Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур треба да гласа за конечната верзија на извештајот за напредокот на Северна Македонија на патот кон Европската Унија на известувачот за нашата земја, европратеникот Томас Вајц. Европратениците треба да се изјаснат и за извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Известувачите на Европскиот парламент за петте земји од Западен Балкан вчера ги презентираа ...
Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2 процента. Прес-службата на централната банка соопшти дека одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со првиот квартал од 2026 година. - Оваа стапка ќе важи од третото тримесечје на 2027 година и се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел мора да дејствува поодговорно во својата војна против милицијата Хезболах во Либан, која е поддржана од Иран. -Не сум задоволен од начинот на кој Израел се постави кон Либан и Хезболах, требаше да ја завршат работата побрзо – рече Трамп денеска на средбата со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, на маргините на самитот на Г7 во францускиот град Евијан. Израелскиот премиер Бенјамин ...
Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ја разгледувал можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговиот последен телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. -Никој не ни се обратил со таков предлог-им рече Ушаков на новинарите. Трамп во неделата разговараше одделно со Путин и со Зеленски. Зеленски вчера изјави дека предложил да се ...
Три малолетни деца - петнаесетгодишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од дванесет и девет години, биле пронајдени без реакција на допир на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово, информираа денеска од СВР Куманово. Според пријавата, случајот бил евидентиран вчера околу 10:40 часот, а според првичните информации, децата најверојатно биле затруени од вдишување лепак. Тие веднаш биле пренесени во Општата болница во Куманово каде ...
Натпросечно топло и посушно лето најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Според анализите, во текот на летото се очекува температурите да достигнат натпросечни вредности на глобално ниво, а не само во југоисточниот дел на Европа. На територија на Македонија, надминувањето на температурите може да достигне и до 3°C, а најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишниот просек за оваа сезона се очекува да ...
Запалените дипломатски возила пред бугарската амбасада се директен удар врз Бугарија обвинува претседателката Илијана Јотова. Ваквата изјава доаѓа во пресрет на гласањето во Европскиот Парламент каде треба да се одлучува по извештајот за напредокот на Македонија. Јотова тврди дека се подготвува терен во последен момент да биде отстранет дел од амандманите од извештајот за напредокот на Македонија, кој се однесува на работата на заедничката ...
На територијата на државата денеска до 18:00 часот се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати. Како што информира Центарот за упраување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во Општина Илинден – село Мршевци каде гори сува трева; Општина Босилово – село Секирник гори депонија; Општина Чашка – село Војница гори нискостеблеста деградирана шума и сува трева; ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека иницијативите за ограничување на можноста за користење вето во процесот на проширување на Европската Унија претставуваат позитивен исчекор, но нагласи дека е прерано за конечни оценки додека не бидат објавени официјалните документи. Таа смета дека пречките со кои се соочува Северна Македонија на евроинтегративниот пат се „ирационални“ и повика фокусот да биде ставен на ...
Владата денеска на предлог на Министерството за здравство, го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување, со кој се предвидуваат нови механизми за евидентирање на волјата на граѓаните за органодарителство и се проширува опфатот на можни дарители во системот, соопштуваат од Министерството за здравство. Со предложените измени, секој полнолетен граѓанин, при посета ...
По појавата на четврти пожар кај Штип за само неколку дена, Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека претпоставува оти пожарите се подметнати и рече дека МВР истражува за да открие можни сторители. -Во олку краток период да има вака сериозни пожари е навистина симптоматично и секако дека нè загрижува. МВР работи на откривање на сторителите и времето ќе покаже дали и кој намерно го предизвикал овој ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик, а јавен обвинител предложи мерка притвор. Како што информира ОЈО, тој на 15 јуни околу пладне, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, со пожар предизвикал значителна опасност за ...
Многу корисници на Андроид телефоните и понатаму сметаат дека за напредни функции и автоматизација им се потребни дополнителни апликации. Но, голем број корисни функции веќе се вградени во самиот оперативен систем и работат во заднина без потреба од дополнителни инсталации.Овие функции се создадени за да ги анализираат и учат навиките на корисниците, приспособувајќи се на начинот на кој се користи уредот. Како резултат на тоа, потребата од ...
Според докторските податоци собрани од повеќе од девет милиони возрасни лица од Јужна Кореја и САД, речиси секој човек кај кого се развива срцево заболување или кој има сериозен кардиоваскуларен проблем претходно почувствувал најмалку еден од четирите ризик знаци – покачен крвен притисок, зголемен холестерол, покачено ниво на шеќер во крвта и пушење. Кога овие фактори биле анализирани заедно, истражувачите утврдиле дека биле присутни кај 99 ...
Поранешната светска тенисерка број еден и четирикратна олимписка шампионка Серена Вилијамс ќе се натпреварува во двојки на Вимблдон 2026 со својата сестра, Венус Вилијамс, објави прес-службата на турнирот. Четириесет и четиригодишната Серена Вилијамс, која ја продолжи својата професионална кариера во јуни, доби вајлд-карта од организаторите. Во својот прв натпревар по враќањето, Американката, во тим со Канаѓанката Викторија Мбоко, ги победи ...
Народната банка ја затега монетарната политика Референтната камата ја зголеми за 0,25 процентни поени, односно од 4 на 4,25 отсто. Одлуката се носи за да се зачува ценовната стабилност, поради ефектите од глобалните случувања врз домашната економија. Последиците од војната на Блискиот исток ќе се чувствуваат до крајот на годината, со што ќе расте и притисокот врз инфлацијата. Затоа, според гувернерот Славески, неминовно беше благо заостаување ...
Нова инвестиција на компанијата „Џаво отомотив“ во ТИРЗ Тетово, која се очекува да отвори околу 500 работни места, објавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Како што рекоа Мицкоски и Дурмиши на прес-конференција во Владата, инвестицијата вредна 20 милиони евра е уште една потврда за атрактивноста на Македонија како дестинација за странските вложувачи, но и за довербата што тие ја имаат во ...
Војните во Украина и на Блискиот Исток во фокусот на Г7 Самитот во францускиот ресорт Евијан-ле-Бен, на брегот на Женевското Езеро. Европските дипломати имаат една цел - да извршат силен притисок врз американскиот претседател Доналд Трамп за да ја ревидира својата стратегија за Киев бидејќи сметаат дека досегашните предлози на САД биле премногу во корист на Москва. На самитот присутен е и украинскиот претседател Володимир Зеленскиј, кој беше ...
Иран и САД во петок ќе одржат нова рунда разговори во Швајцарија со цел постигнување конечен договор, откако претходно беше усогласен привремен меморандум меѓу двете земји, соопшти иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Во изјава за иранската државна телевизија, Арагчи нагласи дека претстојните преговори ќе бидат насочени кон финализирање на договорот и надминување на преостанатите несогласувања меѓу Техеран и Вашингтон, ...
Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, изјави дека меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е „мошне општ документ“ и оти деталите за конечниот договор ќе бидат усогласени во текот на натамошните преговори. Значи, постојат некои дипломатски протоколи, Шон. Постојат некои низи според кои Пакистанците се вклучени во ова. Катарците се вклучени во ова. И она што претседателот го кажа е дека договорот ќе биде објавен во петок (19 јуни). Тој ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин не доби официјална покана од украинскиот претседател Володимир Зеленски да присуствува на Самитот на Г7, изјави портпаролот на Кремљ. – Во моментот нема официјални канали за комуникација помеѓу Киев и Москва – изјави Дмитриј Песков, при тоа повторувајќи дека Зеленски би можел да дојде во Москва на преговори. Тој наведе и дека сè уште не се одредени датуми за посета на Москва од страна на претставникот ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп на Самитот на Г7 изјави дека Русија би требало да се согласи на договор со Украина. – Видете, Русија треба да се согласи со договорот. Русија изгуби огромен број луѓе, како и Украина. Минатиот месец изгубија вкупно 35.000 војници, тоа е на месечна основа. Во просек изгубија 25.000 луѓе, претежно војници, млади, убави луѓе, и лудо е тоа што таму се случува – наведе Трамп. Тој додаде дека утрово „имал многу ...
Седумнаесетгодишната Флоринда Зекировски се води како исчезната од 11 јуни 2026 година, откако утрото околу 08:00 часот ѝ се губи трагата во германскиот град Корнвестхајм, во близина на Штутгарт. Последен пат била забележана кога заминувала на работа во локална градинка во Корнвестхајм. Според информациите од семејството, последниот сигнал од нејзиниот мобилен телефон е регистриран во градот Тибинген. Во моментот на исчезнувањето носела бела ...
На 15.06.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, А.С. од Скопје пријави дека во парк на подрачјето на Шуто Оризари на клупа пронашол оставено бебе старо седум – осум месеци. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а екипа на Итна медицинска помош бебето го пренела во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што е извршен преглед и утврдено е дека бебето е во добра здравствена состојба без видливи повреди. По преземени мерки, во ...
Пациент со две механички пумпи, седум години чека ново срце и шанса за нормален живот. На листата за трансплантација на бубрег има лица кои и повеќе од една деценија одат на апаратите за прочистување на крвта чекајќи орган а во истата зграда на клинички, болни со месеци се хоспитализирани поради здравствената состојба додека добијат повик за нов црн дроб. Измените на законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување ...
Шеесеттина матуранти се фатени како препишувале на државната матура. Ваква е статистиката по само двата екстерни испити – странски јазик и полагањето на мајчин јазик. Најголемиот дел од нив употребиле мобилен телефон којшто е најстрого забранет за време на полагањето на тестовите. „Оваа година за разлика од минатите каде имавме огромен број на ученици млади во Вибер групи и во телеграм групи, всушност од испитот се отстранети само двата дела ...
По трагедијата во Струга каде 20 годишно момче од Октиси се удави во водите на Охридското езеро во близина на Машка плажа надлежните го вклучија алармот. Градоначалникот Ќура најави засилени безбедносни мерки на капалиштата и предложи забрана за паркирање и користење на педалинките кои со децении работат на диво. Струшкиот градоначалник Ќура предлага со плажите кои се горлив проблем да менаџира општината ,која ќе става ред во урбаната опрема ...
По три месеца, од денеска нема мерки за горивата. На полноќ истече важноста на намалените акцизи за дизелот и бензините, а не е во сила ниту попустот од најголемиот снабдувач. Со укинувањето на мерките, цените на горивата забележаа мал раст. Од денеска Бензинот БС-95 и дизелот се точат по 87,5 денари, а 98-октанскиот бензин се продава по 90 денари по литар. Допрва ќе се прави анализа колку ја чинеше државната каса намалувањето на ДДВ-то од 18 ...
44 годишен скопјанец со иницијали И.Д е лицето кое го подметнува пожарот врз возилата на амбасадата на Бугарија. Осомничениот е во полициска станица, а според првиот човек на МВР, засега не е познат мотивот за подметнувањето на пожарот. Од министерството за внатрешни работи велат дека во соработка со Агенцијата за национална безбедност, лицето кое го подметнува пожарот, било веднаш идентификувано. Тошковски го осуди инцидентот и рече дека ...
Матурантите завршија со полагањето на екстерните предмети, а пред нив преостануваат уште двата интерни испити. Директорката на Државниот испитен центар за Сител вели дека е забележан зголемен број на матуранти фатени како препишуваат на вториот испит. Прецизни бројки сè уште нема, бидејќи процесот на проверка на тестовите е во тек. Поради ваквите појави, за следната година повторно се разгледува можноста за инсталирање блокатори на мобилни ...