Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Миле Тодоров кој беше пријавен за исчезнат од јануари годинава е починат објави неговата сестра. По 28-годишниот Миле од Неготино со месеци трагаа неговото семејство и полицијатa. „ЛЕТАЈ СО АНГЕЛИТЕ, МИЛО НАШЕ Нашите срца ќе останат празни без твојот глас, љубов, добрина, насмевка... Болната е голема, но спомените за тебе ќе останат вечни во нашите срца Почивај во мир и спокој Погребот ќе се изврши на 05.12 (петок) од 12 до 13 часот.“, ...
Транспарентот со фотографии од жртвите во Кочани и пораката ,,63 сенки ќе ве следат, секој поглед бара правда" пред судницата ги дочека денеска обвинетите за трагедијата во дискотеката Пулс. Родителите на загинатите, сметаат дека е контрадикторно што никој не признал вина, па прашуваат дали тие треба да ги потсетат обвинетите зошто се во судницата. Повеќе од пет часа во судницата, обвинетите и нивните адвокати објаснуваа дека тие не се ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставници на Светска банка. Беа презентирани приоритетните области за инвестиции во здравството, во насока на натамошно унапредување на заедничката соработка. На состанокот присуствуваа Керол Мегеванд, директорка на канцеларијата на Светска банка за нашата држава, Река Менон, директор на здравствениот сектор за Европа и Централна Азија, како и други експерти од ...
Милена, девојче кое секојдневно се соочува со тешка и неизвесна битка, има потреба од поддршка за да ја добие шансата за подобро утре. Нејзината мајка, во искрен и потресен апел, ја споделува семејната борба и ги повикува сите хумани луѓе да помогнат – било со донација, споделување или збор на поддршка. „Да се обединиме и да ѝ ја дадеме на Милена шансата што ѝ е неопходна! – ова не е само моја желба, туку мојот апел до сите добри луѓе. Секој ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува 2029 и 2030 година да бидат години кога земјава нема да треба да издава еврообврзница, а годинава да ја завршиме со номинален БДП околу 19,5 - 19,6 милијарди долари, со номинален БДП по глава на жител со 10 500 долари, што како што вели, е првпат да има петтоцифрена бројка, по куповна моќ со над 30 илјади долари. -Следната година ќе натрфрлиме номинален БДП над 20 милијарди долари, годинава ја завршуваме ...
Две патнички возила попладнево се судрија на скопската обиколница, помеѓу клучките кон Мирковци и кон Приштина. Сообраќајот се одвива само по лентата за престигнување, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Од МВР ја потврдија информацијата за сообраќајката и посочија дека две лица се пренесени во Комплекс клиниките „Мајка Тереза”. -Денеска во 16:15 часот во СВР Скопје пријавено е дека на автопатот помеѓу клучка Мирковци и клучка ...
Намалена видливост поради магла до 50 метри има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево, информираат попладнево од Автомото сојузот на Македонија. Оттаму поочуваат дека ообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од ...
Секоја отстапка од македонска страна резултира со нов услов и заради тоа се потребни гаранции од ЕУ, смета премиерот Христијан Мицкоски. Барањата за гаранции од ЕУ, според него, се логични и произлегуваат од искуствата од минатото, а Владата нема да прифати процес кој ќе отвори простор за нови условувања. Премиерот на денешниот брифинг со новинарите истакна дека поучени од институционалната меморија од минатото дека секоја отстапка создава ...
После две години, скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди, откако доцна вечерва градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги потпиша решенијата за исплата на субвенциите, согласно Јавниот повик на кој аплицираа жителите на Град Скопје. -Доцна вечерва ги потпишав решенијата за исплата на субвенциите, согласно Јавниот повик на кој аплицираа жителите на Град Скопје. Со оваа мерка ги поддржуваме домаќинствата што инвестирале во набавка на ...
Речиси половина од Европејците го сметаат Доналд Трамп за „непријател на Европа“, малку поголем процент од нив, пак, сметаат дека има висок ризик од војна со Русија, додека над две третини од Европејците веруваат дека нивните земји нема да можат да се одбранат во таков конфликт. Ова го покажуваат резултатите од анкетата спроведена во девет земји за париската платформа Le Grand Continent, која, исто така, откри дека огромното мнозинство ...
Доцна синоќа во камп во западен Кан Јунис, Газа избувна пожар по израелски ракетен напад, а Палестинците се собраа да го изгаснат пожарот Медицинските лица во болницата Ал-Куваити изјавија дека ги пронашле телата на петмина Палестинци, вклучувајќи две деца. Израелската војска соопшти дека нивниот напад во Кан Јунис бил насочен кон „терорист на Хамас“, без да даде дополнителни детали. Таа рече дека нападот бил одговор на нападот, во кој биле ...
Одбраната на обвинетите градежни инспектори во случајот „Пулс“ во воведните говори од денешното судење нагласија дека „причината за трагедијата не е поради градежни пропусти на структурата на објектот“ и дека инспекторите „не можеле да постапат бидејќи немало пријава или наредба за инспекциски надзор“. Сите изразија жалење и сочувство на семејствата на починатите лица. Според бранителот на седмообвинетиот Огњен Георгиев (општински градежен ...
Инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по наредените мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот, опремата и машините во кујната во ОУ “Димо Хаџи Димов”, денес, повторно земаа брисеви од работните површини во кујната, со цел утврдување на најзината безбедност. На вонредни здравствени санитарни прегледи упатени се и вработените во кујната, која ќе остане затворена се до добивање на лабораториските наоди со ...
Системот „Безбеден град“ уште во првиот ден регистрирал екстремно пречекорување на брзината – автомобил летал со 231 км/ч на скопската обиколница. На 1 декември биле забележани 110.000 прекршоци, а следниот ден бројката се преполовила, но и понатаму најчести се прекршувањата на брзината. На вториот ден е измерена и друга рекордна брзина од 209 км/ч, а најмногу прекршоци за брзо возење се евидентирани кон излезот за Тетово 4.300 и на ...
На 03.12.2025 во 10:19 часот во СВР Битола, 70-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило и ја известило дека нејзината ќерка паднала по скали и ја искршило вилицата и ногата и дека требало да и се стават златни шипки. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна откако ѝ се јавила нејзината ќерка сфатила дека е измамена. Се ...
Земјоделците од северниот дел на Грција, односно од регионот на Пеонија, оние кои веќе четврти ден нивните трактори ги имаат паркирано на грчката страна од граничниот премин Евзони (Богородица), денеска повторно ја затворија границата за сообраќај од и кон нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина. Блокадата започна кусо по 13 часот по локално време, кога на граничниот премин пристигнаа дополнителни 100 трактори од градот Јаница, за ...
На денешното рочиште за случајот поврзан со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, одбраната на обвинетите градоначалници истакна дека постапката се води врз основа на нецелосна истрага и без обезбедени факти кои директно ги поврзуваат со катастрофата. Бранителите на Николчо Илијев и Љупчо Папазов нагласија дека нивните клиенти постапувале согласно закон и прописи, дека одговорноста за надзор и регулатива е во надлежност на стручните ...
Во гајба за леб била пронајдена кафеава прашкаста материја во „Затвор - Идризово“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. - Вчера во 13:35 часот во СВР - Скопје од Казнено - поправната установа „Затвор - Идризово“ е пријавено дека околу 7:40 часот, при извршена контрола во ходник во затвореното одделение во установата, во гајба за леб се пронајдени неколку пакувања со кафеава прашкаста материја, појаснија од МВР. Се ...
Зголемена безбедност на храната која се внесува во државата преку заеднички и координиран пристап на Царинската управа и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и олеснување и забрзување на легалната трговија. Ова се конкретните придобивки, договорени со Меморандумот за соработка, што денеска го потпишаа директорот на Царинска управа Бобан Николовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов. -Безбедноста на ...
Град Скопје денеска информира дека Секторот за заштита на животната средина како надлежен сектор предложила неколку препораки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во пресрет на зимската сезона. - Секторот за заштита на животната средина како надлежен сектор во врска со предлагањето мерки и активности за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, согласно со акционите планови за воздух а во пресрет на зимската сезона и ...
Општина Бутел извести дека денеска во координирана акција со МВР, во раните утрински часови бил отстранет бесправно изграден објект во населеното место Визбегово. „Законот за бесправно изградени објекти се спроведува на целата територија на општина Бутел. Градоначалникот Дарко Костовски нагласи дека се додека тој е градоначалник, законите ќе важат за сите граѓани подеднакво, без исклучок. Градоначалникот работи во интерес на сите граѓани и ...
На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната оцени дека обвинението против обвинетите од обезбедувањето е неосновано, без конкретни докази и изградено врз хаотични претпоставки. Адвокатите нагласија дека дел од обвинетите имале ограничени задачи и не можеле да спречат внес на пиротехника, а како клучни причини за трагедијата посочија институционални пропусти и недостиг на надзор. Во пожарот што се случи на 16 март годинава ...
Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара од Русија да обезбеди итно, безбедно и безусловно враќање на сите украински деца присилно преместени или депортирани за време на војната во Украина и се повикува Москва да престане со таа практика. Резолуцијата беше усвоена од 91 земја-членка на Генералното собрание на ОН, вклучувајќи ги и САД, со 57 воздржани гласа, а Русија и 11 други земји гласаа против. Покрај ...
Американските претставници се очекува денеска да ја брифираат украинската делегација во Флорида за нивните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва два дена претходно, јавија американските медиуми. Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, планираат да се сретнат со главниот украински преговарач Рустем Умеров во Флорида, според извештаи на Њујорк Тајмс и ...
Највисоки дипломати од десетици земји ќе присуствуваат на годишниот состанок на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) што се одржува денеска и утре во Виена. Како што пренесе ДПА, САД и Русија нема да бидат претставени на највисоко ниво. Американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров нема да патуваат во австрискиот главен град, туку ќе испратат ...
Австрискиот бизнисмен Бернд Бергмаир, поранешен мнозински сопственик на групација за индустрија за забава за возрасни, во која спаѓа и сајтот Порнхаб, се обратил до американското Министерство за финансии во врска со купување на меѓународните средства на руската нафтена компанија Лукоил, која е под санкции. САД воведоа санкции за Лукоил, најголемиот приватен производител на нафта во Русија, како дел од притисокот врз Москва да стави крај на ...
Времето денеска во земјава ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 4 до 8, а максималните ќе достигнат од 8 до 13 степени. Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се спуштат до 6, а ...
Дали и колку ќе се зголеми минималецот – ќе се одлучува кон крајот на годината. Економско социјалниот совет е закажан на 22 декември. Синдикалците ќе притискаат за покачување од најмалку 100 евра, односно минималната плата од сегашните 24,400 денари да достигне 30.000 денари. Работодавачите пак – ќе ги претстават аргументите зошто не може да исплаќаат толку. Последниот збор ќе го има Владата, која вели дека ќе го прифати она што ќе го ...
Бугарија е во најголемата политичка криза во последните две години. Масовните граѓански протести што почнаа како реакција на контроверзниот предлог-буџет за 2026 година, за кратко време прераснаа во барање за итна оставка на Владата на премиерот Росен Жељазков и за предвремени парламентарни избори. Вечерва, како и вчера, илјадници граѓани излегоа на улиците во Софија и во десетици градови низ земјата – Велико Трново, Пазарџик, Сливен, ...
Дали и колку ќе се зголеми минималецот – ќе се одлучува кон крајот на годината. Економско социјалниот совет е закажан на 22 декември. Синдикалците ќе притискаат за покачување од најмалку 100 евра, односно минималната плата од сегашните 24,400 денари да достигне 30.000 денари. Работодавачите пак – ќе ги претстават аргументите зошто не може да исплаќаат толку. Последниот збор ќе го има Владата, која вели дека ќе го прифати она што ќе го ...