СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.Ц. (56) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Од МВР информираат дека пријавениот, подолг временски период, под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членовите од неговото семејство. Исто така, на 11.07.2026 година психички ја малтретирал својата сопруга и се обидел физички да ја нападне. Од МВР посочија дека ...

Саат-кулата во Старата скопска чаршија е едно од најпрепознатливите обележја на старото Скопје и еден од највредните споменици од османлискиот период во градот. Фото Изградена е во втората половина на XVI век, најверојатно помеѓу 1566 и 1572 година, во рамките на комплексот на Султан-Муратовата џамија. Според историските извори, скопската Саат-кула се смета за првата саат-кула изградена на територијата на Отоманската империја. Иако постојат ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните да го користат ГИС порталот – современа дигитална платформа што овозможува брз, едноставен и транспарентен пристап до услугите и информациите на Општината. Преку порталот, граѓаните на едно место можат да ги следат сите актуелни информации, тековни и планирани инфраструктурни проекти, јавни повици, новости и активности на локалната самоуправа. „Со едноставна ...

Општина Илинден информираше дека за потребите на Јавното комунално претпријатие „Илинден“ набавиле современа механизација и професионална опрема за поефикасни комунални услуги. „Во изминатиот период, за потребите на Јавното комунално претпријатие „Илинден“, набавени се батериски коси – тримери, батериска телескопска пила за сечење гранки со додаток за кастрење жива ограда, батериска дувалка, батериска косилка, како и батерии и полначи. Со ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски сподели дека денес во посета му бил оркестарот при СУГС Гимназија „Орце Николов“ - млади талентирани музичари, за кои рече дека, иако оркестарот им бил формиран во 2024 година, за исклучително кратко време бележат сериозни успеси и освојуваат значајни домашни и меѓународни признанија. „Тие се огромна гордост за сите скопјани, но и вистински амбасадори на Македонија, на македонската музика, култура и ...

Нашиот најпознат и најуспешен шоумен, Игор Џамбазов, денеска слави роденден. Тој сподели објава на Инстаграм и вели дека следна цел му е проект 99. „Кога наполнив 36 не бев баш сигурен дали воопшто ќе доживеам 63. Ама еве ме. Жив, и по малку здрав. Но во форма. И полн со енергија. Огромно благодарам до сите вас што ме подржувавте сиве овие години… И да знаете: 63 се новите 36. Следна цел: Проект 99. 63+36=99“, напиша Џамбазов на Инстаграм. ...

„На местото на конфискувана парцела, која била наменета за резиденцијално домување, предвидуваме пренамена и изградба на дом за стари лица. Плацовите на Водно конечно ќе добијат намена за обичните граѓани, а не за луксузни апартмани“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на продолжението на 9. Седница, образложувајќи го нацрт планот за Градска четврт Ј 05-Барутана. Со ова, како што посочува Герасимовски, нацрт планот ...

На новото кошаркарско игралиште кај „Авионче“ во населбата Ново Лисиче вo Скопје, синоќа се одржа инклузивен натпревар во кошарка во колички, организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Здружението за спортски активности на лица со телесен инвалидитет – Кошаркари во колички „Хоуп спорт“ Скопје. Настанот се реализираше како интерактивна платформа за промоција на еднаквите можности и ...

Скопје вчеравечер живееше во ритамот на фудбалот и духот на Светското првенство! Одлична атмосфера, пријатно дружење, многу фудбалски емоции и заедничко навивање во Градскиот парк. Полуфиналето меѓу Франција и Шпанија се следеше под отворено небо во Центар, а меѓу присутните и градоначалникот на Град Скопје. - На покана на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар, Сергеј Попов, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, под отворено ...

Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа што вчеравечер се случила на автопатот Тетово–Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Во несреќата учествувале товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и автомобил „голф“ со охридски таблички. Повредени се двајцата возачи и тројца сопатници од автомобилот, кои биле пренесени во Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“. Несреќата предизвикала голем застој и долги ...

Уран во Близнаци денес формира хармоничен секстил со Нептун во Овен, носејќи инспирација, оригинални идеи и чувство дека е можно да ги претворите своите соништа во конкретни планови. Photo by Paola Munzi on Unsplash Овој аспект ја спојува интуицијата со иновативноста и ве поттикнува да размислувате надвор од вообичаените рамки. Денот е поволен за нови проекти, креативни решенија и поврзување со луѓе кои ја делат вашата визија. Ако долго ...

Вардар покажа карактер, борбеност и квалитет во Финска, но тоа не беше доволно за да ја продолжи европската приказна. Македонскиот шампион славеше со 3:2 против КуПС по 120 минути игра во реваншот од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите, но поради поразот од 2:0 во Скопје, остана без место во следната рунда. „Црвено-црните“ одиграа натпревар кој ќе остане запаметен по драмата и пресвртите. Вардар покажа дека финскиот шампион ...

Втората половина од јули носи поинаква енергија. По период на неизвесност, застој или преиспитување, некои хороскопски знаци конечно ќе почувствуваат дека работите почнуваат да се движат во нивна корист. Photo by charlie dt on Unsplash Астролошките аспекти во овој период отвораат можности за напредок, добри вести и позитивни пресврти. Еве кои три знаци ќе имаат најмногу причина за насмевка. Лав Со Сонцето кое набрзо влегува во вашиот знак и ...

Синоќа во периодот од 23:30 до 23:50 часот, полициски службеници од СВР Велес, ги лишиле од слобода П.М.(39) од село Смиловци, општина Чашка, А.Ј.(39), А.В.(39), Б.Ѓ.(39), Б.М.(38) и Д.М.(39), сите од Велес. Како што се наведува во полицискиот билтен, тие биле уапсени затоа што во угостителски објект во Велес, по кратка вербална расправија помеѓу А.Ј. и А.В., настанала физичка пресметка помеѓу А.Ј. и П.М. од една страна и А.В., Д.М., Б.М. и ...

39-годишник од Македонски Брод доби кривична пријава затоа што управувал возило со фалсификуана возачка дозвола, а носел и фалсификувана лична карта. Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Македонски Брод поднело кривична пријава против С.Ф.(39) од село Суводол поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Имено, на 17.05.2026 полициски службеници, при сообраќајна контрола, сопреле товарно ...

Во време кога квалитетните недвижности на атрактивни локации стануваат сè поретки, комплексот „Горица резиденс“ на брегот на Охридското Езеро претставува уникатна прилика на пазарот. Со 42 премиум апартмани во резиденцијалниот дел, секој со панорамски поглед кон езерото, овој урбан комплекс нуди ексклузивност не само во однос на модерниот дизајн и естетика, максималната функционалност и бројните придружни содржини, туку и во долгорочната ...

ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола - Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје. На релација Скопје – Битола ќе сообраќааат возовите: 641 (07.06) на 15.7.2026 година; 645 (20.05) на 15.7.2026 година. На релација Битола – Скопје: 644 (18.22) на 15.7.2026 година; ...

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска беше прогласена за виновна во Основниот кривичен суд Скопје, откако ѝ беше изречена единствена условна казна затвор од една година за две кривични дела – оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат, утврдувајќи дека нејзиното постапување директно го нарушило интегритетот на институцијата која треба да биде симбол на ...

Скопјанец во полиција пријавил напад врз неговото малолетно дете од страна на друг малолетник. Инцидентот се случил во Аеродром. - На 13.07.2026 во 19:40 часот во СВР Скопје С.П.(42) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, информираа од МВР во дневниот билтен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот Скопјанец во полиција пријавил напад врз неговото ...

66-годишен Италијанец излетал од пат со трицикл кај село Ростуше. Тешко е повреден. - На 13.07.2026 околу 16:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат во близина на влезот во село Ростуше, трицикл „јамаха“ со италијански регистарски ознаки, управуван од Ф.Р.М.(66) од Италија, со престојувалиште во село Велебрдо, излетал од коловозот. При тоа возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ...

На продолжението на 9. седница на Советот на Општина Центар, изгласан е Предлогот-програмата за измени и дополнувања на Програмата за образование за 2026 година, со што започнува првата фаза на реализацијата на мерката за бесплатен оброк за учениците во целодневна настава. До 2028 година мерката ќе се спроведува со преодно решение, преку делумно субвенционирање од 1.000 денари за родителите. Потоа општината ќе распише јавна набавка за ...

Тројца членови на криминалната група Беланоца вчера беа осудени на високи затворски казни за неколку кривични дела, објави „Телма“. Еден од нив доби 20 години затвор, а друг 11 години за злосторничко здружување поврзано со убиството на Орхан Бајрами Оки, лидер на спротиставената нарко банда Дуќанџик/Грчец, како и убиството на Пластичарска кога загина 29-годишниот Амар Исмани, млад пејач и блогер. Оки беше ликвидиран во јули 2023 година ...

54-годишник од кочанско доби кривична пријава поради закани по живот кон соседите. Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кочани поднело кривична пријава против Д.Б.(54) од село Соколарци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Имено, на 24.06.2026 пријавениот, по претходни нарушени меѓусоседски односи, упатил закани по животот на неговиот сосед и неговата сопруга. ...

Општина Гази Баба, ЈКП „Гази Баба 2007“ и ЈП „Лајка“ потпишаа трипартитен Меморандум за соработка, со цел воспоставување поорганизиран и поефикасен систем за справување со проблемот со бездомните кучиња. Од Општината информираат дека меморандумот предвидува подобра координација меѓу институциите, побрза комуникација и навремено преземање активности за следење на состојбата на терен и намалување на популацијата на бездомните кучиња, согласно ...

Со засилено темпо продолжуваат градежните работи за довршување на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од 30 години беше недовршен. Од Град Скопје информираат дека работите се одвиваат според планираната динамика, а по нивното завршување над 100.000 жители ќе добијат модерен булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки патеки и велосипедска инфраструктура. Градоначалникот Орце ...

Двајца жители на општина Студеничани, на возраст од 60 и 27 години, се приведени по инцидент што се случил во Старата скопска чаршија, каде, според пријавата, едниот од нив репетирал огнено оружје и му се заканувал на 36-годишен маж. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот се случил вчера попладне околу 12:40 часот. Според пријавеното, А.Х. (60) репетирал огнено оружје кон 36-годишен жител на скопско и неговото ...

41-годишен мотоциклист од Скопје е тешко повреден во сообраќајка на „Партизанска“ што се случила вчеравечер. - На 13.07.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“, управуван од Д.Ш.(41) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 51-годишната Р.Т. од Кичево. Во несреќата со тешки телесни ...

Дваесетгодишен жител на тетовското село Челопек пријавил во полиција дека бил удрен од друго возило, чиј возач по несреќата го напуштил местото на настанот. Според информациите од МВР, случајот се случил на 13 јули околу 20:15 часот на улицата „Видео Смилевски-Бато“ во Тетово. Додека Х.Ј. (20) управувал патничко возило „ауди“, покрај него се движело возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.П. Според пријавата, ...

28-годишник од тетовско село загинал откако бил повреден при сеча на дрва - На 13.07.2026 во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од село Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите, а смрт без траги на насилство констатирал доктор од ...

Општина Илинден во рамки на Програмата за реконструкција на спортски игралишта, започна реконструкцијата на мултинаменското спортско игралиште во населеното место Марино, со што граѓаните ќе добијат безбеден и функционален простор за спортски активности. Реконструкцијата опфаќа целосна обнова на теренот и спортската опрема. Предвидено е поставување на нова пластифицирана заштитна мрежа, бојадисување на металната конструкција, замена на ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.96
55%
1014
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
2.72
64%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.2
77%
1018
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.63
60%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.77
68%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.16
79%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.89
46%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.9
44%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.77
50%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
5.36
67%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.34
74%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.98
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.27

Платина

55652.94

Калај

56.77

Бакар

13.54

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Паладиум

43435.66

Кобалт

56.29