Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Најмалку шест лица загинаа при судир на два хеликоптери над Рио де Жанеиро, додека полицијата проверува дали меѓу жртвите е и американскиот пејач и комичар Оливер Три. Несреќата се случила над квартот Рекреио дос Бандирантес, по што леталата се урнале на паркинг на автосалон во западниот дел на градот. При падот избувнал пожар, а биле оштетени околу 20 автомобили. Противпожарните служби соопштија дека сите шест жртви се наоѓале во двата ...
Цените на нафтата денеска забележаа пад на азиските берзи откако беше објавено дека САД и Иран постигнале договор за прекин на воените дејства. Цената на нафтата од типот „Брент“ се намали за 3,8 проценти на азиските берзи, на 84,02 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта поевтини за 4,1 процент, на 81,40 долари за барел. За договорот за прекин на огнот првично соопшти Пакистан, кој посредуваше во напорите за ставање крај на ...
Министерството за надворешни работи на Србија доцна синоќа соопшти дека го примило соопштението на МНР на Црна Гора и оцениле дека тоа претставува „потврда за хибридната природа на постапките на одредени кругови во Црна Гора кон политичкиот живот на Србија“. „Наместо вакви груби и во суштина неиспровоцирани најави и јавни навреди и обиди за замолчување, јасно насочени кон идејата за прекумерно влијание врз политичкиот живот на Србија, ...
На „Плочник“ кај Градски ѕид синоќа се одржа второто издание на „Центарска симфонија“, во организација на Општина Центар. Како што соопштија од Општината, публиката уживаше во македонските евергрини и филмска музика, во изведба на „Сонора Колектив“ оркестарот и одличните вокали на Иван Наумовски и Елена Васова. -Центар останува место на најубавите културни настани. Среќен сум што вечерва ве гледам овде, во толку голем број, на уште едно ...
Се потврди дека се невистина тврдењата на СДСМ, затоа што нема мигранти во државава, но ќе има брза пруга, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање до каде се проектите за финансирање со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Студиите за брзата пруга на Коридор 10, како што рече, треба да бидат готови најдоцна до јули, по што следува постапка за закон во Собранието и од есен и на терен да се почне ...
Едно лице се здобило со минимални изгореници во пожарот што денеска избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен, во Општина Штип, информираат од Центарот за управување со кризи. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и на лицето му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица. По пријавата за пожар во во атарот на селото Долани, Општина Штип Територијалната противпожарна ...
Американскиот Претседател Доналд Трамп тврди дека Иран се согласил да се откаже о нуклеарното оружје. Во објава на социјалните мрежи, Трамп вели дека официјален Техеран никогаш нема да има вакво оржује. „Договорот е предвидено да биде потпишан утре, а веднаш по неговото потпишување, Ормускиот теснец ќе биде ОТВОРЕН ЗА СИТЕ. Нашиот однос со Иран е многу поинаков и подобар од оној што го имаа претходните администрации.“ – напиша Трамп во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика Израел, Хезболах и „другите страни“ да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за постигнување мир во регионот. „Нападот врз Бејрут утрово не требаше да се случи, особено на посебен ден кога сме толку блиску до мировен договор со Иран. Израел има право да се брани од закани, но нападот на кој реагираше беше многу мал и бесмислен, никој не беше повреден, или убиен, и не треба ...
Главниот ирански преговарач и претседател на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, денеска изјави дека израелските напади во јужниот дел на Бејрут покажуваат дека САД немаат ниту волја, ниту капацитет да ги спроведат своите обврски. „Со давањето зелено светло (на еврејската држава) не можете да добиете никакви отстапки … Ако немате ниту волја, ниту капацитет да ги исполните вашите обврски, невозможно е да се зборува за продолжување на ...
ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни на стадионот во Струмица ќе го одбележи роденденот на партијата, а потоа ќе започнат разговорите за реконструкцијата на Владата, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски по пуштањето во употреба на Домот за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден. За најавите за парламентарни избори, рече дека ВМРО-ДПМНЕ сака редовни избори, но ако биде предизвикана ќе оди на избори пред рокот и ќе победи. - Следната ...
На автопатот Скопје - Гевгелија, кај село Милетково, гевгелиско, синоќа околу 20:00 часот полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишиле од слобода И.Р.(21) од село Батинци, општина Студеничани. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека И.Р. управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 244 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на ...
Во Прилеп денеска се одржа хуманитарната трка насловена „Трка со срце“ кој се трчаше низ прилепските улици. Учесниците трчаа на две патеки, едната долга 5,а другата 10 км. Организатор е Ротаракт Клуб од овој град. Трката се организира за прв пат, а целта е да се упати силна порака за хуманост, заедништво и инклузивност, покажувајќи дека трчањето не е само натпревар, туку и начин да се помогне таму каде што е најпотребно. Сите собрани средства ...
Охрид деновиве пулсира во знакот на спортот. Бројните настани привлекуваат посетители но и ги мотивираат младите наместо да седат пред компјутери и на телефон кои доведуваат до физички деформитети, намален имунитет и психолошки проблеми да спортуваат. Ситуацијата е алармантна велат добрите познавачи и посочуваат дека тоа е сериозен предизвик на денешницата кој влијае врз здравјето на новите генерации. Спортот е клучен за правилен физички, ...
Доброволното противпожарно друштво од Штип наскоро ќе добие значајна поддршка во опрема за своите членови. Доброволците очекуваат испорака на донација од САД, која ќе придонесе за подобрување на нивната подготвеност при интервенции. Командирот на ДПД-Штип, Димитар Ташков, информира дека донацијата е обезбедена преку сопствени контакти и иницијатива на членовите на друштвото, а во моментот се наоѓа во царинска постапка. - Пристигнат е ...
Ако сѐ биде како што треба, брзата пруга долж Коридорот 10 ќе почне да се гради уште на есен. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека веќе бил на состанок со потенцијалните заемодаватели. Во меѓувреме, се чека физибилити студијата, а во текот на летото ќе треба да бидат донесени потребните закони за изградбата да може да почне. Говорејќи за Стратешкиот договор со Велика Британија, повтори дека не предвдивува носење мигранти, односно, ...
Од традиционалната риба на трска, преку крап тава , па се до познатите дојрански лангиди. Со презентација на богатото кулинарско наследство и специјалитети од дојранското поднебје, во Дојран се одржа фестивалот на традиционална храна, обичаи и култура „Дојран гурман фест“. Со оваа манифестација, веќе 14 години по ред, и симболично се означува почетокот на летната туристичка сезона. Градоначалникот на општина Дојран, Илија Тентов, вели дека ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по повеќе од две децении на чело на партијата, најави повлекување од претседателската функција.. Во говор на партиски состанок во Куманово, без да прецизира кога би ја напуштил лидерската позиција, Ахмети порачал дека нема намера засекогаш да биде претседател и дека својот ангажман сака да го продолжи во редовите на партиските ветерани.. Политичките аналитичари оценуваат дека најавата за повлекување, до следнтите ...
Довербата од два проценти во правосудство може да се реши само со сериозни реформи против партизацијата вели претседателката Сиљановска Давкова. Во интервју за МИА, побара поголема одговорност и сериозно преиспитување на потеклото на имотот на функционерите. Целосно напуштање на партизацијата при изборот на судии и јавни обвинители, но и на убедувањето дека со пари и влијание може да се купи речиси сè. Секој кога ќе стапи не само на ...
По партискиот роденден, премиерот го најави стартот на разговорите за реконструкција на неговиот кабинет Мицкоски ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека турка предвремени избори поради лошата финансиска кондиција, коментирајќи дека на Бихаќка владее страв од избори. Наредните парламентарни избори без разлика дали ќе бидат превремени или во редовниот термин ќе бидат последните кои ќе ги организира Пржинска влада. По партискиот роденден, ...
Во воведното коло во групата Ц на Светско првенство, Бразил и Мароко одиграа без победник 1-1, а Шкотска минимално го совлада дебитантот Хаити со 1-0, додека стартна победа во групата Д извојува Австралија, триумфирајќи над Турција со 2-0. Бразил и Мароко на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси одиграа возбудлив натпревар, особено во првото полувреме, во кое Мароканците дојдоа во водство со голот на Саибари во 21 минута, а Винисиус донесе ...
САД и Иран, со посредство на Пакистан и Катар, и со учество на Египет и Турција, како што се очекува, денеска ќе одржат виртуелен состанок и електронски ќе потпишат меморандум за разбирање со кој ќе се продолжи прекинот на огнот за 60 дена, повторно ќе се отвори Ормуската Теснина и ќе започнат нови преговори за иранската нуклеарна програма, објави синоќа Аксиос, повикувајќи се на свои извори. Меморандумот за разбирање треба да придонесе за ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, му порача на својот индиски колега Субраманјам Џајшанкар дека сите трговски бродови во Ормуската Теснина мора веднаш да ги почитуваат наредбите на американските сили, објави синоќа американскиот Стејт департмент. По телефонскиот разговор меѓу двајцата функционери, Рубио рече дека „сите комерцијални бродови треба веднаш да ги почитуваат наредбите на американските сили“ во овој стратешки важен ...
Мисијата на ОН за мониторинг на човековите права во Украина (HRMMU) заклучи дека бројот на убиени и повредени цивили во оваа земја во мај бил поголем отколку во кој било друг месец во последните четири години. HRMMU потврди дека најмалку 274 цивили биле убиени, а 1.763 повредени во мај во Украина како резултат на насилство поврзано со конфликтот. „Интензивирањето на непријателствата и зголемената употреба на моќно оружје во урбаните средини ...
Десетици илјади луѓе синоќа маршираа низ улиците на Рим на сопернички анти и промиграциски демонстрации, откако екстремно десничарската граѓанска иницијатива која бара сеопфатни мерки против мигрантите доби доволно поддршка за да биде изнесена во парламентот. Петицијата на иницијативата собра 50.000 потписи потребни за започнување парламентарна дебата. Сè уште не е одреден датум за гласање за иницијативата. Предлогот, промовиран од ...
Швајцарците денеска гласаат на референдум за иницијативата за ограничување на бројот на жители со закон на десет милиони и задолжување за владата во иднина поригорозно да управува со миграцијата и, доколку е потребно, да ги раскине договорите за слободно движење со Европската Унија. Иницијативата ја покрена десничарската, евроскептична Швајцарска народна партија (SVP), која има две места во седумчлената влада и најголема парламентарна група. ...
Голем УФЦ спектакл е планиран за денеска на тревникот пред Белата куќа по повод 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп и 250-годишнината од Декларацијата за независност. Трамп ќе биде опкружен со членови на кабинетот, високи претставници на администрацијата, републикански пратеници и илјадници гледачи кои ќе ги гледаат борбите во специјално дизајниран осумаголен прстен со заштитна челична ограда, специјално осветлување и ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска ги предупредија жителите на 29 села и градови во јужен Либан да се евакуираат пред воздушните напади врз либанската милитантна група Хезболах. На жителите на 16 градови им беше наложено да се евакуираат најмалку еден километар од своите домови, додека на оние од 13 други градови им беше наредено да се упатат северно од реката Захрани, објави „Тајмс оф Израел“. „Со оглед на кршењето на договорот за ...
Кошаркарите на Њујорк Никс триумфираа во Сан Антонио Спарс со 94-90 во петтиот натпревар од финалната серија во НБА лига и со 4-1 во победи ја освоија шампионската титула, прва по пауза од 53 години. Џејлен Брансон одигра брилијантен натпревар со 45 поени и беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на финалната серија. Во редовите на Спарс, дебитантот Дилан Харпер беше најефикасен со 25 поени, додека најголемата ѕвезда во тимот Виктор ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе биде во интервал од 25 до 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а ...
Националниот интерес е најважен. Ние да имавме во многу прашања консензус поинаку ќе гледаа на нас и начинот на кој се однесуваат кон нас од надвор покажува дека ние сме ги охрабрувале дека уставните измени се главното решение, вели претседателката Гордана Сиљановска - Давкова во вториот дел од мега интервјуто за МИА. - Ние да имавме во многу прашања консензус и да не ја исклучувавме опозицијата - и сега не треба да се исклучува, нема ...