На 19.06.2026 во 09:00 часот во Полициско одделение Новаци, од Комунална хигиена во Општина Новаци е пријавено дека во селото, додека извршувале работни задачи, била пронајдена неексплодирана граната. Од Дирекцијата за заштита и спасување, граната е безбедно подигната, при што било констатирано дека се работи за артилериска граната 75мм од Прва Светска Војна, информира денеска МВР во полицискиот билтен. На 19.06.2026 во 09:00 часот во ...

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е приведен 19-годишниот возач кој вчера удри тригодишно девојче на велосипед и избега од местото. - Денеска (20.06.2026), полициски службеници од Одделението за увид на сообраќајни незгоди го пронајдоа возилото и го идентификуваа возачот. Станува збор за патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.Б.(19) од скопското село Добрино. Над возилото ...

Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Како што соопшти УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните ...

На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои сè уште активен е пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, додека девет се целосно изгаснати. Како што соопшти ЦУК, целосно изгаснати се пожарите во: Општина Сарај, кај селото Грчец, во близина на вилите од викенд-населбата, каде горела ниска вегетација; во Општина Бутел, во Визбегово, каде гореле дива депонија ...

Над 68.600 денари му биле потребни на 4 члено семејство во јуни за да ги задоволи основните потреби. Синдикатот пресмета дека сумата е за 1,5 евро пониска од мајската кошница, поради намалените цени на овошјето и зеленчукот. Повеќе од третина од парите домаќинствата даваат за храна и пијалоци, а по над 100 евра за облека, сметки и транспорт. Ако живеат во изнајмен стан од 60 квадрати, ќе им требаат дополнителни 350 евра. За намалување на ...

Едно лице е тешко повредено откако товарен воз падна од мост во Минхен, главниот град на германската покраина Баварија, јави ДПА. Два вагона излетале од шините од мостот, се одвоиле од возот и паднале околу пет метри, соопшти полицијата, додавајќи дека сè уште истражуваат што превезувал возот. Сепак, товарот, според властите, сигурно не претставува опасност за наслениот во околината. Инцидентот се случил на железничка линија што ја користат ...

Американскиот пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи се на пат кон Швајцарија за да ги продолжат мировните преговори, објави Аксиос. Иран и САД потпишаа рамковен договор во средата кој предвидува сеопфатен крај на воените конфликти во регионот. Првичната рунда разговори меѓу Иран и САД планирана за петок, чија цел беше унапредување на рамковниот договор, беше откажана во последен момент. Цитирајќи ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Белорусија за помагање на руските напади со беспилотни летала врз Украина и го предупреди Минск дека има рок од една недела да ја отстрани комуникациската опрема за која Киев тврди дека помага во водењето на нападите од белоруска територија. Во спротивно, Украина ќе преземе акција против Белорусија. Зборувајќи на заедничка прес-конференција во Киев со претседателот на Хондурас Насри Асфур, ...

Директорката на Националното разузнавање на САД, Тулси Габард, објави декласифицирани документи поврзани со потеклото на Ковид-19, тврдејќи дека содржат нови информации за врските помеѓу истражувањата финансирани од САД, Институтот за вирусологија во Вухан и постапките на поранешниот директор на Националниот институт за алергии и заразни болести и советник на претседателот, Ентони Фаучи. -Пандемијата на Ковид-19 предизвика огромни тешкотии и ...

„Празна реторика и чиста глупост“ – изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко за обвинувањата од украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Белорусија и помага на Русија да врши напади со беспилотни летала врз Украина и заканите дека Киев ќе преземе мерки против Минск ако за една недела не биде осттранета руската опрема. Лукашенко нагласи дека Белорусија не планира да ја нападне Украина. – Тоа никогаш нема да се случи. ...

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност и поранешен претседател на Русија Дмитриј Медведев изјави дека никакви правила не треба да важат за Киев, обвинувајќи ја Украина за сè поинтензивни напади врз руските градови. -Со оглед на масовните напади на непријателот врз нашите градови, чиј интензитет се зголемува и очигледно ќе продолжи да се зголемува, време е отворено да се каже дека повеќе нема правила за неонацистички Киев и дека ...

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани ја откажа планираната посета на Соединетите Американски Држави, по дипломатскиот спор меѓу Вашингтон и Рим, предизвикан од изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека италијанската премиерка Џорџа Мелони го „молела“ заедно да се фотографираат за време на самитото на Г7 во Франција. -Грубите и навредливи зборови на претседателот Трамп упатени кон премиерката Џорџаа Мелони ...

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи за во текот на денов. Се очекува минимална температура во интервал од 8 до 18, а максимална од 30 до 35 Целзиусови степени. Според синоптичарите, во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти ...

Во Скопје денеска попладне ќе се одржи Парадата на гордоста, која ќе започне од фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк. Организаторите посочуваат дека настанот претставува протестен марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот на ЛГБТИК+ заедницата во земјава. Според нив, овогодишната Парада се организира во период на засилени општествени и политички предизвици, испраќајќи пораки за видливост, солидарност и спротивставување на ...

На граничните премини “Богородица” и ”Дојран” има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува ...

На 19.06.2026 година, во 20:15 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Б.З. (27) и А.З. (23), двајцата од Гостивар, како и Ј.М. (31) од Република Албанија, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик. При преземање на службени дејствија, кај Б.З. била ...

Десет лица се повредени во сообраќајната несреќа меѓу комбе и камион што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово - Свети Николе. Од Клиничката болница во Штип изјавија дека осум од повредените се задржани на Одделот за хирургија, а две лица се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Дел од повредените се со полесни, а дел со потешки повреди. Од Противпожарната бригада во Свети Николе информираат дека пожарникари ...

Времето и утре претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи, соопшти УХМР. Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизација на пазарот со нафтените деривати по најавите за мировни преговори меѓу САД и Иран. Во понедленик кога Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе нова одлука за горивата, премиерот очекува намалува на бензините за околу четири денари и на дизелот за околу седум денари. -Ние правевме наши калкулации, малку е зголемена и вредноста на доларот. Очекувам во понеделник врз основа на тие ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиуми рече дека до крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, а до 1 јули очекува списокот да се најде пред пратениците. Тој оцени дека вчерашната средба со претставници на ВРЕДИ поминала во добра атмосфера, но не изнесе детали во интерес на процесот. -Во интерес на процесот не би зборувал премногу околу конкретни кадровски решенија, имиња и слично. Се разгледуваат секакви ...

На 19.06.2026 година во 16:00 часот, во СВР Штип, по наредба на јавен обвинител, било задржано лицето С.М.(67) од Штип. Претходно, 48-годишна жена пријавила дека на 18.06.2026 година нејзината 16-годишна ќерка, додека се движела покрај реката Брегалница во Штип, според пријавеното била пресретната од машко лице кое најпрво започнало разговор со неа, а потоа се обидело да ја бакне. По преземени мерки и активности С.М. бил приведен и задржан ...

Израелски напад е изведен врз местото Суџуд во јужен Либан по објавувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанското шиитско движење Хезболах, поддржано од Иран, јавува либанската Национална новинска агенција (ННА). Агенцијата исто така извести за летови на беспилотни летала над населени места во околината на големиот јужен град Тир. Според Франс прес, нивни дописник слушнал и продолжено артилериско гранатирање во подрачјето ...

Кривичниот суд попладнево по сослушување на осомничените за проневера во Фудбалската Федерација на Македонија одлучи на три лица да им определи мерка притвор од 30 дена, а на пет лица им е определен куќен притвор. Во 30-дневен притвор одат поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски и уште две лица со иницијали О.М. и Ѓ.Ч. Куќен притвор им е определен на Н.Л., И.П., И.Ш.,С.Т. и К.А, а мерки на претпазливост на Т.П., Ј.Д., Д.Ј. и Е.Н. Од ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.И.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, како в.д. директор на Општинска јавна установа - детска градинка во Штип, во периодот од 12.09.2023 до 11.05.2026 без спроведување на постапка за јавни набавки во повеќе наврати од 47 посебни правни лица добавувачи извршил набавки со фиктивни фактури без испратница ...

Под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник, како еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција. Пред претставници на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис-секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово ...

Почнаа разговорите меѓу коалиционите партнери за владината реконструкција. Премиерот Мицкоски денеска седна на маса со партнерите од ВРЕДИ, а на средбата се договараат деталите кој министер ќе ја напушти позицијата, кој ќе го наследи, но и дали останува истиот број на позиции во владиниот кабинет. Разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап и во овој момент не би навлегувале во ...

Голманот на германската репрезентација објави дека по Мундијалот ќе се повлече од репрезентацијата. Искусниот голман не беше дел од националниот тим за време на квалификациите, но сепак одлучи да брани на Светското првенство. Ноер бранеше на првиот натпревар против Куросао, а во најавата на натпреварот со Брегот на Слоновата коска најави дека ги игра последните натпревари за репрезентацијата. Ова е мој последен турнир, не планирам да ...

Европската Унија не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан, кои со години преговараат за членство, со воведување поинаков вид процес на проширување за Украина, бидејќи тоа нема да биде ниту чесно ниту прагматично. Ова пред состанокот на Европскиот совет во Брисел го изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар, предупредувајќи дека забрзувањето на преговарачките кластери за Киев би испратило многу негативна порака до регионот. Маѓар ...

Израелската армија денеска соопшти дека четворица нејзини војници се убиени за време на воени операции во јужен Либан, што се првите загуби по потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран со кој се предвидува прекин на воените дејствија на сите фронтови на Блискиот Исток. Војниците биле убиени за време на операции во пограничната област со Либан. Израелската армија претходно соопшти дека нејзините сили во текот на ноќта гаѓале ...

Вештачката интелигенција нема да доведе до намалување на бројот на работни места, туку напротив, ќе создаде недостиг од работна сила, бидејќи ќе им овозможи на луѓето да препознаваат и решаваат повеќе проблеми отколку досега, изјави американскиот милијардер Џеф Безос. Основачот на Амазон на технолошкиот саем Виватек (VivaTech) во Париз, се осврна на сè почестите тврдења дека вештачката интелигенција ќе замени голем број работници. – Воопшто ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
3.99
21%
1012
weather icon

Белград

35ᴼ / 34ᴼ
0.45
36%
1013
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.59
28%
1013
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
2.83
33%
1013
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
3.82
26%
1014
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 35ᴼ
1.65
24%
1014
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
6.26
42%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
6.39
32%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
5.14
27%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
0.89
37%
1016
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 35ᴼ
2.24
26%
1014
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
6.74
79%
1014
Currency

61.53

Currency

53.1732

Currency

71.6614

Currency

37.6202

Currency

38.1583

Currency

65.847

Currency

7.88721

Currency

0.65205

Currency

0.33706

Currency

0.52484

Currency

1.11538

Currency

0.55897

Цинк

0.00

Платина

56231.66

Бакар

13.27

Злато

139395.99

Калај

56.26

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Сребро

2050.96

Паладиум

43274.90

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.28

Кобалт

56.29