Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Израелската армија ќе продолжи со операциите на територијата на „целиот Либан“ и ќе го засили притисокот врз либанската исламистичка група „Хезболах“, изјави армиски портпарол портпарол. „Ги погодивме (јужните предградија на Бејрут) како одговор на континуираното гранатирање на ‘Хезболах’ врз градовите во северен Израел“, изјави генерал Ефи Дефрин. Тој додаде дека израелските сили „ќе продолжат со операциите во Либан и нема да се дозволи ...
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, нема друг избор освен да го прифати договорот што САД ќе го постигнат со Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во синоќа објавеното интервју за „Фајненшл тајмс“. „Тој нема никаков избор“, нагласи Трамп. Претходно, американскиот претседател телефонски разговарал со Нетанјаху, објавија израелските медиуми. Американскиот политички портал „Аксиос“ објави дека Трамп пред разговорот изјавил ...
Шест лица се повредени во напад со ладно оружје на железничката станица „Пен“ во Њујорк, соопштија денеска локалните власти. Градската противпожарна служба потврди дека вчера вечерта околу 19 часот добила дојава, дека непознато лице нападнало повеќе лица на главната меѓуградска железничка станица во центарот на градот. „Едно лице се здобило со тешки повреди, додека останатите се со лесни до умерени повреди. Петмина повредени се пренесени во ...
Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во силниот земјотрес што денеска ги погоди Филипините,соопштија локалните власти. Поголемиот дел од жртвите биле извлечени од урнати згради. Претходно беше соопштено дека во земјотресот со магнитуда од 7,8 степени, кој се случи во близина на јужниот филипински остров Минданао, загинале осум лица и била предизвикана значителна материјална штета. Потресот се случил на длабочина од 33 ...
Растот на светската економија и на глобалната трговија се очекува значително да забави оваа година поради нарушувањата во Ормуската Теснина, кои во изминатите речиси 100 дена влијаат врз снабдувањето со нафта, природен гас и ѓубрива по почетокот на американско-израелскиот конфликт со Иран на 28 февруари, пишува Анадолија. Воениот конфликт на Блискиот Исток предизвика сериозни предизвици за светската економија, покрај големите човечки загуби. ...
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека започнала нова воена операција против Израел, насочена кон стратешки воздухопловни бази, во услови на најнова ескалација на конфликтот меѓу двете земји. Во официјалното соопштение се наведува дека воздухопловните сили на ИРГЦ ја започнале операцијата „Наср“, насочена кон објекти во стратешките воздухопловни бази „Тел Ноф“ и „Неватим“. „Со помош на Семоќниот Бог, храбрите борци на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски почнал да го користи молдавскиот воздушен простор за летови кон Европа – објавуваат украинските портали. Според наводите, Зеленски, претходно, најчесто за меѓународни патувања, го користел полскиот аеродром „Жешов-Јасионка“, кој од почетокот на конфликтот во Украина има важна логистичка улога за Киев и западните сојузници. Меѓутоа, вчера тој за Лондон отпатувал преку Кишињев. Официјално објаснување ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, по неговиот реизбор објави дека португалскиот тренер Жозе Мурињо ќе стане нов главен тренер на тимот. -Ќе продолжиме да бидеме горди на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ – најдобриот стадион во светот. Ќе бидеме горди што ги имаме најдобрите играчи во светот и ќе бидеме горди што ќе го пречекаме еден од најдобрите тренери во светот – Мадридистот Жозе Мурињо. И бидете сигурни, откако станав ...
Флорентино Перез победи на претседателските избори во Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми, „COPE“, „Marca“ и „As“. Противкандидат на Перез беше Енрике Рикелме. Ова е осма последователна победа на 79-годишникот на претседателските избори во Мадрид. Според „COPE“, Перез доби 64,1 процент од гласовите. Ова значи дека ќе остане на функцијата до 2030 година. Претходно, Перез објави дека доколку биде реизбран, Жозе Мурињо ќе стане нов главен ...
Докторот на репрезентацијата на Данска, Мортен Боесен, извести за состојбата на играчот од средниот ред Кристијан Ериксен, кој ја изгуби свеста за време на пријателскиот натпревар против Украина (2:1). Фудбалерот од средниот ред се сруши во 65-тата минута од натпреварот. По некое време, играчот се освести, се крена на нозе и го напуштил теренот сам со својата сопруга Сабрина, под аплауз од навивачите. - Кристијан е добро. Го напуштил теренот ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, по неговиот реизбор објави дека португалскиот тренер Жозе Мурињо ќе стане нов главен тренер на тимот. – Ќе продолжиме да бидеме горди на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ – најдобриот стадион во светот. Ќе бидеме горди што ги имаме најдобрите играчи во светот и ќе бидеме горди што ќе го пречекаме еден од најдобрите тренери во светот – Мадридистот Жозе Мурињо. И бидете сигурни, откако станав ...
Снаоѓањето низ светот на романтичните врски и сексуалната привлечност честопати е збунувачка. Многу луѓе во текот на животот се прашуваат зошто не ги делат истите искуства како нивните пријатели, зошто не се привлечени од случајни авантури или зошто им е потребна длабока емоционална врска пред да почувствуваат сексуална желба. Тука доаѓа до израз концептот на „демисексуалност“ – идентитет што добива сè поголема видливост последниве години, ...
Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8 %, а цените на мало раст од 5.6 %. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај во однос на април годинава, изнесува 0.6 %. Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 1.6 %, Облека и обувки, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.0 %, Рекреација, спорт ...
Лековите за слабеење засновани на рецепторот ГЛП-1 се поврзани со намалување од 41 отсто на опасноста од рак поврзана и со тежината, и тоа кај пациенти со дебелина без дијабетес, посочуваат новите научни испитувања. Написот е објавен во „Анали на онкологијата (Annals of Oncology)“, а истражувањето опфати повеќе од 229.000 пациенти од САД. Ова е прво проучување од ваков вид кај популација без дијабетес. Лековите како „Оземпик (Ozempic)“, ...
Европската комисија ја предупреди Албанија дека контроверзниот туристички проект во заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, кој се поврзува со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, би можел да влијае врз нејзиниот напредок на патот кон членство во Европската Унија, објави Ора њуз, повикувајќи се на Политико. Предупредувањето доаѓа во период кога во Албанија повеќе дена траат протести против изградбата на луксузен туристички ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид). На 6 јуни, во близина на авто плац во селото Шишево, двајцата браќа на возраст од 43 и 44 години, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, а притоа го довеле во ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност претпладне. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер. Минималните температури, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се движат од 9 до 18 Целзиусови степени, а максималната температура од 22 до 33 Целзиусови степени. ...
За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид). На 6 јуни, во близина на авто плац во селото Шишево, двајцата браќа на возраст од 43 и 44 години, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, а притоа го довеле во ...
Во изминатите три дена, Јавното претпријатие „Лајка“ - Скопје го реализираше „Лајка фест - повеќе од настан“, иницијатива чија цел беше на едно место да ги обедини институциите, стручната јавност, организациите и граѓаните околу една тема што со години е присутна во нашето општество - проблемот со бездомните кучиња и потребата од системски, хумани и долгорочни решенија. Фестивалот започна со панел-дискусија во Собранието на Град Скопје, каде ...
Без електрична енергија деенска од 08.00 до 12.00 часот ќе останат корисниците од улиците Хо Ши Мин, Приштинска, Призренска, Марко Крале, Љубо Петровиќ и Бутелска во Општина Бутел, инвормира РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од бул. Борис Трајковски – зградите спроти Расадник – Трим и Лум, Елена Лука и други, како и дел од корисниците од ул. Михаил Чаков во општина Кисела Вода. МИА Без електрична енергија деенска од ...
Познатиот политички аналитичар и поранешен македонски дипломат, Арсим Зеколи, почина рано утрово на 60-годишна возраст. Тажната вест за неговата ненадејна смрт ја сподели неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение објавено на социјалните мрежи. „Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966–2026)“ Семејството ...
На социјалните мрежи се појавија обвинувања за незаконска наплата на влез на локалитетот Куклица кај Кратово, познат како „Камени кукли“, при што е побарана реакција од надлежните институции. Според објавените тврдења, посетители биле спречувани да пристапат до локалитетот без претходно да платат одредена сума пари. Во објавата се наведува дека странски туристи од Косово платиле по 10 евра за влез, додека при претходна посета им биле ...
На 07.06.2026 во 19:15 часот на патот Граничен премин Блаце - Скопје, кај тунелот „Блаце“, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ го лишија од слобода Р.Ш.(42) од Косово. При преглед во товарно возило „фолксваген транспортер со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина на брендирана и друга разновидна стока за која не поседувал ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп го прекина интервјуто за емисијата „Мит д прес“ на водителката Кристен Велкер. Трамп го напушти студиото на Ен-би-си по жестоката размена на мислења со Велкер за наводно наместени избори во 2020 година и наводни неправилности при броењето на гласовите во Калифорнија. Трамп тврдеше дека изборите во 2020 година биле наместени, а Велкер истакна дека за тоа нема докази. -Изборите беа наместени. Тоа беа валкани ...
Започна реконструкцијата на мостот на реката Брегалница кај Градскиот базен во Штип, кој претставува една од најоптоварените сообраќајни врски во градот бидејќи е дел од булеварот „Гоце Делчев“. Претходните испитувања покажале потреба од санација и зајакнување на конструкцијата, поради што веќе се започнати градежните работи. Со проектот е предвидена комплетна санација на долниот дел од мостот, подобрување на неговата статика, како и ...
Со медицински туризам пациенти од земјата добиваат ветувања дека ќе бидат оперирани во странска болница а со донации ќе има и пари за интервенцијата. Но некои од нив остануваат и без собраните финасии и без услугата алармираат лекари од Македонија. Дирекорот на ТОАРИЛУЦ предупредува дека со години мониторираат доаѓање на странски доктори кои прегледуваат во болници или нездравствени установи и немаат никаква евиденција дали се медицински лица ...
Министерството за дигитална трансформација воведува „смарт лиценци“ – нов систем кој треба целосно да ја замени хартијата и да им стави крај на административните лавиринти. Како што појасни министерот Андоновски, наместо класичните дозволи кои тешко се проверуваат и бараат постојано фотокопирање, се воведува еден официјален електронски запис поврзан со QR код. Процесот ќе биде едноставен: фирмите ќе поднесуваат барање преку Националниот ...
Охридскиот аеродором се отвора кон Полска. Со двата нови директни лета едниот кој утрово слета од Вроцлав и другиот од Катовице се отвараат значајни рути кои ќе значат многу повеќе патници, туристи, повеќе луѓе за бизнис и отвореност кон светот. а од оваа недела повторно почнуваат летовите од Белград и Истанбул до Охрид. Вицепремиерот Николоски истакна дека македонските аеродроми во првите пет месеци од годинава бележат раст од 31,2 проценти ...
Европската слободна алијанса едногласно ја усвои резолуцијата поднесена од Македонската алијанса за европска интеграција, која јасно бара од албанските власти целосно да ги гарантираат и спроведат правата на Македонците во Албанија, да обезбедат образование на македонски јазик, праведно политичко претставување и рамномерен развој на регионите населени со Македонци. Воедно, резолуцијата ја осудува политиката на негирање и асимилација на ...