Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
„Се задолжува градоначалникот на Градот Скопје да се обрати до Владата за да го разгледа начинот за започнување на постапка за дислокација на Усје и сите големи индустриски загадувачи на соодветни места надвор од скопската котлина“ – ова е еден од петте заклучоци кои доцна синоќа ги усвои советот на Град Скопје, по иницијатива на Зелен Хуман Град. Меѓудругото, се побара од Државниот инспекторат за животна средина да изврши серија ненајавени ...
Инспекторатот за употребата на македонскиот јазик се уште нема вработено испектори. Директорката не може да прецизира кога ќе може да се распише огласот за вработување, бидејќи чека зелено светло од Министерството за финансии за објавување. Но, за едно лцие да се стане инспектор потребна е 12-месечна обука, три месеци теоретска и уште 9 месеци теренска обука. Едно од главните очекувања беше дека со отворањето на Инспекторатот голем број ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, преку објава на Твитер информираше дека кај големите банки е направен значаен прв чекор во насока на намалување на банкарските провизии. -Големите банки не само што ги намалија провизиите во висина на намалените давачки, туку дополнително ги намалија и за 15, 20, па дури и 30 проценти, откажувајќи се од дел од сопствената заработувачка. Постои јасна тенденција на намалување на провизиите, ...
Големи предизвици во 2025 година имаше во здравствениот систем, оцени денеска министерот за здравство Азир Алиу по средбата со новинарите. Тој изјави дека повеќе проекти се во тек или се во завршна фаза во јавните здравствени установи, а ќе се спроведат и нови во 2026 година. - Здравствениот систем во секоја држава е со предизвици и кај нас. На крајот на годината имаме база на податоци од здравствениот систем. За првпат имаме база на човечки ...
Собранието денеска одржа продолженија на три пленарни седници, во чии рамки усвои неколку закони. Во рамки на 75. Седница, Собранието ги усвои Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот протокол 7 за решавање спорови на Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија, Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по ...
Бадентерот е многу корисен и здрав механизам за држава и општество како што е нашето, но само во политички орган како Собранието и секаде на друго место каде што ќе биде предвиден создава аномалии, смета претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и нагласува дека ако тоа се случи во орган како Уставниот суд „граѓаните во истиот момент може да заборават на правната држава и слободно да стават клуч и да ја затворат оваа институција“. ...
Комисијата за стручен надзор формирана од Министерството за здравство за случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство, констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол, информираше попладнево во соопштение Министерството за здравство. - Комисијата, по извршениот надзор и врз основа на целокупната медицинска документација, исказите на медицинскиот персонал и обдукцискиот наод, заклучи дека се ...
30 ученици кои се на долготрајно лекување успешно го завршија првото полугодие онлајн. Новото системско решение формално образование беше наменето за сите деца кои повеќе од три недели поради некое боледување биле отсутни од училиште. Преку овој систем тие можат да се вклучат во живо на наставата за време на часовите со својот клас. Да ги користат сите материјали и задачи од наставникот, но и да биде организирана дополнителна настава доколку ...
По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“ од полицискиот службеник Х.З.(48) во Одделението за криминалистички работи Гази Баба, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. Имено, граѓанинот пријави дека Х.З. заедно со други лица во повеќе наврати му барале 20.000 евра, пари кои ...
Четириесет нови камиони за „Комунална хигиена“ ќе бидат набавени до април, најавува градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Дел од нив ќе бидат набавени преку јавна набавка за што се обезбедени средства во Буџетот на Град Скопје, а дел преку Светска банка. -Ќе ги набавиме до април во две фази (од една страна ние самите ќе направиме јавна набавка преку „Комунална хигиена“ за што одвоивме средства во буџетот, а од друга страна ...
Воено-политичката ситуација со западните соседи на Белорусија е затегната и сложена – западните земји се подготвуваат за воена акција и тоа не е блеф – изјави денеска белорускиот министер за одбрана, генерал-потполковник Виктор Хренин. Хренин за Првиот белоруски информативен канал изјави дека „ситуацијата може да се сумира во неколку зборови: затегната, склона кон радикализација и тешка“. – Тоа го гледаме во постапките, пред сè, на властите ...
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјата вовела санкции против 10 поединци и 20 американски одбранбени компании, вклучувајќи ја и филијалата на „Боинг“ во Сент Луис, Мисури, поради продажба на оружје на Тајван. Мерките ги замрзнуваат сите средства што компаниите и поединците ги поседуваат во Кина и им забрануваат на локалните организации и луѓе да соработуваат со нив, соопшти министерството. На лицата на списокот со ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кому му пренесе дека руската војска не ги прекинала нападите ниту за време на Бадник и Божиќ, празници кои се славеа според грегоријанскиот календар. Тој додаде дека руските сили повторно гаѓале градови во источна Украина. Во Чернигов во напад со руски дрон врз станбена зграда, имало оштетувања и повредени лица. Американската сојузна држава ...
Сите даночни резиденти во својата држава треба да го пријават и оданочат целокупниот свој доход остварен во други земји, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова. Според неа, воопшто што не се работи за ретроактивно оданочување, ниту за покривање состојби како немање пари во буџетот, туку за обезбедување фер и правично оданочување. -Не се работи ниту за некоја нова законска одредба која сакаме да ја ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) извршија контроли кај приватни здравствени установи, матични гинеколози при што утврдиле дека кај 26 од 49 немало никакви неправилности. Клучните наоди покажале дека неуредност, (збирно утврдени неправилности од ФЗО и/или УЈП), имало кај 23, само од ФЗО кај 3, само од УЈП кај 11 и од двете институции, кај 9 установи. Генералниот директор на Фондот, Сашо Клековски на ...
Кризна 2026 година прогнозира лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче. Проценува дека државата наредната година ќе мора да се задолжи над 2 милјарди евра за да ги сервисира потребите на граѓаните. Дополнително, вели дека има стагнација во евроинтеграциите и нема прогрес во ниту една област. На предновогодишниот брифинг Филпче за лошите состојби ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи ја антидржавен елемент бидејќи владеела со ...
Поради појава на магла, има намалена видливост од 60 до 70 метри на планинскиот превој Стража, до 50 метри на планинскиот превој Плетвар, од 15 до 20 метри во Крушево и до 20 метри на патниот правец Бунец - Маврови Анови, информираат од Јавното претпријатие „Македонијапат“. Сообраќајот на државните патишта, додаваат, се одвивал непречено, по претежно влажни коловози. На одредени патни правци што поминуваат низ усеци и клисури можна била ...
На 25.12.2025 во 20:18 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.С.(39) од Куманово. при гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди. Лицето е задржано во Полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По ...
Итна координативна средба на која беа повикани заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска, како и одговорни лица за квалитет на воздухот во МЖСПП, денеска се одржа во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). На средбата министерот Муамед Хоџа побара од директорката Гиновска информации во врска со ...
Сакам уште еднаш да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на македонските граѓани, затоа што со смирувањето на сообраќајот во Скопје директно придонесоа да се намали бројот на повредени лица кои се згрижувани во Центарот за трауматологија, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски говорејќи за резултатите од проектот „Безбеден град“ на промоцијата на 120 нови полициски возила. Тошковски нагласи дека почитувањето на ...
Насилен скопјанец ја претепал сопругата, но и својата 60 годишна мајка. - На 25.12.2025 во 12.15 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со К.С.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и неговата 60-годишна мајка, известија од полицијата во денешниот билтен на настани. По целосно документирање на случајот ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на промоцијата на новите полициски возила во Министерството за внатрешни работи, најави дека службите на Брзата помош низ целата држава ќе бидат подновени со нови возила. Според премиерот, во следните две години ќе бидат испорачани вкупно 150 возила. -Во текот на следната година Владата донесе одлука да набави 100 возила за Итната медицинска помош и вредноста на тој проект е мислам околу 7,5 милиони евра, ...
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Исплатата, како што велат, се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година. -Со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта. Нашата цел ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на годишната прес-конференција работењето на Уставниот суд изминатата година го оцени како ефикасно и транспарентно, нагласувајќи дека во услови на динамични општествени политички процеси Уставниот суд и покрај притисоците и влијанијата остана цврст столб на правната држава, и неприкосновен чувар на Уставот. Уставниот суд, според Костадиновски, одговорил на доверината задача професионално, ...
Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари 2026 година. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност што беа усвоени во Собранието, поптврдуваат од Министерството за финансии (МФ). -Согласно измените на Законот, рокот на примена на повластената стапка од 5 проценти на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој тие се користат за станбени ...
Македонската ракометна репрезентација по четирите дена подготовки во Скопје денеска заминува за Пореч, Хрватска како втор дел од подготовките за претстојното Европско првенство. Селекторот Кирил Лазаров за Пореч ќе смета на 20 ракометари. На 28. декември (недела) македонските ракометари ќе одиграат и контролен натпревар со Хрватска. Репрезентацијата ќе биде комплетна на 2. јануари во Скопје кога голманот Мартин Томовски ќе се приклучи на ...
Истражувачите со години укажуваат на тоа дека сопствениците на домашни миленици имаат понизок степен на стрес и поголемо чувство на среќа. Сепак, долго време остануваше дилемата дали кучето или мачката навистина го зголемуваат животното задоволство и нè прават среќни. Најновото истражување укажува на тоа дека домашните миленици директно придонесуваат за подобро ментално здравје, а тој ефект, според научниците, е еднаков на вредност од околу ...
Лансирањето на ракетата-носач „Сојуз-2.1а“ од космодромот Плесецк во предвидената орбита се одвиваше според планот, а леталото е поставено во целната орбита навреме, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Ракетата „Сојуз-2.1а“, која беше лансирана денеска од космодромот Плесецк во Архангелската област, постави сателит во орбитата и тој работи нормално, се наведува во соопштението. – Во предвиденото време, леталото беше исфрлено во ...
Папата Лав XIV во својата божиќна порака „До градот и светот“ (Urbi et Orbi) порача дека Црквата му го доверува европскиот континент на Исус Христос, Принцот на мирот, и дека посебно се моли да „замолкне татнежот на оружјето“ во Украина, како и Киев и Москва да најдат храброст за искрен дијалог. – Целиот европски континент му го доверуваме на Принцот на мирот, молејќи го да продолжи во него да инспирира дух на заедништво и соработка, верен ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во својата божиќна честитка изјави дека „многу гадови“ во Соединетите Американски Држави го сакале финансиерот и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, за потоа, кога Епстин беше обвинет за педофилија, „лажно да тврдат дека немаат никаква врска со него“. – Среќен Божиќ на сите, вклучително и на многуте гадови кои го сакаа Џефри Епстин, му даваа купишта пари, одеа на неговиот остров, присуствуваа на ...