Секој петти граѓанин на Европска Унија страда од ментална болест, а дури 60 проценти од нив не добиваат соодветна помош. Околу 28.000 предвремени смртни случаи од ментални болести се регистрирани на годишно ниво, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). – Во 2023 година, речиси едно од пет лица страдало од ментална болест, при што приближно три четвртини од нив се поврзани со депресија, анксиозни нарушувања и нарушувања ...

Јавното обвинителство информира дека е известено за смртта на поранешниот генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, Љупчо Грнчиштанов, кој беше опфатен со обвинението за трагедијата во Кочани. Како што соопштија од Обвинителството, лицето починало откако му се слошило во домашни услови, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција со цел утврдување на причините за смртта. Грнчиштанов во периодот од ...

По завршена истрага Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане осомничен дека извршил четири кривични дела „убиство“ од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Ј.(36) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 01.06.2025 во Тетово во објект - локал на пријавениот биле пронајдени и одземени 2.916 парчиња пиротехнички средства, соопшти МВР. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Ј.(36) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) активно работи на подготвување на нова одлука која ќе ги утврди надоместоците за ветеринарните друштва. За да се финализираат овие процеси, институцијата го чека ребалансот на буџетот, со цел да се утврди висината на дополнителните средства кои ќе бидат одобрени. Во однос на неисплатените обврски од претходниот период, АХВ информира дека тие веќе се поднесени до трезорот, а исплатата се одвива според ...

Потпишувањето на договорот за примирје меѓу САД и Иран е одложено за в понеделник. Според домашните безбедносни експерти, причината е потребата од дополнително време за усогласување на ставовите. Тие, сепак, очекуваат позитивен исход и во ова одложување не гледаат сериозен проблем. „Очигледно е дека има некаква си запирка или евентуално нешто што не може да се исполни и едната страна сигурно дека го одложува тој договор за понатамошно ...

Антикорупционерите со нова петгодишна стратегија за борба против корупцијата. Јавните набавки и надзорот над спроведувањето на законите се во фокусот на документот, а клучни сектори кои ќе ги следи ДКСК се правосудството, здравството, урбанистичкото планирање, инфраструктурни проекти и животна средина. Стратегијата чие спроведување ќе трае до 2030 година предвидува низа мерки кои треба да спречат појава на корупција и судир на интереси, но и ...

Чебрен да се гради по „народен модел“. Наместо парите да ги вложуваат во недвижен имот, граѓаните би можеле да станат инвеститори во еден од најголемите енергетски проекти во земјата. Ваква идеја промовираше првиот човек на Регулаторна, кој смета дека е време граѓаните директно да се вклучат во финансирањето на стратешките инфраструктурни проекти. „Граѓаните наместо да ги заробуваат парите во бетон и железо – станови, да имаат можност да ...

За државата монопол, за приватните обложувалници клуч на врата и 10 илјади лица на улица. Остри реакции на јавната расправа пред собрансиката комисија за новиот закон за игри на среќа. Вака скроен е против уставен, дискриминаторски нелогичен и парадоксален, чија цел не е да се спречи играњето, туку привилегии и пристап да има само Државната Лотарија, Од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа, Асоцијатата на спротски обложувачници, ...

Европската Унија сѐ уште е најпосакувана меѓу граѓаните. Дури 65,7 отсто од граѓаните сметаат дека Европска Унија е најдобрата алтернатива, а помалку од една третина од граѓаните сметаат дека Македонија треба да бара сопствен модел за развој надвор од Унијата. Еуротинк ги презентираше наодите од истражувањето „Еврометар 2026“. Истражувањето покажува закрепнување на еврооптимизмот во државата. Најголем дел од граѓаните веруваат дека Македонија ...

Лекар и медицинска сестра од клиничкиот центар Мајка Тереза, сакале да шверцуваат 199 вијали со ботокс вредни 10 000 евра. Царинската управа поднесе кривична пријава против двајцата здравствени работници за криумчарење и царинска измама а по налог на јавен обвинител веќе бил извршен претрес на неколку локации. Докторот го нарачал ботоксот од Република Кореја со договор во фактурата да биде наведено како 10 парчиња козметички производи. ...

Милионски криминал го тресе македонскиот фудбал. Обвинителството бара притвор за осуммина осомничени во големата афера за проневера на пари во ФФМ. За четворица се бараат мерки на претпазливост, додека по петмина полицијата се уште трага. Шемата била едноставна, но тешка речиси три милиони евра. Парите се испумпувале од Федерацијата преку фиктивни услуги кои никогаш не биле извршени. На чело на оваа операција, како првоосомничени, се ...

Нема да се одржат преговорите меѓу САД и Иран што беа предвидени за денеска во Швајцарија. Соопштението уследи откако портпарол на Белата куќа изјави дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја одложил средбата со претставниците на иранскиот преговарачки тим. Засега не се соопштени причините за одложувањето на разговорите, ниту е објавен нов термин за нивно одржување. Комерцијалниот бродски сообраќај низ Ормутскиот теснец продолжи во ...

Речиси сите патници и членови на екипажот на крузерот „Хондиус“ што беше жариште на хантавирус, добиле дозвола да се вратат во своите домови по завршувањето на карантинот во Холандија, соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус. Според податоците на СЗО, на бродот се регистрирани и потврдени 12 случаи, како и еден случај поврзан со бродот, од кои три лица починале. Епидемијата предизвика ...

Лидерите на 27 земји-членки на Европската Унија синоќа на Самитот во Брисел едногласно усвоија заклучоци за поддршка на Украина, што е првпат од март минатата година таков документ да биде поддржан од сите членки. Од март 2025 година, тогашниот унгарски премиер Виктор Орбан го блокираше усвојувањето заеднички заклучоци, поради што останатите земји-членки беа принудени да усвојуваат одделни текстови со поддршка од 26 или 25 држави. Во некои ...

Нема да се одржат преговорите меѓу САД и Иран што беа предвидени за денеска во швајцарското планинско одморалиште, соопшти швајцарското Министерство за надворешни работи. Соопштението уследи откако портпарол на Белата куќа изјави дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја одложил средбата со претставниците на иранскиот преговарачки тим. На средбата требаше да се разговара за спроведувањето на меморандумот што Вашингтон и Техеран ...

Белгија увезува повеќе гас од Русија отколку пред почетокот на војната во Украина, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци од белгиското Министерство за економија. Според податоците, рускиот гас учествувал со повеќе од 11 проценти во вкупниот увоз на гас во Белгија минатата година. Слични количини биле увезени и во 2019 година, додека по почетокот на воените дејствија во Украина уделот на рускиот гас се намалил на околу пет ...

Израелската армија во текот на ноќта гаѓала цели низ јужен Либан, додека движењето Хезболах соопшти дека води интензивни борби во регионот, што е нова ескалација на конфликтот кој е закана по мировниот договор меѓу САД и Иран. Според либанските медиуми, во израелските напади загинале најмалку 16 лица. Израелската војска потврди дека операциите се во тек, без да даде дополнителни детали за жртвите. Продолжувањето на борбите во Либан може да ...

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, не ја гледа Европската Унија како соодветен партнер за преговори за завршување на војната во Украина, јавуваат светските агенции. Во текст објавен од руското Министерство за надворешни работи, Лавров навел дека вистинската цел на европските лидери не е преговарање со Русија, туку поддршка на украинското раководство. „Целта е да се поддржи режимот (на украинскиот претседател Володимир ...

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев и организацискиот директор Нехад Нухи излегуваат од притвор, откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на одбраната и позитивно мислење од Обвинителство донесе одлука со која се прифаќа понудената гаранција со хипотека на имот и им определи мерки на претпазливост. Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје информира дека донесе решение, ...

Доктор и медицинска сестра сакале да криумчарат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари, преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари. Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела, криумчарење и царинска измама, казниви согласно Кривичниот законик. Случајот е откриен од страна на царински службеници од Царинска испостава Скопје 1, при ...

Во Србија во моментот се проценува дека легално работат до 100.000 странци, а само околу 160 бегалци се во прифатни центри. Тоа за агенцијата Бета го изјави претседателот на УО на Центарот за заштита и помош на барателите на азил, Радош Ѓуровиќ. По повод Меѓународниот ден на бегалците, 20 јуни, изјави дека меѓу бегалците во Србија има најмногу луѓе од Авганистан, Египет, Русија, Гана, Турција и Сирија. Оваа година досега азил побарале 161 ...

Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „Порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“. -При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (30). По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет, во рамките на денешната седница ќе одржи Јавна расправа по Предло-законот за игрите на среќа и за забавните игри. Целите на донесувањето и примената на овој закон, кои се изразени преку потребата од спречување на сивата економија во областа на игрите на среќа, се стекнување на сигурност и доверба кај учесниците во игрите на среќа и нивна заштита (пред сè на младата популација), заштита на ...

Македонија мора да најде решение за европскиот пат, но не решение кое ќе отвори нови прашања за македонскиот идентитет, историја и јазик, порача министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Горан Минчев. Минчев посочи дека прашањето не е само дали Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, туку што ќе се случи потоа. „Хипотетички, утре да ги внесеме Бугарите во Уставот. И што следно? Ако следното ...

Асоцијацијата за е-трговија го објави најновото ажурирано издание на Регистарот на е-трговци со цел да им помогне на граѓаните да проверат од кого купуваат пред да направат онлајн плаќање. Според податоците на Народната банка, во 2025 година во земјата имало 1.829 места на продажба за е-трговија, од кои 1.396 биле активни, односно реализирале најмалку една трансакција во текот на годината согласно методологијата на НБРСМ. Регистарот на ...

Москва и Киев повторно извршија размена на тела на загинати војници во четиригодишната војна, соопштија украинските власти. Украина добила 522 тела, додека Русија примила 33 тела, пренесува ДПА. Од почетокот на 2025 година, Русија вкупно ги вратила посмртните останки на повеќе од 20.000 украински државјани, додека за возврат примила повеќе од 600 тела на свои војници. Украинската армија се соочува со потешкотии при извлекувањето на телата на ...

Словенија, Албанија и Чешка не ја исполниле целта за издвојување два процента од бруто-домашниот производ за одбрана во 2025 година, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на прес-конференција во Брисел. Руте нагласи дека речиси сите земји членки на Алијансата ја исполниле целта од два процента од БДП за одбраната. – Албанија, Чешка и Словенија не ја постигнаа оваа цел минатата година, иако се обврзаа не само да стигнат до неа, туку ...

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски. Заедно со неговиот наследник Мухамед Сејдини обвинителството ги товари дека предизвикале штета на буџетот на ФФМ за 2,5 милиони евра во времето додека двајцата биле на раководни функции. Според обвинителството, нелегалните дејствија од финансиски карактер се случувале од 2015 до 2019 година. Во координираната акцијата на ОЈО ГОКК и Финансиска полиција освен нив, опфатени се и други 16 ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
3.99
21%
1012
weather icon

Белград

35ᴼ / 34ᴼ
0.45
36%
1013
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.59
28%
1013
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
2.83
33%
1013
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
3.82
26%
1014
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 35ᴼ
1.65
24%
1014
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
6.26
42%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
6.39
32%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
5.14
27%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
0.89
37%
1016
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 35ᴼ
2.24
26%
1014
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
6.74
79%
1014
Currency

61.53

Currency

53.1732

Currency

71.6614

Currency

37.6202

Currency

38.1583

Currency

65.847

Currency

7.88721

Currency

0.65205

Currency

0.33706

Currency

0.52484

Currency

1.11538

Currency

0.55897

Платина

56231.66

Сребро

2050.96

Калај

56.26

Алуминиум

3.28

Бакар

13.27

Злато

139395.99

Цинк

0.00

Паладиум

43274.90

Иридиум

252383.36

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29