На 16.12.2025 во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. ...

Оној што ќе пушта гласна музика, ќе биде уловен од специјализиран уред – кој ќе му донесе инспектор на врата. Општина Центар со нов систем во борба против бучавата. На 30 различни локации низ скопски Центар, на најфрекфентни раскрсници поставени се уреди за мерење на бучава. Ќе регистрирааат гласна музика од рестораните и кафеаните, но и сообраќајни инциденти. Врз основа на податоците добиени од овие уреди, општинските инспекциски служби ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна неопходноста од добивање безбедносни гаранции од Европа и Соединетите Американски Држави во случај на можен мировен договор. Изјавата ја даде денеска, за време на неговата посета на Хаг. По разговорите со вршителот на должноста холандски премиер, Дик Схоф, Зеленски изјави дека на Украина ѝ се потребни „правно обврзувачки гаранции“. – Има многу прашања за тоа како можеме да добиеме заштита ...

Европската комисија денеска, во пакетот мерки претставен во Стразбур, најави дека ќе ја ублажи својата забрана за продажба на нови бензински или дизел автомобили до 2035 година, како резултат на големиот притисок од автомобилската индустрија и лидерите на неколку земји-членки на ЕУ, меѓу кои се Германија и Италија. Според важечкото законодавство во ЕУ, производителите беа обврзани да обезбедат 100 отсто од производството на автомобили и ...

Детски психијатар (46) од Осиек е уапсен и обвинет за серија тешки кривични дела, вклучувајќи злоупотреба на малолетни пациенти и овозможување употреба на дрога. По завршувањето на кривичната истрага, полицијата го спроведе во притвор. Полицијата се сомнева дека психијатарот ја злоупотребил својата положба во здравствена установа во Осиек во периодот од 2016 до 2019 година. Според наводите, тој им зборувал недолично на четворица негови тогаш ...

Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, се повлече од проектот за луксузен хотел и резиденцијален комплекс со брендот „Трамп“ во Белград, вреден 750 милиони евра (880 милиони долари). Ова го потврди денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. – Ова е неверојатно сериозна и лоша вест, изјави Вучиќ пред новинарите. Проектот, кој го носеше брендот Трамп, требаше да биде изграден на локацијата на зградата на ...

Сериозни неправилности и сомнежи за злоупотреба на јавни пари откри Заводот за ревизија во работењето на Државната лотарија лани. Со анализа на сметководствените книги и електронските системи, утврдени се нелогични трансакции вредни речиси 2 милиони евра. Ревизорите наведуваат дека постои сомнеж за злоупотреба на овие пари. Дневниот пазар не бил редовно уплаќан на банкарските сметки. Направени биле само две уплати во годината, но и тие не ...

Болни и задолжени со кредити, со месеци без плата и здравствено осигурување. Вакво е секојдневието на вработените во пералната на Клинички која не работи веќе три месеци. И Осман и Жаклина како и уште 9 нивни колеги се на улица и во неизвесност дали ќе биде решен нивниот статус. - 11 месеци сум без плата, 3 месеци без работа. Клинички ни ја зема работата, вешот за перење го носат во Сарај во приватна фирма и во ГОБ 8-ми септември, ние ...

Министерството за здарвство и ОЈО Скопје ќе испитуваат дали несоодветно лекување од страна на дежурниот педијатар на ГАК е причина за смртта на новороденче, родено со царски рез во 36-та гестациска недела. Настанот кој се случил на 1 октомври како што објави “Слободен печат” според документи од свиркачи кај директорката на Клиниката го пријавила началничката на одделот за интензивна нега со образложение дека нејзината колешка предизвикала ...

Пратениците на СДСМ ја напуштија собраниската сала откако беше одбиено од дневниот ред да се тргне расправата за Резолуцијата на на парламентарното мнозинство со која се осудуваат манипулациите на опозицијата и потврда на политиките против нелегалната миграција составена од девет точки. Според Спасовски ова било диктатура со замолчување на опозицијата. И ДУИ обвини за грубо кршење на деловникот обвинувајќи дека и Резолуцијата и точката со ...

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, поднесе оставка. Ја напуштил функцијата, бидејќи како што рече, предлогот за негово разрешување инициран од Владата, бил политички мотивиран и правно неиздржан. „Од почеток тврдев дека евентуална постапка за мое разрешување е политичка одлука. Затоа, денеска поднесов неотповиклива оставка од функцијата Јавен обвинител на Република Сверна Македонија. Јас знам зошто денес стојам тука пред вас. Тоа не е ...

СДСМ вечерва избира ново раководство. Централниот одбор според најавите прво ќе ги констатира оставките на сите партиски функционери поднесени пред две недели на состанокот на Извршниот одбор. Листата на нови имиња е веќе подготвена, а лидерот на партијата во интервју за 360 вчера потврди дека функцијата генерален секретар ќе ја задржи само Александар Саша Димитријевиќ, додека еден од потпретседателите на партијата ќе биде Александар ...

Поскапување на струјата од 6%, бара ЕВН хоум. Предлогот за новата цена на електричната енергија стигна до Регулаторната Комисија за енергетика. До крајот на неделата треба да одлучат – дали пресметката им е добра и се прифаќа или пак, процентот на зголемување ќе биде помал. Потоа ќе соопштат која цена ќе ја плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи по Нова година. „Очекуваме во текот на наредната недела ЕВН Хоум да достави пресметки до ...

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска соопшти дека поднел неотповиклива оставка на функцијата. Унгарскиот премиер Виктор Орбан го критикуваше планот на Европската Унија за издавање заеднички заеми за финансирање на трошоците на војната во Украина, предупредувајќи дека тоа ќе ги оптовари идните генерации. „Секој што бара заем од ЕУ на сметка на своите внуци сега може да се придружи на бриселскиот хор. Лесно е да се даде, но уште ...

Постигнат е напредок во врска со можните безбедносни гаранции за Украина во обидот за ставање крај на војната, која почна со руската инвазија пред речиси четири години. По повеќечасовни разговори во Берлин со украинската страна, дополнително е развиен безбедносен пакет, кој вклучува одредби моделирани според Членот 5 од Договорот на НАТО. Пакетот, исто така, опфаќа мерки за следење и превенција на конфликти за да се осигура дека украинското ...

Сериозен и трагичен инцидент се случил во училиште во Московскиот регион утрово кога малолетник со нож нападнал луѓе во образовната институција. Петнаесет-годишник е уапсен во селото Горки, во близина на Москва, откако е осомничен за убиство на десет-годишно момче. Тешко ранил уште тројца ученици и еден обезбедувач, во напад врз училиште. Според достапните информации, тинејџерот Т.К. е ученик во деветто одделение во училиштето. Тој го ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија не сака привремено примирје што би ѝ дало пауза на Украина за да ја продолжи војната, туку целосен мир. -Ние сакаме мир. Не сакаме примирје за да ѝ дадеме пауза на Украина и да ја подготвиме за продолжување на војната – изјави Песков пред новинарите, коментирајќи го предлогот на Киев за божиќно примирје. Песков додаде дека Москва ќе учествува во разговорите само ако постои искрена ...

До вчера се откупени 11.370.000 кг. на тутун што е околу полoвина од годинешната реколта. Според Сојузот на тутунарски здруженија во моментов имало трка кај откупувачите кој ќе откупи повеќе килограми на тутун, а доколку продолжела ваквата динамика целиот род ќе се откупел за 10 до 15 дена. Во моментов тутунот се откупувал само во прва класа, а просечната цена е 419 денари за килограм. „Динамиката е зголемена затоа што тутунопроизводителите ...

По барање на јавната обвинителка, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје беше одложено судското рочиште против поранешниот директор на Истражниот затвор во Шутка, Филип Андов – Сокол и уште неколку вработени во затворот, обвинети за овозможување спровод на осуденици за приватни потреби. На почетокот на денешното рочиште беа доставени листите на докази, со што заврши доказната постапка и судскиот процес требаше да продолжи со изнесување ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на својот Фејсбук профил извести дека низ општината се поставени сите 30 уреди за мерење на бучава. -Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар. Ги покривме најфреквентните локации низ општината, а врз основа на овие мерења нашите инспекциски служби вршат редовни контроли на терен. Овие уреди не препознаваат гласови – се мери амбиенталната бучава во децибели и фреквенцијата на ...

Почина осуденик во Казнено поправната установа-Затвор Штип. Во крими билтенот на СВР-Штип се наведува дека вчера во 10:35 часот во СВР Штип, од Казнено поправна установа-Затвор Штип пријавено е дека во соба во установата пронајден е починат осуденикот 40 годишниот В.М. од Скопје. Од лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е ...

На 16.12.2025 во 01:04 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Е.А.(40) од Штип. При сообраќајна контрола на ул.„Маршал Тито“ во Штип е сопрено патничко возило „сеат ибица“ со штипски регистарски ознаки, кое тој го управувал, при што е констатирано дека управувал возило под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,06 промили алкохол во крвта. Исто така, во возилото е пронајдена и одземена марихуана. На ...

Родител од Велес доби условна затворска казна во траење од три месеци откако му овозможил на својот малолетен син да користи електричен тротинет, при што детето и негов другар се здобиле со повреди за време на возењето. Казната нема да се изврши доколку осудениот во следните дванаесет месеци не изврши ново кривично дело. Основниот суд во Велес го прогласи родителот за виновен за делото „предизвикување општа опасност“. Според обвинителството, ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното ОЈО за ГОКК– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против Б.И., командир на Полициско одделение Чегране, К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е. , сите полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово, поради основи на ...

Благодарение на институционалниот притисок вршен внатре во Советот на Град Скопје од страна на нашиот советник, Марјан Калевски, како и вонинституционалниот притисок вршен со нашите јавни реакции и секако, најважното, ангажираноста на нашите сограѓани со испраќање мејлови до надлежните институции и давање поддршка за нашата иницијатива на социјалните мрежи, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека оваа година на прославата огномет нема да ...

На 15.12.2025 во 13:25 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(48) и мопед „томос“, управуван од малолетник, двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е ...

Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција (АДЕДИ) утрово започна 24-часовен штрајк поради буџетот за следната година, што вечерва се очекува да биде изгласан од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Од синдикатот сметаат дека новиот буџет е „антиграѓански и носи дополнителни даночни оптоварувања за работниците и нови привилегии за големите бизнис групации“, а паралелно со денешниот штрајк изразуваат и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го означи синтетичкиот опиоид фентанил за „оружје за масовно уништување“ како дел од напорите за справување со тековната криза со дрогата во САД, јави ДПА. „Формално го класифицираме фентанилот како оружје за масовно уништување, што тој и е. Ниедна бомба не го прави она што го прави оваа дрога“, рече Трамп додека ја потпишуваше наредбата во Вашингтон. ДПА пренесува дека Трамп притоа рече дека ...

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека напаѓачите одговорни за терористичкиот напад на плажата Бонди се чини дека биле под влијание на идеологијата на Исламска држава, пренесе ДПА. „Се чини дека ова било мотивирано од идеологијата на Исламска држава“, изјави Албанезе за Еј-Би-Си Сиднеј (ABC Sydney). Идеологијата на Исламска држава „доведе до оваа идеологија на омраза, а во овој случај, до подготвеност за вклучување во ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако Вашингтон му понуди на Киев безбедносни гаранции по моделот на НАТО. Трамп, исто така, изрази увереност дека Москва ќе прифати таков договор, објави „Ле Монд“. Трамп откри дека имал „многу долги и многу добри“ разговори со својот украински колега Володимир Зеленски, како и со лидерите на НАТО и европските ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1001
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
80%
999
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
1000
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.71
97%
1001
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
96%
1001
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.02
83%
1003
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
77%
1001
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.13
91%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
999
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

546.56

Платина

67162.91

Сребро

2460.50

Цинк

3.25

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Злато

159231.39

Рутениум

45750.51

Калај

46.91

Алуминиум

3.03

Бакар

11.69