билбилите на Кораб“, поттикнува и шири ...

Средба меѓу премиерот и новиот државен обвинител Савески не се планира во скоро време, но Владата е подготвена да ги обезбеди сите потребни ресурси и нови вработувања за тој веднаш да почне со работа. Премиерот Мицкоски ги повтори очекувањата Савески веднаш да утврди како поранешната специјална обвинителка Катица Јанева давала овластувања од притвор за предмети на СЈО, но и дали заштитените сведоци за 27 април давале искази под принуда. ...

Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов во инвалидска количка се појави во Судницата 1 во Кривичниот суд, па се пожали на влошена здравствена состојба. Судијата Илија Трпков сепак рече дека рочиштата ќе се одржуваат, но ќе бидат пократки. На првото рочиште, воведен говор имаше само обвинителката Верица Бержецка Крстева, а обвинетите не се произнесоа дали се чувствуваат виновни или не бидејќи судењето беше прекинато. Обвинителката кажа дека не ...

Седнаа во судница полицајците обвинети за пожарот во Пулс.. Сите 13мина се гонат за тешки дела против општата сигурност, бидејќи иако можеле, според обвинителството, тие не спречиле употреба на пиротехниката.. Но, по барање на адвокатите, денеска судењето не почна.. Дел имале поважни судења, други пак, бараат спојување со предметот во кој веќе им се суди на 35мина.. Според одбраната, неприфтливо било за пожарот во дискотеката да се водат два ...

Кај сите онколошки пациенти немало структуирано радиолошко следење, ниту објаснување зошто им се давало нова терапија. Вака сведочеше денеска вештакот од Србија за случајот Онкологија 1. „Не можам да потврдам дека видов кај сите пациенти структуирано радиолошко следење, особено, немаше објаснување зошто се воведува нова терапија со оглед дека ги разгледував случаи со малигни заболување на белите дробови, било неопходно да се следат“, Давор ...

Вработените во образованието ќе добијат покачување на платите за речиси 7,5 проценти - најави премиерот Христијан Мицкоски. Со ова, како што рече, од формирањето на оваа Влада досега платите во образованието се зголемени за 20-ина проценти. - Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието, што е дел од оној колективен договор што го имаме за нови 7,5 проценти. Тоа значи дека од формирањето на оваа Влада, од ноември 2024 година ...

Под влијание на циклонска активност од денес ќе има врнежи од дожд кои попладне и во текот на ноќта во јужните и западните подрачја ќе бидат пообилни, поточно ќе наврнат и над 20 l/m². Поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, а во текот на ноќта, повремено силен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 km/h, особено во североисточните ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави дека јавноста треба да знае како се одвивале одредени процеси поврзани со „оживувањата“ на предметите на СЈО кога поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева беше веќе во затвор, како десетици луѓе беа судени за тероризам, а заштитени сведоци под присила давале искази за случувањата на 27 април во Собранието, но и за пренесувањето на ингеренциите за пожарот во модуларната ...

Неколку дена пред 2 март 2026 година, Ивана цело време му пишувала дека веќе не може да издржи, многу и било тешко, не можела да го поднесе сопругот Стојанче, била многу исплашена, психички падната. Вака сведочеше денеска сведокот Мартин Саздов. Пред 2 март, вечерта му пишала порака. „Мартин те молам не ме оставај, многу ми е тешко, не можам да го издржам ова. Но, додаде, јас сум заспал и не сум и вратил. Сабајлето ја видов пораката и отидов ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој е во дводневна посета на земјата. Како што објави Мицкоски на Фејсбук, посетата претставува значаен чекор во зајакнувањето на пријателските односи и соработката помеѓу нашите две земји. - Разговаравме за продлабочување на економската, политичката и регионалната соработка, како и за заедничките европски перспективи. Продолжуваме да градиме ...

Македонија спроведе многу работи, кои од неа беа побарани од Европската Унија, земјата отсекогаш покажувала реформски капацитети, подобри и од многу други земји-кандидати, но се уште нема почнато преговори и е западната во еден вид политичка немилост во самата Унија, односно во ситуација кога нема политичка волја да се забрза процесот. Ова го заклучија денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова и нејзиниот црногорски колега, Јаков ...

Министерот за здравство Азир Алиу очекува предлог-законот за заштита од пушење наредната недела да помине на владина седница. Одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција во Министерството за здравство, тој нагласи дека се синхронизирани со сите институции. - Знаете дека се синхронизиравме со сите институции. Денеска доаѓам од една работна група и по пресот, ќе продолжиме. Ценам дека наредната недела веќе ќе помине на ...

Иран сè уште не донел одлука за преговорите со САД, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи. Арагчи вчера изјави дека неговата земја има резерви. „Немаме никаква верба дека преговорите со САД ќе дадат некаков резултат. Нивото на доверба е на нула“, рече високиот дипломат, додавајќи: „Не гледаме искреност“. Иран, исто така, би прифатил само целосен прекин на непријателствата во регионот, а не прекин на огнот ограничен само на Иран, ...

Дефанзивно ориентирана и со само еден удар кон противничкиот гол, македонската фудбалска репрезентација одигра вечерва во Даблин нерешено 0-0 против Ирска во пријателски натпревар на двете селекции кои минатата недела со порази во полуфиналните баражи останаа без пласман на Светското првенство. Македонскиот селектор Гоце Седлоски направи четири измени во почетниот состав од дуелот во четвртокот против Данска во Копенхаген, давајќи им шанса ...

Со одигрувањето на финалните средби од баражите, познати се сите учесници на фудбалскиот Мундијал 2026. Ирак стана последен учесник на Светското првенство, откако рано утрово во Монтереј (Мексико) ја совлада Боливија со 2:1. Синоќа преку европските баражи, пласман на планетарниот собир изборија, Босна и Херцеговина по победата над Италија на пенали (4:1), Турција по триумфот над Косово (1:0), Чешка над Данска (на пенали 3:1) и Шведска над ...

Истражувачи од Универзитетот на Нов Јужен Велс во Сиднеј објавија сеопфатен преглед на научни докази што укажуваат дека вејпингот веројатно е поврзан со појава на рак на белите дробови и рак на усната шуплина. „Анализирањето опфатило широк спектар на истражувања, вклучувајќи и студии спроведени на животни, извештаи за поединечни случаи кај луѓе, како и лабораториски испитувања објавени во периодот од 2017 до 2025 година“, пишува Гардијан. ...

Европската комисија ги повика земјите-членки да се подготват за можна долготрајна енергетска криза поради војната на Блискиот исток. Шефот за енергетика на ЕУ, Ден Јергенсен, испратил писмо до националните министри за енергија во кое вели дека треба да размислат за доброволни мерки за штедење. Во пракса, тоа би можело да значи граѓаните да бидат повикани да возат и да летаат помалку, со цел горивото да се зачува за поважни потреби. Европските ...

Израелскиот премиер објави дека во војната против Иран постигнале повеќе од половина од зацртаните цели , но не прецизираше кои конкретни цели ги смета за постигнати. Нападите продолжуваат вели Нетањаху. Американскиот претседател пак предупреди дека доколку наскоро не се постигне мировен договор со Иран, САД би можеле да ги нападнат иранските енергските постојки и инфраструктурата за десалинизација, клучна за обезбедување вода за пиење на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, во изјава во Белата куќа, рече дека очекува САД да ја „довршат работата“ во Иран „во рок од можеби две недели, можеби неколку дена подолго“. На новинарско прашање кога САД ќе бидат „надвор или готови со војната“ во Иран, Трамп одговори: „Мислам за две или три недели“, пренесе ДПА. – Ќе си заминеме затоа што нема причина да го правиме ова – продолжи Трамп. Тој подоцна дообјасни дека иако промената на ...

Во Германија од денеска на сила е новата регулатива за формирањето на цените на горивата на бензинските станици, по остриот раст на цените по почетокот на кризата на Блискиот Исток. Според новите правила, бензинските станици смеат да ги зголемат цените само еднаш дневно, и тоа напладне. Целта е да се ограничат ценовните флуктуации и да се обезбеди поголема транспарентност. Намалувањето на цените и натаму ќе биде дозволено во секое ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, го критикуваше тврдењето на американскиот министер за финансии, Скот Бесент, дека економските последици од војната со Иран би биле краткотрајни, јави Блумберг, повикувајќи се на извори. Таа за време на видео-повик зад затворени врати со гувернерите на централните банки, министрите за финансии и министрите за енергетика на Г7, истакнала дека последиците ќе се чувствуваат ...

Папата Лео Четиринаесетти вчера изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп бара „излезна рампа“ за војната со Иран. „Се надевам дека бара излез“, рече папата кога го праша новинар пред неговата резиденција во Кастел Гандолфо во близина на Рим. „Се надевам дека бара начин да се намали количината на насилство, на бомбардирањето“. 70-годишникот е првиот поглавар на Католичката црква од Соединетите Американски Држави. Папата беше ...

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари по барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека американската војска би можела да ги заврши своите воени акции во Иран во рок од две до три недели, додека одговорноста за повторно отворање на Ормуската Теснина би ја презеле други нации. Трамп, исто така, информира дека ќе му се обрати на американскиот народ по повод војната на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле да ги прекинат своите воени напади врз Иран во рок од две до три недели и дека Техеран не мора да склучи договор како предуслов за смирување на конфликтот.Тој ги повика земјите што не помогнаа во нападите на САД и Израел врз Иран да купат американска нафта и да одат во Ормутскиот теснец и „едноставно сами да си ја земат“, а особено ги издвои Велика Британија и Франција како ...

Во рамки на детска фестивалска програма емитувана на 28 март на МРТ2 на албански јазик, беше прикажан настап на 13-годишно девојче кое изведе песна „Trojet shqiptare“ во која се пее за „Голема Албанија“. Содржината на песната и симболите (мапа на „Голема Албанија“) употребени за време на изведбата предизвикаа бурни реакции во јавноста. Поради оваа причина програмскиот совет на МРТ закажа седница на која ќе се разгледува скандалот. Според ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т. (40) и М.Д. (43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, на 7 февруари 2026 година, првопријавената, која била поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот дека доколку не ја врати на работа или не ѝ исплати 5.000 евра, ќе објави фотографии на ...

Јавното обвинителство денеска соопшти дека синот кој го уби таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие трагите, а телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб. - Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди обдукција, наведува Обвинителството во денешното соопштение. Триесет и ...

Во населбата Ченто, општина Гази Баба, денеска ќе биде пуштен во употреба Домот на културата „11 Октомври“ - соопшти градоначалникот Бобан Стефковски. - Она што со децении беше празнина, денес станува симбол на нов почеток. Ова не е само објект. Ова е дом за идеи, за уметност, за младите, за иднината. Ова е срцето што повторно чука за Ченто и за цела Гази Баба - објави градоначалникот на „Фејсбук“. Според објавата на градоначалникот, ...

Фирма од Свети Николе била мета на компјутерска измама. Штетата е 44.222 евра, а средствата биле уплатени за набавка на репроматеријали. Но, парите не пристигнале на банкарска сметка на фирмата во Италија, туку трансакцијата била пресретната и средствата стигнале на непозната сметка во Португалија.Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип информира дека на 27.03.2026 во 22:25 часот во Полициската станица Свети Николе, 24-годишна жена од Свети ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
72%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
3.6
43%
1014
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
81%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 19ᴼ
1.03
41%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.75
55%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 19ᴼ
1.34
46%
1012
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
4.63
46%
1018
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
31%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
52%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
4.12
41%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
8.75
56%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
46%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9791

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Цинк

0.00

Калај

52.70

Иридиум

253540.09

Паладиум

49351.40

Кобалт

45.39

Злато

152465.86

Бакар

12.46

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93

Платина

66744.95

Алуминиум

3.53

Сребро

2534.46