Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од ...

ЈП „Национални шуми“ во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување денеска ќе одржи едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари. Настанот ќе се реализира на Плоштад Македонија, во периодот од 11 до 13 часот. Кампањата традиционално се организира во пресрет на летната сезона, кога ризикот од пожари е зголемен. Главната цел е подигнување на јавната свест и унапредување на противпожарната ...

Нова студија, објавена неодамна во списанието „Екологија и еволуција на природата“, покажува дека волкот е главниот природен фактор што ја ограничува експанзијата на чакалот низ Европа, но и дека неговото влијание го сузбива човекот со своите активности. Како резултат на тоа, чакалите би можеле да населат до 75 проценти од европскиот континент, површина речиси шест пати поголема од таа што моментално ја заземаат, се предвидува во студијата ...

Владата е пред одлука државава самостојно да го реализира хидроенергетскиот проект Чебрен и Галиште, за којшто инвестицијата би изнесувала до 1,5 милијарда евра заедно со каматите. - Сериозно размислуваме и сме пред носење стратешка одлука државата самостојно да го реализира, без приватен партнер. Конечната одлука ќе зависи и од состаноците што се одржуваат во рамките на ЕСМ, рече премиерот Христијан Мицкоски, на брифинг со медиуми. ...

Јавната установа Национален парк „Пелистер“ постави нови 72 знаци и патокази на новата кружна шеснаесет километарска патека која го поврзува Инфоцентарот на НП Пелистер со Цапарски вир и Ротинско езеро. Од ЈУНП „Пелистер“ информираат дека со новата сигнализација, патеката е лесно достапна и за помалку искусните посетители на НП Пелистер. -На 13 јуни ќе биде промовирана новата планинска патека на Пелистер со голем музички настан на Ротинско ...

Попладнево во западните и југозападните делови имаше локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Охридско – Преспанскиот, Дебарско – Кичевскиот и Полошкиот регион, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочуваат, попладнево продолжува нестабилноста во западните и југозападните делови, а до крајот на денот има услови за појава на нестабилност и во југоисточните ...

Десет милијарди евра во капитални инфраструктурни проекти и инвестиции во наредните 10 години најавува Владата, и тоа во нови автопати, експресни патишта, пруги и обнова на постојните здравствени и енергетски капацитети. - Во текот на втората половина од годината очекуваме истовремено да се градат шест автопатски делници во државата - рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со медиумите. На автопатот Кичево - Охрид (57 ...

Македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова во среда попладне ќе престојува во официјална посета на Софија, каде што ќе оствари средба со бугарската претседателка Илијана Јотова. Иако прецизната агенда и темите на разговор официјално се уште не се соопштени, посетата се реализира во период кога македонските власти ги интензивираат напорите за деблокада на евроинтеграциите, а шефот на дипломатијата најави потреба од зачестување на ...

Селекторот на македонската машка одбојкарска репрезентација Јошко Миленкоски истакна денеска дека е задоволен од прикажаната игра на воведниот турнир од Европската лига што изминатиот викенд се одржа во Струмица. Макеоднските одбојкари на стартот претрпеа пораз од фаворитот Холандија со 3-0, а во вториот натпревар извојуваа победа од 3-1 над Луксембург и ја остварија целта која претходно им беше поставена. „Македонија во дуелот со Холандија ...

И покрај тоа што Израел и Иран соопштија дека ги суспендираат нападите на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, двете страни се заканија со пожестоки напади во случај да не се почитува најновото примирје. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац најави дека армијата ќе продолжи да дејствува во Либан ако Хезболах го нападне Израел. - Секој напад врз северната заедница ќе доведе до напад врз Дахија, наведе Кац, алудирајќи на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во денешната објава на неговата мрежа „Тру соушал“ ги повика Иран и Израел веднаш да ги прекинат обновените меѓусебни напади – пренесе ДПА. „Израел и Иран мора веднаш да престанат да пукаат. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, наведе тој во објавата. Неговото барање доаѓа откако Иран синоќа го нападна Израел, а Израел утрово возврати. Ова исто така следува по телефонското интервју за „Фајненшел тајмс“ ...

Полскиот премиер Доналд Туск денеска апелираше до претседателите на Полска, Карол Навроцки, и на Украина, Володимир Зеленски, да го решат спорот околу новото контроверзно име на украинската воена единица што ги величи украинските националисти од Втората светска војна, пред спорот да ја уништи солидарноста на Полјаците со Украинците. „Бидејќи дипломатијата не донесе никакви резултати, јавно апелирам до претседателите Навроцки и Зеленски да ...

Во едно од своите најобемни политички обраќања, папата Лав XIV го предупреди шпанскиот Парламент дека ескалацијата на конфликтите, продлабочувањето на поларизацијата и широко распространетото непочитување на човековите права го турнаа светот во длабока криза. Папата Лав, кој неодамна зазеде посилна позиција против правецот што го водат светските лидери, цврсто го повтори своето противење на зголемените воени трошоци на Европа, повикувајќи ги ...

Инфлација од 4,8 отсто во мај измери статистиката. Индексот на цените на мало пак, бележи скок од 5,6% за една година. Најголемо поскапување од 11% е регистрирано во транспортот, скоро 10 кај алкохолните пијалоци и тутунот. Цените на храната пак за една година поскапеле за 4,7 отсто. Најголемо зголемување од скоро 9% има кај месото, мастите и маслата речиси 7 и над 6% по повисока цена се продава млекото и млечните производи. За владата овие ...

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ од полноќ се намалуваат за 2,00 денари, а на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар за литар - соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на „евросупер БС-95“ ќе биде 86,00 денари, „евросупер БС-98“ ќе се продава за 88,00, „евродизелот БС (Д-Е V)“ за 87,00, а „екстра-лесното 1 (ЕЛ-1)“ за ...

Нова фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“, инвестиција од 8,5 милиони евра, пушти во употреба денеска компанијата „Макпрогрес“ во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Генералниот директор на „Винчини“, Глигор Цветанов, информира дека инвестицијата од 8,5 милиони евра е од сопствени средства и кредити од комерцијалните банки, вклучително и дел кредити од унгарската линија, која ја обезбеди Владата. -Покрај првичните 40 ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Како што информираат од МВР, пријавениот В.Г., поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што во периодот од 13.02.2023 ...

Во 16:40 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 44-годишната С.С. од Скопје. Според пријавеното, на 06.06.2026 на ул.„Жан Жорес“ во Скопје околу 21:00 часот, управувајќи велосипед, паднала во одводна шахта, при што се здобила со повредите. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопшти МВР. Во 16:40 часот во СВР Скопје, од ...

МВР информира дека доцна синоќа во 22:20 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во паркот „Жена борец“ во Скопје имало починато лице. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека починатото лице е Х.Р.Г.(79) од Индија. Извршен е разговор со Т.М.Л.(43) од Индија, кој изјавил дека додека двајцата се движеле, одеднаш Х.Р.Г. паднал, по што тој повикал Итна медицинска помош. Извршен е ...

Граѓани на социјалните мрежи реагираа за незаконска наплата при посета на локалитетот „Куклица“, што повторно ја актуализира темата за начинот на негово управување и користење. По ваквите реакции во јавноста, Општина Кратово излезе со соопштение со кое ја информира јавноста за состојбата, правните постапки и ограничувањата со кои се соочува во врска со надзорот и постапувањето на локалитетот, повикувајќи се на тековни судски и институционални ...

Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за З.Ј., сопственик на возилото со кое беше предизвикана кобната сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“. За оваа несреќа веќе е осуден неговиот син, пренесува 4news.mk. Против З.Ј. се водеше постапка за кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“. По анализа на доказите, судот оцени дека дејствијата за кои тој се товареше не ги содржат законските обележја ...

Дискотеката „Пулс“, но и други објекти во градот Кочани, не биле опфатени во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување, беше посочено на продолжението на судењето за пожарот во кочанската дискотека. Во судницата на денешното рочиште за пожарот во „Пулс“ беа презентирани планови за квартални инспекциски контроли, годишни програми и службени документи на Дирекцијата за заштита и спасување, потпишани со името на Шабан Салиу кој ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамки на редовната консултација по член IV за 2026 година оцени дека економијата на земјата покажува отпорност и стабилност и покрај предизвиците од глобалното економско окружување, при што економскиот раст е забрзан, јавниот долг е стабилизиран, а финансискиот сектор останува силен и ликвиден, соопшти Министерството за финансии. Во Извештајот на ММФ, објавен денеска, се наведува дека економскиот раст во ...

Побарала 12, но и дозволиле само 5. Во тек е постапка на вработување на петмина инспектори во Инспекторатот за употребата на Законот за македонски јазик. Иако првично директорката побарала да бидат вработени 12 лица, Министерството за финансии дало зелено светло само за пет. Но сепак овие лица во најоптимистичко сценарио ќе може да пишуваат казни дури 2027-ма година, бидејќи мора да поминат едногодишна обука. „Постапката за вработување ...

Кочанската дискотека во која загинаа 63 лица, никогаш не била контролирана од Дирекцијата за заштита и спасување. Според документите покажани на денешното судење, ниту еднаш во „Пулс“ не влегле инспектори на ДЗС да проверат дали во објектот има противпожарна заштита. Дискотеката ја немало во годишните планови за редовен инспекциски надзор, а не се барала ниту вонредна контрола. Во најголем дел од документите, го пишуваше името на обвинетиот ...

Повторно во игра е изградба на нов клинички центар. На денешниот брифинг, премиерот кажа дека како најсериозна опција е комплексот да биде кај салата Борис Трајковски. Мицкоски вели дека преговараат со сопственикот на земјиштето кое е спроти ГОБ 8-ми септември и доколку постигнат договор, тогаш новиот клинички со тунел ќе го поврзат со болницата, ПЕТ центарот и поликлиниката Букурешт. Оваа локација како идеја беше спомената и кон крајот на ...

Законското решение за соодветна и правична застапеност во среда ќе се најде пред пратениците на пленарна седница во прво читање. По бројните реакции од албанската опозиција за начинот како ќе се одлучува по законот, тој сепак ќе се носи во постапка со „Мал бадендер“, односно со гласовите на мнозинство од присутните пратеници од немнозинските заедници. По најавите за блокада од опозицијата, собранискиот спикер Гаши вели дека ова е единствениот ...

Засилена комуникација и соработка за ЕУ интеграциите на Македонија биле договорени на средбите со Францускиот претседател Емануел Макрон и Германскиот канцелар Фридрих Мерц на Самитот во Тиват, информираше денеска на брифинг со медиумите Премиерот Христијан Мицкоски. Како што кажа тие назначиле по еден човек од своите кабинети, и тој назначил претставник за комуникација од својот кабинет. На средбите Мицкоски рече дека дал предлози како нон ...

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува. Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата. Од полноќ, бензинот БС-95 ќе се продава за 2 денари пониско и ќе чини 86 денари. 98-октанскиот ќе се точи по 88 денари, а дизелот 87 денари. Ова се максимални цени, но поради попустот од најголемиот снабдувач, бензините ќе се точат по 84, односно 86 денари. Попуст за дизелот нема. Намалените акцизи за 2 денари за бензините и за дизелот се во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во Киев се сретнал со рускиот олигарх Роман Абрамович, кој му предложил да ја пренесе неговата порака за мировни преговори до Кремљ. Притоа, шефот на државата нагласил дека неговата влада нема да се откаже од Донбас. Зеленски ова го изјави синоќа во Лондон за британската телевизија „Скај Њуз“. Ова е прва потврда дека рускиот милијардер патувал во украинската престолнина и дека до одреден ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.65
34%
1012
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.13
46%
1013
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.77
48%
1013
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.63
40%
1014
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
4.0
40%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
2.49
82%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
5.36
46%
1011
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.44
51%
1013
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
0.78
43%
1012
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
3.13
47%
1014
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
1.97
36%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.93
76%
1015
Currency

61.53

Currency

53.2555

Currency

71.8889

Currency

37.6202

Currency

38.1583

Currency

65.847

Currency

7.88721

Currency

0.65205

Currency

0.33706

Currency

0.52484

Currency

1.11538

Currency

0.55897

Рутениум

53852.50

Платина

56231.66

Калај

56.26

Кобалт

56.29

Бакар

13.27

Паладиум

43274.90

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Сребро

2050.96

Иридиум

252383.36

Злато

139395.99

Алуминиум

3.28