Земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во сабота, 13 јуни, во 11:22 часот во Егејското Море, во близина на Измир. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал источно од овој турски град. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7,5 километри под површината на земјата. Земјотрес со интензитет од 3,7 степени ...

Израелската армија денеска нареди евакуација на жителите од 20 градови и села во јужен Либан, јави ДПА. Армијата објави дека од синоќа имало неколку напади со беспилотни летала од страна на либанската милиција Хезболах врз северен Израел. Портпаролот на армијата, Авичај Адрае, објави на Икс на арапски јазик дека жителите треба веднаш да ги напуштат своите домови за сопствена безбедност и да се преселат северно од реката Захрани. Секој што ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер ...

Општина Чаир соопшти дека ќе бидат поставени 100 нови контејнери на местата каде што потребата за собирање отпад е најголема, што според општината претставува инвестиција во подобрување на јавната хигиена и комуналната инфраструктура. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, нагласи дека инвестициите во јавната хигиена остануваат еден од приоритетите на општината. „Постојано инвестираме во создавање подобри услови за граѓаните. ...

Соединетите Американски Држави не можеа да посакаат подобар почеток на Светското првенство, откако рано изутринава пред своите гледачи во Лос Анџелес го совладаа Парагвај со 4-1 во натпревар од групата Д. Домаќините имаа одличен почеток, поведувајќи во седмата минута преку автогол на Дамијан Бобадиља. По половина час игра, веќе беше 2-0, а стрелец беше Балогун. Истиот играч го постигна и третиот гол во самиот финиш од првото полувреме, и со ...

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе го пропушти првиот натпревар на Бразил од групната фаза на Светското првенство поради повреда на листот, изјави денеска селекторот Карло Анчелоти. „Тој работи напорно за да се рехабилитира што е можно поскоро. Се надеваме дека ќе може да се врати на целосен тренинг следната недела“, рече Анчелоти. Бразил стартува на Мундијалот вечерва на полноќ против Мароко во единствениот натпревар од групната фаза во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во напад на САД е убиен лидерот на транснационалната криминална група „Трен де Арагва“. „По моја наредба, Јужната команда на САД изврши брз и смртоносен кинетички напад за успешно елиминирање на Нињо Гереро, озлогласениот лидер на ’Трен де Арагва‘, една од најкрволочните терористички организации на планетата Земја“, соопшти Трамп во објава на својата платформа Truth Social, која содржеше и ...

Коцкањето претставува сериозен здравствен ризик, а најефективната терапија за зависноста е превенцијата, порача министерот за здравство Азир Алиу во видео-обраќање, давајќи поддршка за Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, кој веќе помина во прво читање во Собранието. Алиу истакна дека коцкањето не смее да се третира како забава кога преминува во зависност што има последици врз поединецот и семејството. - Не може да зборуваме за ...

Предвремени избори се можни, но сѐ уште е рано да се прогнозира дали политичките партии ќе одлучат да не го чекаат редовниот термин во 2028. Април или мај би бил најраниот термин за предвремени избори, со оглед на тоа што на следните избори ќе мора да се испочитува т.н. Пржинска Влада која има 100 дневен мандат. Универзитетскиот професор Владимир Божиновски вели дека е нормално владејачка гарнитура да размислува за предвремени избори во ...

Успешните средби што денеска ги имав со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Средбите се одржаа во рамики на на македонско-турскиот бизнис-форум што денеска се одржува во ...

Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми, истакна претсдателката Силјановска Давкова во интервју. -Значи, пријателство и добрососедство, не непријателство и вето. И суштината на пријателството и на добрососедството е во преамбулата на Договорот. И таа вели дека нашиот сосед ке н помага на патот со сопствените искуства, исто така ке ни го отвори патот кон Европската Унија и ...

Во Босна и Херцеговина (БиХ) владее вистинска еуфорија пред првиот натпревар на земјата на Светското првенство против домаќинот Канада оваа вечер во Торонто, а на навивачите и медиумите кои очекуваат победа им се придружи и американскиот генерал Џејмс К. Фаулер, кој од минатиот месец е командат на НАТО штабот во Сараево. -Мислев дека САД ги имаат најдобрите навивачи во светот сè додека не пристигнав тука во Босна и Херцеговина и не ја видов ...

Американскиот претседател Трамп прогласи крај на војната со Иран, Техеран официјално не потврдил, но иранските медиуми објавуваат наскоро потпишување на договорот. Постигнат е значителен напредок и можен параф Трамп најавува за викендов. Би се потпишал во некоја европска земја, најверојатво во Швајцарија, но тој нема да присуствува, туку потпретседателот Венс. Трамп тврди дека главната цел – Иран да не дојде до нуклеарно оружје – е ...

Меморандумот меѓу САД и Иран за прекин на војната во Заливот може да биде потпишан уште во недела, изјави западен извор за Ројтерс, а Женева се споменува како најверојатно место за потпишување. Изворот наведе дека текстот на меморандумот сè уште се финализира и дека Иран се држи до својата позиција дека договорот мора да ги прекине и борбите во Либан, каде што Израел се бори против Хезболах, поддржан од Иран. Целта е текстот да се финализира ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е целосно согласен со американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје. „Додека сум премиер на Израел, Иран нема да има нуклеарно оружје“, изјави Нетанјаху, соопшти неговиот кабинет. Тој наведе дека повеќе од три децении води меѓународна борба против иранската нуклеарна програма. „Без оваа борба, Иран одамна ќе имаше нуклеарни бомби за да го ...

Претставата „Страв и надеж“ на МНТ од Скопје, работена според според Франц Ксавер Крец, е победник на годинешното јубилејно 60-то издание на театраскиот фестивал Војдан Чернодрински. Одлуката ја донесе трочлената жири комисија составена од Снежана Коневски Руси, како претседател и членовите Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ. „Имавте во текот на Фестивалот различни изведби, јас веќе како традиционалист или конзервативец можам да кажам дека со нбекои ...

Со француска поддршка ќе се зајакнуваат капацитетите на македонските музеи, а по примерот на франсуцките искуства ќе се прави конзервација и реставрација на македонското културно наследство. Ќе се дигатилизира и архивскиот материјал, а како дел од меморандумот ќе се конзервира целокупниот аудио и видео материјал на архивските служби на Македонската радио-телевизија. Станува збор за поголем проект во кој се вклучени радија и телевизии од ...

Педесетина административци, хигиеничари и болничари 6 месеци се без продолжени договори и без плата на Клиниката за детски болести. Денеска по втор пат протстираа и тоа пред министерството за здравство откако претходниот пат беа пред финансии. Бараат итно решавање на нивниот статус бидејќи од јануари до мај оделе на работа без никаков официјален документ. -Никакви договори. Не е прв пат ова да се случува, и порано имало каснење но на крајот ...

Од Зелениково до центарот на Скопје со воз за неколку минути. На 1 септември стартува првата линија од Градскиот воз. Градежните работи на трасата се при крај. „Тука работиме на горниот строј, односно замена на дрвените прагови со бетонски и со поединечна замена на дотраените дрвени со нови дрвени прагови, во согласност со условите на теренот“, кажа Ивана Бикоска, помошник директор за пруги. Во утринските часови ќе има по два воза, а во ...

Последната средба во Бугарија и јасната потврда дека уставните измени не се единствениот ултиматум од Софија, причина за партиски обвинувања меѓу власта и опозицијата. Владејачката ВМРО ДПМНЕ реагира дека со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче кој според нив прифаќа се без размислување. -Капитулантскиот договор кој го потпиша власта на СДС кој е лош за Македонија а добар за Бугарија, ...

Рафални експлозии, оган и густ црн чад ги разбуди утринава станарите во зграда на булеварот Борис Трајковски во Кисела вода. 15 минути пред шест часот се запалиле електрични кабли, пред влезот на зградата а пламенот се проширил на ормарите со броила. За кратко чадот ги наполнил ходниците, па вознемирените станари во паника ја напуштале зградата. Жителите тврдат дека каблите биле неодамна поставени, до нив секојдневно играле деца, па велат, ...

По разузнавачка царинска информација, Царинската управа спречи обид за неовластен промет со дрога која државјанин на САД се обидел нелегално да ја внесе во државава преку поштенски пратки со ДВД ЦД-а коишто пристигнале во ЦИ Пошти од Франција. Царинската управа денеска соопшти дека по пристигнување на пратките во ЦИ Пошти, наменети за лицето Ј.Е., царинските службеници извршиле контрола со скенер за поштенски пратки, при што е детектирана ...

За речиси пет минути со воз од Маџари до центарот на Скопје, наспроти многу подолго патување со автобус на истата релација, медиумите денеска направија практична споредбена тура низ главниот град во рамките на конференцијата Traffic for All - Skopje, организирана од „Го грин“. Турата почна со градски автобус на релација Карпош 4 - Маџари по трасата предвидена за идниот брз автобуски превоз (БРТ) по што учесниците се префрлија на воз од ...

Во Основниот граѓански суд Скопје објавени се повеќе известувања за презакажани и одложени рочишта за кои странките дополнително ќе добијат нови термини. Од Судот за МИА информираат дека станува збор за одложувања на предмети на тројца судии, кои со одлука на Судскиот совет се времено делегирани во други судови. - Предметите на делегираните судии согласно опертивниот систем АКМИС по автоматска распределба веднаш се распределени кај судиите ...

Основниот суд Велес соопшти дека, постапувајќи по обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Велес, донел пресуда со која Ѓоре Петровски од село Ореше, Општина Чашка, и Даниел Димески од Прилеп се огласени за виновни за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ поврзано со предизвикување пожар, со што целосно била опожарена куќа во село Нежилово. Како што информира Судот, по одржана главна, јавна и усна расправа на 5 јуни ...

Шеесет и девет годишниот сопственик на викендица во штипската викенд населба Кумлак е во добра и стабилна состојба информираат од Клиничка болница-Штип. Посочуваат дека е подобар, но поради изгорениците по екстремитетите и вдишаниот чад ќе остане под лекарски надзор. Тој при гаснењето на пожарот на кровот на неговата викендица се здобил со изгореници од втор степен на потколениците и левата рака. Според информациите од Дарко Коцев пожарникар ...

Зајакнувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и отворањето нови инвестициски можности беа во фокусот на бизнис-форумот Северна Македонија - Турција, кој денеска се одржа во Истанбул. Македонската делегација, предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, учествуваше на форумот заедно со високи државни претставници, институциите и бизнис-заедниците од двете земји, со цел продлабочување на економските ...

Министерството за правда и Министерството за животна средина и просторно планирање потпишаа Меморандум за разбирање со Експертиза Франција (Expertise France), Француската агенција за развој (AFD) и Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија, со што официјално се потврдува заедничката заложба за унапредување на климатската и еколошката правда во земјата. Меморандумот, инфомрираат од Министерството за правда, ја воспоставува ...

Јапонија денеска успешно лансираше ракета што користи за погон исклучиво течно гориво, објавуваат јапоснките медиуми повикувајќи се на Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA). Ракетата утрово во 9:55 часот е лансирана од вселенскиот центар Танегашима во југозападниот дел на Јапонија, носејќи шест мали сателити во земјината орбита. Лансирањето претходно беше одложено на два дена поради неповолни временски услови. Ракетата од типот ...

Натпреварите што ќе се одиграат во 11-те американски градови домаќини на Светското фудбалско првенство, кое почна во четвртокот и ќе се игра повеќе од еден месец, ќе бидат многу безбедни, но сепак не можеме да контролираме осамен волк, изјави синоќа американскиот министер за внатрешна безбедност, Марквејн Малин. Во САД, кои заедно со Мексико и Канада се кодомаќини на Светското првенство, ќе бидат одиграни 78 од 104 натпревари на ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.59
27%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
2.52
41%
1013
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
0.19
32%
1013
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
3.7
38%
1014
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.99
34%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
0.45
50%
1014
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
4.92
48%
1011
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
3.23
40%
1013
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.09
38%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.13
42%
1014
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
0.89
28%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.51
70%
1014
Currency

61.53

Currency

53.2555

Currency

71.8889

Currency

37.6202

Currency

38.1583

Currency

65.847

Currency

7.88721

Currency

0.65205

Currency

0.33706

Currency

0.52484

Currency

1.11538

Currency

0.55897

Калај

56.26

Бакар

13.27

Платина

56231.66

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Паладиум

43274.90

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Сребро

2050.96

Алуминиум

3.28

Иридиум

252383.36

Злато

139395.99