Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Ифтарските вечери во текот на Рамазанскиот пост, а на кои се канат и роднините, комшиите, пријателите… се посебни свечености кои се прекрасна исламска традиција. Во тој дух и претседателскиот кандидат, Бујар Османи, вчера упати покана до четворица други претседателски кандидати да дојдат кај него дома на ифтарска вечера. Убаво. Можат за време на вечерата и важни работи околу кампањата да поразговараат. Ама има тука една мала нејсанотија. ...
Во демо-режим, дозаторот работел без наплата. 45-годишна жена од Линколн, Небраска во САД открила дека може да добие бесплатно полнење доколку двапати по ред ја повлече својата картичка за лојалност на бензинската пумпа. Таа ја користела оваа грешка во системот речиси една година и наполнила 510 пати без да плати ништо, со штета од речиси 28.000 долари на бензинската пумпа! Сè започна кога жената забележала дека пумпата отишла во демо-режим ...
Да немаш распоредено термални камери на граница е голем пропуст. Во 21 век, границата освен полиција ја чуваат и баш такви и слични технички помагала. Е, ама Македонија на својата северна граница нема функционални термални камери. Не работат со години. За ова алармираше неодамна поставениот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Значи, шверцерите, мигрантите и другите сомнителни намерници и натаму не мора многу да стравуваат ...
Синоќа руските сили го извршиле најголемиот напад врз украинскиот енергетски сектор во последно време. Ова го соопштува Министерот за енергетика на Украина, Херман Галушченко. Тој рече дека целта на Русија не е само да го оштети енергетскиот систем на Украина, туку повторно да се обиде, како и минатата година, да предизвика дефект во работењето на енергетскиот систем од големи размери, пренесува Униан. -За жал, има удари и оштетувања на ...
Скопската почва од вчера е побогата со нови садници од разни дрвја. Така е оти има воспоставена традиција – при доаѓањето на пролетта да се засадат идни “бели дробови на Скопје“. Па така, скопската градоначалничка, но и општинските татковци се мобилизираа и во соработка со училиштата и градските претпријатија се фатија за лопатите. Низ парковите во Кисела Вода беа засадени повеќе од 1.000 садници, на две локации во Ѓорче Петров 150 дрвја, во ...
Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби ривалите за квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во три земји и тоа Данска, Шведска и Норвешка. Ние се најдовме во групата 1 каде добивме ривали по мерка и тоа Словенија, Литванија и Естонија што секако не става во позиција да се надеваме, веруваме дека ќе обезбедиме пласман на уште еден голем ракометен настан. Веќе е познат и возниот ред, ...
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово јужно од грчкиот остров Крф. Земјотресот се случил во 7.20 часот по локално време и бил почувствуван на островот, а епицентарот бил на длабочина од 9,2 километри, пренесува Катимерини. Грчката агенција за планирање и заштита од земјотреси (ОАСП) соопшти дека уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала се случил во раните утрински часови, ...
Колумна на Ивица Боцевски: Што значеше иконографијата на ДУИ на промоцијата на кандидатурата на Бујар Османи за претседател на републиката? Охридскиот рамковен договор, со кој ѝ се стави крај на војната, можеше да се толкува и граѓански и федералистички. Граѓанското толкување тврди дека сите сме различни и си ги почитуваме и негуваме културните различности, но директно општиме со државата како нејзини државјани. Федералистичкото толкување, ...
33 сојузни држави од САД ја тужеа „Мета“, матичната компанија на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, поради наводната штета што овие платформи ја предизвикале на менталното и физичкото здравје на децата. -Во обид да го зголеми профитот, Мета постојано ја заведуваше јавноста за суштинските опасности од нејзините производи. Ги прикриваше начините на кои Инстаграм и Фејсбук ги искористуваат и манипулираат најранливите потрошувачи: децата и тинејџерите, ...
Кој се војува во Украина? Околу ова прашање има многу дилеми, расправи и тврдења. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски изјави дека западните војници веќе се во Украина, додавајќи дека тоа е јавна тајна. -Како што рече вашиот канцелар Олаф Шолц, војниците на некои големи земји веќе се во Украина, изјави Шикорски за германската „ДПА“. На прашањето дали е проблем што германскиот канцелар зборува на оваа тема, полскиот ...
Борбен авион од типот „Ф-16 блок 52“ на грчката армија денеска се урна во близина на островот Псатура во централниот дел на Егејското Море. Пилотот бил спасен, објави атинската „РТВ СКАИ“. Како што беше објавено пилотот успеал да го активира системот за исфрлање и паднал со падобран во морето. Генералштабот на воздухопловните сили потврди дека едноседниот авион од базата на борбени авиони во Лариса, во централна Грција, полетал на тренинг лет ...
Македонската тенисерка, Магдалена Стоилковска денеска приреди изненадување на фјучрсот во Шарм Ел Шеик, каде во три сета ја елиминира првата носителка на турнирот. Стоилковска преку квалификациите влезе на главниот турнир, а во денешната пресметка остана на теренот речиси три часа и со голема борбеност ја победи Адитија Карунаратне од Хонг Конг. Противничката го доби првиот сет со 6:2, но Стоилковска возврати со 6:4, за последниот сет да ...
Бугарија од 19 март е во нова политичка криза откако кандидатката на партијата ГЕРБ за премиерка, Марија Габриел, ги прекина преговорите со партиите Промените продолжуваат и Демократска Бугарија. Во неочекуван пресврт, Габриел му врачила на претседателот Румен Радев листа на номинирани кандидати за министри, и покрај тоа што нема мнозинство во парламентот без поддршката од партиите Промените продолжуваат и Демократска Бугарија, ниту пак ...
Скоро да нема сегмент во македонското општество каде директно влијание има политиката а да не е хаос. И не само хаос, туку и безаконие, површност, раскалашаност… Еве, сега, веќе три дена нема објаснување од Клиниката за токсикологија како функционира организациска директорка Бесија Илјази. Во јавноста излезе информацијата дека таа не го знае македонскиот јазик, дека преведувачи и се двете секретарки. И што би рекол визионеротн Зоран заев ...
Колумна на Наташа Котлар-Трајкова: Во периодот по ослободувањето и префрлувањето на АСНОМ во Скопје (второ заседание на АСНОМ, декември 1944 г. и третото, во април 1945 г.), настануваат неколку битни процеси: спојување на партиските и државните органи со очигледна насока кон монопартизам (КПМ), отстранување на сите граѓански, автономни, стручни или угледни во народот кадри од власта и политиката, репресија и послушност преовладуваат во новиот ...
Македонската ракометна легенда, Филип Миркуловски и во иднина ќе биде дел од германскиот прволигаш Вецлар. Миркуловски од 2015 година е во овој клуб, клуб во кој прво беше активен како играч, а по завршувањето на кариерата остана во истиот со нова улога како асистент, а на некои натпревари беше и прв тренер. Со новиот договор тој ќе остане меѓу зелено-белите до 30 јуни 2025 година и ќе му биде десна рака на тренерот Франк Карстенс кој исто ...
Македонија е на 84 по среќа во светот, односно три позиции полоши од 2023 година покажува студијата на Мрежата на Обединетите нации за решенија за одржлив развој, која опфаќа 143 земји. Од Европа – Бугарија е до Македонија, Албанија (87), Турција (98) и Украина (105-то место). -Поради се поголемата несреќност кај помладите, САД и некои големи западноевропски земји паѓаат во глобалниот индекс на среќа, додека скандинавските земји ги задржуваат ...
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром синоќа го победи градскиот ривал ТФТ Моцарт со 95:69 во 11. коло од регионалната АБА 2 лига. По оваа победа МЗТ Скопје се искачи на второто место на табелата и на две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната и теоретски обезбедија пласман во плејофот. Марко Баковиќ со 22 поени и осум скока беше најдобар во победничкиот тим. Кај ТФТ најефикасен беше Верц со 14 поени. Третиот ...
Бизарна несреќа се случи во Белград, во која загина 69-годишна жена, а уште една жена е повредена. Српски Телеграф објави дека жена била удрена од тркало кое испаднало од автобусот додека тој бил во движење. Од Итната помош соопштија дека жената била прикована за оградата на Инфективната клиника. Друга жена е полесно повредена. Полицијата го истражува овој случај. Тие полесни повреди треба да се земат со резерва, бидејќи во ваква несреќа ...
Компанијата на Џаред Кушнер, зет на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бесплатно ќе го закупи просторот на бомбардираниот Генералштаб во Белград на 99 години, а ќе изгради и луксузен хотел и станбен комплекс, како и спомен обележје и музеј на тој локалитет, пишува „Њујорк тајмс“, а пренесе Н1. Инвестицијата, како што се наведува, е вредна 500 милиони долари, а државата Србија, според предлог-договорот, треба да добие 22 отсто ...
Колумна на Заге Филипоски: Има веќе повеќе години откако веќе не очекуваме ништо добро од кандидатите на изборните листи. Беше тоа пред повеќе години кога сеуште постоеше некаква надеж или повеќе би рекол очекување дека еден навидум угледен кандидат ќе може да покаже нешто поинаку и да направи некој стратешки потег за градот. Во тоа време во неврзан кафе муабат со еден мој пријател, искусен стопанственик кој од ништо успеал да создаде ...
По ерупцијата на вулканот на полуостровот Рејкјанес во Исланд, лавата денеска стигна до источниот дел на малиот евакуиран град Гриндавик, објавија локалните медиуми. Силни и брзи текови лава почнаа да течат доцна синоќа, но властите велат дека оттогаш значително се намалиле, објави Би-би-си. Активноста околу пукнатината, првично долга три километри, исчезна. Метеоролошката канцеларија на Исланд соопшти дека лавата сè уште тече, но со намалена ...
Бугарскиот претседател, Румен Радев, и го додели мандатот за формирање нова Влада на досегашната министерка за надворешни работи Марија Габриел од централнодесничарската коалиција ГЕРБ-СДС, согласно договорот за поделба на власта меѓу двете главни политички партии, според кој секоја од нив ќе има свој премиер девет месеци. Двете партии постигнаа договор за поделба на власта по минатогодишните избори во обид да стават крај на 2,5-годишната ...
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ не може да се кандидира на претстојните парламентарни избори и да ја преземе премиерската функција, одлучи денеска Уставниот суд на Хрватска. Претседателот на хрватскиот Уставен суд, Мирослав Шепаровиќ, по средбата, која траеше повеќе од два часа, се обрати до јавноста. – Врз основа на член 125, Уставниот суд објавува предупредување врз основа на изјавата на Зоран Милановиќ дека ќе се кандидира. ...
Романија ја започна изградбата на најголемата европска воена база на НАТО. Трансатлантскиот блок се обидува да ги зајакне своите способности во регионот на Црното Море. Проектот вреден 2,7 милијарди долари ќе ја прошири 57-мата воздухопловна база Михаил Когалничеану на романските воздухопловни сили, лоцирана во близина на пристанишниот град Констанца на Црното Море. Новиот објект ќе има периметар од речиси 32 километри, ќе се простира на ...
Колумна на Никола Тасев: Предизборие е. Тргнаа партиите со кампањите. Предвреме, ама па сигурно имаат што да кажат. ПР стратегијата сигурно се „ковала“ цела година. Власта очигледно се определила за црната кампања против опозицијата. Чудна тактика на тамошните експерти. Наместо партијата да се фали со сите работи што ги направи во нејзиниот мандат, таа прави проѕирни штосови, што се разобличуваат веќе по 20 минути по објавувањето. СДСМ треба ...
Водење на предвремена кампања, отворање на партиски штабови, мобилизација на членството… не се единствени нешта кои што се случуваат во предизборниот период во Македонија. Власта брза и да склопи многи скапи зделки со кои се трошат државни пари. А и нови вработувања се прават во администрацијата. Така, на пример, пред два месеца се распишаа огласи за околу 1.000 вработувања во државни институции и фирми. Државната компанија ЕСМ распиша оглас ...
Се вели дека кучето не е само домашно милениче, туку и член на семејството… А пак, времето минато во игри и галење со куче го намалува нивото на стрес и помага за поголема концентрација, покажува ново истражување објавено во списанието „Плос уан“ (Plos One). Д-р Онијо Јо од Универзитетот на Конкук во Јужна Кореја и неговите колеги проучувале 30 возрасни лица кои носеле електроенцефалографски (ЕЕГ) електроди и изведувале осум активности со ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе го продолжи своето речиси четвртвековно владеење за уште нови шест години мандат. Тоа го покажуваат прелиминарните резултати од гласањето на претседателските избори во земјата кои се спроведуваа изминатите три дена. По преброени околу 80 отсто од гласовите, поддршка за Путин дале 87 отсто од избирачите. Путин ги поздрави резултатите и им се заблагодари на гласачите, велејќи им дека Русите се „еден ...
Фенербахче со 2-3 славеше кај Трабзонспор, нашиот Енис Барди маестрално погоди од слободен удар а по крајот на натпреварот се случија немили сцени, гостинските играчи се пресметуваат со домашните навивачи кои влегоа во терен. Гостите на пауза имаа два гола предност, но Барди во 63-та минута маестрално погоди од слободен удар и ги врати домаќините во игра. Трезеге од пенал изедначи на 2-2, но Батшуаи во финишот од мечот се погрижи Фенербахче ...