Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Загреб, со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Во рамки на официјалната посета на Хрватска, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Македонската претседателка ќе оствари средба и со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Предвидено е претседателката ...

„Институционалните капацитети за спречување и борба против корупцијата во Република Северна Македонија: европски перспективи и национални практики“ е тема на денешната сесија на Националната конвенција за Европската Унија во земјава. НКЕУ-МК е домаќин на 7. сесија на Работната група 6 – Антикорупција (Поглавје 5 – јавни набавки, Поглавје 18 – статистика и Поглавје 32 – финансиска контрола) како дел од Кластерот 1 – фундаментални вредности од ...

Европската Унија и Австралија ги финализираа преговорите за Договорот за слободна трговија, објавија денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и австралискиот премиер Ентони Албанезе. Овој чин претставува кулминација на преговорите кои траеја осум години. Главната цел на договорот е целосно отстранување на царините и трговските бариери, со што ќе се овозможи значителен поттик на размената на стоки и услуги меѓу ...

Поништен е огласот за избор на нов член на антикорупциска.. Собраниската комисија за избори и именувања, ја прекина постапката, иако четворица кандидати, веќе беа во трка за испразнетото место во ДКСК.. Причина е сомнеж дека еден од кандидатите можеби бил донатор на политичка партија во последните десет години.. Поради тоа, комисијата денеска одлучи едногласно да го поништи огласот.. Претседателот на комисијата, Игор Здравковски, во ...

Од полноќ дизелот поскапува за 3 и пол денари, бензините ќе се продаваат по стара цена. Регулаторната комисија пресече: БС-95 ќе се точи по 86,50 денари, БС-98 по 88,50, додека дизелот ќе стигне до 95,50 денари за литар. Ова се максимални цени, што значи трговците може да одредат и пониски цени од утврдените. Министерката за енергетика прави напори да се зголеми попустот од 2 денари што го добиваат компаниите и на тој начин дополнително да се ...

Во мај или јуни ќе се знае кој министер ќе ја напушти позицијата во влада, а кој ќе биде ротиран во друг ресор – премиерот Мицкоски ја потврди владината реконструкција, но за сите одлуки колицијата заеднички ќе одлучува. Без да споменува конкретни имиња, Мицкоски тврди дека конечната одлука ќе се договара на маса. Мицкоски не одговори дали актуелниот министер за труд и социјала Лимани е еден од оние кои заминуваат од функцијата, особено по ...

Пресврт по ултиматумот од 48 часа кој Трамп им го даде на Иранците. Ги одложи на 5 дена нападите на електранските, откако објави дека имал добри и продуктивни разговори со режимот на Техеран. На социјалните мрежи Трамп напиша: - Сакам да известам дека САД и земјата Иран, во последните два дена, имаа многу добри и продуктивни разговори во врска со потполно и тотално решавање на нашите непријателства на Блискиот Исток.Врз основа на тонот и ...

Главниот командант на украинската војска, генерал Олександер Сирски, денеска изјави дека од 17 до 20 март се засилиле „непријателските офанзивни дејствија“. „Противникот се обиде истовремено да ги пробие одбранбените линии на нашите сили на неколку стратешки правци. Жестоки борби се водеа по должината на целата линија на фронтот“, наведе Сирски во порака на Телеграм. Според генералот, во текот на четирите дена имало „619 јуришни акции“ на ...

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека погодил локации во Израел и три американски воени бази. Во соопштението објавено од новинската агенција Тасним, која е поврзана со ИРГЦ, се вели дека со беспилотни летала биле гаѓани локации во „северниот, централниот и јужниот дел“ на Израел. Исто така, се наведува дека се погодени три американски воени бази: „Али Ал Салем“ во Кувајт, една во Ал-Харџ во Саудиска Арабија ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И.(31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавената, како вработена во филијала на една банка во Тетово, на 03.11.2025 во службени простории на банката од 59-годишник од Тетово примила 39.000 евра кои сакал да ги стави како депозит на неговата сметка во банката, но пријавената наместо да ги уплати во рок од три дена како што кажала на сметката ...

Рекордни 94 годишнини ќе бидат одбележани годинава. Собранието ја усвои програмата за одбележување јубелијни годишнини на значајни настани и истакнати личности. Иако во предлогот опфатени беа 95, сепак пратениците, на предлог на пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, го отфрлија одбележувањето на 15-годишнината од смртта на екс-министерката за внатрешни, Доста Димовска. -Ако тргнеме од тоа дека годинава се навршуваат тие 15 години од ...

СДСМ бара надзорна расправа за Законот за македонскиот јазик. Од партијата обвинуваат дека тој не се применува и власта свесно го опструира законот преку кратење на буџетските средства и нефункционалност на контролните механизми. „Не функционира Инспекторатот, нема вработени, нема лектори, не се почитува ниту употребата во јавни настани. А никој не реагира.И кога сакавме да разгледаме како оди имплементацијата на овој закон, сфативме дека ...

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат основата за измени во Изборното законодавство, пресокоа од министерствотот за правда. Министерот Филков кој раководи со меѓупартиската работна група денеска им го подели материјалот на претставниците на парламентарните партии. Тие пак, во наредните две недели ќе треба да направат анализа на материјалот, ни и да ги дадат своите забелешки и предлози. - „Започна детална анализа на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, кои ...

Предвидливо и достоинствено решение на спорот со Бугарија кое ќе обезбеди гаранции за Македонија. Ова било во фокусот на средбата Муцунски-Кос во Брисел, но министерот за надворешни сепак вели дека детали во јавноста нема да се откриваат додека не добијат конкретен предлог, за да не наруши процесот. Според Муцунски очигледно е задоволството во Брисел од динамиката во која земјава ги спроведува своите задачи од реформската агенда. Јасен и ...

Злоупотреби кај секое 5 –то боледување во МВР, констатирал ФЗО. Неправилности се утрдени кај 100 од контролирани 514 боледувања. Матични лекари и специјалисти издавалале ваков документ без направен рендген и други дијагностички процедури. Со вакви не целосни испитувања за поставување на дијагноза вкупно 29 лица вработени во полицијатa многу често отсуствувале од работа. Поради грешки во постапката ФЗО казни 29 матични лекари од кои двајца ...

На 22.03.2026 во 16:15 часот во СВР Куманово Т.Р.(50) од Куманово, тренер на фудбалски клуб од Куманово, пријави дека на стадион во Куманово, додека траел фудбалски натпревар бил физички нападнат од С.Т.(37) и неговиот малолетен син, кој е играч во фудбалскиот клуб. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 22.03.2026 во 16:15 часот во СВР Куманово Т.Р.(50) од Куманово, тренер на фудбалски клуб од Куманово, пријави дека на стадион ...

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Р.П.(38) од Василево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 12.12.2025, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции дале знак за запирање на возило „ауди а6“, кое го управувал пријавениот, но тој ...

Состојбата на глобалната клима не остава многу простор за оптимизам, со оглед дека клучните индикатори продолжуваат да се влошуваат, предупреди Светската метеоролошка организација (СМО) во извештај објавен денеска. Според извештајот за состојбата на климата во 2025 година, дисбалансот меѓу енергијата што Земјата ја прима од Сонцето и онаа што ја враќа назад во Вселената забрзано се зголемува. Температурите продолжуваат да растат, океаните се ...

Анализа на сателитски податоци ги откри најголемите испуштања на метан во светот во текот на 2025 година, укажувајќи сериозен, но често занемарен проблем поврзан со климатските промени. Метанот, како исклучително моќен стакленички гас, има значително влијание врз затоплувањето на планетата, а неговите неконтролирани испуштања најчесто се последица на лошо одржување на инфраструктурата во нафтената и гасната индустрија. Направеното ...

Во Белград денес ќе се одржи состанок на Ракометната федерација на Србија, Ракометната федерација на Македонија и Ракометната федерација на Црна Гора. Трите држави се потписнички на меѓународен договор за соработка во спортот. Доколку се постигне договор, заедничко натпреварување во ракометна лига би започнало во септември. Планирано е лигата да има10 клубови – четири српски, четири македонски и два од Црна Гора. Србија би ја претставувале ...

Претставници на ракометните федерации на Србија, Македонија и Црна Гора денес во Белград одржаа заеднички состанок на кој главна тема беше формирањето на регионални лиги во машка и женска конкуренција, информираат од РФМ. -За време на состанокот беа разгледани различни модели на организација на натпреварувањето, вклучувајќи повеќе варијанти на лигашки систем, со цел унапредување на квалитетот на ракометот, зголемување на конкурентноста и ...

Авион на „Ер Канада експрес“ при слетување на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк се судри со возило на земја. Поради инцидентот американската Федералната администрација за воздухопловство (ФАА) ги приземји сите авиони, како што наведе поради вонредна состојба. ФАА не наведе други детали. „Ер Канада“, ФАА и противпожарната служба на Њујорк сè уште не го коментирале инцидентот. МИА Авион на „Ер Канада експрес“ при слетување на аеродромот Ла ...

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД привремено ги одложуваат планираните воени напади врз иранските електрани и енергетска инфраструктура, по, како што напиша, „многу добри и продуктивни разговори“ со Иран. Во објава на социјалните мрежи, Трамп истакна дека во изминатите денови се воделе интензивни разговори меѓу двете страни, кои отвораат можност за намалување на тензиите и потенцијално дипломатско решение. Како резултат ...

Иранскиот совет за одбрана се закани дека ќе постави морски мини и ќе го блокира целиот Персиски Залив доколку брегот или островите на Иран бидат нападнати. Секој обид на непријателот да го нападне брегот или островите на Иран природно, и во согласност со нормалната воена пракса, ќе доведе до минирање на сите пристапни патишта и комуникациски линии во Персискиот Залив и по должината на брегот со разни видови морски мини, вклучително и ...

Сирените се огласија рано утрово низ Ерусалим како предупредување за претстоен напад од Иран.Израелската војска соопшти дека започнала широк бран напади насочени кон иранската инфраструктура во Техеран. Тензиите меѓу САД и Иран ескалираат со ултиматумот што истекува на полноќ. Трамп се закани дека ќе ја бомбардира енергетската инфраструктура на Иран доколку не биде отворен Ормутскиот Теснец. Техеран денеска возврати дека ќе изврши напад над ...

На вчерашната седница на Врховното народно собрание на Северна Кореја повторно е именуван Ким Џонг-ун за претседател на Комисијата за државни работи, објави денеска државната новинска агенција КЦНА. Рускиот претседател Владимир Путин повика на зајакнување на „стратешкото партнерство“ со Пјонгјанг во честитка до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за неговиот реизбор за лидер на Демократската Народна Република Кореја. На вчерашната прва ...

„Северна Македонија: „Кратење“ на ДДВ-то на горивата за да се задржат цените на бензинските пумпи“; „Северна Македонија го намалува на половина ДДВ-то на горивата за да го запре покачувањето на цените“; „Северна Македонија го намали речиси за половина ДДВ-то на горивата“; „Владата во Скопје го намалува ДДВ-то на горивата“, „Северна Македонија го намалува ДДВ-то на горивата поради војната на Блискиот Исток“, се дел од насловите во грчките ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да донесе нова одлука за цената на горивата што ќе важи од полноќ до следниот вторник, по вчерашна одлука на Владата за намалување на данокот на додадена вредност од 18 на 10 отсто. Премиерот Христијан Мицкоски вчера оцени дека согласно случувањата на нафтените берзи се очекува РКЕ да донесе одлука за ново поскапување на дизелот од 10,5 денари по литар, како и за зголемување на цените ...

Во текот на изминатиот продолжен викенд (20/21/22.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1699 издадени платни налози, од кои 476 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 60 лица, од кои 11 за возење под дејство ...

Фондот за здравствено осигурување по барање на Министерството за внатрешни работи во втората половина на 2025 година изврши детална контрола на боледувањата на вработени во МВР со која се опфатени 80 осигурени лица со 514 боледувања. Утврдено е дека кај 29 лица од нив, има неправилности во издадените боледувања (околу 37 отсто), односно околу 100 боледувања од вкупно 514 се неуредни или неправилни (околу 20 отсто). Ова денеска го соопшти ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.13
67%
1014
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
77%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.41
77%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
80%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
46%
1017
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
55%
1016
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
67%
1016
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
68%
1015
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
85%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
63%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9534

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Сребро

2534.46

Калај

52.70

Родиум

319899.93

Бакар

12.46

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Паладиум

49351.40

Платина

66744.95

Алуминиум

3.53

Злато

152465.86

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89