Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра при влез во државата на граничниот премин Богородица, соопшти Царинската управа. Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиле претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени ...
Управата за финансиска полиција соопшти дека до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против лицето С.Г.О.Б., странски државјанин, во својство на сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот ...
Со натпреварот Мексико – Јужна Африка вечер (21 часот) почнува 23. Светското фудбалско првенство 2026. Мундијалот ќе трае до 19 јули за кога е закажан финалниот дуел во Њујорк. Светското првенство ќе се игра на 16 стадиони во три земји – САД, Канада и Мексико, а 1.248 играчи се наоѓаат на списокот на 48 екипи учеснички. Ќе видиме дури 104 натпревари, никогаш повеќе национални тимови, никогаш повеќе натпревари. Титулата освоена пред четири ...
Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештини во услови на забрзани климатски промени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), посочувајќи дека континентот се затоплува побрзо од кој било друг регион во светот. Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека во изминатите четири години повеќе од 200 илјади лица во европскиот регион починале од причини поврзани со високите температури. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска им помагала на нафтените танкери и комерцијалните бродови да поминат низ Ормуската Теснина во она што тој го опиша како „тајна мисија“ за да се одржи отворен клучниот поморски пат, додека тензиите со Иран и воената активност во регионот продолжуваат да ескалираат. Трамп на својата платформа Тruth Social соопшти дека ја наредил операцијата минатиот месец и тврдеше дека ...
За три, четири месеци, можеби и порано ќе поднесам оставка. Тоа попладнево за Радио Белград го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ и додаде дека на 27 јуни ќе биде претставена листата на владејачката СНС за претстојните парламентарни избори. Зборувајќи за потенцијалните датуми за одржување вонредни избори, тој рече дека „тоа нема да биде изненадување за никого“ и дека нема да каже „дека го скратува својот мандат, туку дека поднесува ...
Незадоволствои од асоцијациите за игри на среќа откако предлог-законоз за ихрите на среќа и забавните игри се најде на дневен ред во Собранието. Од АСОМ и АПИС предупредуваат едка законското решение ќе има сериозни последици за индустријата, компаниите и вработените во секторот. На заедничка прес конференција, претставници на скопските обложувалници, автомат-клубовите и казината побараа нивните забелешки да бидат земени предвид пред ...
Нешто повеќе од една третина од делницата Бељаковце - Крива Паланка, траса која ќе треба за првпат железнички да ги поврзе Скопје и Софија е готова. Станува збор за исклучително тежок терен. На делница која е долга само околу 34 километри ќе има вкупно 29 мостови и 15 тунели. -Ова е нашиот мост број 7. Целосната должина на проектот е 35 километри. Така што, можете да замислите дека речиси на секој километар има по еден тунел и еден мост. ...
Неисплатени субвенции, помалку пари државна помош за тутунарите, за млекопроизводителите, неутврдени цени пред стартот на жетвата, поништени повици за доделување трактори и земјоделска механизација, прераспределени и суспендирани професионалци. Изгубени, и вратени во Унијата скоро половина милијарда евра, пари од ИПАРД програмата. Ова се само дел од аргументите на СДСМ, кои поднесоа интерпелација за министерот за земјоделие Трипуновски. ...
На 09.06.2026 во 12:50 часот во с.Логоварди, битолоско, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода В.Ј.(29) од с.Новаци. Тој се сомничи дека на 08.06.2026 отишол во куќата на И.Т.(51) во с.Новаци физички го нападнал, му се заканувал и му одзел личен предмет, по што заминал. По преземени мерки, тој е пронајден и приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На ...
Претседателката на државата Силјановска-Давкова и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски учествуваат на состанокот на процесот за соработка во југоисточна Европа кој се одржува во Софија. На маргините на денешниот работен ден попладнево е закажана билатерална средба на македонската претседателка со нејзината бугарска колешка Јотова. Претседателката на државата Силјановска-Давкова и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски учествуваат на ...
Уставните измени не се единствениот услов за тргање на ветото за почеток на преговори на земјава со ЕУ, туку Бугарите имаат и услови поврзани со протоколите поврзани со историската комисија, изјави денеска во Софија претседателката Гордана Сиљановска Давкова по билатералната средба со шефицата на бугарската држава Илијана Јотова на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). -Јас и ...
Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите во групата за Светското првенство што од 13 до 31.јануари 2027 година ќе се одржи во Германија. Противници во групата Х што ќе се игра во Магдебург се: Исланд, Бахреин (шампион на Азија) и Јапонија (четвртопласирана на последниот шампионат на Азија). РАСПОРЕД НА ГРУПИТЕ: А група (Минхен): Германија, Србија, Тунис, Уругвај. Б група (Штутгарт): Египет, Италија, Република Зелен РТ, Саудиска ...
Соединетите Држави извршија воздушни напади врз десетици воени и надзорни објекти во Иран рано утрово, а Техеран одговори за кратко време со ракети и дронови кон американски воени бази во Кувајт, Јордан и Бахреин. Исламската револуционерна гарда тври дека нападите предизвикале голема штета на американските бази иако Пентагон сè уште не ги потврдил овие тврдења. Американската централна команда извести дека погодиле системи за воздушна одбрана, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговарајќи на новинарско прашање да ја објасни претходната изјава дека Иран „мора да ја плати цената“, истакна: -Па, ќе ги нападнеме, ќе ги нападнеме многу силно, посочи Трамп. Тој на прашањето дали тоа значи продолжување на бомбардирањето истакна: Да, па, со оглед на хеликоптерот, претпоставува, дека имам право на тоа“. Трамп претходно го обвини Иран дека со дрон соборил американски хеликоптер „Апачи“ во ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му изрече парична казна на првакот Вардар поради употреба на пиротехника на натпреварот од последното коло во ПМФЛ против Шкендија. Дисциплинската комисија на ФФМ му изрече казна од 17.000 евра на Вардар. Казната е изречена поради користење на пиротехнички средства на натпреварот од 33 коло со ФК Шкендија кога „црвено-црните“ ја прославуваа титулата. Оваа казна доаѓа по вчерашната информација дека ...
33-годишен маж уапсен силувал малолетничка со месеци додека престојувал во нивниот дом. Ѝ пренел и заразна болест. – На 08.06.2026 во 13:50 часот, Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Т.(33) од село во општина Карбинци. Тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.К.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење’’. Пријавениот ја следел неговата поранешна девојка и на 06.06.2026 пред нејзиниот стан во Тетово ѝ упатувал закани на неа и на нејзиниот вујко, и покрај тоа што претходно за истото дело тој е осуден условно на две години од Основен суд Тетово. Имено, со пресудата му биле изречени и мерки за забрана да ѝ се ...
На 10.06.2026 во 02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје - Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(43) од село Бузалково, велешко, со живеалиште во Скопје. На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидува насилно да влезе во црква, но откако ги забележал полициските службеници се оддалечил ...
СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.С. (23) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Имено, на 28.05.2026 година во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица „34“ во населбата Илинден се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, а двајца под дејство на алкохол. Осум лица во Скопје (еден малолетник) возеле без возачка дозвола, четири во Гостивар (еден малолетник), двајца во Кичево и по еден во Тетово, Куманово, Кочани, Неготино (малолетник), Валандово, Битола и ...
Информираме дека Институтот за судска медицина утврди дека во парчињата салама што ги најдоа деца во Расадник, Кисела Вода, во близина на детско игралиште, има присуство на инсектицидот метомил (во јавноста познат како ланате). Станува збор за високо токсичен инсектицид, одамна забранет за употреба и за увоз во земјите на ЕУ и во Македонија, поради неговата енормна токсичност и можност за злоупотреби, најмногу со цел да се трујат животни, се ...
Дирекцијата за заштита и спасување бара стотина луѓе за времено да ги ангажира во текот на летото како возачи, оператори со пумпи и противпожарни метли. Повикот, како што објаснува првиот човек на дирекцијата е само за поранешни полицајци, војници или пожарникари со најмалку петгодишно искуство во службата, без разлика дали се пензионирани или пак од други причини го напуштиле работното место. За својот тримесеч ангажман со договор на дело, ...
Прво да се зајакнат Клиничките болници во Штип, Тетово и Битола со кадар и опрема, потоа да се направи анализа дали и колку ќе се растеретат скопските клиники за да се види дали има потреба од нов Клинички или пак доградба и надградба на постоечки објекти, смета директорот на Фондот за здравство. Според Клековски во Скопје и во внатрешноста има доволно здравствени установи, но потребна е реорганизација. Деновиве од Владата повторно го ...
Македонски Телеком, министерството за дигитална трансформација и британскиот совет почнаа нова фаза од проектот „Училиште на 21 век“ со кој учениците ќе учат дигитални вештини, програмирање, критичко размисување, сајбер-безбедност и основи на вештачката интелигенција. Проектот ќе опфти десетина училишта, повеќе од 20 илјади ученици и околи илјада наставници, а македонски Телеком дополнително ќе донира компјутерска опрема во 5 училишта низ ...
Кога зборуваме за билатералниот аспект меѓу Софија и Скопје, она што секогаш го велам е дека заедничкиот интерес на двете земји е да се движиме напред по патот кон полноправно членство во Европската Унија, изјави шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, пред почетокот на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија. - И двете земји имаат многу да добијат од овој процес. Сакам да ве уверам дека имаме ...
Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании. Со трансферот, како што информираат од МФ, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра. -Ова претставува 92 отсто ...
Изминаа две недели откако, асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат клубови, казина и спортски обложувалници, АПИС и АСОМ доставивме официјално барање до Собранието за организирање јавна расправа во врска со Предлог законот за игри на среќа. Согласно член 129 став 2 од деловникот, барањето го упативме до претседателот на Собранието, претседателката, членовите на Комисијата за финансирање и буџет и до координаторите на сите ...
Собранието, во рамките на денешната 104. седница, ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи. Вицепремиерот Фетаи поднесе оставка на 1 јуни за што соопшти преку социјалните мрежи. Фетаи во објавата на „Фејсбук“ вели дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест. - Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека при околностите во моментот е најправедниот и најдостоинствен чекор. Во текот на ...
На Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици заради организирано учество во гаснење на пожари на отворен простор и шумски пожари, посочи денеска директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Како што истакна на прес-конференција тие се потребни за пополнување на работните места возачи на специјалните противпожарни возила (22 пинцгауери, 5 хермелини и 15 БТР-и ...