Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата година пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто инвестициите на неговото семејство, што покажува дека сега поголемиот дел од својот приход го остварува од дигиталниот имот што имал корист од неговите политики, објавуваат британските медиуми. Финансиските извештаи за 2025 година поднесени до американската Канцеларија за владина етика откриваат дека неговите компании добиле ...
Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела се зголеми на 1.943, изјави денеска претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, додавајќи дека бројот на повредени речиси двојно се зголемил на 10.571. НАСА проценува дека околу 58.870 згради се оштетени или уништени во погодената област, врз основа на сателитски снимки. Во најтешко погодените области - главниот град Каракас и покраината Ла Гваира - ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
На Меѓународниот Аеродром Скопје денеска ќе се одржи промоција на два нови уреди за напреден безбедносен преглед на кабински багаж со компјутерска томографија, заедно со две нови автоматизирани ленти, односно систем за враќање на корпите за преглед на рачен багаж. На прес-конференцијата по повод промоцијата на уредите ќе се обратат Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија и Калтрина Зеколи Шаќири, заменик-министер за транспорт. МИА ...
Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, објави Државниот завод за статистика. Најмногу бесправно изградени објекти, 169, (18.6 проценти) се за домување. Од нив 128 се исклучиво станбени, 24 претежно станбени, а 17 за одмор и рекреација. Бесправно се изградени и 164 огради (18 проценти), 116 деловни објекти (12.7 проценти), 113 натстрешници (12.4 проценти), 110 доградби, надградби и адаптации (12.1 проценти), 106 ...
Индустриското производство во мај годинава е намалено за 2 процента во однос на мај минатата година, а за 0,3 проценти во периодот јануари – мај годинава споредено со истиот период лани. Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во мај годинава во однос на мај лани бележи пораст од 6,1 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст, а опаѓање во Рударство и вадење камен од ...
Со презентација на материјални докази од Обвинителството кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето се наоѓа во доказна постапка, а на минатотот рочиште Обвинителството, презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, ...
Во мај годинава во однос на мај претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 9.1 проценти, објави Државниот завод за статистика. Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 3.6 проценти, а реално е зголемена за 1.6 проценти, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 6 проценти, а реално за 6.2 проценти и ...
Граѓаните сè повеќе ги користат дигиталните канали за плаќање, покажуваат податоците за првиот квартал од 2026 година. Плаќањата со платни налози бележат раст од 10,3 проценти кај бројот на трансакциите и 14,6 проценти кај нивната вредност во споредба со истиот период лани, информираат од Народна банка. Особено е изразен растот на електронските плаќања, кои се зголемени за 21,9 проценти кај трансакциите и за 23 отсто кај вредноста, во ...
„Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја“, изјави денеска американскиот министер за внатрешна безбедност Марквејн Мулин, откако иранската репрезентација го заврши настапот на Светското првенство во групната фаза. Иран беше веројатно најнесреќниот тим во групната фаза на Светското првенство. Во својата Група Г, ремизираше три пати, а во рангирањето на најдобрите третопласирани тимови, поради ...
Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила 300 евра поткуп од студент за да му овозможи положување на испит. Според информациите, на 22.06.2026 година студентот К.Б. (26) од Турција, кој има привремен престој во Штип, пријавил дека професорката Т.А. (39) од Штип побарала пари за да му овозможи да го положи испитот што дополнително требало да го полага. По пријавата, во ...
Пропаднаа двата обида на пратеничките група да се закаже комисија за изборниот законик. На интензивни координации зад затворени врати пратениците не постигнаа договор за да се спречи најавената блокада од СДСМ и Левица. Извори за Сител од мнозинството велат дека разликите остануваат, за дел од точките постои приближување на ставовите но тоа не значи и конкретен договор. Утре во нови обиде ќе пробаат да ги доближат ставовите. Според брифинзи ...
Пелагониските земјоделци излегоа на протест пред Подрачното одделение на Министерството за земјоделство во Битола незадоволни од ниската откупна цена на млекото, неисплатените субвенции и сè уште недефинираната откупна цена на пченицата. Земјоделците се пожалија дека државата по различни основи им должи 70 милиони евра и бараат итна исплата на заостанатата државна помош. Се пожалија и на тоа дека во ек на жетва се уште не е позната цената на ...
Во текот на денешниот ден на територијата на државата избија повеќе пожари на отворен простор од кои два кај Велес и Дојран се проширија во поголеми пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и додаде дека веќе е воспоставена делумна контрола и кај нив. -Првиот поголем пожар е на територијата на општина Велес, во атарот на селото Каласлари во насока кон Свети Николе. Тој пожар во овој момент е ставен ...
Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека во претстојната реконструкција ВМРО-ДПМНЕ добива два нови ресора - здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди - култура, правда и министер за односи меѓу заедниците, додека ЗНАМ го добива министерството за земјоделство, а тие ќе имаат и плус еден заменик министер. Мицкоски не сакаше пред седницата на Извршниот комитет да ги соопшти ...
На 29.06.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека 69-годишна жена кај нив пријавила дека била физички и психички малтретирана од нејзината ќерка. На 29.06.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 51-годишна жена пријави дека во домот во скопско била физички нападнат од нејзиниот вонбрачен сопруг А.Н.. На 29.06.2026 во 05:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода ...
После долго време во 2026 година имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од македонско државјанство, информира вечерва премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека не може да прецизира на што тоа се должи. Тој нагласи дека економските перформанси на Македонија во последните две години се многу подобри отколку на некои од земјите-членки на Европската Унија и посочи дека верува во потенцијалот на ...
До 18:00 часот на на територијата на државата се регистрирани 13 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 11 се изгаснати. Се уште активни се пожарите во општина Охрид кај селото Мешеишта каде гори ниска вегетација и во општина Велес покрај магистралниот пат Велес–Штип каде гори нискостеблеста шума, сува трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се пожарите во општина Шуто Оризари – во близина на ...
Македонската репрезентативка во планински велосипедизам Дуња Иванова, членка на велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка, се искачи на 33. место на најновата светска ранг-листа на Меѓународната велосипедска унија (УЦИ), поставувајќи нов највисок пласман за македонското велосипедизам. До овој значаен резултат Иванова стигна по серијата успешни настапи на три трки од престижната HERO World Cup серија – Коста Бланка во Шпанија, ...
Шестотини млади спортисти од четири региони денеска во Скопје се дел од финалето на државното првенство во рамките на „Плазма - Спортските игри за млади“ во Скопје и ќе се натпреваруваат за пласман на меѓународното финале во Сплит (17 - 22 август). Натпреварите се одвиваат во десет дисциплини: Coca-Cola Cup 2011, мал фудбал (2015), баскет 3х3, ракомет, одбојка, одбојка на песок, народна топка, тенис, шах, пинг-понг и атлетика. Министерот за ...
Денеска во Доха нема да се одржат директни разговори помеѓу ирански и американски претсавници соопшти министесртвото за надворешни работи на Катар. Во Доха пристигнаа Специјалните пратеници на САД Витков и Кушнер но не и иранска делегација. Трамп претходно тврдеше дека Иран за денеска барал нова рудна разгвори со САД, но офцијален Техеран го демантираше. Сепак Витков и Кушнер ке се сретнат со катрските и пакистанските посредници за да ...
Зошто нашиот мозок постојано сака да скроламе низ „Тикток“ или „Инстаграм“? И што ќе се случи кога вештачката интелигенција може веднаш да креира цели видеа „само за Вас“? Имајќи ги предвид овие прашања, научниците предупредуваат за намалена концентрација и зависност кај луѓето. За многумина, денот почнува со тоа што, само што ќе ги отворат очите – веднаш посегнува по телефонот. Па во целото слободно време, сѐ до легнувањето в кревет, скрола ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во објава на X напиша дека разбирањето со САД е билатерално прашање и дека Техеран ќе „ги исполни своите обврски“ доколку Вашингтон се придржува до Меморандумот за разбирање. САД и Иран на 17 јуни потпишаа меморандум за разбирање насочен кон прекин на конфликтот. Двете страни се согласија да ги прекинат непријателствата и повторно да го отворат Ормутскиот теснец. Иранските и американските преговарачки ...
По долго одложување, Велика Британија денеска ќе го открие својот план за инвестиции во одбраната (DIP), со кој ќе се обезбедат пет милијарди фунти за дронови и ќе се фокусира на автономни системи како дел од обидот за модернизација на вооружените сили во услови на растечки закани, објавија британските меидуми. Планот наиде на тешкотии откако поранешниот министер за одбрана Џон Хили поднесе оставка претходно овој месец, критикувајќи ја ...
Постојаниот руски претставник во ОБСЕ, Дмитриј Полјански, денеска за руските медиуми изјави дека постои ризик Европа да биде вовлечена во конфликт со Русија пред 2030 година. Тој оцени дека проблемот не е само во систематските подготовки за војна и интензивната милитаризација на Европа, туку и во фактот дека, како што изјави, „наративот за наводно агресивна Русија и плановите што ѝ се припишуваат се користи како изговор“. „Проблемот е што е ...
Бројните музички, гастрономски и културни манифестации и фестивали се главен магнет за туристите во Охрид. Тие ја зголемуваат хотелската исполнетост, привлекуваат илјадници домашни и странски гости ја збогатуваат понудата и ја прошируваат сезоната. Постои интерес од страна на странските агенции а пред се од туристите од регионот за посета на фестивалите , на што повеќе ќе се работи во иднина. Од стартотот на летната сезона Охрид изобилува со ...
Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со подготвителните мерки и состаноци за тоа кои акции би се преземале доколку во иднина се појават пожари на територијата на општината. Строго е забрането и ригорозно ќе се казнува палење на стриништа, диви депонии или друг материјали на отворено. Казните се движат и по неколку илјади евра. „Критичните точки се тоа што имаме многу висока и бујна вегетација, многу високи температури и ...
Влошена здравствена состојба на обвинет го одложи денешното судење за неправилностите во распределбата на европски пари преку Ипард програмата.. Затворот во Шутка, утринава го информирал судот дека е повикана итна помош за обвинетиот Фејзула Фејзула, а лекарите утврдиле дека тој не може да го следи денешното судење. Во судницата пак требаше да се слушаат телефонски разговори меѓу обвинетите како се договарало да се заобиколат критериумите за ...
Собранието денес го изгласа Законот за регулација на лесните електрични возила (тротинети), со кој се воведуваат построги правила за нивно користење, информираше пратеникот Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил. Според новите одредби, старосната граница се зголемува и отсега само лица над 18 години ќе можат да управуваат со електрични тротинети. Законот предвидува и построги казни за непрописно возење, вклучително пречекорување на ...
Одложен е почетокот на издржувањето на затворската казна на поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски. Тој поднел барање за одлагање од 12 јуни, заради здравствени причини. Судијата за извршување санкции по приемот на барањето, веднаш пристапил кон проверка на приложената медицинска документација. До двете приватни здравствени установи, кои ја издале документацијата поднесени се барања за проверка на 15 јуни како и ургенција на 26 ...