Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека напорите за решавање на конфликтот меѓу САД и Иран сè уште се во тек. „Примирјето и натаму трае и, додека зборувам, се вложуваат максимални напори за да се решат отворените прашања“, рече Шариф на владина седница, пренесува АФП. — реклама — Изјавата доаѓа по разговорите што се одржаа за време на викендот во Исламабад, кои засега не доведоа до конечен договор меѓу двете страни. — реклама — ...
Пацифичката островска држава Тонга денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на потресот бил во отворено море, на длабочина од 255 километри и на околу 305 километри од главниот град Нукуалофа. — реклама — Засега нема информации за повредени лица или материјална штета, а надлежните не издале предупредување за опасност од цунами. — реклама — Пацифичката островска држава Тонга денеска ...
Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце лишиле од слобода 72-годишен скопјанец, кај кого биле пронајдени четири лица-мигранти од Индија, во близина на Граничниот премин Долно Блаце. Настанот се случил на 12.04.2026 година околу 22:00 часот, кога лицето В.А. (72) било затекнато во возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки. При контрола во возилото биле пронајдени мигрантите. — реклама — Според МВР, ...
Возач од неготинско е лишен од слобода откако во село Пепелиште, управувајќи возило под дејство на алкохол и со активна забрана за возење, удрил во пешак. На 12.04.2026 година во 14:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Л.Д. (55) од село Пепелиште, неготинско, по сообраќајна несреќа во која учествувал со патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки. Во незгодата бил удрен пешакот Р.М. (62) од истото ...
Реакции на резултатите од изборите во Унгарија пристигнуваат од целиот свет, од министри до шефови на држави. Новинарите го прашаа американскиот претседател Доналд Трамп за поразот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, но тој реагираше неочекувано. — реклама — На снимките што се шират на платформата X се гледа како Трамп, веднаш штом новинарите почнале да го прашуваат за Орбан, ја прекинал изјавата и се повлекол без коментар. Долгогодишниот ...
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција во близина на Анталија. Епицентарот бил во отворено море, на длабочина од шест километри и на околу 115 километри од Анталија. Според првичните информации, нема извештаи за повредени лица или материјална штета, а не е издадено предупредување за цунами. Очевидци кои ги споделиле своите забелешки на страницата на центарот наведуваат дека потресот бил краток, но дека ...
Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГК) соопшти дека „ниедно пристаниште во Заливот и Оманското Море нема да биде безбедно“ по воведувањето на американските мерки за ограничување на поморскиот сообраќај кон и од иранските пристаништа во Ормускиот теснец. Во соопштението се наведува дека безбедноста на пристаништата „или е за сите, или не е за никого“, при што ИРГК нагласува дека заштитата на територијалните води претставува ...
Иранските вооружени сили соопштија дека американските ограничувања за бродовите во меѓународните води претставуваат „пиратство“, реагирајќи на најавите за можни мерки во Ормускиот теснец. Портпарол на иранската војска изјави дека Иран ќе воспостави „траен механизам“ за контрола на пловидбата низ Ормускиот теснец, по заканите за ограничување на бродовите што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа. — реклама — Во соопштението се ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија видео-снимка за која тврдат дека прикажува уништување на тунел на Хезболах во јужниот дел на Либан. Според соопштението, станува збор за подземна рута која, како што наведуваат, се користела за планирање и изведување активности насочени против израелските војници. Снимката е црно-бела и прикажува напад врз инфраструктурата за која ИДФ тврди дека е дел од мрежата на Хезболах. — реклама — — реклама — ...
Лидерот на опозициската партија Тиса, Петер Маѓар, изјави дека е оптимист поради високата излезност на изборите во Унгарија, повикувајќи се на најновите податоци и резултати од истражувањата. Тој истакна дека високата излезност покажува оти унгарските граѓани ја сфатиле важноста на овие избори. — реклама — „Ова стана и ќе продолжи да биде празник на демократијата“, порача Маѓар на свечениот прием на неговата партија Тиса по објавувањето на ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека договор со САД „не е надвор од дофат“ доколку администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го почитува меѓународното право, пренесува државната телевизија. Изјавата беше објавена како резиме од телефонски разговор меѓу Пезешкијан и рускиот претседател Владимир Путин, кој беше пренесен преку иранската државна радиотелевизија на Телеграм. — реклама — Разговорот се случи по ...
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека Ормускиот теснец е „отворен за нештетен премин на цивилни бродови“, во согласност со меѓународното право. Во соопштението се наведува дека воените пловила кои ќе се приближат до областа би се сметале за прекршување на примирјето и дека ќе бидат „строго казнети“. — реклама — Иранската Револуционерна гарда соопшти дека Ормускиот теснец е „отворен за нештетен премин на цивилни бродови“, во согласност ...
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 11 април 2026 година во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.М. (23), Т.Б. (24), Д.М.А. (24) и Ф.Е. (27), сите од Скопје. Како што наведуваат од МВР, кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја и марихуана. — реклама — По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, додаваат од ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Г. (35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Како што информира полицијата, на 17 октомври 2025 година во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари. — реклама — ...
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 12 април 2026 година во 01:20 часот, во Полициската станица Шуто Оризари сам се пријавил малолетник од Шуто Оризари. Според МВР, тој на 11 април 2026 година околу 22:20 часот, пред игротека во Шуто Оризари, со употреба на остар предмет му нанел повреди на друг малолетник од истото подрачје. — реклама — По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, ...
На 12 април 2026 година во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода Н.П. (35) од село Трновац, кратовско, поради сомнение дека во селото пукал со огнено оружје кон возило управувано од Ј.С. од Куманово. Како што соопшти полицијата, лицето било приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. — реклама — На 12 април 2026 година во 02:20 часот, ...
На 11 април 2026 година во 12:50 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 22-годишник со привремен престој во Росоман, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 22-годишна невенчана сопруга, при што употребил и дрвен предмет. Лицето било приведено во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
По високата излезност од 37,98 проценти на изборите, се огласи унгарскиот премиер Виктор Орбан со порака до гласачите преку својот профил на Фејсбук, нагласувајќи ја важноста од излегување на изборите за, како што наведе, безбедноста на земјата. „Многу луѓе гласаат. Тоа значи едно: ако сакаме да ја заштитиме безбедноста на Унгарија, ниту еден патриот не смее да остане дома“, порача Орбан во својата објава. — реклама — По високата излезност ...
На 12 април 2026 година, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Д. (43) од Гевгелија, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Инцидентот се случил на 11 април 2026 година околу 21:20 часот на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, кај местото „Шарен мост“, кога патничко возило „фолксваген“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.Д., излетало од патот. — реклама — По несреќата, ...
Во израелски напади врз Либан од утрово загинаа 21 лице, а 13 се повредени, јавува новинската агенција Фарс. Нападите се регистрирани на повеќе локации во јужен Либан, меѓу кои и градовите Кана и Мааруб. Според извештаите, нападите се случиле на повеќе точки низ регионот, но овие информации засега не можат независно да се потврдат. Нема официјални детали од израелска страна во врска со конкретните цели на нападите. — реклама — Во израелски ...
Три супертанкери натоварени со нафта вчера успешно поминаа низ Ормускиот теснец, и покрај неуспехот на преговорите во Исламабад, покажуваат податоците за поморскиот сообраќај. Според информациите, ова се првите бродови што го напуштија Персискиот Залив откако Соединетите Американски Држави и Иран постигнаа договор за прекин на огнот. — реклама — Во меѓувреме, стотици други танкери сè уште се блокирани во Заливот и очекуваат можност за ...
Иран очекува во рок од еден до два месеца да обнови поголем дел од своите постројки за преработка и дистрибуција на нафта, кои беа оштетени во серија напади врз енергетската инфраструктура, пренесува Ројтерс. Властите планираат да ги вратат капацитетите на 70 до 80 проценти од нивото пред нападите. Заменик-министерот за нафта, Мохамад Садек Азимифар, изјави дека поправките веќе се во тек. — реклама — Според него, дел од рафинеријата Лаван се ...
Четири лица, меѓу кои и двајца малолетници, се лишени од слобода по разбојништво извршено во Градски парк во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Станува збор за С.А. (20), Н.Д. (40) и двајца малолетници од Скопје, кои околу 21 часот, во близина на фонтаната, со закана со нож одзеле пари од неколку малолетни лица. — реклама — По добиената пријава, полициските службеници од СВР Скопје веднаш презеле мерки и активности, ...
Бенјамин Нетанјаху порача дека Израел ќе продолжи со борбата против Иран и неговите сојузници, во објава на социјалната мрежа X. Тој нагласи дека под негово водство Израел ќе продолжи да се спротивставува на, како што го нарече, „иранскиот терористички режим“ и неговите посредници. — реклама — Во истата објава, Нетанјаху упати остри критики кон претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, обвинувајќи го за „попуштање“ кон Иран и за ...
Во Пакистан заврши првата фаза од директните преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, јавуваат извори блиски до посредничкиот процес. Според истите извори, двете делегации сега разменуваат писмени текстови со цел да се потврди усогласеноста околу денес постигнатите договори, пренесува Ал Џезира. — реклама — Преговорите се одвиваат како дел од поширок дипломатски процес меѓу двете земји со посредување на пакистанските власти. — ...
Три лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во саботата во напад со украинско беспилотно летало врз бензинска пумпа во градот Лгов во руската Курска област, соопшти регионалниот гувернер. Гувернерот Александар Хинштејн наведе дека нападот се случил по 16 часот по локално време, и покрај прогласеното 36-часовно велигденско примирје меѓу Русија и Украина. — реклама — Според најавите, прекинот на огнот требало да трае од сабота попладне до ...
Белата куќа потврди дека потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, заедно со други американски претставници, остварил директна средба со иранска делегација во Исламабад. Со ова се потврдуваат претходните информации од извори блиски до посредничкиот процес дека американската и иранската страна за првпат започнале директни преговори. — реклама — Според Асошиејтед прес, овој состанок претставува значаен дипломатски ...
По најавата за прекин на огнот, реакциите меѓу граѓаните во Иран се поделени – дел гледаат мала надеж за стабилизација, додека други изразуваат длабок скептицизам. Според информации на Al Jazeera, иако постои очекување дека дипломатските напори би можеле да спречат понатамошна ескалација, многумина не веруваат дека примирјето ќе се одржи на подолг рок. — реклама — Паралелно, кај дел од јавноста постои надеж дека евентуален успешен договор би ...
Иран соопшти дека е во постојан контакт со Либан со цел да се обезбеди почитување на обврските од договорот за прекин на огнот на сите фронтови. Изјавата ја даде портпаролот на Министерство за надворешни работи на Иран за иранската државна телевизија од Исламабад, каде што се одржуваат разговорите меѓу високи претставници на САД и Иран. — реклама — Во меѓувреме, либански извори блиски до Хезболах за агенцијата Ројтерс изјавиле дека движењето ...
Жена била ограбена на автобуска постојка во центарот на Скопје, откако напаѓач со употреба на сила ѝ го одзел накитот што го носела. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, на 10 април околу 20:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека грабежот се случил истиот ден околу 10:30 часот, на подрачјето на Центар. — реклама — Случајот го пријавила С.М. од Скопје, која навела дека непознато лице со физичка сила ѝ го одзело ...