Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по израелските напади врз цели на „Хезболах“ во Бејрут, јавуваат медиумите повикувајќи се на извори запознаени со разговорот. Разговорот се одржал само неколку часа пред очекуваното потпишување на договорот меѓу САД и Иран, додека Трамп претходно јавно ги критикуваше израелските напади. „Израел повеќе не би требало да изведува напади никаде ...
21-годишната бразилска манекенка Марија Едуарда Родригес де Фреитас трагично го загуби животот при банџи скок од мост висок околу 40 метри во сојузната држава Сао Паоло. Несреќата се случила на мостот „Понте до Ескелето“ („Мост на коските“), каде според истрагата инструкторите ја турнале девојката без безбедносното јаже да биде прикачено на нејзиниот појас. На вознемирувачка снимка, која брзо се прошири на социјалните мрежи, се гледа како ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска го поздравија постигнатиот договор меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија. Во соопштението објавено од Европската комисија, Фон дер Лајен оцени дека договорот треба да овозможи итно повторно отворање на Ормуската Теснина. Таа изрази очекување дека договорот ќе придонесе и за ...
Поголемиот дел од територијата на Украина беше под предупредувања за воздушен напад во раните утрински часови утрово, а украинските беспилотни летала беа одбиени над Русија додека двете земји продолжуваа да разменуваат напади. Во Киев, четири лица беа убиени, а манастирот Печерска Лавра, обележје на украинската духовна и културна историја, се запали за време на нападите. Комплексот е основан во 1051 година. Петмина припадници на службите за ...
Српската полиција соопшти дека привеле во Врање државјанин на Македонија под сомнение за продолжено кривично дело измама. Осомничениот С.К (56) се товари дека од 4 до 13 јуни годинава им се јавил на тројца граѓани од областа на Врање на нивните фиксни телефони, претставувајќи се како лекар од Македонија, и им кажал дека нивни блиски членови на семејството наводно се тешко повредени, со што ги довел во заблуда и подоцна отишол на нивни адреси ...
Горивата од полноќ поскапуваат од половина денар до два денари. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи бензините да поскапат од 1,5 денари до 2 денари за литар, а дизелот за пола денар. Поевтинуваат Екстра лесното масло за домаќинство и мазутот. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/литар и тој од полноќ ќе се продава по цена од 87,50 ден/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денари и ...
Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат исплатени субвенциите од две милијарди денари за тутунарите иако рокот за исплата е до 30 јуни, соопшти премиерот Христијан Мицкоски кој денеска е во посета на Битола каде во индустриската зона Жабени се отвара нова фабрика. Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека во 2024 година кога ја презеле власта исплаќале заостанати субвенции од 2021 година и дека сега за неполни две години ...
Италијанската актерка и поранешна манекенка Моника Белучи нагласи дека не вреди убавината доколку немаме талент за глума, а годините се само бројка. -Искрено, не ме интересираат годините. Бесмислено е да се бориш со времето кога веќе знаеш дека ќе изгубиш. Треба да среќни што старееме, особено ако сме опкружени со луѓе кои ги сакаме и нè сакаат. Работите поради кои се чувствувам жива и кои не го одразуваат минувањето на времето се моето ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од ...
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска организира јавна расправа Јавна расправа по Предлогот на закон за соодветна и правична застапеност, во прво читање што беше доставен од Владата. Законот се носи во редовна постапка и е на дневен ред на 104. планерна седница, која треба да продолжи денеска во 14:00 часот. Основната цел на предлог-законот за соодветна и правична застапеност е да обезбеди јасна, прецизна ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на свечено отворање на фабриката „Брејнчајлд“ во индустриска зона Жабени, Општина Битола. Свеченото отворање е закажано за 11:00 часот, а како што информираат од владиниот Сектор за односи со јавноста, во 12:15 часот е предвидено изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. Во индустриската зона „Жабени“ во Битола ќе биде отворен производен капацитет на компанијата „Брејнчајлд ...
Во Собранието денеска Комисијата за финансирање и буџет се очекува да донесе одлука за одржување на јавна расправа по Предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри. Собранието во рамки на 104. пленарна седница минатата недела ја усвои потребата од носење на Предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри. Законот се носи во редовна постапка. По јавната расправа ќе следува доставување амандмани односно второто читање на ...
На 14.06.2026 во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во сообраќајот. Притоа, беа преземени вкупно 219 мерки, од кои - 66 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен ...
На 13.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјата на Куманово и Тетово со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата во Куманово изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни ...
70-годишен Македонец спасен од давење во грчкото летувалиште Неи Пори, откако изгубил свест додека се капел во морето, пренесува грчкиот медиум „Прототема“. Според информациите, спасувач на плажата навреме го забележал мажот и веднаш реагирал, извлекувајќи го од водата. Благодарение на брзата интервенција и кислородната поддршка што му била укажана на местото, туристот се освестил без потреба од кардиопулмонална реанимација. По дводневен ...
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово во текот на вчерашниот ден интервенираше на четири пожари на различни локации во градот и околината. Една од интервенциите, како што информираат од регионалниот центар за управување со кризи е кај „Багрем бања“, простор кој граѓаните го посочуваат како критична точка за чести пожари и палење отпад. Пожарникарите од ТППЕ Куманово првата интервенција ја реализирале во периодот од 15:00 до ...
Карго железничкиот превоз на Коридор 10 ни е приоритет и сите политики и мерки што ги работиме се однесуваат да го подигнеме карго сообраќајот и да ја вратиме стратешката позиција на Македонија во железничкиот транспорт, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Во интервју за ТВ Сител, тој потенцира дека во првите месеци во годината, железничкиот транспрот бележи силен раст од 23 отсто. - Гледате ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“ во Париз, еден од најзначајните глобални настани во областа на одбранбената индустрија и безбедноста. Саемот, кој се одржува од 15 до 19 јуни во изложбениот центар „Paris Nord Villepinte“, претставува најголема светска изложба за копнена и воздух-копнена одбрана, на која учествуваат илјадници компании, ...
Надлежното претпијатие за државните патишта информира дека од денеска веќе нема да може да се плаќа патарина со специјалната М картичка на лентите кои се означени за возила кои поминуваат со тагови. Одговорните објаснуваат дека од денеска, лентите кои се означени со МТАГ ќе бидат исклучиво за оваа намена а оние со МКАРД, картички на кои се надополнуваат средства, ќе мора да ги користат останатите ленти. Од јавното претпијатие за државни ...
Авантуристичкиот туризам-нов прозорец кон развој на туристичкиот сектор. Современите патници сè повеќе бараат трансформативни искуства, комбинирајќи адреналински активности во природа со локална култура, при што Охрид се издвојува како уникатна дестинација. Викендов Клубот Off Road Ohrid Extreme организира туристичко караванско возење и натпревар со возила кои привлекуваат посетители . Градот има инфраструктура и можности за развој на овој ...
Не стивнуваат пожарите во штипско. За неполни 5 денови три пожари опустошија огромна површина. Вчера доцна попладне избувна пожар меѓу штипските села Долани и Љуботен, каде гореше ниско стеблеста шума и сува трева. Брзата интервенција спречи да се прошири во борова шума. Со градежна и земјоделска механизација се правеа обрачи за да не се прошири огнот кон селото Долани. Во акцијата интервенирале 18 пожарникари, 14 доброволци пожарникари и ...
Мицкоски ги излажаа земјоделците. Во опозиција им ветуваше повеќе пари, поголема поддршка, сигурен откуп...ништо од тоа. После 2 години власт земјоделството е на колена: субвенциите се намалени за 40 милиони евра и постојано каснат, откупот на земјоделски производи е намален за 46 проценти, трошоците за производство се зголемени, буквално нема сегмент во земјоделието каде нема сериозен проблем. Најдобар доказ за тоа е состојбата во ...
Во текот на седмицава ќе преовладува топло време. Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град, соопшти УХМР. Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните ...
Шведска го победи Тунис со 5:1 рано утрово во Монтереј, Мексико, во нивниот прв натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Стрелци на головите за победничката репрезентација беа Јасин Ајари (два), Александар Исак, Виктор Ѓекерш и Матијас Сванберг. Единствениот гол за Тунис е дело на Омар Рекик. Шведска е на врвот на групата Ф со три бода, Јапонија и Холандија имаат по еден, Тунис е на четвртото место без освоен бод. Во ...
Авион со патници кои планирале да поминат сончево неделно попладне во скокање со падобран се урнал во американската држава Мисури, при што загинале сите 12 лица што се наоѓале во леталото, соопштија надлежните власти. Според соопштението на Сообраќајната патрола на Мисури, полициски службеници се на терен и им помагаат на полициската станица во Батлер и на Канцеларијата на шерифот на округот Бејтс во истрагата на несреќата. Авионот се урнал ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека е постигнат мировен договор со Иран. Претходно договорот го објави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој посредуваше меѓу двете завојувани страни. „Договорот со Исламската Република Иран е постигнат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“. Засега не се познати конкретните услови од договорот. Шариф изјави дека тој предвидува „итен и траен прекин на воените операции на сите ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, потврди за иранската државна телевизија дека од ноќеска стапува во сила итен и траен прекин на војната и на воените операции на различните фронтови. Тој додаде дека преговорите за конечен договор ќе се водат во текот на 60-дневен период и предупреди дека Техеран ќе преземе мерки во случај на „прекршувања од другата страна“. Постигнатиот договор рано утринава беше објавен од ...
Германија, Франција, Обединетото Кралство и Италија изразија подготвеност да помогнат во обезбедување слободна пловидба низ Ормуската Теснина, вклучително и нивно учество во евентуална таква мисија. Во заедничката изјава на германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и италијанската премиерка Џорџа Мелони, се наведува дека итното отворање на Ормуската Теснина за „безусловна и ...
Ормуската Теснина ќе биде отворена по официјалното потпишување на договорот меѓу САД и Иран, закажано за в петок, соопшти американскиот претседател Долнад Трамп на својата социјална мрежа. Иранските медиуми повикувајќи се на неименувани извори, исто така објавуваат дека отворањето на Ормуската Теснина ќе следи по потпишувањето на договорот на 19 јуни. Од првичната изјава на Трамп по објавувањето на договорот можеше да се заклучи дека ...
Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска во Луксембург треба да разговараат за нови санкции против Русија и за дополнителна поддршка за Украина. На дневниот ред се и конфликтот на Блискиот Исток, како и односите на Унијата со Кина. Се очекува министрите да одобрат санкции против уште десетици бродови кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“ – термин што се користи за танкери и за товарни бродови кои Москва ги ...