Воздухопловниот ВИНГ денеска го одбележа 10 Јуни – Денот на единицата со свечена воена церемонија во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, при што одбележувањето беше збогатено со прелети на хеликоптери од составот на Армијата како и со прелет на авиони Ф-16 од Военото воздухопловство на Грција и „Eurofighter Typhoon“ од Италија. Денот на единицата симболично се поврзува со првиот воен лет во историјата на Армијата во 1992 година и ...

Ние сме заложник на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат и тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија. Никој нема интерес од ова што се случува во моментот. Губат двете држави економски, политички, губат и граѓаните, народите на двете држави, кога се создава ваков тип на недоверба, истакна денеска во Софија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, информира дека ја чека судската одлука па потоа да одлучи како ќе се дејствува околу „случајот Башкими“. – За сите сомнителни натпревари ние добиваме дописи од УЕФА, никогаш не дејствуваме самоиницијативно, затоа што немаме и ресурси за самостојни истраги. Затоа, по секој сомнителен натпревар добиваме допис од УЕФА со прецизно изнесени податоци за нарушен ...

Норвешката репрезентација вклучи реномирани готвачи и значителна залиха на храна во својата делегација за Светското првенство во 2026 година. Според „VG“, норвешката репрезентација во САД ќе донесе 300 килограми риба, 116 килограми кафеаво сирење и 6.000 кг. портокали. Меѓу готвачите што ќе патуваат на турнирот ќе биде и Кристијан Карлсон, кој работи со репрезентацијата од 1990-тите. Целта на иницијативата е да им се обезбеди на спортистите ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања, поради епидемијата на ебола во делови од Централна Африка, а со цел да се спречи ширењето на вирусот за време на Светското првенство во фудбал. Според неименувани официјални претставници, на 1 јуни САД испратиле дипломатски документ во кој изразиле загриженост поради епидемијата и ги повикале европските земји да воведат ...

Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај на глобално ниво откако постојат записи, соопшти Службата за климатски промени „Коперникус“ на Европската Унија. Европа доживеа брза промена од температури под просекот до еден од најинтензивните топлотни бранови на почетокот на сезоната некогаш регистрирани во западните делови на континентот, покажаа податоците собрани од мониторингот. Топлотниот бран доведе до бројни нови температурни рекорди ...

Поранешниот командант на талибанците Хаџи Наџибулах (50) е осуден во Њујорк на 42 години затвор поради киднапирање на новинарот и добитник на Пулицерова награда, Дејвид Роуд, и неговите придружници, како и поради учество во убиство на тројца американски војници. Роуд, кој е репортер за национална безбедност во списанието MSNOW и кој претходно работеше за „Њујорк Тајмс“ и други весници, за време на судењето изјави дека е „изненаден и ...

Висок функционер на Белата куќа ја бранеше одлуката на американската администрација за забрана на влез во САД на неколку меѓународни учесници на претстојното Светско првенство во фудбал 2026 година, нагласувајќи дека мерките се неопходни за да се осигури максимална безбедност за време на турнирот, јавува агенцијата Анадолија. Ендрју Џулијани, извршен директор на Работната група на Белата куќа за Светското првенство, изјави дека одлуката за ...

Италијанскиот астронаут од Европската вселенска агенција (ЕСА), Лука Пармитано ќе биде првиот Европеец што ќе учествува во програмата „Артемис“ на НАСА, објави вчера раководителот на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација, Џаред Ајзекмен. Се очекува лансирањето да се случи во 2027 година. Но, не се очекува вселенското летало да слета на Месечината, туку само во орбитата на Земјата заради тестови. Посадата ќе ги ...

Учесници во антимигрантските протести во Белфаст запалија автобус на градскиот превоз, повеќе возила, меѓу кои и полициски, како и неколку куќи, објави весникот „Белфаст телеграф“, повикувајќи се на агенциски извештаи. Протестите во главниот град на Северна Ирска избувнаа по напад со нож што, според медиумските извештаи, го извршил имигрант од Судан. Весникот објави фотографии од запалено полициско оклопно возило погодено со молотов коктел, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп порача денеска дека иранската страна премногу одолговлекувала во преговорите со Соединетите Американски Држави и дека, наместо да постигне договор кој би бил добар за неа, сега ќе „мора да плати“. Преку објава на својата социјална мрежа „Трут Сошал“ (Truth Social), Трамп упати сериозни тврдења за состојбата на иранските сили, посочувајќи дека нивната војска е во состојба на потполн неред. „Иранската ...

Во Мексико Сити, 117.000 луѓе поминале специјална обука за добредојде на туристите за време на Светското првенство во 2026 година. информира Алехандра Фраусто, министерката за туризам на мексиканската престолнина. Според Фраусто, Министерството за туризам ја промовира програмата за обука. Меѓу обучените се работници во услужната индустрија, персонал во хотели и ресторани, транспортни работници, водичи, специјалисти за општествено корисна ...

Репрезентацијата на Аргентина ноќеска го победи Исланд со 3:0 во пријателски натпревар. Натпреварот се одигра на стадионот „Џордан-Хеар“ во Обрн, САД. Во 8. минута Валентин Барко го отвори резултатот. Во 72. минута, Лионел Меси реализираше пенал за да го постигне својот 117-ти гол за репрезентацијата. Меси во игра влезе од резервната клупа во 70.минута. Фудбалерот од средниот ред Тијаго Алмада во финишот ги постави конечните 3:0. Аргентина ...

Владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина, изјави денеска премиерот Румен Радев, јави БТА. – Како што веќе знаете, владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина – изјави Радев на почетокот на редовната владина седница. – Веќе дадовме доволно, нашата земја продолжува да трпи социјално-економски штети од оваа крвава војна. Убедени сме дека постигнувањето мирно решение ...

Приведени се командантот на Интервентната единица 92 и неговиот помошник поради сомнение дека сториле кривично дело „Трговија со влијание во соизвршителство“, како и двајца на интервентен тим на таа единица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба“. Сите се осомничени дека не пријавиле кривично дело и со тоа спречиле процесуирање на Саша Вуковиќ за пукање во угостителски објект во Белград ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло ...

Собранието денеска ќе ја започне 104. собраниска седница на која како прва точка на предложениот дневен ред е Интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Пленумот треба да се изјаси за потребата за носење на повеќе закони во прво читање и по скратена постапка, како и за Предлогот на кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието. Интерпелацијата за министерот за ...

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2025/2026 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За повеќе од 14 500 матуранти наставата заврши на 15 мај, а утре (11 јуни) оние што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит - мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски), а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни. ...

Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз. Како што информираат од ...

Полицијата приведе петмина државјани на Турција на територијата на општина Аеродром поради нерегулиран престој во државата, соопштува Министерството за внатрешни работи. Акцијата била спроведена во периодот од 09:00 до 12:00 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, согласно планот за активности на пријавно-одјавната служба за месец јуни. Како што информираат од МВР, приведени се лицата М.Е.С. (19), П.С. (23), Ј.С. (19), Д.Г. ...

Денес завршува учебната 2025/2026 година. Година што беше подобра од претходната и во која воведовме бројни новини во воспитно-образовниот процес, во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на промените. Уверена сум дека веќе ги гледаме првите позитивни резултати, што претставува дополнителен мотив да продолжиме со унапредувањето на ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали денеска ја отвори втората седница на Мониторинг комитетот за Инструментот за реформи и раст (Reform and Growth Facility – RGF), на која учествувале претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, државните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери. Во своето обраќање Сали истакна дека Северна Македонија останува целосно ...

Поранешен пилот управувал со комерцијални авиони речиси 17 години без да поседува соодветна лиценца, извршувајќи повеќе од 900 домашни и меѓународни летови, соопшти вчера полицијата од Онтарио. Истрага за измама и фалсификување откри дека пилот на авиокомпанијата, кој во текот на својата кариера од 1998 до 2025 година летал за Ер Канада, фалсификувал лиценца што му била неопходна кога во 2009 година бил унапреден во капетан, се наведува во ...

Воените сили на Украина во текот на ноќта и утрово извршија напади врз повеќе руски градови и региони, а меѓу целите беа Москва, Чебоксари, Новокујбишевск, Ростовската област, како и објекти на инфраструктурата во Владимирската област, соопштија руските власти. Силите за противвоздушна одбрана на руското Министерство за одбрана одбија напад од четири дрона, соопшти утрово градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. „Службите за вонредни ...

Европската комисија предложи мобилизирање на 500 милиони евра за поддршка на земјоделците кои се соочуваат со повисоки трошоци за вештачки ѓубрива, со предупредување дека растот на цените може да го одложи садењето и да претставува ризик за производството на храна. Предлогот предвидува користење на земјоделската резерва во рамките на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, која во моментов изнесува околу 200 милиони евра. Комисијата исто ...

Европската Унија треба да ја разгледа можноста за привремено ограничување на одредени права на глас за идните нови членки на блокот и за создавање повеќе механизми за заштита на владеењето на правото, се наведува во заедничкиот документ на Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург, во кој Ројтерс имаше увид, пренесува БТА. Во период кога Црна Гора се надева на членство во ЕУ во 2028 година, а Албанија, Украина и Молдавија ...

Средба за смирување на тензиите, но без решение за спорот. Утрешната средба меѓу претседателките Сиљановска Давкова и Јотова, домашните експерти ја гледаат само како обид за воспоставување нормален дипломатски дијалог, но без политички пробив или суштински напредок околу уставните измени кои се вето на нашиот пат кон ЕУ. „Се разбира поради тековниот однос тие беа нарушени и се одвиваат во релација на зголемен политички антигонизам. Ваквите ...

На 08.06.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 06.06.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско, нејзиниот сопруг Р.Ј.(47) и се заканувал. Со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Кисела Вода. На 08.06.2026 во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34). На ...

Патничко возило „поло“ со скопски регистарски ознаки се запалило попладнево на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, настанот бил пријавен во 17:56 часот во СВР Скопје, при што било наведено дека возилото, сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило додека било во движење. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Од МВР дополнуваат ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска присуствуваше на свеченото отворање на првиот официјален младински фудбалски камп на AC Milan во Скопје што ќе се одржи од 10 до 14 јуни во Тренинг центарот на ФФМ во Скопје. На кампот ќе учествуваат околу 100 момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 17 години, кои на тренинзите ќе имаат можност да учат фудбалски вештини од тројца официјални тренери од Академијата на италијанскиот фудбалски гигант. ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.65
34%
1012
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.13
46%
1013
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.77
48%
1013
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.63
40%
1014
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
4.0
40%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
2.49
82%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
5.36
46%
1011
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.44
51%
1013
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
0.78
43%
1012
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
3.13
47%
1014
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
1.97
36%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.93
76%
1015
Currency

61.53

Currency

53.2555

Currency

71.8889

Currency

37.6202

Currency

38.1583

Currency

65.847

Currency

7.88721

Currency

0.65205

Currency

0.33706

Currency

0.52484

Currency

1.11538

Currency

0.55897

Бакар

13.27

Платина

56231.66

Злато

139395.99

Калај

56.26

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Паладиум

43274.90

Родиум

278103.96

Сребро

2050.96

Алуминиум

3.28

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00