Украински дрон рано утринава го погоди облакодерот Грозни-Сити (Grozny-City) во главниот град на Чеченија, предизвикувајќи силна експлозија која уништи повеќе катови на еден од најпрепознатливите објекти во регионот. Првите извештаи се појавија на опозицискиот чеченски канал на Телеграм NYISO, а потоа беа потврдени од украинската набљудувачка група Exilenova+ и рускиот провладин портал Readovka. Снимките од местото на настанот покажуваат ...

Рускиот претседател Владимир Путин од вчера е во посета на Њу Делхи, Индија каде што беше пречекан од индискиот премиер Нарендра Моди. Ова е прва посета на рускиот лидер на Индија од почетокот на војната во Украина пред речиси четири години. Путин го оспори силниот притисок на САД врз Индија да не купува руско гориво. „Самите САД сè уште купуваат нуклеарно гориво од нас за своите нуклеарни централи. Тоа е исто така гориво“, изјави Путин за ...

СВР Штип - ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Д.Ц.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Пријавената, на 01.06.2023 набавила фалсификуван тест за познавање на аглиски јазик од Бугарија и на 29.06.2023 го доставила во прилог на документите по јавниот оглас за избор на директор на средното училиште ...

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на ...

ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-општина Струга и против одговорното лице М.Ќ.(65) од струшкото село Биџево, поради сторено дело спротивно на член 6, а казнивo по член 11 од Закон за употреба на знамиња на заедниците во Р.С.Македонија. Пријавените, како организатори на настан по повод Денот на aлбанското знаме, што на 28.11.2025 се одржувал на улицата „Маршал Тито“ во Струга, покрај знамето на ...

Според мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици во земјава, месец ноември годинава беше потопол од вообичаено и многу врнежлив во централниот дел од државата до екстремно врнежлив во истокот и западот, во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/2020), соопшти УХМР. Средномесечната температура се движеше од 5,9°Ц во Лазарополе до 11,7°Ц во Гевгелија. Споредено со просечните ...

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека по повод државниот празник Св. Климент Охридски, во понеделник (8 декември), јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред. Дежурна билетарница ќе биде само таа на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот. Жичарницата до Милениумскиот крст, како што се наведува во соопштението, вообичаено како и секој понеделник нема да работи. Од ЈСП Скопје потсетуваат ...

Поради реконструкција на пругата на делницата Скопје - Зелениково, од 11 декември 2025 до 10 јуни 2026 година нема да сообраќат повеќе возови. -Нема да сообраќаат следниве возови: -возот број 601 на релација Скопје - Велес, со време на тргнување во 8:00 часот -возот број 2081 на релација Скопје - Велес со време на тргнување во 13:20 часот -возот број 643 на релација Скопје - Битола, со време на тргнување во 14:30 часот -возот број 2080 на ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Б.Р.(26) и У.Р.(54), двајцата од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 26.07.2025 во Ресен, полициски службеници сопреле патничко возило „фиат“ без регистарски ознаки, управувано од Б.Р., кој одбил да се легитимира, го стартувал возилото и повредил еден полициски ...

Националниот парк Шар Планина информира дека на една од нивните поставени трап-камери забележале мајка рис со малечко, и двете во одлична здравствена состојба. Со ова, бројката на документирани рисови на Шара се зголемува од една на три единки. - По успехот минатата година, кога првпат снимивме мажјак на локалитетот Лешница, денес со огромна радост објавуваме дека и мајка со младенче е регистрирана на територија на Општина Боговиње. Овој ...

Во текот на минатата недела, царински службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, пришто привремено се задржани: -27 штеки цигари со македонски акцизни маркички од марките Marlboro и Rothmans, откриени се на Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на куфер на патничка која имала намера да отпатува со лет за Лондон. -Употребуван мотор за возило MITSSUBISHI PAJERO 1994 е пронајден во багажникот на автомобил при влез во ...

Околу 14 часот по локално време грчките земјоделци одново го затворија граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, а според информациите, блокадата се очекува да трае до 22 часот. На грчката страна од границата паркирани се над 300 трактори, а блокада имаше и во текот на вчерашниот ден во претпладневните часови, како и од 18 до 22.30 часот, по што сообраќајот се нормализираше и сè до 14 часот се одвиваше непречено. ...

„Во националниот парк Торторо во Боливија, меѓу пространство од стари карпи, откриено е најголемото наоѓалиште на траги од диносауруси. На источната падина на Андите, палеонтолозите на наоѓалиштето Карерас Пампа изброиле речиси 18.000 различни траги од диносаурусите“, објави „Сајенс алерт“. Наоѓалиштето вклучува рекордни 16.600 тропски траги распоредени во 1.321 патека, и 289 различни отпечатоци. Сите траги се од тероподите – месојадни ...

Составот на групите на Светското фудбалско првенство 2026 ќе биде одреден денеска со жрепка која биде извлечена во „Центарот Кенеди“ во Вашингтон со почеток во 18 часот по македонско време. Водители на жрепката ќе бидат глобалните икони – германскиот супермодел, актерка и продуцентка Хајди Клум и американскиот актер Кевин Харт. Пласман на Мундијалот што идното лето заедно ќе го организираат САД, Канада и Мексико досега обезбедија 42 ...

Завршното коло од есенскиот дел во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе биде отворено попладнево со натпревари во Скопје и Кавадарци. Фудбалерите на Тиквеш ја пречекуваат Струга на стадионот во Кавадарци со почеток во 13 часот, а во истиот термин Македонија ЃП во Скопје е домаќин на лидерот Вардар. Викендов на програмата се дуелите меѓу Башкими – Шкендија (сабота 13, часот), Работнички – Силекс (недела, 13 часот) и Шкупи – АП Брера ...

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ќе се обиде до крајот на декември да го урне клупскиот рекорд на Кристијано Роналдо во бројот на постигнати голови во една календарска година. Францускиот напаѓач постигна 55 голови во дресот на „Кралскиот клуб“ оваа година, четири помалку од клупскиот рекорд од 59 голови што го постави Роналдо во 2013 година. Со уште пет натпревари до крајот на оваа година, Мбапе би можел да го надмине Роналдо. Реал ...

Невремето „Бајрон“ предизвика сериозни проблеми и поплави, затворени училиштата во Атина Основните и средните училишта во областа Атика, поширокиот регион на Атина, со одлука на префектот, денеска се затворени, поради невремето „Бајрон“ што ја зафати цела Грција, додека во грчката метропола создаде сериозни проблеми со обилен дожд, поплавени улици и штети. Невремето со обилен дожд и грмотевици започна вчера во попладневните часови, траеше во ...

Американската војска погоди уште еден наводен брод за шверц на дрога во источниот Пацифик, при што загинаа четири лица од бродот, соопшти синоќа Јужната команда на САД (SOUTHCOM), пренесе ДПА. Бродот наводно бил управуван „од назначена терористичка организација“ и носел наркотици по позната рута за шверц. „Четири машки наркотерористи на бродот беа убиени“, соопшти SOUTHCOM на X. Американските сили во текот на изминатите неколку месеци ...

Два месеци по парламентарните избори, чешкиот претседател Петр Павел се согласи да го назначи десничарскиот популистички победник на изборите и милијардер Андреј Бабиш за премиер, отворајќи го патот за нова влада по неколку недели двоумење. Павел во изјава на Х рече дека назначувањето ќе се случи во вторник. Чешкиот претседател инсистираше Бабиш прво јавно да разјасни како планира да го реши потенцијалниот конфликт на интереси како политичар ...

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска изјави дека неговата земја ќе ја тужи Европската комисија, доколку го занемари ветото на Унгарија за планираните санкции за купување руски гас и нафта. -Брисел си играше со погрешни коцки кога одлучи за забраната за купување руска нафта и гас, од што е изземен ставот на Унгарија и Словачка, како и трговската политика на ЕУ која зависи од гласање, рече тој за Радио Кошут, пренесе МТИ. Според него, ...

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови од државава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени. Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе ...

Се појасно е дека бугарската политичка сцена влегува во нова фаза на тензии, по масовните протести во Софија против предлог-буџетот за 2026 година, земјата се подготвува за нов бран демонстрации. Младите и опозициските партии бараат оставки и вистинска политичка промена, а денеска повторно се собираат пред Министерството за внатрешни работи. Претседателот Румен Радев порача дека оставката на Владата е неопходна и дека предвремените избори се ...

Собранието вечерва е обоено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“. - Сакам да истакнам дека овој чин не е само визуелен симбол, туку јасна и моќна порака дека највисокaта претставничка институција е решена да биде на страната на секоја жена и девојка и не толерира насилство под никакви околности. Нека портокаловата светлина послужи како повик за размислување, а заедно со оваа ...

Буџетот е ликвиден и има доволно пари за плаќање на обврските, тврди министерската за финансии. Доцнење со поврат на ДДВ има само кај оние фирми кај кои постои сомнеж за злоупотреба и детално се проверуваат, додека кај данокот за граѓаните од МојДДВ – проблемот е технички во системот на УЈП. Изминавите години не се вложувало во негова надградба и затоа сега се случуваат проблеми, вели Кочоска. - Вие велите девет месеци, а јас можам ...

Еден 36-годишен работник загина, а друг се здоби со сериозни повреди при уривање на дел од магацин во фаза на реновирање во пристаништето во белгискиот град Антверпен. Како што јавија белгиските медиуми, повредениот работник, на возраст од 43 години, релативно брзо бил извлечен од под урнатините и пренесен во болница. Од друга страна, загинатиот работник веднаш по инцидентот беше прогласен за исчезнат. По неколкучасовно трагање, во кое ...

Германското Министерство за економија и енергетика денеска најави дека преку државната банка КфВ (KfW) ќе уплати 100 милиони евра во Фондот за поддршка на енергетиката на Украина (УЕСФ), во кој веќе има 1,3 милијарди евра. Средствата се наменети за купување на резервни делови и опрема за уништената енергетска инфраструктура. – Нема да го оставиме украинскиот народ на цедило. Заштитата на снабдувањето со енергија значи заштита на луѓето, ...

Уште седум украински деца се вратени од Русија на нивните семејства, што претставува охрабрувачки знак за соработката меѓу двете земји, изјави денеска првата дама на САД, Меланија Трамп. Изјавата следеше ден по оценката на претседателот Доналд Трамп дека патот кон мирот во Украина „и понатаму останува нејасен“. Меланија Трамп ја постави репатријацијата на украинските деца како свој приоритет во рамки на напорите на администрацијата на Трамп ...

Русија го блокираше пристапот до социјалната мрежа за размена на фотографии и видеа „Снепчет“ (Snapchat), соопшти регулаторот на комуникации Розкомнадзор. Забраната е воведена поради наводна злоупотреба на Снепчет „за организирање и изведување терористички дела во земјата и за регрутирање на сторители“. Русија вчера ја блокираше апликацијата на „Епл“ (Apple) за видеоповици „Фејс тајм“ (FaceTime) во рамките а кампањата за сузбивање на ...

Одбраната на поранешниот градоначалник на Општина Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за случајот „Пулс“ истакна дека обвинението претставува преседан во правната практика, особено во делот на утврдување на причинско-последична врска. Според нив, Димитровски не само што немал намера или умисла, туку бил единствен кој реагирал и поднел барање за неиздавање дозвола за работа на дискотека или кабаре уште пред објектот да започне со ...

Царински службеници од ЦИ Тетово спречиле обид за криумчарње стока која била натоварена во Турција и наменета за увозник од Скопје. Како што информираат од Царинската управа, станува збор за 2000 кг, или 200 вреќи од по 10 кг прашак за перење алишта со трговска марка Ариел која ги повредува правата од интелектуална сопственост. - Преку одделението за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост при Царинската управа ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1003
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
85%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
91%
1003
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1001
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.67
97%
1003
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.59
97%
1003
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.58
80%
1005
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
97%
1002
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
91%
1001
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
86%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

67162.91

Цинк

3.25

Кобалт

64.04

Бакар

11.69

Рутениум

45750.51

Сребро

2460.50

Калај

46.91

Алуминиум

3.03

Злато

159231.39

Иридиум

221848.72

Паладиум

546.56

Родиум

336779.07