Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Педесет и двегодишен маж бил пронајден починат во својот дом во скопското село Волково, информира Министерството за внатрешни работи. — реклама — — реклама — Според информациите, на 30 јуни околу 11:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот бил пронајден починатиот Р.Ѓ. (52). — реклама — — реклама — Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, по што ...
Четириесет и осумгодишен маж се здобил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи во фирма на подрачјето на скопската населба Чаир, соопшти Министерството за внатрешни работи. — реклама — Според информациите, на 30 јуни околу 21:35 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.К. (48). — реклама — — реклама — Како што е пријавено, повредите ги здобил ...
Полициски службеници од СВР Скопје привеле 40-годишен државјанин на Косово, осомничен дека физички нападнал скопјанец, при што било утврдено и дека нелегално влегол во државата. — реклама — Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 30 јуни во 17:15 часот на подрачјето на Центар бил приведен Н.Р. (40) од Косово, по претходна пријава дека физички го нападнал Р.М. (63) од Скопје. — реклама — — реклама — По извршените ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници лишиле од слобода четворица возачи кои управувале моторни возила без положен возачки испит, информира Министерството за внатрешни работи. — реклама — — реклама — Како што соопштуваат од МВР, приведувањата се извршени на различни локации во државата, односно во Скопје, Кочани, кичевско и тетовско. По целосното документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични ...
Велосипедист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на кружниот тек меѓу булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“ во Скопје. — реклама — Како што информира Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 30 јуни во 17:15 часот, а во неа учествувале патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П. (46) од Скопје, и велосипед управуван од Б.Ј. (33) од ...
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Грција. — реклама — Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, потресот се случил во 11:54 часот по локално време, а епицентарот бил на околу 58 километри од градот Лариса. — реклама — — реклама — Хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 63,4 километри под површината на земјата. — реклама — Засега нема информации за ...
Дваесет и осумгодишен жител на Неготино е лишен од слобода под сомнение дека извршил повеќе кражби од кафемати на различни локации во градот. — реклама — Од Министерството за внатрешни работи информираат дека И.Д. (28) бил приведен на 30 јуни во 08:35 часот од полициски службеници од ОВР Неготино. — реклама — Според сомневањата, тој со употреба на подесен алат оштетувал кафемати, по што од нив одземал пари. — реклама — При преземените мерки, ...
Шеесет и петгодишна жителка на Тетово пријавила во полиција дека била жртва на злоупотреба на нејзината платежна картичка, при што ѝ била причинета материјална штета од 9.263 денари. — реклама — — реклама — Од СВР Тетово информираат дека пријавата била поднесена на 30 јуни во 09:50 часот. Според пријавеното, во периодот од 31 мај до 26 јуни 2026 година, непознато лице извршило пет неовластени трансакции со нејзината платежна картичка. — ...
Дваесет и осумгодишен жител на Тетово е лишен од слобода откако, според пријавата, физички ги нападнал својата снаа и својот брат по семејна расправија. — реклама — Од СВР Тетово информираат дека Ф.А. (28) бил приведен на 30 јуни во 20:10 часот на улицата „146“ во Тетово. — реклама — Претходно, во 19:25 часот, неговиот брат Ш.А. (35) пријавил дека околу 16:30 часот, во нивниот семеен дом, по вербална расправија меѓу нивната мајка и сопругата ...
Триесет и осумгодишен жител на Прилеп е лишен од слобода откако, според полицијата, упатувал закани кон својот татко. — реклама — Како што информираат од СВР Битола, на 30 јуни околу 21:30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле З.Д. (38) од Прилеп. — реклама — — реклама — Според пријавеното, додека му се заканувал на својот татко, тој си нанел и повреда со стаклен предмет. — реклама — Од полицијата велат дека се преземаат мерки ...
Мексико конечно стави крај на долгогодишната низа разочарувања во нокаут-фазата на Светските првенства, совладувајќи го Еквадор со 2:0 и обезбедувајќи пласман во осминафиналето пред своите навивачи во Мексико Сити. Со оваа победа, Мексиканците за првпат по Светското првенство во 1986 година успеаја да го добијат првиот елиминациски натпревар. По настапот кога стигнаа до четвртфиналето, следуваа седум последователни елиминации уште на првата ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го посети либанскиот териториум што е под контрола на израелската армија и порача дека Израел нема да се повлече од јужен Либан сè додека Хезболах претставува безбедносна закана. — реклама — „Нема да го напуштиме јужен Либан сè додека заканата не биде отстранета. Додека Хезболах е присутен, вооружен и ни се заканува, ние ќе останеме тука“, изјави Нетанјаху за време на средбата со израелските ...
Полициски службеници од СВР Битола во изминатите 24 часа привеле две лица поради сомнение за семејно насилство. — реклама — Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 30 јуни околу 00:45 часот бил лишен од слобода Е.А. (48) од Битола, откако во семејниот дом физички ја нападнал својата 26-годишна сопруга. — реклама — — реклама — Претходно, на 29 јуни во 14:50 часот на Градскиот пазар во Битола, полициски службеници го ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот историски настап на Вимблдон, откако во првото коло беше поразена од фаворизираната Американка Аманда Анисимова со 2:0 во сетови (6:3, 6:2). — реклама — И покрај поразот, Ѓорческа го оствари најголемиот успех во својата кариера, станувајќи првата македонска тенисерка што настапила во главната фаза на еден Гренд слем-турнир, и тоа на престижниот Вимблдон. — реклама — Македонската ...
Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопската населба Бардовци. — реклама — Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 29 јуни во 13:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Бардовци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Х. (34) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, ...
Во текот на ноќта избувнал пожар во објект на подрачјето на скопската населба Ѓорче Петров. — реклама — Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 30 јуни околу 02:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил опожарен објект сопственост на И.К. (51) од Тетово. — реклама — — реклама — Во пожарот нема повредени лица. — реклама — Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на причините ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во моментов го игра својот прв натпревар во главната фаза на Гренд слем турнирот Вимблдон, каде за противничка ја има Американката Аманда Анисимова, која е шеста носителка на турнирот и ланска финалистка. — реклама — Во тек е првиот сет од натпреварот, а Анисимова има почетна предност од 3-1 во гемови. — реклама — — реклама — Ѓорческа обезбеди историски пласман во главниот жреб преку ...
Утринските часови во Босна и Херцеговина беа одбележани со земјотрес кој беше почувствуван во поширокото подрачје околу Зеница. — реклама — — реклама — Според информациите на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала бил регистриран денеска во 6:18 часот. Епицентарот се наоѓал на околу 11 километри од Зеница, на длабочина од седум километри. — реклама — — реклама — Поради ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против 40-годишниот Д.Д. од Штип поради сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување општа опасност“. — реклама — Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 30 мај годинава пријавениот преку социјална мрежа упатувал закани кон својата вонбрачна партнерка. — реклама — — реклама — По упатените закани, тој со употреба на запалива течност предизвикал пожар во ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против 20-годишниот Б.А. од Штип поради сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. — реклама — Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 18 февруари годинава на паркинг простор во Штип, каде пријавениот, заедно со уште три лица, физички нападнале 17-годишник. — реклама — — реклама — Во нападот, малолетникот се здобил со повреди. — реклама — Од МВР ...
Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила вчера во Куманово, при што животот го загубил 49-годишен мотоциклист. — реклама — Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 29 јуни околу 12:40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Доне Божинов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сеат Ибица“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А. (64) од Куманово и мотоцикл со ...
СДСМ и Левица заеднички го блокираат Изборниот законик, а причината за тоа се ниските рејтинзи на двете партии, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Тој истакна дека станува збор за закон кој, како што рече, со месеци бил договаран и во кој ВМРО-ДПМНЕ ги прифатило сите предлози на СДСМ и Левица. — реклама — „Единственото нешто што го побаравме е нашата дијаспора да може по електронски пат да ...
Најмалку 20 лица се повредени, од кои петмина се во критична состојба, во голем пожар што избувна денес во петрохемиска постројка во индиската држава Западен Бенгал. — реклама — Според информациите на полицијата, пожарот избувнал на нафтовод во постројката со која управува компанијата „Халдија Петрокемикалс“, по што огнот брзо се проширил и кон околните куќи во округот Пурба Мединипур. — реклама — — реклама — Надлежните служби успеале да го ...
Повеќе од 220 фонтани за пиење вода низ Скопје повторно се ставени во функција, информираа од Град Скопје. — реклама — Во соработка со ЈП „Водовод и канализација“, биле мапирани, сервисирани и повторно оспособени голем број фонтани кои со години биле надвор од употреба поради дефекти и негрижа. — реклама — Од Градот најавуваат дека паралелно со обновата на постојните, се работи и на поставување нови фонтани на повеќе фреквентни локации низ ...
Демократска Република Конго се соочува со нов бран на ебола, откако бројот на потврдени случаи на заразата достигна 1.307, соопштија властите во земјата. — реклама — Според официјалните податоци објавени доцна во понеделникот, од последиците на болеста досега починале 377 лица. — реклама — Случаи на ебола се регистрирани во три провинции – Итури, Северен Киву и Јужен Киву, пренесува агенцијата Ројтерс. Генералниот директор на Светската ...
Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со што се отвора можност секој полнолетен граѓанин лично да се изјасни дали сака да биде органодарител по својата смрт. — реклама — Законот, кој беше донесен по скратена постапка, доби поддршка од 58 пратеници, додека шест гласаа против. Од Министерството за здравство оценуваат дека со овие измени значително се унапредува ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи упати обвинувања до ДУИ, тврдејќи дека партијата му обезбедила кворум на ВМРО-ДПМНЕ за, како што наведе, „шверцување“ на Изборниот законик. — реклама — „ДУИ му направи кворум на ВМРО за шверцање на Изборниот законик!“, напиша Апасиев на социјалните мрежи. — реклама — Неговата реакција доаѓа во период кога во јавноста и меѓу политичките партии се води дебата околу ...
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвини дека опозицијата се обидува да го блокира Изборниот законик и реформските процеси, оценувајќи дека таквите потези се насочени против европската перспектива на државата. Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски истакна дека, според него, одредени политички структури се обидуваат да го попречат напредокот на Македонија, но изрази уверување дека земјата и натаму ќе продолжи со реформите ...
Иран денеска соопшти дека единствено Техеран ќе биде задолжен за отстранување на мините од Ормускиот теснец, повикувајќи се на Меморандумот за разбирање постигнат меѓу Иран и Соединетите Американски Држави во Исламабад. — реклама — Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, преку платформата Икс му одговори на францускиот претседател Емануел Макрон, предупредувајќи дека ситуацијата во регионот е „чувствителна и ...
Британскиот премиер Кир Стармер повторно ја потврди посветеноста на Велика Британија кон европските сојузници во НАТО на средбата со генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, одржана во неговата резиденција на Даунинг Стрит. Средбата се одржа во пресрет на самитот на НАТО во Анкара, кој започнува на 7 јули, а на кој се очекува земјите-членки да ги претстават своите планови за зголемување на основните одбранбени трошоци на 3,5 отсто од ...