Засадени 100 листопадни и зимзелени дрвја во мега паркот во Радишани. Овој парк во Радишани стана ново централно место за собирање и реакреација, нешто кое жителчите го чекаа со децении. - Мега паркот се простира на површина од 10 000 m2. Големиот плоштад и пешачките патеки се на површина од 4 000 м2. Големо детско игралиште за најмалите со модерни реквизити и мека подлога се една од главните содржини на паркот. Целиот парк е осветлен со ...

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје со помош на специјалните возила „Пајак“ санкционираа 144 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Оттаму велат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и ...

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова по повод 100-годишнината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“ повика на поголема поддршка и промоција на рекреативното планинарење, како и на негово интегрирање во образовниот систем. Таа истакна дека голем број држави веќе го имаат вклучено планинарењето во наставните програми по Физичко образование и го практикуваат како дел од филозофијата на здравиот живот, па според неа, време е и ...

По повод 17 ноември - денот кога пред 34 години е донесен Уставот на Републиката, ве повикувам да му бидеме лојални на Уставот, тоа е наша должност, порача денеска во обраќањето до јавноста претседателот на уставниот суд, Дарко Костадиновски. „Силата на Уставот лежи целосно во посветеноста на секој граѓанин да го штити истиот. Само доколку секој еден од нас ја чувствува таа должност, уставните права ќе бидат заштитени“, вели Костадиновски во ...

Јајцата поскапеа за 30–40 денари по табла низ продажните места. Многумина реагираат дека деновиве и тешко се наоѓа овој прехрамбен производ. Во изминатите денови забележливо е зголемување на цените на јајцата во најголемиот дел од маркетите и зелените пазари. Табла од 30 јајца (Л класа), која чинеше околу 280 денари, сега се продава за 310 денари. Цената на малата табла од 10 јајца (М класа) порасна од 90 на 105 денари, реагираат купувачите. ...

Балканската музичка ѕвезда Теа Таировиќ е докажана миленичка на македонската публика. Таировиќ викендов, по трет пат годинава, ја наполни арената „Борис Трајковски“. Како што и најавија организаторите, скопските фанови на Теа уживаа во спектакуларен концерт со врвна продукција, импресивна сценографија, танчери, специјално осмислени кореографии, костими и светлосни ефекти, со еден збор во вистинска концертна магија. Моментот за кој посебно се ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска преку социјалните мрежи сподели дека според ветувањето на Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, објавен е јавниот повик од Владата за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди: преносен компјутер (лаптоп или All-in-One), таблет или персонален компјутер. Право на аплицирање имаат сите студенти на прв циклус студии кои се државјани на ...

За православните христијани наближува голем и тежок христијански празник - Свети Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21 ноември. На овој ден именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка… На овој ден според народните преданија треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа заедно со Премиерот Христијан Мицкоски, остварија вечерна обиколка на Скопје, по што Ѓорѓиевски најави дека во скоро ќе започне постапка за реализација на Луна Парк. Во својата објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски даде позитивна оценка за моменталниот изглед на главниот град. Премиерот Христијан Мицкоски во својата Фејсбук објава во врска со обиколката сподели видео на кое можеше да се слушне што ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик. Делото го извршил заедно со уште едно лице по кое се трага. На 15 ноември, спроти еден трговски центар во Скопје, двајцата следеле еден оштетен. Во еден момент осомничениот со тупаница го удрил оштетениот по главата, а другиот напаѓач му се заканил со боксирач. ...

Одговорност во моментот треба да даде тој што е фатен на дело за злоупотреба и прекршување на законите. И мислам дека таму ќе се води истрагата до крај, апелирам да биде до крај и сите коишто се евентуално инволвирани во целиот случај да одговараат. Само на тој начин ќе стопираме негативни тенденции, прекршување на закони и девијантни однесувања“, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во интервју во ...

Од МВР информираа дека СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство" по член 123 и “противправно лишување од слобода" по член 140 од Кривичниот законик. Toj се сомничи дека во домот во кој живее во Штип без нејзина волја ја држел Б.Н.(79) од Штип, а потоа со остар предмет и нанел убодни рани од кои ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа заедно со Премиерот Христијан Мицкоски, остварија вечерна обиколка на Скопје, по што Ѓорѓиевски најави дека во скоро ќе започне постапка за реализација на Луна Парк. Во својата објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски даде позитивна оценка за моменталниот изглед на главниот град. „Скопје (…) сега конечно личи на метропола, како што доликува. Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители – ја нема ...

Инспекторите на Град Скопје ќе бидат активни и по полноќ за да ги санкционираат сите што ќе ја прекршат новата забрана за фрлање отпад по 22 часот. Градските власти го менуваат распоредот на инспекциската служба, а според информации на Сител, веднаш по објавување на одлуката, инспекторите ќе добијат нов, поинтензивен тросменски распоред. Во контролите ќе бидат вклучени сите градски инспектори и комунални редари. Градот има вкупно 40 инспектори, ...

Денот е моќен, длабок и конструктивен. Photo by Alexey Demidov on Unsplash Сонцето во Шкорпија во добри аспекти со Јупитер и Сатурн ги носи шансите поблиску до вас отколку што очекувате, но успехот зависи од тоа дали ќе ја задржите дисциплината. Меркур во Стрелец ви дава јасност за нешто старо што повторно станува актуелно, а Месечината во Шкорпија додава храброст да го средите она што било разнишано. Денес ви треба фокус. Овен Денес вие ...

Од утре стапува во сила забраната за изнесување отпад по 22 часот, мерка што Град Скопје ја воведе со цел да се воспостави ред во управувањето со сметот и да се спречат злоупотребите на контејнерите. Контролата ќе ја вршат комуналните инспектори и редари, кои од утре ќе работат во три смени, односно 24 часа. Градот располага со 20 комунални инспектори и 20 комунални редари, кои ќе бидат постојано на терен. Главната цел на акцијата, како што ...

Сè повеќе луѓе ширум светот ги украсуваат домовите и новогодишните елки многу порано од вообичаено, а стручњаците за ментално здравје велат дека ова може да има значајни психолошки придобивки. Традицијата на украсување постепено се менува, особено по 2020 година, кога – според многумина – раното внесување празнично светло било единствен начин да се пребродат мрачните денови на пандемијата. „Имаше толку многу темнина и анксиозност што ги ...

Две малолетнички се тешко повредени откако паднале додека се возеле на електричен тротинет. Како што информира МВР, незгодата се случила на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје, а е пријавена вчера попладне, во 17 часот. Според пријавата, со електричниот тротинет управувала 15-годишна малолетничка од село Инџиково, но изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и таа и нејзината 14-годишна сопатничка. ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 23:10 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, при што животот го загубил 56-годишниот С.Х. од Скопје, соопшти МВР. Според првичните информации, во незгодата учествувале патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од починатиот, и патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Ф.П. од Скопје. „Од здобиените повреди на ...

СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, поднесе кривична пријава против Д.А. (74) од Штип под сомнение за тешко убиство и противправно лишување од слобода, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Според информациите, осомничениот во својот дом без волја ја држел 79-годишната Б.Н. од Штип, а потоа со остар предмет ѝ нанел повеќе убодни рани од кои таа починала. Потоа телото го закопал во дворот. ...

Во ноември и декември има две куќни слави посветени на великомаченикот Георгиј. Денешниот ден е посветен на возобновувањето на неговиот храм во Палестина. Среќна слава на сите што слават! На 16-ти ноември се слави празникот Обновување на храмот на светиот великомаченик Георгиј во Лида, кој се слави како куќна слава во голем број македонски семејства. Овој празник му припаѓа на есенскиот циклус празници, а востановен е во чест на обновувањето и ...

Денес во 06:45 часот на улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.М.(40) од Велес. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд галакси“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 94 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час. Исто така во 04:15 часот на улица „Тиквешко ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 5, а максималните од 16 до 20 степени целзиусови. Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а ...

Илјадници граѓани кои вчера маршираа низ Скопје, барајќи правда за 63-те жртви од трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, се најдоа на насловните страници на влијателни светски и регионални медиуми. Известувањето е фокусирано на два клучни елементи: масовноста на протестот и клучната порака дека системската корупција е виновна за најсмртоносната трагедија во поновата историја на земјата. Влијателната американска новинска агенција ...

Новото раководство на Град Скопје, предводено од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, започна со најавената чистка во градската администрација и јавните претпријатија. Првата фаза резултираше со отпуштање на 500 лица од јавните претпријатија, кои, според наводите, не се појавувале на работното место со месеци, па дури и години, но сепак уредно примале плата. Овој потег го отвора прашањето дали е ова само вовед во посериозни реформи или пак претстои ...

Имаше време кога шетањето до „Центро“ или „Славија“ беше мал дневен настан. Самопослужување го викаа – тогаш новитет, вистинско чудо за нас. Сè подредено на полиците, на дофат, сам си одбираш. Најубавите чоколади, највкусните сувомеснати производи, секоја ствар квалитетна и со некаков стар вкус што денес го нема. Тоа беа години на вредности, на едноставна среќа. Луѓето беа насмеани, безгрижни, живееја со некое природно темпо што му прилегаше на ...

Граѓаните на главниот град можат да очекуваат променливо време во остатокот од ноември, со повремени врнежи и постепен пад на температурите кон крајот на месецот. Денес, 16 ноември, времето е претежно сончево со максимална температура од 15 степени и минимална од 2 степени. Во наредните денови очекуваме постепено влошување на временските услови. Од 18 до 19 ноември најавени се дожд и пониски температури – максималните ќе се движат помеѓу 14 и ...

Оваа недела носи редок спој од длабока вода и чист оган: транзитите во Шкорпија бараат трансформација, а почетокот на сезоната на Стрелец внесува полесна енергија, оптимизам и визија. Photo by Jasmine Bartel on Unsplash Меркур ретрограден и отвора стари врати, младата месечина во Шкорпија поставува нов циклус, а Сонцето во хармонија со Јупитер, Сатурн и Нептун создава стабилен, мудар напредок. Од сите знаци, токму овие три ќе почувствуваат ...

Оваа недела носи длабочина, интензитет и потреба да се расчистат старите делови од животот за да се отвори простор за нови почетоци. Photo by Erik Mclean on Unsplash Сонцето во Шкорпија се поврзува со Јупитер и Сатурн, нудејќи можности што бараат дисциплина, трпение и вистинска посветеност. Меркур кој е ретрограден влегува назад во Шкорпија и ве турка да копате под површината, кон некои стари идеи, разговори, односи, планови што некогаш ви ...

Месечината во Вага бара мирно решение, без жестини и без влегување во туѓи борби. Photo by Neal E. Johnson on Unsplash Денот оди подобро кога ги бирате разговорите, не кога реагирате на провокации. Не мора да се докажувате, доволно е да останете јасни и смирени. Овен Вие денес се обидувате да избегнете непотребни судири и Месечината во Вага ве потсетува дека не секоја битка вреди да ја биде дел од вашиот ден. Ќе забележите дека луѓето кои ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
8.23
71%
1011
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
80%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.8
82%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
96%
1014
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
3.58
87%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
9.77
84%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
94%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
72%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Никел

471972.96

Иридиум

145787.60

Сребро

1837.41

Бакар

10.76

Цинк

3.24

Родиум

255598.44

Кобалт

55.67

Калај

40.11

Рутениум

29192.88

Платина

53106.37

Паладиум

45879.12

Алуминиум

2.89