Водечкиот француски спортски медиум Л’Екип се дистанцираше од коментарите на својата водителка која го критикуваше белгискиот репрезентативец Жереми Доку поради неговата желба да го напушти Светското првенство за да присуствува на раѓањето на своето прво дете. Весникот посочи коментарите на водителката Франс Пјероњ не ги претставуваат вредностите на медиумската куќа. Пјероњ, во гостување во телевизиска емисија во петокот, го опиша раѓањето ...

Француската репрезентација ноќеска го победи Ирак со 3:0 во второто коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026 година. Натпреварот се одигра на „Линколн Фајненшл Филд“ во Филаделфија. Во 14. минута, францускиот капитен Килијан Мбапе го отвори резултатот. Неговиот гол беше единствениот во првото полувреме. По првото полувреме, беше издадена портокалова тревога за грмотевици на стадионот, па почетокот на второто полувреме беше ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп пред денешната посета на генералниот секретар на НАТО на Вашингтон, повторно ги обвини европските земји-членки на Алијансата дека не им помогнале на САД во војната со Иран. – Ние бевме одлична членка на НАТО, во многу погледи единствена вистинска членка, секако доминантна членка. Плативме трилиони долари, не милијарди, туку трилиони долари изминатите години, за да ја заштитиме Европа. Кога сакавме да знаеме ...

Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш потврди дека владата поднела предлог-закон за забрана на употребата на мобилни телефони во училиштата од септември 2027 година, со цел да се ограничи времето што децата на училишна возраст го поминуваат пред екраните. Забраната ќе се однесува на употребата на телефоните во училниците, како и за време на паузите, со одредени исклучоци, како што се здравствени причини или образовни цели. Полска овој месец го ...

Под влијание на циклонска активност од Турција, денеска се најавува нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19, а максималната од 28 до 36 степени. Во Скопје, претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна ...

Актуелните глобални предизвици и можностите за унапредување на меѓународната соработка, дијалогот и мирот ќе бидат во фокусот на дводневната меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ што денеска и утре се одржува во Скопје, на која ќе учествуваат поранеши шефови на држави, министри, дипломати, универзитетски професори, истражувачи, претставници на меѓународни организации, бизнис-лидери и млади од повеќе земји од Европа и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува промена на временските услови поради влијание на циклонска активност. Ќе се развива нестабилна облачност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 60 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, локално временските процеси ќе бидат поинтензивни, со пообилен пороен дожд, силни налети ...

Мицкоски и трговците постигнале договор - годишниот раст на трошоците за производите што ги користи едно четиричлено семејство следниот месец да не надмине 3 проценти. Од Владата брифираат дека на средбата детално биле разгледани областите во кои е потребна дополнителна законска интервенција и беа утврдени насоките за понатамошни активности. Во наредниот период ќе следува и средба со големите добавувачи, со цел сите чинители во синџирот да ...

По две години на функцијата и покрај убедливата изборна победа британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Пред Даунинг стрит 10 Стармер емотивно порача дека јасно го слушнал гласот на својата партија која бара нов лидер за следните избори. Стармер ќе остане на премиерската функција до септември, кога Лабуристите треба да го изберат неговиот наследник. Како главен фаворит за иден премиер веќе се издвојува влијателниот лабурист Енди ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека водечкиот принцип во преговорите меѓу Иран и САД е „обврска за обврска“. Тој нагласи дека Техеран будно ќе следи како другата страна ги исполнува своите задачи и ќе ги искористи сите расположливи средства за да го гарантира нивното почитување, пренесе иранската новинска агенција ИРНА. Багаи ова го објави денеска на платформата „Икс“, откако иранската ...

Најмалку 13 лица загинаа, а 66 се повредени во вчерашната експлозија во главниот катарски комплекс за преработка на течен природен гас „Рас Лафан“ – соопшти денеска министерот за енергетика, Саад ал-Кааби. Министерот нагласи дека станува збор за несреќен случај, а не за напад или за саботажа, додавајќи дека веќе е покрената истрага за утврдување на причините за експлозијата. Ал-Кааби истакна дека инцидентот не влијаеше врз капацитетите на ...

Премиерот на Република Албанија Еди Рама денеска престојуваше во официјална посета на Париз, со работен ручек во Елисејската палата, на покана на претседателот на Франција, Емануел Макрон. Посетата е во рамките на политичкиот дијалог на високо ниво меѓу Албанија и Франција, за понатамошно зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, дијалогот за новиот пристап кон процесот на членство, за кој албанскиот премиер беше еден од ...

Поради големиот пожар на депонијата за отпад кај Мостар, кој ги зафати и административните простории и складиштето за гуми, сериозно е загрозен квалитетот на воздухот, па градските служби издадоа предупредување до граѓаните и им препорачаа да избегнуваат престој на отворено. Пожарот од утринава го гасат мостарските противпожарни служби со повеќе возила и припадниците на Оружените сили на БиХ со цистерни, а во гаснењето од воздух е вклучен и ...

За еден куќен притвор, за двајца мерки на претпазливост, денеска последните осомничени за случајот ФФМ кои полицијата не можеше да ги пронајде се појавија пред судот. Вчера пак на другите двајца кои беа недостапни на органите на прогон им беше определен еден ефективен притвор и за еден мерки на претпазливост. Од Обвинителството соопштија дека сите 18 осомничени за проневерата на околу 3 милиони евра во Фудбалската федерација се пронајдени. ...

Собранискиот спикер Африм Гаши утре патува во Софија на средба со неговата колешка Михаела Доцова. Билатералната средба која ја иницирала бугарската страна следува по неодамнешната средба на двете претседателки Силјановска и Јотова. Гаши вели дека е оптимист за средбата, но повтори дека државниот став за уставните измени на кои притиска Бугарија е јасен, а тоа ќе и го пренесе и на бугарската колешка. „Ќе разговараме во делот на собраниската ...

Размена на ресори меѓу коалициските партнери најверојатно ќе има во најавената владина реконструкција. По викенд средбите на премиерот со претставниците на ВРЕДИ и ЗНАМ, Мицкоски рече дека постои и таква опција. Рече дека средбите поминале во конструктивен амбиент, но рече дека тука не бил крајот на разговорите во владината коалиција. „Ќе имаме сега во текот на оваа недела повторно средби. Јас очекувам тоа да бидат завршни. Во текот на ...

Поевтинуваат горивата. Регулаторната комисија ги донесе новите цени. Од полноќ, Бензиниот БС-95 ќе се продава по 84 денари, 98-октанскиот ќе чини 86, а дизелот ќе се точи за 80,5 денари по литар. Намалувањето на цените следи по остриот пад на светските берзи откако Ормутскиот теснец беше отворен за сообраќај. Барел нафта од типот брент се продава по околу 80 долари. Премиерот Мицкоски очекува периодов да се задржи оваа цена. Позначајни ефекти ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници, а две лица под дејство на алкохол, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Четири лица во Гостивар (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, три лица во Штип, (еден бил и под дејство на алкохол), две ...

На територија на државата до 16 часот имало 10 пожари на отворен простор од кои два се уште се активни, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи. Активни пожари, според ЦУК, има нмеѓу селата Грчец и Шишево во општина Сарај каде гори ниска вегетација и мешана шума и кај селото Калаузлија во општина Радовиш. Останатите осум пожари се изгаснати. На територија на државата до 16 часот имало 10 пожари на отворен простор од кои два се ...

Во последното деноноќие регистрирани се вкупно девет пријави за семејно насилство и лишени од слобода се седум лица, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во Гевгелија, вчера во 17:26 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.С. (51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди ...

Североисточните, југозападните и западните делови од државава попладнево беа зафатени од нестабилно време со дожд и ветер. Нестабилноста беше поизразена во Охридско-Преспанскиот регион, северно од Кичево, југоисточно од Гостивар. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека дувал умерен повремено засилен северен ветер кој наместа достигнал брзина од 40 километри на час. Според УХМР, во моментот сите облачни јадра се стратифицираат. ...

Кремљ соопшти дека оставката на британскиот премиер Кир Стармер, кој е силен поддржувач на Украина, веројатно нема да го промени тоа што Москва го опишува како „непријателски став“ на Лондон кон Русија. Претходно денеска Стармер соопшти дека поднесува оставка, ветувајќи дека ќе обезбеди организиран трансфер на власта на новиот лидер најдоцна до септември, за да се избегне политичка нестабилност додека Велика Британија се подготвува за својот ...

Европската ракометна федерација денес му додели вајлд-карта на македонскиот првак Вардар. „Црвено-црните“ по четири години се враќаат во елитното натпреварување. Вардар е двократен европски шампион. На европскиот ракометен трон македонскиот шампион беше во 2017 и во 2019 година. Последното учество на вардарци во елитната лига беше во сезоната 2021/2022. Во новата сезона на Лигата на шампиони ќе има 24 екипи кои ќе бидат поделени во шест ...

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ги сподели своите мисли за натпреварот против Ирак во второто коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година, што би можело да биде неговиот 100. настап за националниот тим. – Секогаш е убаво да се има можност да се игра за репрезентацијата. Ништо не е поважно од репрезентацијата. 100-тиот натпревар е историски настан. Особено кога е Светското првенство. Дали ќе можам да влезам во историјата ...

Во Кутрал Ко, град во Патагонија со население од 35.000 жители, е поставена монументална статуа, висока 26 метри и тешка 70 тони, посветена на капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси. Автор на ова монументално дело е локалниот уметник Алдо Бероиса и го прикажува еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во дресот на аргентинската репрезентација, како клекнува со крената и стегната десна тупаница, а пред него се ...

Разговорите меѓу делегациите на САД и Иран во Швајцарија се одржаа во позитивна и конструктивна атмосфера. Техничките разговори за сите прашања ќе продолжат до крајот на неделата во швајцарското одморалиште Биргеншток, се наведува во заедничкото соопштение на Катар и Пакистан, кои посредуваат во разговорите. Во соопштението, кое го испрати Министерството за надворешни работи на Катар, се наведува дека вчера на разговорите на високо ниво, во ...

Британскиот премиер Кир Стармер денеска соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Тој рече дека утрово разговарал со британскиот крал Чарлс Трети за да го информира за својата одлука да поднесе оставка. Стармер побара од Лабуристичката партија да утврди распоред со отворање номинации за лидерство што ќе започнат на 9 јули и ќе завршат до летниот распуст. Тоа ќе значи дека нов лидер ќе биде назначен пред да почне со работа Парламентот во ...

Највисока температура од 49,8 степени е измерена во градот Омдије во Иран во последните 24 часа, објавено е на веб-страницата Огимет, која од интернет собира податоци за времето од целиот свет. Најстудено во светот во последните 24 часа беше во поларната станица Амундсен-Скот на Антарктикот, каде се измерени минус 69,8 степени. Најмногу дожд наврна во Череповец, Индија – 428,6 мм, а најсилниот ветер дуваше на Антарктикот со брзина од 145,7 ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска го пофали државникот кој помогна Европа и Украина да станат побезбедни, по објавувањето на оставката на британскиот премиер Кир Стармер. „Станавте државник за две години – нешто што на некои лидери им требаат години за да го постигнат. Благодарение на вас, безбедноста во Европа и Украина се зголеми. Ви благодарам, драг Кир!“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс. ...

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 3,50 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 4 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 7 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на ЕУРОСУПЕР БС - 98, додека ЕУРОДИЗЕЛ ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
3.74
22%
1012
weather icon

Белград

35ᴼ / 35ᴼ
0.45
34%
1014
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.4
28%
1014
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
2.07
31%
1014
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
3.86
27%
1014
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 34ᴼ
0.91
32%
1014
weather icon

Атина

33ᴼ / 32ᴼ
6.26
41%
1012
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
6.4
28%
1013
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
4.39
26%
1012
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
2.24
39%
1016
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 34ᴼ
2.24
25%
1015
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
7.31
75%
1015
Currency

61.53

Currency

53.1732

Currency

71.6614

Currency

37.6202

Currency

38.1583

Currency

65.847

Currency

7.88721

Currency

0.65205

Currency

0.33706

Currency

0.52484

Currency

1.11538

Currency

0.55897

Алуминиум

3.28

Родиум

278103.96

Калај

56.26

Паладиум

43274.90

Сребро

2050.96

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Платина

56231.66

Бакар

13.27

Кобалт

56.29

Злато

139395.99

Иридиум

252383.36