Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Денеска (02.07.2026) на ул. “Јадранска магистрала” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување на општа опасност” по член 288 од КЗ. На 01.07.2026 околу 23:20 часот во ПС Чаир е пријавено дека во отпад за секундарни суровини на подрачје на ПС Чаир, бил запален багер. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги ...
Пилотите и членовите на екипажот на повеќе авиокомпании ги споделија најчестите грешки со кои се соочуваат патниците при патување со авион. „Сара, која работи за една од светските авиокомпании, во новиот поткаст на Мартин Луис, изјави дека најголемата грешка кај патниците е тоа што одат во тоалет без обувки“, пренесе Би-Би-Си. Патниците секогаш треба да носат обувки во тоалетот на авионот, со цел да се заштитат од потенцијално опасни болести ...
При масовен руски напад врз украинскиот главен град Киев утрово според официјалните лица, загинале најмалку осум лица, а над триесетина други биле повредени. Жителите на Киев се засолнија во метро станиците, каде ја минаа ноќта. Пожарникарите во Харков ги гаснеа пожарите по вчерашните напади, каде загина едно лице, а 32 беа повредени, додека во регионот Дњепропетровск загина една жена, а три други жени, од кои едната е бремена. Руското ...
Никогаш во својата историја Русија не го прекинала гасот за Европа, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која за време на посетата на Азербејџан изјави дека Русија „го прекинала гасот за Европа“ и дека ја користи енергијата како оружје. „Урсула е вистинска лажливка. Русија никогаш во својата историја ...
Руските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз главниот град на Укриана, Киев во текот на ноќта и раните утрински часови , при што загинаа најмалку 18 лица а над 90 се повредени информираше украинскиот министерот за внатрешни работи. Ракета ја погоди директно оваа локација, погодувајќи 9-катна зграда. Денес имаше 20 такви напади - со беспилотни летала и ракети. Тоа значи дека 20 згради беа значително оштетени и делумно ...
Полицијата презема кривични мерки по случајот со врсничкото насилство во скопската населба Аеродром, каде 12-годишно девојче беше физички нападнато од малолетнички, а инцидентот беше сниман и споделуван. Од МВР информираат дека на 1 јули во 19:30 часот, 31-годишна жена пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка, претходната вечер во парк во Општина Аеродром, најпрво била принудена во два наврати да клекне на колена и да се извинува, по што ...
14-годишно момче е тешко повредено во брутален напад што се случил на 22 јуни во скопската населба Ченто, информира 24инфо. Според тврдењата на неговото семејство, тој бил нападнат без никаква причина од три лица додека се движел кон улицата „Финска“. Напаѓачите најпрво го претепале, а потоа едно од лицата го избодело со нож седум пати во пределот на грбот. По нападот, момчето било оставено без свест, сè додека случаен минувач не го пронашол ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека се урива „Али Тобако“ кај Бит Пазар. Во објава на Фејсбук, тој ја сподели веста за уривањето и објави фотографија на која, најверојатно е и сопственикот на објектот. „Со добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение“, напиша Ѓорѓиевски. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека се урива „Али Тобако“ кај Бит Пазар. Во објава на Фејсбук, тој ја ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска објави јавен повик за прием на 200 редовни ученици, кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7 Мај“ во Полициската академија. Како што информираат од МВР, кандидатите што имаат завршено прва и втора година средно училиште ќе може да се пријават на јавниот конкурс и, доколку ги исполнуваат предвидените услови, своето школување да го продолжат во Средното полициско ...
На 30.06.2026 година во 11:32 часот во СВР Штип од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив бил донесен 39-годишен осуденик од кавадаречко, кој издржува казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип. Според пријавеното, во установата 59-годишен осуденик од струмичко извршил обљуба врз оштетениот. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава. На 30.06.2026 ...
Зголемениот број на туристи и побарувачката на адреналинските спортови во кои се комбинира физичката активност со природата ги активира спасителите на планина.Околу 90 проценти од интервенциите се случуваат во екот на летната сезона,пријавените случаи најчесто се поради повреди , поради густа магла, губење, одрони на карпи,ниски или премногу високи температури, а последниот драматичен инцидент со параглајдеристите во Охрид го вклучи алармот. ...
Жителите на с Соколарци во општина Чешиново - Облешево, излегоа на мирен протест, за да го искажат револтот од несовесното однесување на возачите на тешки камиони кои превезуваат глина од околниот локалитет. Велат дека камионите го уништиле патот кој минува низ селото, не поседуваат церади за осигурување на товарот, возат над дозволеното ограничување и стравуваат за својата безбедност и на нивните имоти. - Сега еден месец вртат по 5-6 камиони ...
Измените на изборниот законик кои останаа блокирани во собранието и денеска се тема за меѓупартиски обвинувања Од СДСМ велат дека електронското гласање на дијасората е обид за изборна кражба но и доказ дека ВМРО-ДПМНЕ има сериозен пад на поддршката која сега сака да ја надополни со гласови од дијаспората. Измените на изборниот законик кои останаа блокирани во собранието и денеска се тема за меѓупартиски обвинувања Од СДСМ велат дека ...
Вмро дпмне пак обвинува дека СДСМ и Левица здружено и намерно ги блокираат измените на Изборниот законик со над 10 илјади амандмани. Партијата и денеска со отворен предлог до опозицијата – ако се дозволи електронско гласање на дијаспората, власта ќе го прифати секој амандман поднесен од двете партии. Вмро дпмне пак обвинува дека СДСМ и Левица здружено и намерно ги блокираат измените на Изборниот законик со над 10 илјади амандмани. Партијата ...
Во текот на вчерашниот ден, поради невремето и обилните врнежи во Скопје, беше регистрирано протекување на вода на нивото -1 од објектот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, каде што е лоциран Одделот за радиотерапија, информираат од Клиниката. Како превентивна мерка, додаваат, апаратите беа привремено исклучени. - По санирањето на протекувањето, просториите беа исчистени и дезинфицирани, а апаратите беа проверени од ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ги повика СДСМ и Левицата да ги повлечат амандманите на измените на Изборниот законик посочувајќи дека сè уште има време да се заврши и оваа реформа. Укажа дека гласањето на дијаспората е особено важно бидејќи нашинците мора да се чувствуваат поврзано со својата татковина, а целта на Владата е таа дијаспора да ја вратиме дома. - Се надевам дека СДСМ и Левицата ќе ги остават своите ...
МВР за овој како и за сите останати случаи ги презеде сите оние дејствија коишто се во рамки на негова надлежност, односно најпрвин постапи во насока на разговор со жртвата и нејзиниот родител, потоа беа повикани сите инволвирани во случајот, како оние што имаат преземено директно насилство врз жртвата, така и оние што беа сведоци на настанот, како и за оние кои го документираа, односно го снимаа настанот. Тие дечиња беа повикани и нивните ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека со политиките за зголемување на пензиите на Владата е овозможен подостоинствен живот за пензионерите во споредба со тоа како било претходно. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Неготино за тоа како го коментира растот на пензиите во последниот период, истакна дека уште кога биле опозиција, јасно ветиле дека ќе сторат сè што може во нивниот мандат за почеток да ...
Капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко изјави дека неговата репрезентација со крената глава го напушта Светското фудбалско првенство по елиминацијата од домаќинот САД. БиХ ја мина групната фаза со четири бодови, а во шеснаесетфиналето беше поразена од САД со 2-0 во Сан Франциско. „Се враќаме дома со кренати глави и мора да бидеме горди на сè што направивме. Не требаше да го примиме тој втор гол. Беше многу потешко потоа. Доминиравме по ...
Вчерашниот дожд направи проблеми со одигрувањето на мечевите на М25 Скопје Macedonian Open 2026 и се одиграа само седум мечеви во сингл конкуренција. Три се прекинати, додека шест не ни почнаа. Од таа причина дел од играчите утре ќе одиграат и по два сингл меча и еден во конкуренција на двојки бидејќи планирани се мечеви и од првото коло во конкуренција на двојки. Од македонските тенисери во 9 часот на теренот ќе бидат Обрад Марковски и Амар ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да го продолжи трговскиот договор на САД со Мексико и Канада, започнувајќи деценија долг период за укинување на северноамериканскиот трговски договор, додека бара промени за враќање на производството во својата земја. Одлуката, објавена по шестгодишна ревизија на договорот меѓу САД, Мексико и Канада, го одржува договорот на сила уште 10 години со годишни ревизии пред да ...
САД и Иран постигнаа напредок во индиректните разговори, наведуваат медијаторите Катар и Пакистан. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџед ал-Ансари, доцна синоќа изјави дека е постигнат „позитивен напредок“ по прашањата поврзани со рамковниот договор постигнат пред две недели за завршување на војната во Иран, јавува ДПА. Разговорите во главниот град на Катар, Доха, се одржаа одделно со преговарачите од двете ...
Повеќе од 26 илјади припадници на службите за итни случаи и над 17 илјади волонтери се распоредени во погодените области. Потрагата по преживеани е се уште во тек, иако веќе бледнеат надежите за пронаоѓање на повеќе преживеани под урнатините, откако катастрофата влегува во втората недела. Родригез рече дека досега 6.461 лице се извлечени живи од урнатините. По двата земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени на 24 јуни, властите ...
Две лица загинаа во пожарот во болница во северниот германски град Лудвигслуст, во близина на Шверин, соопштија утрово официјални лица. Портпаролката на округот Лудвигслуст-Пархим изјави за ДПА дека двете жртви биле пациенти. Полицијата го процени бројот на повредени на повеќе од 30, иако портпаролката на округот рече дека ниту еден од нив не претрпел сериозни повреди. Првичните наоди сугерираат дека пожарот започнал во соба со пациенти. ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд од над 15 литри на квадратен метар, грмежи, засилен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Неготино каде ќе ја пушти во употреба реконструираната улица „29 Ноември“ и ќе изврши увид во градежните активности за изградба на кружен тек на спојот на улицата „Маршал Тито“ со улиците „Партизанска“, „Даме Груев“ и „Христо Ботев. Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми. МИА Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина ...
Во СВР Струмица денеска ќе бидат отворени простории уредени за разговор со деца кои се во судир со законот. На настанот, како што е најавено, ќе присуствува и ќе се обрати министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Покрај Тошковски, предвидени се обраќања и на амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, како и на шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал. На настанот ќе учествува и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар ...
Денеска (01.07.2026) во 18:00 часот на патот Гостивар-Тетово поточно на клучка Боговиње од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена возило со брзина од 177 км/ч каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч. По насоки на јавен обвинител К.Б. од Тетово е лишен од слобода кој ...
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во одредени делови на Скопје - во Црешево се измерени 74 литри на метар квдратен, во Лисиче 63, додека во Гази Баба 44 литри на единица површина. До 08:00 часот утрово се измерени и 32 литра на метар квадратен во Куманово, 29 во Крива Паланка, 22 во Берово, 18 во Струмица и Скопје – Зајчев Рид, 16 на Попова Шапка, 13 во Скопје – Карпош, 12 во Претор, 11 во Скопје – Ѓорче Петров и Демир Капија, 10 во ...
ФК Силекс ги повикува сите навивачи и симпатизери да бидат дел од европскиот предизвик на клубот и да дадат силна поддршка на натпреварот против Динамо Минск, кој ќе се одигра на 16 јули во Скопје, со почеток во 20:00 часот. За таа цел, клубот организира бесплатен превоз, во кој е вклучен и билет за натпреварот. Поаѓањето е закажано во 17:00 часот од Автобуската станица во Кратово, а од клубот апелираат сите пријавени навреме да пристигнат ...