Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, се осврна на победата со 1:0 ноќеска над Уругвај во третото коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. – Чувствувам огромна радост. Овој тим беше извонреден. Нашиот тим беше неверојатен. Нашите напори нè доведоа до врвот на групата. Патот е долг. Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол. Можеме да го развиваме нашиот фудбал на многу начини, изјави селекторот по ...
Иран денеска ги осуди американските напади врз повеќе цели долж неговото јужно крајбрежје, обвинувајќи го Вашингтон за кршење на Повелбата на Обединетите нации и на неодамна потпишаниот договор за прекин на воените дејствија. Во соопштение на иранското Министерство за надворешни работи се наведува дека нападите беа насочени кон крајбрежни објекти за надзор, при што повторно е потврдено правото на Иран на самоодбрана. Министерството соопшти ...
Француската фудбалска репрезентација го освои првото место во Групата И на Светското првенство со максимални девет бодови, откако вечерва ја победи Норвешка со 4-1 (3-1) во Бостон, додека Сенегал заврши третопласиран во групата со победа од 5-0 (1-0) против Ирак во Торонто. Откако освоија максимални шест бодови во првите две кола и го обезбедија пласманот во нокаут фазата, Франција и Норвешка во меѓусебен дуел одлучуваа за победникот во ...
Белгија рано утрово забележа убедлива со 5:1 над Нов Зеланд во 3. коло од групната фаза на Светското првенство 2026. Леандро Тросард постигна два гола за Белгија. Играчот од средниот ред на Арсенал постигна гол во 28. и 50. минута. Кевин Де Брујне (66), Ромелу Лукаку (86) и Алексис Салемакерс (90+4. минута) исто така постигнаа голови. Елија Џаст го постигна единствениот гол за Нов Зеланд во 84. минута, негов трет гол на Светското првенство. ...
На Светското фудбалско првенство 2026 што се одржува во САД, Канада и Мексико познати се 22 од 32 репрезентации кои ќе играат во плејофот. Девет од 16-те двојки за првата плејоф рунда веќе се одредени: Германија – Парагвај Франција – Шведска Јужна Африка – Канада Холандија – Мароко САД – Босна и Херцеговина Бразил – Јапонија Брегот на Слоновата Коска – Норвешка Аргентина – Зелено’ртски Острови Австралија – Египет. Шпанија, Белгија, Мексико и ...
Украина повторно ја потврди подготвеноста за можни разговори на лидерско ниво и за преговори за прекин на војната, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно видеообраќање. „Украинските војници секој ден ја докажуваат прецизната сила на Украина. Нашите удари со долг и среден дострел целосно се спроведуваат. Тоа се нашите праведни одговори на Русија за оваа војна – ...
Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека САД ќе одговорат на иранскиот напад врз трговски брод, изјавувајќи „ќе дознаете“, кога беше прашан дали Техеран ќе се соочи со последици. Кратко потоа, иранските медиуми јавија дека во Сирик, во јужниот дел на Иран, се слушнала експлозија, но не беше познато што ја предизвикало. Порталот „Аксиос“ објави дека американските вооружени сили извеле напад во Ормуската Теснина. Подоцна, ...
Американската сојузна држава Јута прогласи вонредна состојба и воведе ограничувања за употребата на огномети во пресрет на прославата на 4 Јули, додека најголемиот шумски пожар во САД продолжува да се шири. Националната метеоролошка служба издаде ретко предупредување за „особено опасна ситуација“, поради сувото време и силниот ветер што придонесуваат за појава на нови пожари на западот на земјата. Пожарот „Котонвуд“, кој избувна во ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена ...
Собранието синоќа ги заврши општите претреси на предлог-законите за изменувања и дополнувања на законите за работно ангажирање лица, за Советот на јавни обвинители и за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и општите претреси на дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование и на дополнетиот предлог-закон за финансиски лизинг, со што е исцрпен дневниот ред на 106. седница. Кога ќе се гласа за ...
Од првиот ден ја презедовме обврската безбедноста да биде највисок приритет. Изминатите две години се соочивме со бројни безбедносни предизвици, но покажавме дека со посветеност, интегритет и меѓународна соработка, може да се постигнат видливи резултати, рече утрово министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски, кој дава отчет за сработеното во изминатите две години, напомена дека МВР ги зајакна институционалните капацитети и ја ...
Украинскиот боксерски првак, 39-годишниот Олександр Усик објави денеска дека се откажува од сите свои шампионски појаси, но нагласи дека тоа не значи крај на неговата професионална кариера. Непоразениот Усик, кој има рекорд од 25 победи од исто толку борби во професионалниот бокс, во моментов е сопственик на шампионските појаси во верзиите WBA (Super), WBC и IBF. „Ова е внимателно разгледана одлука за која сум сигурен дека ќе ми отвори нови ...
Стартуваа камерите на Безебеден град и во охридскиот регион. По извршеното финално тестирање, ставени се во функција безбедносните камери на автопатската делница кај Ново Село, во општина Дебрца каде се случени неколку сообраќајни несреќи со десетина повредени лица а во наредниот период се очекува да профункционира и на патниот потег помеѓу селата Горенци и Требеништа, како и на останатите пофреквентни сообраќајници и на коридорите 8 и 10 на ...
Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ подготвува нови мерки за намалување на трошоците, додека „Фолксваген“ потврди дека работи на радикални планови за реструктуирање, кои според медиумските извештаи би можеле да донесат масовен бран отпуштања, пренесува агенцијата ДПА со увид во интерните одлуки на компаниите. „Мерцедес“ во јули требаше да им исплати посебен додаток на работниците, но исплатата е одложена за следната ...
Иран лансираше најмалку четири дронови кон бродови што минуваат низ Ормускста Теснина, кршејќи го договорот за прекин на огнот со САД, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Тој на својата социјална платформа Truth Social изјави дека еден од дроновите ја погодил горната палуба на товарен брод. „Штетата е направена, но бродот можеше да продолжи со своето патување. Соборивме уште три дрона. Ова е очигледно глупаво кршење на ...
Владината коалиција влегува во клучната недела за најавената реконструкција. Иако преговорите се во завршна фаза, од партијата ЗНАМ јавно демонстрираат цврст став и порачуваат дека нивните кадри успешно ја спровеле програмата и дека на Илинденска не влегле по сопствена желба, туку по покана. Сепак од партијата на Димитриевски велат сите опции како и за нови министерски ротации остануваат отворени. Додека ЗНАМ тактизира, во коалицијата ВЛЕН ...
Европската комисија подготвува нов план со кој земјите кандидати постепено ќе добиваат дел од економските придобивки уште пред станат членки на ЕУ. Ова го објави „Политико“, повикувајќи се на анонимни дипломатски извори запознаени со разговорите. Предлогот е дел од концептот на т.н. „постепена интеграција“, според кој кандидатите ќе бидат наградувани додека ги спроведуваат реформите потребни за членство. Според информациите на „Политико“, во ...
Парламентот даде зелено светло за пакет закони дел од реформската агенда. Без особена дебата пратениците ги изгласаа законите за судска и јавнообвинителска служба, за високи јаководители, законот за користење обновливи извори на енергија, Закон за зоотехника. Донесен беше и законот за оружје, единствениот за кој поддршка даде и СДСМ. Во трка да се стигне со роковите пратениците ги изгласаа и измените на Законот за Совет на јавни обвинители, ...
Во Собранието заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование. Потпретседателката Весна Бендевска рече дека пратениците дополнително ќе бидат известени кога ќе се гласа за оваа точка, на што реагираше координаторката на Европскиот фронт, Рина Ајдари од ДУИ. Таа праша зошто не може да се гласа, кога има кворум. Притоа побара да се утврди бројот на пратеницитете во салата и законските измени да бидат ставени на гласање ...
Со едногласна заедничка одлука на истражниот судија и јавниот обвинител, на македонскиот државјанин, кој ја уби 45-годишната жена на Крит и го призна убиството, денеска му беше одредена мерка притвор, јави дописничката на МИА од Атина. Убиството беше извршено на денот кога исчезна жената, на 30 мај годинава, но беше расветлено минатата недела, кога 43-годишниот македонски државјанин, потстанар во нејзината куќа, беше главниот осомничен со ...
До 18 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се сè уште активни, а пет се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во општините Василево и Прилеп, каде гори ниска вегетација. Во Василево пожарот е на територија на село Нова Маала, додека во Прилеп зафатено е подрачјето на местото викано „Маркова Чешма“. Од ЦУК соопштуваат дека депонија горела во село ...
Дали новата територијална поделба во Албанија може да ги загрози Македонците таму и дали Пустец, единствената општина во која над 90 отсто од населението е македонско, може да го изгуби својот статус? Ова се дилемите што се отвораат откако власта на Рама најави намалување на бројот на општините поради поголема функционалност, додека опозицијата бара зголемување на бројот на единиците на локалната самоуправа. Иако сè уште нема конкретни ...
Украинците го извршија најголемиот ноќен напад врз Русија од почетокот на војната. Според руското Министерство за одбрана, синоќа, руските системи за воздушна одбрана „пресретнале и уништиле“ 660 украински дронови над 12 региони. Претходно, најголемиот напад со беспилотни летала беше на 17 мај, кога руската војска објави дека соборила 556 дронови. Но и Русите не мируваат. Го бомбардираа украинскиот град Запорожје. Во нападот повредени се ...
Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни, но со помал интензитет. Бројката на загинати се искачи на 235, а регистрирани се 4.300 повредени. Втор ден по големиот потрес каков што Венецуела не памети во последниот век, сликата е траорна. Двата последователни земјотреси направија пустош, урнати се згради, дефекти на електричните мрежи, паднаа и комуникациските мрежи. Спасувачките екипи деноноќно трагаат по преживеани. Голем дел од ...
Посебни термини за капење за жени и девојки во градскиот базен во Тетово. Жените и девојките базенот ќе можа го посетуваат во среда и сабота во временски период од 08:30 до пладне. Сегрегација или еднаквост? Раководителот на секторот за јавни дејности во општина Тетово Назми Даути во телефонски разговор ни кажа дека барањето дошло од граѓаните на Тетово, без да прецизира кои и колку граѓани барале посебни термини за девојките и жените и дали ...
Жителите на делчевското село Косевица реагираат дека не можат да добијат одобрение за сеча на опожарени шумски површини за кои тврдат дека се во нивна сопственост. Велат дека, и покрај тоа што располагаат со скици и документација за парцелите, од нив се бара физичка делба и исполнување на дополнителни административни процедури, што, според нив, го отежнува остварувањето на нивните права. Тие обвинуваат дека постојат двојни аршини и дека ...
Голем мјузикл со повеќе од 100 уметници ќе ја одбележи 35-годишнината од независноста на Македонија. Надлежните го претставија третиот голем проект од програмата за прослава, кој ќе се изведува во 15 градови низ државата. Режијата е доверена на Дејан Пројковски, а главната улога ќе ја толкува Игор Џамбазов. Покрај мјузиклот, за кој други детали не беа објавени, 35 години независност ќе бидат прославени и со настапот на Дејвид Гета на ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови, соопштија од УХМР. Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има ...
Вчера (25.06.2026) околу 18:00 часот во Кочани полициски службеници од Мобилниот тим при Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, сопреле патничко моторно возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) од Кочани. При извршената контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола а при преглед на возилото биле пронајдени 1.848 парчиња брендирана роба (маици, ...
Во процес се преговорите и се надевам дека до крајот на оваа недела ќе ги имате информациите, одговори министерот за култура и туризам Зоран Љутков на новинарско прашање дали се точни неофицијалните информации дека и тој ќе биде опфатен со реконструкција на Владата. На прашањето дали има желба и натаму да го води ресорот, Љутков одговори дека процесот е на средина, а тој секогаш ќе стои зад културата. -На средина сме на процесот. Како што ...