Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 40-годишен жител на градот, по претрес во неговиот дом и помошни простории, информираат од Министерството за внатрешни работи во соопштение. Како што се наведува во соопштението, при претресот извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени бела грутчеста и бела прашкаста материја, како и дигитална вага. — реклама — Лицето било приведено во полициска ...
Сопруга пријавила закани со остар предмет, по што тетовец бил лишен од слобода, информираа од СВР Тетово. Станува збор за В.А. (32) од Тетово, кој бил приведен на 20 април околу 23:30 часот на улицата „Киро Ристовски Дрнц“, откако неговата 30-годишна сопруга пријавила дека претходниот ден околу 18 часот ѝ се заканувал со остар предмет и се обидел да ја исфрли од домот. — реклама — Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно ...
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека присуството на поранешниот премиер Зоран Заев на годишнината на СДСМ, според него, ги потврдува нивните тврдења за влијанието во партијата. „Со присуството на Заев се потврдија нашите тези дека тој е стопанот, а Венко Филипче е чиракот во СДС“, изјави Манасиевски, одговарајќи на прашање за настанот. — реклама — Тој додаде дека, доколку СДС сака да се реформира и да ...
Пијан маж агресивно се однесувал пред зграда во Тетово, по што бил приведен од полицијата, информираа од МВР. Станува збор за Р.Ѓ. (56) од Тетово, кој на 20 април околу 14 часот бил затекнат пред станбена зграда во населбата „Блок 70“, каде го нарушувал јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон станарите. — реклама — По приведувањето, бил задржан во полициска станица, а при алкотестирање било утврдено дека имал 3,16 промили алкохол во ...
Словенија утрово ја погоди земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар EMSC, кој претходно ја процени јачината на 3,8 степени. Епицентарот на потресот е регистриран на околу 54 километри источно од Љубљана, во близина на Севница, на длабочина од девет километри. — реклама — Според првичните информации, земјотресот бил почувствуван во пошироката околина, но засега нема ...
Обединети Арапски Емирати соопштија дека од почетокот на војната биле цел на повеќе ирански напади отколку која било друга земја. Според информациите од нивната дипломатска мисија во Соединети Американски Држави, иранските сили испукале повеќе од 2.800 проектили и беспилотни летала кон територијата на Емиратите. — реклама — Властите во Абу Даби тврдат дека со тоа биле погодени повеќе од сите други држави, вклучително и Израел. Повикyвајќи се ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг порача дека низ Ормутскиот теснец треба да се одвива „нормален сообраќај“, нагласувајќи ја важноста на оваа клучна поморска рута за глобалната економија. Изјавата ја дал за време на телефонски разговор со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман. — реклама — Во меѓувреме, се очекува средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Си Џинпинг во Кина во текот на мај, откако претходно планираното ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен оти Иран ќе прифати преговори, но предупреди дека во спротивно земјата ќе се соочи со сериозни последици. „Или ќе преговараат, или ќе се соочат со проблеми какви што никогаш досега не виделе“, изјавил Трамп — реклама — Тој нагласи дека САД се надеваат на „фер договор“ кој ќе му овозможи на Иран да се обнови, но под јасен услов – да нема нуклеарно оружје. „Кога ќе постигнат договор, ...
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска (21.04.2026) поради уличен дефект на водоводна мрежа со профил ф-80 мм на улицата „Црвена Вода“ бр. 9, ќе има прекин во водоснабдувањето за корисниците од оваа улица. Како што се наведува во соопштението, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае сè до завршување на санацијата на дефектот. — реклама — Од претпријатието посочуваат дека прекинот се однесува на дел од ...
AI алатката ChatGPT на компанијата OpenAI денеска е недостапна за голем број корисници ширум светот. Според првичните информации, корисниците пријавуваат дека алатката не одговара на барањата, додека кај дел од нив страницата воопшто не се вчитува. Проблемите се појавуваат глобално, што укажува на поширок технички прекин. — реклама — Во моментов не е познато колку долго ќе трае нарушувањето, но сервисот или е целосно недостапен или ...
Зголемената употреба на алатки со вештачка интелигенција, како ChatGPT, може да има сериозни последици врз човечките когнитивни способности, предупредуваат научниците. Истражувачката Наталија Космина забележала дека биографиите на кандидати за пракса стануваат сè повеќе слични, што укажува дека тие масовно користат chatbot-алатки. Паралелно, на своите предавања на MIT, таа забележала дека студентите побрзо го забораваат материјалот отколку ...
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во последното деноноќие се регистрирани четири одделни случаи на семејно насилство на подрачјето на Скопје, Велес, Крива Паланка и Куманово, при што две лица се лишени од слобода, а против сторителите по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави. Како што соопшти МВР, на 19.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена пријавила дека околу 16:30 часот во ...
Иран без интернет веќе 52 дена, ограничувањата продолжуваат. Организацијата NetBlocks, која го следи функционирањето на интернет-мрежите во светот, соопшти дека прекинот на интернет во Иран трае веќе 52 дена, односно околу 1224 часа. — реклама — Според податоците, ограничувањата биле воведени по обновувањето на антивладини протести на почетокот на јануари, а дополнително биле заострени по почетокот на воените тензии меѓу САД, Израел и Иран ...
Израелскиот потесен безбедносен кабинет денеска ќе одржи претходно одложен состанок на кој ќе се разгледува најновиот развој на настаните поврзани со Иран и Либан, пренесуваат израелските медиуми. Состанокот се одржува неколку дена откако истиот кабинет веќе дискутираше за можноста за примирје во Либан. Според тогашните информации од медиумите разговорите опфатиле и поширока безбедносна рамка, вклучително и ситуацијата со Иран. — реклама — ...
Во текот на изминатите два дена се регистрирани повеќе сообраќајни несреќи на различни локации низ државата, во кои неколку лица се здобиле со тешки телесни повреди, а увид на сите места извршиле полициски екипи. На 19.04.2026 во 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Долно Свиларе, скопско, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(20), излетало од патот и удрило во бетонски столб. Во ...
Малолетник е лишен од слобода во Битола откако кај него биле пронајдени дрога и прашкаста материја, информираа од СВР Битола. Станува збор за 16-годишник кој бил приведен на 19 април во 19:50 часот на улицата „Мукос“, при што полицијата пронашла и одзела марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. — реклама — Неколку часа подоцна, во друг случај, на 20 април во 00:50 часот на улицата ...
Иранскиот амбасадор во Русија, Казем Џалали, изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран не ги постигнале своите цели и дека Вашингтон нема да добие повеќе ниту на преговарачка маса, пренесува рускиот весник Ведомости. Џалали наведе дека, според него, првичните цели на западните држави биле дури и промена на режимот во Иран, но подоцна барањата се свеле на отворање на Ормушкиот теснец, што, како што тврди, исто така не е постигнато. — ...
Израелскиот министер за одбрана Кац изјави дека израелската војска ќе употреби „целосна сила“ во Либан, дури и за време на важечкото примирје, доколку нивните сили се соочат со закана од Хезболах. Во меѓувреме, либанската армија соопшти дека повторно е отворен патот и мостот меѓу Набатија и Хардали на југот од земјата, кои претходно беа оштетени во израелските напади. — реклама — Дополнително, францускиот претседател Емануел Макрон утре во ...
Иранската полуслужбена агенција Tasnim News Agency објави дека Иран лансирал дронови кон американски воени бродови во Омански залив, кратко по американската заплена на ирански товарен брод. Според истите наводи, засега нема информации за причинета штета. — реклама — Иранското воено командување Khatam al-Anbiya Central Headquarters ја нарече американската операција прекршување на примирјето и порача дека ќе одговори на, како што го опишуваат, ...
Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови се очекува повремен локален дожд, а можна е и изолирана појава на краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во западните делови повремено и засилен ветер од западен правец. — реклама — Минималната температура ќе се движи од 3 до 10 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне ...
На 19 април 2026 година во 02:50 часот, во ноќен клуб на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т. (28) од Пробиштип, информираат од МВР. При извршената контрола кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. — реклама — Според информациите, по пристигнувањето во кругот на Полициската станица Карпош, Н.Т. физички нападнал полициски ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И. (43) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“, информираат од МВР. Според пријавата, осомничениот физички и психички ги малтретирал неговата партнерка и нејзините деца. — реклама — Дополнително, во последните три месеци преку мобилна апликација им испраќал пораки со заканувачка содржина. — реклама — СВР Тетово поднесе кривична ...
На 18 април 2026 година во 15:00 часот во СВР Велес било пријавено дека на локалниот пат Велес-Каменолом, кај местото викано „Гроот“, се превртело товарно возило „ман“ со приколка и скопски регистарски ознаки, информираат од МВР. Со возилото управувал З.К. (61) од Велес, кој во несреќата се здобил со тешки телесни повреди. Повредите биле констатирани во Општата болница во Велес. — реклама — Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ...
Во текот на ноќта меѓу 18 и 19 април 2026 година, на повеќе различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода десет лица, меѓу кои и малолетник, информираат од МВР. Приведени се М.Г. (28), В.В. (50), Д.М. (45), Е.И. (40), П.П. (26), Ј.Ѓ. (23) и 15-годишник, сите од Скопје, како и К.И. (28) од село Јурумлери, М.Г. (29) од Хрватска и С.П. (24) од Грција. — реклама — Според информациите од МВР, кај нив биле ...
Израелските одбранбени сили соопштија дека во последните 24 часа пред стапувањето во сила на договорот за прекин на огнот ликвидирале повеќе од 150 припадници на Хезболах. Во објава на Телеграм, ИДФ наведува дека во истиот период биле погодени околу 300 воени цели на повеќе локации во Либан, вклучително и командни центри и складишта за оружје. — реклама — Според израелската армија, во нападите биле убиени и неколку команданти на Хезболах, а ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан остро реагираше на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека САД немаат право да му ги оспоруваат нуклеарните права на Иран. „Трамп вели дека Иран не може да ги користи своите нуклеарни права, но не кажува поради кој злостор. Кој е тој да ѝ ги одзема правата на една нација?“, изјави Пезешкијан, пренесува иранската агенција ИСНА. — реклама — Изјавата доаѓа во услови на засилени ...
Во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток, на сила се два привремени договори за прекин на огнот, со јасно дефинирани рокови. Примирјето меѓу САД и Иран започна на 8 април и е договорено да трае 14 дена, односно до 22 април. — реклама — Паралелно, примирјето меѓу Израел и Либан стапи во сила на 16 април и има времетраење од 10 дена, што значи дека истекува на 26 април. — реклама — Овие договори се временски ограничени и оставаат простор ...
Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), денес времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 9 степени, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. — реклама — Во Скопје се очекува претежно сончево и релативно топло време со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7 ...
„Опозиција која е безидејна, на која ѝ недостига сериозна конструктивност за да биде коректор на власта и која се соочува со внатрешни проблеми, сметам дека оваа интерпелација е неиздржана. Некој се обидува преку нарушување на угледот на министерот за земјоделство да гради личен рејтинг и да создаде привид на активност“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, одговарајќи на новинарско прашање во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се осврна на најновиот развој на настаните во односите со Иран, откако Техеран ја повлече одлуката за повторно отворање на Ормускиот теснец. Трамп ја минимизираше ситуацијата, наведувајќи дека тековните разговори се „многу добри“. — реклама — „Ситуацијата се развива многу добро. Малку си поиграа, како што прават веќе 47 години“, изјави американскиот претседател. — реклама — Американскиот претседател ...