Во Србија во моментот се проценува дека легално работат до 100.000 странци, а само околу 160 бегалци се во прифатни центри. Тоа за агенцијата Бета го изјави претседателот на УО на Центарот за заштита и помош на барателите на азил, Радош Ѓуровиќ. По повод Меѓународниот ден на бегалците, 20 јуни, изјави дека меѓу бегалците во Србија има најмногу луѓе од Авганистан, Египет, Русија, Гана, Турција и Сирија. Оваа година досега азил побарале 161 ...

Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „Порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“. -При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (30). По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет, во рамките на денешната седница ќе одржи Јавна расправа по Предло-законот за игрите на среќа и за забавните игри. Целите на донесувањето и примената на овој закон, кои се изразени преку потребата од спречување на сивата економија во областа на игрите на среќа, се стекнување на сигурност и доверба кај учесниците во игрите на среќа и нивна заштита (пред сè на младата популација), заштита на ...

Македонија мора да најде решение за европскиот пат, но не решение кое ќе отвори нови прашања за македонскиот идентитет, историја и јазик, порача министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Горан Минчев. Минчев посочи дека прашањето не е само дали Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, туку што ќе се случи потоа. „Хипотетички, утре да ги внесеме Бугарите во Уставот. И што следно? Ако следното ...

Асоцијацијата за е-трговија го објави најновото ажурирано издание на Регистарот на е-трговци со цел да им помогне на граѓаните да проверат од кого купуваат пред да направат онлајн плаќање. Според податоците на Народната банка, во 2025 година во земјата имало 1.829 места на продажба за е-трговија, од кои 1.396 биле активни, односно реализирале најмалку една трансакција во текот на годината согласно методологијата на НБРСМ. Регистарот на ...

Москва и Киев повторно извршија размена на тела на загинати војници во четиригодишната војна, соопштија украинските власти. Украина добила 522 тела, додека Русија примила 33 тела, пренесува ДПА. Од почетокот на 2025 година, Русија вкупно ги вратила посмртните останки на повеќе од 20.000 украински државјани, додека за возврат примила повеќе од 600 тела на свои војници. Украинската армија се соочува со потешкотии при извлекувањето на телата на ...

Словенија, Албанија и Чешка не ја исполниле целта за издвојување два процента од бруто-домашниот производ за одбрана во 2025 година, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на прес-конференција во Брисел. Руте нагласи дека речиси сите земји членки на Алијансата ја исполниле целта од два процента од БДП за одбраната. – Албанија, Чешка и Словенија не ја постигнаа оваа цел минатата година, иако се обврзаа не само да стигнат до неа, туку ...

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски. Заедно со неговиот наследник Мухамед Сејдини обвинителството ги товари дека предизвикале штета на буџетот на ФФМ за 2,5 милиони евра во времето додека двајцата биле на раководни функции. Според обвинителството, нелегалните дејствија од финансиски карактер се случувале од 2015 до 2019 година. Во координираната акцијата на ОЈО ГОКК и Финансиска полиција освен нив, опфатени се и други 16 ...

Заострени казни за корисниците на електични тротинети. По серијата зачестени сообраќајни несреќи кои резултираат со повредени тинејџери и млади лица, властите ги менуваат правилата. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави предлог-измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се предвидува заострување на казнената политика и регулативата за користење електрични тротинети, соопшти првиот човек на МВР. - Имаме ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во рамки на министерскиот самит во Солун оствари билатерална средба со министерот за инфраструктура и транспорт на Косово, Димал Баша. Како што стои во соопштението на Министерството, на средбата било разговарано за унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, како и за реализацијата на заеднички регионални инфраструктурни проекти ...

Репрезентацијата на Португалија првиот натпревар на Мундијалот го одигра нерешено 1:1 со ДР Конго. За многумина ова е изненадување, а слаб натпревар одигра и првиот играч на репрезентацијата Кристијано Роналдо, кој по дуелот не разговараше со новинарите и се обрати на социјалната мрежа Х. „Не беше почеток каков што посакувавме, но далеку од тоа дека е готово. Главата горе и фокус на следниот натпревар“, напиша Кристијано Роналдо. Роналдо, ...

Бразилскиот фудбалер Нејмар нема да биде во комбинација за дуелот против Хаити, извести бразилската федерација. Тој нема да патува за Филаделфија каде „кариоките“ ќе го играат вториот натпревар. Нејмар ќе биде во Њу Џерси и ќе се заздравува од повредата. Засега уште работи индивидуално во теретана и од медицинскиот тим му е забрането да има активности, кои бараат и физички контакт. Последниот натпревар го одигра на 17. мај за својата екипа ...

Бројот на живородени деца во Грција во 2025 година изнесувал 65.594, наспроти 68.467 во 2024 година што претставува намалување од 2.873 раѓања, односно 4,2, покажуваат привремените официјални податоци од грчката Служба за статистика за минатата година, јави дописничката на МИА од Атина. Од 2021 година кога имало 85.346 новородени, секоја година бројот постепено се намалува, а најголем пад (за 10,8 отсто) на бројот на новороденчиња е ...

Македонија ќе настапи со досега најбројна делегација од околу 130 учесници на претстојните XX Медитерански игри што ќе се одржат во Таранто, Италија, од 21 август до 3 септември, при што нашите спортистите ќе се натпреваруваат во повеќе екипни дисциплини. Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, на денешната прес-конференција нагласи дека очекува силен настап и конкурентен резултат. - Мислам дека имаме до сега ...

Од Фудбалската Федерација на Македонија открија дека утврдената штета во периодот од 2015 до 2019 година надминува 2,5 милиони евра. Во соопштението, ФФМ посочува дека случајот бил пријавен до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција уште во 2019 година, по што била спроведена истрага од Управата за финансиска полиција и во 2020 година била поднесена кривична пријава. „Во врска со предметот кој Фудбалската ...

Израел денеска објави нова карта на териториите во јужен Либан што се под контрола на Израелските одбранбени сили (ИДФ). Претходно во текот на денот, израелски претставници изјавија дека Израел води разговори со САД за можноста силите на ИДФ да останат распоредени на либанска територија. Вашингтон и Техеран вчера потпишаа привремен договор за прекин на војната, при што Исламската Република побара запирање на борбите на сите фронтови, ...

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски е уапсен во акција под водство на обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминaл, во содејство со МВР и Финансиската полиција. - Денеска под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје. ...

Наместо 100 отсто, од следната година ЕСМ ќе има обврска на универзалниот снабдувач да му обезбеди 70% од потребните количини струја за граѓаните и малите потрошувачи. Остатокот ќе мора да се бара на отворениот, слободен пазар. Неизесно е како новите измени ќе влијаат врз цената на електричната енергија, дали истата ќе се зголеми или како што очекува ресорната министерка, од јануари ќе плаќаме поевтини сметки. - Ако ги гледаме цените како се ...

Тринаесетгодишник од Кичево пред две недели заврши во болница откако со електричниот тротинет удрил во паркиран автомобил. Вчера, 55 годишна радовишанка изгубила контрола при управувањето на тротинетот и по падот и биле констатирани тешки повреди во болницата во Штип. Во полициските билтени нема недела да не е евидентирана сообраќајна несреќа во која биле вклучени електрични тротинети а хирурзите веќе алармираа за сериозноста на повредите кои ...

Застрашувачки раст на семејното и врсничкото насилство. За 67% пораснале пријавите на семејно насилство од почетокот на годината до крајот на мај, споредено со истиот период лани. Во истиот период, енормен раст се бележи и на врсничкото насилство низ училиштата. „Оваа година регистрирани се 93 инциденти на врсничко насилство во 64 училишта. По преземените мерки поднесени се 46 кривични пријави за вкупно 52 кривични дела против 92 сторители. ...

Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на земјава, според опозицискиот лидер, Венко Филипче, ги потврдил предупредувањата на СДСМ за состојбите во државата. Нема реформи и нема борба против корупцијата, па како што вели Филипче, нема напредок ниту кај евроинтеграциите. Потенцирањето на работата на историската комисија во извештајот, според претседателот на СДСМ, не значело дека тоа може да е основа за нова блокада од Бугарија. ...

Функционерите кои се уморни чесно е да си одат, порача премиерот од партискиот роденден во Струмица на ден пред стартот на разговорите за владината реконструкција. „Од утре ќе започнам да работам на оваа тема. Откако сме во финишот на екипирањето и промените кои се случија во партијата, каде што имаме околу 30 проценти нови претседатели на комитети, можам да кажам дека кога станува збор за Владата многу прецизно го детектирам и следам ...

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, е уапсен, а во тек се претреси на повеќе локации. Ова следи по кривична пријава што Финансиската полиција ја поднесе во 2020 година против 11 физички и 14 правни лица, осомничени за злоупотреби во ФФМ со кои била предизвикана штета од околу 2,4 милиони евра. „Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и ...

Бројот на умрените лица во 2025 година е 20 287 лица, што претставува зголемување од 0.4 % во однос на 2024 година. Поголем број умрени лица, т.е. 10 498 се од машки пол наспроти 9 789 жени. Умрени доенчиња се 62, а нивното учество е 0.3 % на 100 умрени лица, покажуваат податоците за морталитетот на Државниот завод за статистика. Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2 002 се регистрирани во јануари, а најмалку 1 506 во април. ...

На 17.06.2026 околу 19:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот од Градско кон Скопје се движи патничко возило „мерцедес“ кое било со регистарски таблички од друго возило. Возилото не застанало на знак за запирање и на клучка Миладиновци се вратило назад и продолжило по земјен пат во с.Блаце, општина Петровец, каде што удрило во дрво, по што возачот го напуштил местото. По пребарување на теренот, возилото било пронајдено и во ...

Апелацискиот суд-Штип ја укина пресудата казна доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, кој лани со нож ја убил сопствената мајка. На Зарков повторно ќе му се суди во Основниот суд-Штип, потврдија за МИА од Апелацискиот суд-Штип. Посочуваат дека Зарков, кој почнал да ја издржува казната затвор во Затвор, сега по оваа одлука повторно ќе се врати во притворски оддел. Инаку во февруари годинава на Зарков му беше изречена казна доживотен ...

Иако овие две години се вратени 4,6 милијарди евра стари долгови, државата, сепак, проектира економски развој, буџетот се полни со предвидената динамика, а долгот е намален како процент од БДП. Воедно, се справивме и со најголемата енергетска криза во поновата историја - вели премиерот Христијан Мицкоски. Во интервју за „Каде се парите“, Мицкоски нагласи дека Владата успешно се справи со најголемата енергетска криза во поновата историја на ...

Приемот за учениците кои освоиле награди на меѓународни натпревари, меѓу кои и Дамјан Давков кој освои златен медал на Европската математичка олимпијада, ќе биде организиран по завршување на тековните олимпијади, на гала прием во Вила „Водно“ заедно со претседателката на државата – како и што заслужуваат овие деца кои се гордост и иднина на нашата држава, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Одговарајќи на пратенички ...

Безживотното тело на 75-годишна македонска државјанка било извлечено од морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики, со возило на брза помош жената била пренесена во здравствен центар, каде што била констатирана смрт, Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека во попладневните часови вчера, крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека „75-годишна странска државјанка (државјанка на Република Северна Македонија) била ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
4.58
24%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
2.66
38%
1014
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
4.94
48%
1016
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
3.36
32%
1014
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.04
27%
1013
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
1.94
53%
1017
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
4.47
36%
1011
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.87
42%
1012
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
0.18
34%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
3.13
35%
1013
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
3.58
32%
1016
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
5.84
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.5912

Currency

38.2403

Currency

65.7872

Currency

7.89886

Currency

0.64604

Currency

0.33463

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Алуминиум

3.34

Рутениум

53852.50

Паладиум

43853.62

Родиум

278103.96

Злато

141498.65

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Сребро

2102.98

Цинк

0.00

Бакар

13.36

Калај

56.16

Платина

56328.11